Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЧУДНА ЛОГИКА (1)

leave a comment »

Ако сакаш да имаш „ветар у леѓа“ води дувачки оркестар зад себе

Еве нешто кратко и слатко, летно, забавно и духовито. Станува збор за неколку изјави кои ги имам чуено во изминативе години и кои и покрај тоа што се чудни и по малку апсурдни – сепак се инспиративни и тераат на размислување.

* текстов е првично објавен на 10ти јули 2008 година на http://blogatash.blog.com.mk/node/169057

1. Студената војна се водела во леденото доба со употреба на ладно оружје. Таа довела до замрзнување на односите помеѓу спротиставените страни и траела се додека сите не се искулирале и почнале да слушаат chill – out музика.

2. Ако наместо Милошевич е правилно да се напише Милошевиќ, и наместо порнич треба да се пишува порниќ, дали тоа значи дека наместо „сендвич“ треба да се напише – сендвиќ !?

3. Науката која ги проучува хомосексуалците се вика Гејологија… или гејографија беше?

4. Има луѓе кои не знаат на кој датум се паѓа Први мај. Некои мислат дека се паѓа на петок 13 – ти, а пак други сметаат дека осми Март и 11 – ти Октомври треба да се спојат и да се слават во еден ден, на Илинден – петти април, освен ако тоа не е четврток, кој како што кажува и неговото име е осмиот ден во неделата.

5. Ако ракометот е спорт што се игра со рака, дали тоа значи дека огнометот е спорт што се игра со оган?

6. Безбол е американски збор за аспирин, што настанал од македонските зборови „без“ и „бол“ (болка).

7. Ал Каеда и Ал Капоне биле сестра и брат!

8. Жителите на Германија се викаат Германијаци… а жителите на Сирија – Сирачиња, додека оние на Индија се Индикатори (а можеби се Индиферентни?). Сепак, поради германската убавица Хајди Клум, се очекува ООН во најскоро време да донесе резолуција со која барем жителките на Германија ќе бидат нарекувани Германекенки.

9. Но, граѓаните на медитеранската островска држава Малта не се викаат Малтретирани, ниту пак жителите на Финска се Финтаџии. Од друга страна, жителите на Боливија баш ги боли како ги викаат, за разлика од луѓето кои го населуваат Либан и кои многу се лутат ако ги наречете Либандити.

10. Големиот празник Велигден го славиме во чест на Александар III Велики. Празникот се слави три дена бидејќи тој бил Александар Трети.

11. Реклама со печатна грешка која сепак ја кажува вистината: со користењето на овој диетален производ, за десет килограми ќе изгубите десет дена!

12. Како се вика на латински (стручно) процесот на милување на нечии бујни гради? Се вика „градација“, збор кој го има воведено староримскиот мислител Цицерон.

13. А како се вика на латински кога девојката не му дозволува на дечкото да ѝ ги милува градите? Се вика „деградација“. Оваа постапка се смета за многу деградирачка.

14. Да му бев на мојот татко татко, сам на себе ќе си бев дедо! Од друга страна, што ми е на мене вонбрачниот син на мојот вонбрачен син? Вонбрачен внук или вон – вон брачен син – син!?

15. Следново е апсолутно точно и не е шега:

…Исжтравањуата покжлаае дкеа кгоа чиатме неокја реечинца вошопто не е бтино длаи бувикте во внеатршноста на збвороите се правлнио распредоени, бнито е смао пратва и полседнтаа бувка да се тчони и да се стие бквуи прсуитни во зброот.

…а за оние кои сепак не разбраа од прва:

Истражувањата покажале дека кога читаме некоја реченица воопшто не е битно дали буквите во внатрешноста на зборовите се правилно распоредени, битно е само првата и последната буква да се точни и да се сите букви присутни во зборот.

16. Зарем не е бесмислен изразот „пост – пејд претплатник“. Имено, пост – пејд значи „оној што плаќа после добиената услуга“, додека претплатник е оној кој плаќа пред да добие било што. И дали значи првично споменатиот израз: „човек кој плаќа после добиената услуга која нема да ја добие додека не плати пред да ја добие услугата“?! Таквиот човек или не добива никогаш услуга, или цело време плаќа!

Ова еднаш им го кажав на едни битни луѓе во еден наш мобилен оператор, но од таму ме пречека – громогласна тишина.

17. Уште една реклама, ама оваа е недовршена од авторите:

…дојдете во нашата продавница каде што ќе можете да заштедите… (со тоа што нема да купите ништо)

18. Луѓето кои имаат преголема телесна тежина станале такви поради тоа што не можеле да ѝ одолеат на храната. Со други зборови, тие луѓе имаат слабост кон храната. Според тоа, зарем не е дебелината слабост?

19. Прашање до сите јасновидци, гатачи и пророци: зошто никој од вас никогаш не добил седмица на лото?

20. Како се преведува на унгарски јазик зборот „кондом“?

… се преведува како „ставашиебеш“.

21. Верувале или не, на грчки јазик навистина кога ќе чуете „не“ тоа всушност е потврден збор и се преведува на македонски како „да“. Значи ли тоа дека кога некој Грк сака на грчки да ви каже „закочи!“ додека возите, тој ќе ви рече „додајгас“?

22. Зборот „демократија“ доаѓа од старогрчките зборови „демос“ што значи „народ“ и „кратеин“ што значи „владеење“. Ете зошто сите партии се нарекуваат себеси демократски – сите сакаат да владеат со народот.

23. Како се преведува на јапонски јазик изразот „корумпиран министер“?

…се преведува како „исисака исизема“!

24. Како се преведува на грчки јазик зборот „непокорен“?

…се преведува како „Македонец“!!!

25. Ако здравјето е половина богатство, а хигиената е половина здравје, тогаш излегува дека хигиената е четвртина богатство. Но, ако тоа е вистина, зошто тогаш никој не краде метли?

26. Како се преведуваат на грчки зборовите „Никола Груевски“?

…се преведуваат како „ненес аканас“. (ова изговорете го споено за да го сфатите значењето)

27. А како Грците ја изговараат реченицата „Македонија не е грчка“?

…е проблемот е во тоа што Грците никако не ја изговараат токму ова реченица. Кога би можеле да ги натераме да ја изговорат, на грчки или на англиски сеедно, тогаш многу проблеми би се решиле.

28. Најзначајната мисла на Филип II која историчарите (сите Грци, инаку) ја избришале од историјата гласи:

„ …не прашувајте се Македонци, што Грците можат нам да ни направат, туку што можеме ние да им направиме на Грците!“ (инаку, како одговор на ова прашање погледни го овој мој пост и овој друг мој пост)

Written by nenobogdan

05/01/2010 at 19:22

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: