Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

НАПИШАВ КНИГА: САКАТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ?

* текстов е првично објавен на 10ти март 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/215974

Пред неколку месеци напишав книга со наслов „Што можеме ние Македонците да научиме од Александар Велики?“. Се обидов таа книга да ја објавам во класичната, хартиена форма, но поради сплет на неверојатни и за мене сосема зачудувачки околности – тоа не ми успеа. Затоа, а и бидејќи ми е ова првата книга воопшто, ви ја нудам на сите вас, почитувани читатели на мојот блог – во електронска форма.

Немам намера да го правам овој пост поголем отколку што мора да биде, и затоа, пред да ја симнете книгата со кликање на долниот линк, само неколку куси напомени: прво, ова не е е-book туку само дигитална верзија на она што требаше да биде печатена книга објавена на најкласичен начин.

Бидејќи и покрај сите мои напори, до нејзиното печатење на можеше да дојде, откако вчера на еден многу некултурен начин ми беше објаснето зошто е тоа така, решив, во знак на протест – да ја објавам на интернет. Значи, ова е само PDF фајл и тука нема линкови и анимации, какви што би се очекувале во текст примарно направен за електронско издавање – какви што се на пример блоговите.

Второ, оваа книга која можете сосема бесплатно да ја даунлоадирате и да ја прочитате и да му ја испратите на вашите пријатели по мејл сепак има свој автор и од страна на некои читатели би било многу безобразно и некултурно ако почнат да цитираат делови од неа по разни форуми или други блогови, а без да наведат од која и чија книга ги вадат тие цитати или уште полошо – да под моите цитати го пишуваат своето име.

Ова го кажувам од причина што по многу форуми досега најдов мои текстови објавени на мојот блог топтан пастирани при што никаде не беше наведен изворот (т.е. јас и мојот блог).

Трето, откако ќе ја прочитате оваа книга, би било убаво, ако ви се допадне она што во неа е изнесено, да испратите мејл до нејзиниот автор (до мене). Забелешки, критики, пофалби, пцовки и клетви, изјави на подршка и разбирање… било што, слободно пратете порака на blogatash@yahoo.com и ако пораката ми се види интересна и ако најдам време, ќе пратам и одговор на таа порака.

И тоа е тоа. Мојата книга, како што реков погоре се вика „Што можеме ние Македонците да научиме од Александар Велики“ и ако решивте да ја прочитате, можете да ја симнете од долниот линк кој води до PDF фајл. Процедурата верувам ви е позната: за да го отворите документот треба да кликнете на левото копче на вашиот маус, а потоа го снимате со save или save as од апликацијата во која сте го отвориле (Акробат или Опен Офис…).

ShtoMozhemeNieMakedonciteDaNauchimeOdAleksandarVeliki.pdf

Се нaдевам дека книгата ќе ви се допaдне и дека ќе уживате во читањето. Поздрав🙂

Written by nenobogdan

04/01/2010 at 19:55

%d bloggers like this: