Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЕКСПЕРТУТКИ

leave a comment »

Тркалезните маси се како створени и за експертски дебати, но и за експертутски договарања со клиентите


Тоа што овој нов збор е сличен на зборот „експерти“ и на зборот „проститутки“ не е случајно, бидејќи карактерот на луѓето на кои се однесува овој термин е комбинација на најважните особини на луѓето вклучени во двете професии.

* текстов е првично објавен на 8ми јули 2008 година на http://blogatash.blog.com.mk/node/168427

Во последниве неколку години во земјава отворено се зборува дека во одредени градови во јужниот дел од државава присутна е појавата младите Македонки да се принудени, поради својата сиромаштија да се занимаваат со проституција, при што главни клиенти од кои најмногу заработуваат тие проститутки се туристите од Грција.

Со зборува дека иако тој бизнис на „работничките“ им носи по 50 евра за ноќ, што само по себе е бедна сума во споредба со изгубеното достоинство и понижувањето низ кое поминуваат, сепак бизнисот цути, бидејќи има и доволно клиенти и доволно заинтересирани млади девојки кои се подготвени да се продаваат за пари. И тоа на Грци!

Но, тоа не е темата на оваа колумна, бидејќи овде ќе зборуваме не за проститутките туку за експертутките во нашата земја. Тоа што овој нов збор е сличен на зборот „експерти“ и на зборот „проститутки“ не е случајно, бидејќи карактерот на луѓето на кои се однесува овој термин е комбинација на најважните особини на луѓето вклучени во двете професии.

Имено, во последниве неколку години, а особено во последниве неколку месеци особено е присутна појавата некои од младите (па и постарите) професори, новинари и политичари од нашава земја да се принудени (сигурно не поради сиромашија, ами поради алчност најверојатно) да се оддаваат на експертуција, што е појава кога некој експерт за некоја тема, наместо да се однесува како што му доликува на титулата или професијата и да ја зборува вистината и да не се обидува да ја манипулира јавноста, тој напротив, за одредена сума е подготвен јавно да застапува ставови и интереси на неговиот клиент, било да станува збор за некоја странска разузнавачка служба или некоја домашна политичка партија.

Се зборува дека бизнисот со експертуирањето цути во државава, не толку благодарение на тоа што има многу клиенти, туку поради тоа што нашиве експерти се подготвени да се продаваат за многу ефтина сума, па клиентите (обично, тие во последно време се од Грција) се во можност многу експертутки да си ги купуваат и од многу експертутки да добивата експертутски услуги.

Овие експертски т.е. експертутски услуги се на штета на државата, но се во корист на клиентите. Експертутките добиваат пари во замена за своето манипулирање со македонската јавност, а клиентите добиваат задоволство, од тоа што ги гледаат Македонците како се караат меѓу себе и не можат да се договорат околу нешто што е очигледно и јасно како бел ден за секого.

А тоа е дека до промена на името не смее да дојде. Ама, проститутките замаскирани како експерти, како интелектуалци, како независни новинари, како политички аналитичари, верно и неуморно работат да ја уништат Македонија и нејзината иднина. И тоа, за парите на Грците!

Но, кои се и какви се и како можеме да ги препознаеме тие експертутки? За да одговориме на ова прашање, мораме да ги разгледаме и анализираме првин вистинските, оние класичните проститутки, оние кои своето тело го продаваат за пари, па споредувајќи ги нивните особини со оние на експертутките, ќе дојдеме до критериумите кои ќе ни овозможат, секогаш кога ќе наидеме на некоја експертиза да препознаеме дали станува збор за нешто добронамерно и искрено, или за дело на некој платеник на нашите душмани.

Според познавачите на темата, сите проститутки кои функционираат на пазарот може да се поделат во пет широки категории според начинот на кој ја вршат својата дејност, според цената која ја наплаќаат и според степенот на професионално достоинство на кој може да се повикуваат.

Во оваа колумна, откако ќе бидат наведени и накратко опишани петте видови на проститутки, ќе биде направен и обид на ист начин и во исто толку групи, според слични принципи, да се класифицираат и таканаречените „експерти“ кои својата таканаречена експертиза постојано се подготвени да ја продаваат на политичкиот пазар на оној фактор кој ќе им понуди најмногу.

Бидејќи тие „експерти“ го продаваат својот ум без да водат сметка за чуствата, и бидејќи проститутките го продаваат своето тело без да се водат од своите емоции, мислам дека е сосема во ред експертите кои немаат морал да се наречат со име слично на „пријателките на ноќта“. Обичните проститутки се делат на:

1. Уличарки: познати се уште и како „пачаври“ или уште почесто како „камењарки“. Тие обично стојат на аголот на некоја улица или пред влезот на некој сомнителен ефтин хотел и, провокативно облечени соодветно на нивната професија, ги привлекуваат своите потенцијални клиенти. Сексот може да се изврши или во некоја соба која ќе ја изнајми проститутката или најчесто, во автомобилот на клиентот.

2. Ороспии: овие се проститутки кои својата работа ја вршат во јавни куќи, каде што фактички имаат свое постојано место на работа, а неретко и живеат таму. Предноста на овие проститутки пред уличарките е што нивните услуги можат да ги нудат и лете и зиме и кога врне и кога вее, бидејќи се заштитени од надворешните климатски промени со самото тоа што работат во посебна зграда – јавната куќа, специјализирана за непречено изведување на нивната дејност.

3. Кол герли: на англиски се нарекуваат “call girls” (девојки на повик) и овие се за едно ниво над ороспиите и се присутни особено во општествените средини каде што постои кај мажите одредена доза на срам од одењето по јавни куќи. Затоа, наместо да оди муштеријата кај проститутката, таа ќе дојде кај него. Клиентите се јавуваат во посебни фирми специјализирани за организирање на овој тип на проституција и по час или два од повикот, во зависност од зафатеноста на „работничките“ на врата му доаѓа на клиентот провокативно облечена млада жена кој се преставува дека е пратена од фирмата и дека доаѓа да одговори на неговиот повик.

4. Спонзоруши: овие се уште едно скалило повисоко во занаетот, бидејќи освен што се најскапи, за спонзорушите се вели и дека се најквалитетни. Тие се, ако така може да се каже, деташирани или резидентни проститутки, при што му се на располагање на клиентот кој ги плаќа, буквално 24 часа на ден. Јасно, кога ќе престана да ги плаќа клиентот, колку и да бил тој добар и дарежлив, го губи правото да има сексуални односи со нив. Штом пресушат парите, тие веднаш заминуваат во потрага по нов клиент, нов спонзор.

5. Девојки за забава: или на англиски, „party girls”. Овие проститутки, според оние кои себеси се сметаат за бранители на традиционалните морални вредности, се „курви во душа“ бидејќи нив не ги мотивира само финансискиот апсект од спиењето со различни мажи, туку и добиват некое задоволство од тоа што го прават. Овие проститутки, кои најчесто и не се сметаат себеси за тоа, туку за независни личности, слободни духови или луѓе без комплекси, шетаат од забава до забава, и се запознаваат со мажите кои се обидуваат да ги шармираат и да ги одведат во кревет.

По сексот, бараат од нив подарци или пари, по што заминуваат. Битно кај овие проститутки е што тие не секогаш бараат пари или не секогаш бараат фиксна сума, што зависи од тоа дали и колку им се допаднал сексот со клиентот. Некогаш, така барем велат познавачите, тие даваат и гратис услуги. Многу често, ако не им се допаѓа физичкиот изглед, надареноста или степенот на културен развој на потенцијалниот клиент тие одбиваат да имаат секс со него, со што веројатно заслужуваат да ги наречеме проститутки со највисоко ниво на достоинство во професијата.

А пак експертутките (кои, како што кажавме, по потекло може да бидат интелектуалци, новинари, политичари и сл.) се поделени во следниве пет категории, соодветни на оние пет групи кои се однесуваа на проститутките:

1. Колумњарки: слични се на камењарките при што треба да се прави јасна разлика меѓу колумнистите и колумњарките. Колумнистите се најчесто вистински интелектуалци, професори, доктори, угледни новинари, чесни политичари, кои навистина имаат свој став и навистина сакаат да кажат нешто за кое сметаат дека јавноста треба да биде информирана.

Колумњарките од друга страна, слично на своите верзии од курвинскиот свет, имаат свое ќоше во некој ефтин (или бесплатен) весник или електронски медиум и секогаш кога клиентот (некој политичар или бизнисмен или богат странец) е подготвен да плати за услугата, објавуваат текст во кој со најбезобразни лаги и измислици се обидуваат да ја манипулираат јавноста.

Карактеристично за овие експертутки е што тие иако се нарекуваат интелектуалци и често имаат сериозни научни титули или зад себе долгогодишно новинарско искуство, всушност најчесто користат фрази, зборови и изрази во своите анализи кои можат да се наречат секако ама не и интелектуални.

Од „булшит“ кај еден колумњар до „расен каксакер“ кај друга колумњарка, преку прогласување на човек за кого гласале безмалку половина милион луѓе за „фашист“ и „суетен автократ“ и негово споредување со диктатори за кои историјата тврди дека биле неспоредливо брутални. Алапачи, шмизли, гуски во магла, морон, монгол, говно од човека, факинг, гангстер, тежок лузер, бандит, тртљачина, копиљана и слични изрази недостојни за објавување во печатен медиум – за подоцна, кога ветрот ќе дувне на друга страна и експертутката веројатно ќе добие некоја финансиска подршка од некој друг таинствен клиент – се пее друга песна, со изрази како „единствениот човек на кој може да му се верува“, па „тој е несомнено мудар политичар со визија“, па „човек кој знае за што зборува“. Ако еден ден пишуваат во интерес на еден муштерија, веќе наредната колумна може да ја посветат на најбезобразен напад на тој ист муштерија.

Најдобар начин да се издвојат колумњарките од колумнистите е да се следи нивната работа т.е. „аутпут“ како што тоа модерно се нарекува, и да се споредат нивните ставови по одредени прашања во подолг период. Ако ставот е конзистентен, т.е. го имаат истото мислење за истото прашање и по неколку години, станува збор за колумнист, вистински експерт или аналитичар, достоен за почит. Ако ставот се менува за едно исто прашање од недела во недела, тогаш станува за збор за колумњарка. Експертска пачавра.

2. НВОроспии: првите две букви се произлезени од кратенката за „не владини“ при што воопшто не се мисли на сите припадници на многубројните невладини организации низ земјава, туку само на оние членови на неколку одредени НВОа кои се подготвени своите и активностите на организацијата во која членуваат или со која раководат да ги изнајмуваат за одреден надоместок на разни политички и деловни моќници.

Значи, да повториме, за да нема забуна: во невладините организации во Македонија членуваат илјадници сосема чесни и добронамерни луѓе кои навистина веруваат во она што го работат и го работат она во што веруваат. Се борат за заштита на околината, за унапредување на меѓуетничките односи, за подобро образование, за повеќе права за обесправените слоеви во оштеството – теми достојни за внимание и луѓе чија пожртвуваност е достојна за почит.

Но, во секое стадо има црни овци – вели поговорката – па и во некои од најекспонираните НВОа кои тврдат дека се борат за најчисти идеали има НВОроспии. Ќе ги препознаете по нивните глупави прес – конференции, активности и изјави. Секогаш кога нешто ќе започнеме овде да правиме за доброто на земјава, тие се појавуваат на сцената да направат забуна, да манипулираат, да се повикуваат на некои конвенции кои ни самите не ги прочитале, да бараат виновник каде што нема грешка и да бараат грешка каде што нема виновник.

Слично на своите верзии од реалниот курвински свет, и НВОроспиите се способни да работат и зиме и лете и кога е лошо и кога е добро за интересите на државата, затоа што тие се често на платниот список на своите НВОа кои многу често се поврзани и со меѓународни невладини организации, што значи дека нивната работа и стручно усовршување се во сигурни раце. Исто како да работат во јавна куќа. Тогаш може да ги нарекуваме уште и Сороспии.

3. Раскол герли: го употребувам зборот „раскол“ за овој тип на експертутки оти нашите партии и политички елити ги употребуваат нив кога треба да создадат раскол или раздор во работата на одредени тимови од вистински експерти кои се анагажирани да направат некоја суштински добра работа.

Раскол герлите се повикуваат слично на кол герлите за одредени проекти, каде што нивната должност е да ја заглаваат работата или да ја скренат во правец кој не бил оригинално планиран. Во создавањето на десетици закони во нашата земја, за кои првобитно беа ангажирани вистински експерти за да направат добри закони за приватизација, судски реформи, уставни реформи, овој тип на експертутки редовно беа повикувани од владеачките политичари за да отворат бројни дупки во законите низ кои подоцна можеа да поминат сите малверзации и апашлуци на политичарите кои ги беа ангажирале тие експертутки.

Раскол герлите во новинарската фела служат за да ја манипулираат јавноста со погрешно преставување на одредени добронамерни граѓански иницијативи и кампањи. Сетете се само на референдумот од 2004 – та година и кои сѐ квази – интелектуалци (но и политичари!) беа влегле во коалицијата која требаше да го пропагира неговиот успех меѓу граѓаните. Ако се сетиме кој сѐ се залагаше јавно за успех на референдумот (а приватно работеше против неговиот успех) тогаш не треба да нѐ чуди што таа иницијатива доживеа фијаско.

Владата особено треба да се чува од раскол герлите оти тие се способни, ако им се даде шанса, да ја уништат и најчесната и најдобронамерната иницијатива, кампања или проект што владата ќе ја започне. За успех се потребни експерти, а никако експертутки.

Ова особено е важно за најавениот референдум за името кој сегашната влада планира да го организира. Под ниту еден услов не треба да им се дозволи на оние кои се покажале како раскол герли да имаат било какво учество на страната на бранителите на името. Ако некој од нив на своја рака почне да пишува и да коментира, наводно во интерес на зачувување на името, треба да се маргинализира и изолира од моќната пропагандна медиумска машинерија на сегашнава власт.

4. Сончогледуши: терминот преставува комбинација од зборовите „сончогледи“ и „спонзоруши“ и го симболизира карактерот на овој тип на експертутки. Тие, слично на сончогледите постојно се свртени кон сонцето т.е. партијата која е на власт или ги финансира, а поради нивната голема употребна вредност, т.е. навистина силни врски со странски влијателни фактори или навистина големо знаење од струката, тие можат да наплатуваат високи цени за своите услуги.

Во нашата држава имаме едвај неколку вистински полнокрвни расни сончогледуши и едно чудо ефтини експертски калаштури кои се обидуваат да се престават себеси како сончогледуши, ама тоа сѐ потешко им успева.

Сончогледушите редовно имаат исклучително сериозни научни титули, неверојатно широк круг на деловни и професионални контакти со странски научни и политички институции или разузнавачки служби и токму поради тоа, политичарите од двете големи партии кај нас, во одредени моменти од своето владеење ги имаат ангажирано на високи извршни или советодавни функции.

Јасно, исто како и кај спонзорушите, и сончогледушите веднаш штом нивниот спонзор ќе падне од власт го напуштаат и се обидуваат да се вгнездат кај новиот спонзор, новата власт. Често, а по тоа се познаваат и вистинските сончогледуши, тоа им успева.

5. Парти бојс: интересно, но на англиски, зборот „party” во зависност од тоа во кој контекст е употребен може да означува и „забава“ но и „политичка партија“. На забава одат луѓето кои сакаат да им биде интересно, а се надеваат и дека нешто ќе ќарат (да пивнат, да каснат нешто, да си фатат женска или дечко) па според таа аналогија може да го дефинираме и последниот тип на експертутки кои овде, чисто за да се разликуваат од курвите, ги нарековме „парти бојс“ (момци за партијата).

Тие главно се среќаваат како новинари и универзитетски професори и во зависност од тоа во која party планираат да се убутаат, глумат во своите текстови дека се приврзаници на едниот или на другиот блок. Што не значи дека сите новинари кои имаат политички ставови и јавно ги изнесуваат се лицемерни луѓе и лажговци.

Тестот со кој се разликува слободоумен политички новинар од парти бој е ист како и кај колумњарките – ако во подолг временски период се конзистентни нивните ставови, тогаш се вистински новинари, вистински аналитичари, вистински експерти за набљудување на политичкиот процес.

Ама ако денеска се обидуваат да ѝ се умилкуваат на левицата, утре на десницата, а задутре на задницата – и при тоа цело време бараат некој ќар од сиот тој мешан ангажман, секако глумејќи независност и објективност, тогаш станува збор, без двоумење, за експертутки од типот на парти бојс. Некои вакви новинари и експерти се толку задлабочени во прокламирањето на идеите на десницата и на левицата наизменично, што и самите професионални политичари од левицата и десницата ги сметаат за премногу извештачени и следствено, не им веруваат.

Оти професионалните политичари со искуство на теренот многу добро ја знаат кинеската поговорка дека: „не е битно дали идејата е лева или десна, битно е на неа да се лепат гласачите“. Новинарите за кои станува збор овде тоа не го разбираат затоа што целиот професионален век го минале во менување на страните речиси на дневна основа, па после толку превртување, им останува денеска да пишуваат и коментираат по телевизиски емисии кои никој не ги гледа или весници кои никој не ги купува, па мора да се делат бесплатно.

Во целава приказна околу проститутките, експертите и експертутките, остана неодговорено прашањето кое во светот на вистинските курви е клучно. А тоа е: кој во светот на нашите експертутки ја игра улогата на макро?

Англискиот збор за макро е „pimp“ и доаѓа од првите букви од фразата „put in my pocket“ што во слободен превод значи „стави ги (парите) во мојот џеб“, зборови што на времето макроата им ги кажувале на муштериите кога тие требало да платат за секс – услугите на курвите кои биле под заштита на макрото. Значи, во англискиот јазик, оригиналното значење на зборот pimp е поврзано со пари и заштита.

Проститутките кои се премногу офуцани, т.е. им поминал рокот на младост и убавина, нивниот макро ќе ги исфрли на улица, сами да се снаоѓаат. Така и кај нашите експертутки, штом премногу ќе се офуцаат, штом ќе сменат десетина партии и страни, макрото ги препознава за безвредни мивки и ги отфрла. Ако тие се вгнездат во некој весник или неделник – тогаш тој весник никој не го купува. Ако започнат да водат политичка емисија на телевизија – тогаш таа емисија никој не ја гледа. Ако водат трибини и тркалезни маси – тие трибини се без публика.

Тажен е животот на старите, офуцани курви, а уште потажен е животот на старите, офуцани експертутки. Но, за разлика од првите кои сиромаштијата и бесперспективноста ги натерале на проституирање, па на човек и жал да му падне за нив, за овие вториве – не треба да се има жал. Експертутките речиси редовно потекнуваат од многу богати семејства, па парите и не им се главен мотив. Освен тоа, имаат и исклучително добро образование, многу често и стекнато во странство, па за нив не може да се рече дека животот ги натерал да се продаваат. Што ги тера?

Кој е пи – ај – ем – пи (PIMP) во светот на нашите експертутки? Искрено не знам, бидејќи никогаш не сум имал можност директно да разговарам со некоја од експертутките во нашето општество, а впрочем и да ми се пружи прилика да разговарам со некој таков карактер, зарем тој би признал дека е експертутка?

Добро, знаеме дека главниот клиент на повеќето сегашни експертутки во Македонија се разузнавачките служби на една (дали е само една?) соседна држава. Значи клиентот е тој. Но, кој е макрото? Кој ги штити тие експертски пачаври? Кој води сметка тие да бидат платени, ценети, слушани, гледани, кој им дава пристап на пазарот, во медиумите, кој ги промовира и лансира во јавноста нивните глупости? Кој е газдата? Кој е pimp – от?

Зборот „порнографија“ доаѓа од старогрчкиот јазик каде што означувал литературно дело во кое се опишувал животот на проститутките („порне“ на старогрчки е „курва“). Во денешно време, под овој збор се подразбира литература или фотографии или видео снимки на кои се прикажани жени кои се однесуваат како проститутки – имаат секс со многу мажи, безобразно се облечени и сл. Со други зборови, денеска порнографијата е било каков запис во кој има курвинско однесување.

Значи ли тоа дека пишувањата и анализите на експертутките наместо „експертиза“ треба да се нарекуват порнографија, па следствено, да се објавуваат само и единствено во специјализирани списанија кои не би смеело да им се продаваат на луѓе помлади од 18 години? А ако се на телевизија, нивните експертизи да се прикажуваат исклучиво после полноќ? И да има број со префикс 0500 на кој ќе може да се јавуваат млади политичари желни за „жешка експертиза од напалените искусни и страсни експертутки“. Можеби би требало.

А можеби тоа веќе и се случува? Ако погледнете некои весници или телевизии и помислите кого цело време тие весници и телевизии го промовираат за експерт, кому му даваат простор да ги изрази своите ставови, станува јасно дека во земјава експертутките веќе си имаат свои јавни куќи, било да станува збор за телевизии или печатени медиуми.

Погледнете ги политичките емисии и дебати и тркалезни маси и трибини и обрнете внимание кого цело време нивните водители и уредници и организатори го повикуваат за гости – експерти. Излегува дека токму тие емисии се пандан на емисиите после полноќ во кои се емитува вистинската порнографија.

Се вели дека вистинските проститутки никогаш нема да останат без работа бидејќи тие функционираат на пазарот задоволувајќи една од најосновите човекови потреби. Тоа можеби е вистина, ако се сетиме колку е само основна потребата која тие ја задоволуваат.

Но, која бре основна потреба ја задоволуват експертутките? Кој тоа има потреба да биде постојано деградиран и омаловажуван и да му се негира идентитетот? Проститутките опстануваат затоа што реално гледно, од нивната работа има побарувачка на пазарот. Но, од што опстануваат експертутките? Што им даваат тие на своите клиенти, странците кои лошо ѝ мислат на земјава?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: