Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ А ЗОШТО ПА ВИЕ ДА НЕ СТАНЕТЕ МАКЕДОНЦИ?

with 4 comments

Ако станете Македонци, и вас ќе ве огрее сонце, како што грее кај нас три милениуми веќе

Овој текст може да се сфати и како отворено писмо до сите бугарашки блогери кои оставаат непристојни коментари во нашата, македонска блогосфера, после секој пост кој има било каква врска со Македонија. Искрено би сакал сите тие да го прочитаат внимателно до крај текстот што следува и да размислат убаво пред да одговорат на прашањето од насловот.

* текстов е првично објавен на 23ти јули 2008 година на http://blogatash.blog.com.mk/node/171340

Првин би сакал да кажам дека јас немам ништо против Бугарите, а ниту према нивната убава земја. Бугарија ја сметам за прекрасна држава населена со прекрасни луѓе, како што впрочем е и Македонија прекрасна и како што и тука живеат прекрасни луѓе. Бугарите значи, воопшто не ги мразам, а Бугарките ги „обичам“ (сакам) многу.

Значи, мене не ми пречат Бугарите, туку ми пречат бугарашите. Разликата се состои во тоа што Бугарите немаат никаква желба да се расправаат со нас или со било кого за историско – политички теми, туку се едни фини и културни луѓе кои само сакаат во мир и пријателство да соработуваат со сите соседи.

Бугарашите од друга страна се оние кои се обидуваат да нѐ убедат нас, Македонците дека сме и ние Бугари. При тоа најчудно е што најголемиот дел од бугарашите се токму оригинално Македонци, или со македонско потекло луѓе, кои живеат во Бугарија. Со други зборови, тие станале Бугари и сакаат и ние да станеме Бугари. Веројатно сметаат дека ние би сакале тоа да го сториме, иако, како што ќе видите кон крајот на текстов, за тоа немаме никаква причина.

Она што не го разбирам кај Бугарашите е зошто со помош на навреди, пцовки и непристојни изрази се обидуваат да нѐ убедат нас Македонците во потребата да станеме како нив, Бугари. Како што е познато, користењето на некултурни зборови во комуникацијата е одлика на некултурни и неписмени луѓе. Зарем вие, бугараши, нас Македонците не сметате за неписмени?

Па токму ние вам пред 11 векови ви ја дадовме писменоста и тоа во два наврати. Првин со азбуката наречена глаголица, преку Кирил и Методиј, а потоа со кирилицата, преку светите Климент и Наум Охридски. Значи ви дадовме две азбуки и што од тоа вие направивте? Ја користите својата способност да пишувате за да пишувате навреди, за да го плукате токму оној народ кому што треба да му бидете благодарани што не пишувате на латиница. Па зарем не ви е срам?

Кога сте такви, зошто им се лутите на некои наши македонски блогери кои постојано ве нарекуваат „татари“ и „жолти“, алудирајќи на азијатското потекло на Прабугарите, кои вие ги сметате за ваши предци?

Јас нема никогаш да ве наречам Татари, ниту пак жолти, затоа што мислам дека тоа не е во согласност со историските факти. Ама и да сте жолти, па што лошо има во тоа? Еве Кинезите и Јапонците се жолти, па да не им фали нешто? Развиени држави имаат, полни се со пари и почитувани низ целиот свет. Значи, и жолт да си, сепак човек да си! Тоа е битно.

Од друга страна, секој кој што вас ќе ве нарече Татари едноставно покажува дека не ја разбира во целост вашата историја. Имено, има ли смисла народот кој настанал со 2500 години мешање на Тракијци, Келти, Пајонци, Дарданци, Илири, Бриги, Скити, Персијци, Гети, Готи, антички Грци, Дакијци, Римјани, Авари, Прасловени, Кумани, Кутригури, Утигури, Волгари, Викиншки Варанги, Исауријци, Маѓари, Татари, Печенези, Хуни, Гагаузи и конечно, голем број Македонци избегани од Македонија во првата половина на дваесетиот век, значи има ли смисла еден народ со толку комплексна етногенеза да се нарекува со името на само еден од своите основачки етноси?

Околу вашето сложено етничко потекло, не сте свесни колку сте само среќни, во однос на нас. Нам Грците сакаат да ни го сменат името, а ние сме се запнале да не го менуваме оти „…едно име имаме, во душата го носиме…“ и бидејќи не можеме да најдеме друго име што би имало историска смисла, мораме да останеме Македонци.

А вие бре луѓе, таков проблем никогаш нема да имате. Ако некој ваш сосед се запне да ви забрани да се викате Бугари, слободно можете да го баталите тоа име и да си бирате од асортиман од минимум 20 – ина имиња. Алал да ви е, кој е како вас? Ние Македонците сакаме да си ласкаме на себе дека сме биле, демек, многу гостољубив народ, а кој да дојде да нѐ пороби ние секогаш му креваме востанија и побуни. Тоа ли е гостољубивост?

Вие од друга страна пак „гостите“ кои низ историјата доаѓале да ја освојуваат вашата убава и богата земја, не само што не ги бркате, ами целосно ги интегрирате во вашиот етнос. Богами, вие сте најгостољубивиот народ на Балканот, и за тоа, од моја страна – респект. Ова ви советувам во вашата туристичка понуда да го споменувате од сега па натаму.

Да се вратиме на темата. Очигледно е дека во Бугарија постои една мала група на бугараши кои што сметаат дека кога станува збор за иднината на двете држави, Република Македонија и Република Бугарија, една од овие држави треба да престане да постои, и да влезе во составот на другата. А сите добро знаеме за која држава бугарашите сметаат дека треба да ја снема. Што сте запнале толку за тоа да нѐ земете?

Некои луѓе не разбираат зошто тоа толку многу ви лежи на срце, зошто сте толку опседнати со нас, но историчарите кои ја проучувале средновековната бугарска историја тоа го знаат. Еве еден од нив, инаку Македонец, што ми рече во една пригода:

„Големиот бугарски цар Симеон, во младоста заминал како заложник во Константинопол и таму поминал неколку години во проучување на византиската култура и цивилизација. Тие толку многу го воодушевиле младиот син на бугарскиот хаган (владетел) што по враќањето во својата земја, и по доаѓањето на власт, Симеон решил да ја пренесе византиската цивилизација во Бугарија и да ја направи земјата напредна, а својот народ конечно да го цивилизира. После многубројни реформи и прогресивни мерки, Симеон сепак сфатил дека ако сака да ја доврши својата цивилизаторска мисија, тој ќе мора да го вклучи во составот на својата империја и самиот извор на цивилизацијата – Константинопол. И го посветил остатокот од својот живот како цар на освојување на главниот град на Византија, но без успех. Постои легенда дека кога Симеон бил на умирање, на своите советници им рекол дека поради неуспехот да го освојат изворот на цивилизацијата, Бугарите останале во суштина нецивилизирани, и културата ја носеле само површно т.е. глумеле дека се цивилизирани.“

Верувам дека тоа е причината и поради која вие сега толку многу ја сакате Македонија. Мислам, ја сакате да ја земете, а не дека ја сакате како што ние, Македонците ја сакаме. Оти, сѐ што помогнало Бугарија да се цивилизира е производ на македонскиот ум. Почнувајќи од азбуката (дело на Македонецот Св. Климент) па се до влегувањето во ЕУ и НАТО, кое се случи благодарение на сегашниот премиер Сергеј Станишев, инаку со македонско потекло, директен потомок на еден висок раководител на ВМРО од дваесетите години на минатиот век.

Со други зборови, да не сме ние, каде би биле вие? Затоа верувате, како што Симеон верувал, дека сѐ додека не го вклучите во составот на вашата држава изворот на вашето цивилизирање, нема искрено никогаш да се чуствувате како комплетно цивилизирани. Симеон не знаел дека мирот, а не војната се одлики на цивилизираниот човек. Ако само престанел да војува постојано и се концентрирал на изградба и модернизација на своето царство, многу подалеку ќе стигнел во неговиот прогресивен идеал. А истото важи и за вас, бугараши, истото. Престанете да пцуете и да нѐ навредувате, и концентрирајте се на тоа да ја модернизирате својата сопствена држава.

Со воведот, толку, а сега дојде време да ви го објаснам во целост прашањето од насловот на овој пост и да ве уверам дека тоа воопшто не го мислам како шега, туку сосема сум сериозен. Еве, накусо, во што се состои идејата.

Ако вие навистина верувате дека од Охрид до Варна и од Добруџа до Лерин живее еден народ, или един хора, како што вие би рекле, зошто тогаш, ако тоа е вистина, мора тој народ да се вика „бугарски“ а не може да се вика „македонски“? Сакам да кажам, зошто вие да не станете Македонци, зошто мора ние Македонците да се пишеме Бугари?

Кога човек е Македонец, сликовито дозволете да се изразам, тој во поглед на својот национален идентитет јава на Букефал, убавиот, скапоцен коњ на големиот Александар. Вие би сакале ние Македонците да се симнеме од тој величествен коњ и да го јавнеме скромното магаренце на отец Пајсија? Кој е тој што од коњ на магаре ќе се симне? Луѓе, сериозни ли сте?

Да речеме дека и во двете сегашни држави, на референдум жителите донесат одлука да се спојат во една земја Република Македонија и Република Бугарија. Како таа нова земја треба да се вика? Сигурно поубаво е да ја наречеме Македонија, одошто Бугарија. Македонија е име врежано во историјата, од тука по до Индија. А и во САД моментално има десетина градови кои се викаат токму Macedonia. Колку градови има во светот што се викаат Bulgaria? Или, колку пати во Библијата се споменува името Бугарија? Сакам да кажам, ако веќе стануваме „един хора“ во една држава, тогаш, дајте таа држава да се вика Македонија.

Грците ли ќе се бунат? Па кој ги врти па нив, да не ни стават можеби вето за прием во ЕУ и НАТО? Од вашата државност, новата држава ќе ги наследи членствата во сите меѓународни организации, а од нашата сегашна државност ќе дојдат политичките водачи. Кај нас, од неодамна жестоко се бориме против корупцијата и имаме големи успеси, на пат сме поранешен премиер да отераме во затвор, а вие кај вас? На чекор сте Европа да ве суспендира поради преголема корумпираност.

Впрочем, прифаќањето на Македонци да владеат со Бугарија не би било никаква новост или нешто страшно за вас. Еве, Андреј Љапчев, некогашниот премиер на вашата земја кој беше во врвот на политиката во времето кога Бугарија ги доживуваше најважните моменти од својата историја во почетокот на дваесетиот век, бил роден во нашиот Ресен. Другар му, и исто така премиер Александар Цанков – бил со македонско потекло.

Истото важи и за Тодор Живков, чии родители биле од територијата на денешна Република Македонија, а и сегашниот премиер Станишев е како што рековме, со македонско потекло. Да не ја споменувам и некогашната ви министерка за надворешни работи, Надежда Михајлова. Абе, толку беше згодна, што на времето, само поради неа имав силна желба да земам бугарско државјанство и да станам, како Надежда, Бугарин. Ама тогаш дознав дека и таа имала македонско потекло (!). Сегашниот премиер на нашата држава би рекол дека „… и од авион се гледаше дека е таа македонско девојче…“. Ем убава, ем паметна, а што друго може да биде?

Кога веќе го споменавме него, ако станеме една држава, никој од нас нема да има ништо против нашиот Груевски да стане премиер и на таа, голема Република Македонија, составена од териториите и економските ресурси на двете сегашни држави, Македонија и Бугарија.

Вам и нема да ви биде толку тешко да се откажете од државноста, зарем не? Па вие не се изборивте сами за неа, туку Русите ви ја дадоа во 1878 година. Впрочем, тие ви го наместија и првиот владетел на независна Бугарија, германскиот принц Александер Фон Батенберг, роднина на тогашниот руски цар. Конечно, кога Бугарија била поразена во Првата светска војна, токму бугарските војници се побуниле против владеачката династија, а токму македонските борци во составот на бугарската армија ја штителе стабилноста и целовитоста на државата! Па вие нам треба да ни кажете „фала“ што сѐ уште постоите како држава, и затоа, кога ќе дојде време да се обединуваме, дајте вратете ни го долгот. Не бидете Бугари, станете Македонци.

Впрочем, ние за разлика од вас, самите се изборивме за сопствената независност и уште повеќе, кога дојде време да се завршува Втората светска војна, 100.000 македонски партизани отидоа на сремскиот фронт да ја ослободуваат Хрватска и Словенија потоа. А сега, еве со Американците и Ирак го ослободуваме? Каде сте вие таму и на чија страна бевте во Втората светска војна?

И знамето на таа нова заедничка држава која би се викала Македонија треба да биде од нас дадено, и нека биде тоа Македонската ѕвезда т.е. она што кај нас некои го нарекуваат „сонцето од Вергина“. Вашето бугарско знаме, ајде да бидеме реални, е руски подарок и се чини дека тие ве зезале кога ви го натуриле, лажејќи ве дека трите бои, бела, зелена и црвена се во знак на братството со Русите, чие знаме било слично – бело, сино и црвено. Ама ако тоа е вистина, зошто тогаш и знамето на Татарстан во Русија ги има истите бои? Да не се случајно и жителите на Татарстан браќа со Русите? Или можеби Татарстанците со некој друг народ се браќа, а?

Нашето знаме, она вистинското, не ова што сега ни ја срамоти државата, е старо, престаро, како симбол, и како значење. Токму под тој симбол, некогашните Македонци стигнале дури до Индија, до работ на тогаш познатиот свет. А вие со вашето знаме мака мачите бре на светско фудбалско првенство да стигнете. Заклучно, знамето на таа нова држава, Македонија, кога вие ќе одлучите да станете Македонци ќе биде – црвена подлога, со големата златно – жолта Македонска ѕвезда во средината.

За грбот ич не се секирајте. Вие имате три лавови на вашиот грб (кој многу, многу личи на холандскиот грб, зарем не?) а ние би требало да имаме еден лав, и бидејќи лавовите ни се со иста боја, златна, можеме, за да не комплицираме, на грбот на нашата нова и заедничка држава, Македонија, да пишеме една четворка и после неа слика на лав да има. Со тоа вашите три лава и нашиот еден лав ги ставаме во едно (зипувани), и плус ако некој од западна Европа праша зошто сме направиле така, ќе му одговориме на англиски „It is all 4 love”. Ако ова ви се чини комплицирано, да одиме само со еден лав (нашиот, секако) и националниот слоган ќе ни биде „one land, one people, one love”. Кул, а? Лав ис ол ју нид…

За азбуката и литературниот, официјален јазик сосема лесно ќе се договориме. Имено, азбуката која вие ја користите е всушност наша, оти тоа е кирилицата која Свети Климент ја создаде за сите словенски јазици. Ние во меѓувреме ја модифициравме, па буквите Щ (шт), Я (ја) и Ю (ју) ги исфрливме од употреба, од многу проста причина што веќе ги имаме ш, т, ј, а и у, па не ни требаат двогласки.

За темниот вокал, фамозната Ъ, ние и така ја имаме во форма на апострофче, и признавам, треба да ставиме во азбуката на заедничката држава, оти таа не е бугарска, туку е светиклиментовска и по таа основа, легитимно наша, македонска. На времето, македонскиот научник Венко Марковски бил прогонуван од страна на комунистичката влада поради тоа што се залагал за зачувување на темниот вокал во азбуката. Е затоа комунизмот пропадна, луѓе, затоа што комунистите прогонуваа луѓе поради апострофчиња и темни вокали.

Јазикот на заедничката, македонска, држава ќе биде она што сега се нарекува македонски литературен јазик. Значи, извинете, ама јас не гледам историска основа да го учам бугарскиот литературен јазик, базиран врз дијалектот на населението кое живее околу Велико Т’рново, затоа што нашиот литературен јазик е базиран врз дијалектите на луѓето кои живеат во областа околу Велес, Прилеп, Кичево, Битола па се до Охрид. Што сте се фатиле вие па за тоа Т’рново?

Само затоа што Иван, Петар и Калојан Асен владееле од таму, затоа ли треба сите ние да зборуваме великот’рновски? Во Охрид владеел Самоил, царот кој вие го сметате за ваш. Плус, ако фатиме да броиме, во Охрид повеќе цркви ќе изброиме отколку во Велико Т’рново, нели? Па и вие го нарекувате Охрид „бугарски Ерусалим“ како што ние го викаме „македонски Ерусалим“ и по таа основа, ајде јазикот на таа заедничка држава да биде истиот јазик кој сега е официјален во Република Македонија. Шо викает Охриѓани: з’ш да не?

Химна на заедничката ни држава секако мора да биде „Изгреј зора на свободата“ и тоа испеана со нејзиниот оригинален текст, на македонскиот дијалект на Македонците од Пиринска Македонија. За оние што оваа песна ја сметаат за бугарашка, ви велам дека тоа не е вистина, затоа што била пеана како химна на Македонија на АСНОМ од страна на партизаните кои се бореле против – Бугарија. Како може тогаш таа песна да е бугарашка?

Ама сегашната верзија на песната е на бугарски јазик само затоа што југословенските комуњари и бугарските комуњари со децении правеле сѐ за да ја избришат и уништат оригиналната верзија. Ама, ние ќе ја вратиме и таа ќе биде химна на заедничката држава, која ќе се вика Македонија, нели? Ако ништо друго, затоа што песната се пее (барем засега) на бугарски, а во неа никаде не се споменува Бугарија, туку се пее за убавата „македонска земја“.

Впрочем, почитувани бугараши, јас сум ја слушнал и химната на Бугарија и „Изгреј зора на свободата“ и морам да ви кажам искрено, дека „Изгреј…“ е многу подобра за химна, многу е поборбена, позаносна, пожестока. И плус, историски факт е дека тоа е првата химна на модерната македонска држава, онаа создадена на АСНОМ со борбата на македонските партизани.

Кога веќе зборуваме за песни, замислете само колку би било добро на „Евровизија“ да настапиме со заеднички тим. На тоа фрик – шоу од кај нас ќе дојде Боки 13, а од вас, секако, незаменливиот Азис. Па тој дует од соништата никој не ќе може да го сопре. Европа ќе падне на колена пред нас, на што ако никој друг, барем Азис ептен ќе се израдува.

Во кратки црти, тоа е мојот план. Не ви се допаѓа? Зошто? Можеби ќе кажете дека Аспарух ќе се превртува во гробот? Па кој го прашува па него? Во бугарската историја тој е голема почетна буква. Но, ако вие одлучите да го прифатите македонското име, знаме, јазик, азбука, традиција и историја, т.е. со други зборови ако вие решите да станете Македонци, Аспарух ќе стане обична фуснота во книгата на нашата историја. Кој е па тој фактор, во однос на големиот Александар?

Значи прашањето држи вода – ако толку сте запнале вие, о бугарски националисти, да бидеме един хора, еден народ, зошто па вие да не станете Македонци?

Вашиот одговор го очекувам во коментарите на овој пост, но ве молам, немојте да пцуете и да трескате навреди, доста со тој непродуктивен речник. Ајде да ве видам колку сте интелектуалци навистина, кажете ми зошто не сакате да стане Македонци. Ама културно, со аргументи. А ако немате аргументи, ако само пцуете и навредувате, тогаш треба да ви биде јасно зошто ние не сакаме да бидеме Бугари.

Сите варварски народи сонуваат да станат еден ден цивилизирани луѓе, а никогаш обратно, цивилизираните не сонуваат да станат варвари. Затоа, ајде бугараши, докажете дека не сте варвари, да видиме колку сте цивилизирани, и спремни за вистинска интелектуална и културна дебата. Оставете коментар и одговорете без плукање и навреди и пцуење: Ако толку сакате да сме еден народ, зошто вие да не станете Македонци?

Written by nenobogdan

05/01/2010 at 22:54

4 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. МОЕ МИЛО АНТИЧНО МАКЕДОНЧЕ, ИСКАМ САМО ДА ТИ КАЖА, ЧЕ БЪЛГАРСКАТА ДЪРЖАВА И БЪЛГАРИТЕ НИКОГА НЕ СА СЕ НАРИЧАЛИ С НИТИ ЕДНО ДРУГО ИМЕ. ОТ ВЛИЗАНЕТО СИ В ДУНАВСКА БЪЛГАРИЯ И ПАЙОНИЯ ОКОЛО 5 ВЕК Н.Е. ДО СЕГА, ДАЖЕ И ПРЕДИ ТОВА ВСИЧКИ БЪЛГАРСКИ ДЪРЖАВИ ПРИ ВОЛГА, ПАМИР ИЛИ КРИМ СА СЕ КАЗВАЛИ БЪЛГАРИЯ А НАРОД НИ СЕ Е НАРИЧАЛ БЪЛГАРИ. ТАКАЧЕ ТЕЗИ ПРИКАЗКИ ЗА ПЕЧЕНЕГИ, ТАТАРИ, МОНГОЛЦО, ГАГАУЗИ ИТН СИ ГИ РАЗПРАВЯЙ НА БАБА СИ…
    ЗА ВТОРО ЦЯЛ СВЯТ ЗНАЕ, ЧЕ МАКЕДОНЦИТЕ СТЕ ЗИМИСЛЕНА НАЦИЯ ОТ ЮГОСЛАВСКИТЕ БОЛШЕВИКИ СЛЕД 1945 ГОДИНА, ЦЯЛАТА ВИ ИСТОРИЯ ПРЕДИ ТАЗИ ДАТА Е СВЪРЗАНА С БЪЛГАРСКАТА ИСТОРИЯ, ЗАЩОТО СТЕ БИЛИ И ВСИЧКИ СА ВИ НАРИЧАЛИ БЪЛГАРИ..ДЕМЕК ”МАКЕДОНЦИ” БЪЛГАРИ ОТ МАКЕДОНИЯ.. ВСИЧКИ КОМИТИ, РЕВОЛЮЦИОНЕРИ И ДАЖЕ ШЕСТЕ СЪЗДАТЕЛИ НА ВМРО В ЛИЧНИТЕ СИ ПИСМА СА СЕ ПРОЯВЯВАЛИ КАТО БЪЛГАРИ… ТУРЦИ, ГЪРЦИ, АЛБАНЦИ, СЪРБИ, РУМЪНЦИ..ВСИЧКИ ТЕЗИ СЪСЕДИ СА ВИ НАРИЧАЛИ БЪЛГАРИ..ЯЗИКА ВИ Е БИЛ БЪЛГАРСКИ, УЧИЛИЩАТА СА ВИ БИЛИ БЪЛГАРСКИ, КУЛТУРАТА, ФОЛКЛОРА, МЕНТАЛИТЕТА ТА ДАЖЕ И ИМЕНАТА СА ВИ БЪЛГАРСКИ КАК МОЖЕ ДА ГИ ПРЕНЕБРЯГВАТЕ ТЕЗИ ФАКТИ..И ДА СИ МИСЛИТЕ, ЧЕ НАИСТИНА СТЕ ПОТОМЦИ НА АНТИЧНИТЕ ГЪРЦИ..ТА ДОРИ И ДА ИМ СТРОИТЕ ПАМЕТНИЦИ, СТАДИОНИ И ЛЕТИЩЕ..???? КАК МОЖЕ ДА НЕРАЗБЕРЕТЕ, ЧЕ АНТИЧНИТЕ ГЪРЦИ СА НЯМАЛИ АБСЛОЮТНО НИЩО СЛАВЯНСКО В СЕБЕ СИ..ЗАЩОТО СЛАВЯНИТЕ ИДВАТ В ЕВРОПА 500 ГОДИНИ СЛЕД КАТО АНТИЧНИТЕ ГРУЦКИ МАКЕДОНЦИ ИЗМИРАТ???? КАК МОЖЕ ДА ПРЕНЕБРЯГВАТЕ ПИСМАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, В КОИТО ТОЙ ЛИЧНО ПИШЕ..”СИТЕ СТРАДАМЕ ОТ ЕДНА И СЪЩА БОЛЕСТ, ЗАЩОТО СИТЕ СМЕ СИ БЪЛГАРИ”???? КАК МОЖЕ ДА ПРЕНЕБРЯГВАТЕ ПИСМОТО НА К.МИСИРКОВ, В КОЕТО ЛИЧНО ТОЙ САМ СЕ ПОПДИСВА КАТО ”МАКЕДОНСКИ БЪЛГАРИН”???? КАК МОЖЕТЕ ДА СИ ПРИСВОЯВАТЕ ВЕЛИКИЯ БЪЛГАРСКИ ЦАР САМУИЛ.., КОЙТО ВЪВ ВСИЧКИ СВЕТОВНИ ХРОНИКИ..И АРХЕОЛОГИЧЕСКИ НАХОДКИ Е ОПИСАН КАТО ЦАР БЪЛГАРСКИ..НЯМА НИТО ЕДИН АРХИВ..ИЛИ ПИСМО ИЛИ КАКВОТО И ДА Е, КЪДЕТО Е ОПИСАН КАТО ЦАР МАКЕДОНСКИ ИЛИ СЛАВЯНСКИ..???? НЯМАМ ВРЕМЕ НО МОГА ДА ИЗБРОЯВАМ ФАКТИ ОЩЕ ЦЕЛИ ДНИ.. ПРОСТО НЕ ВИ РАЗБИРАМ. ИСКАМ ДА ВИ КАЖА САМО ЕДНО НЕЩО..БЪДЕТЕ СИ КАКВОТО ИСКАТЕ ИМА ДЕМОКРАЦИЯ И ВСЕКИ ГО ИМА ТОВА ПРАВО.. НО БЪЛГАРСКАТА КУЛТУРА И ИСТОРИЯ НЕПИПАЙТЕ, ИМА МНОГО БЪЛГАРИ, КАТО МЕНЕ, КОИТО ДО СЕГА СА СИ МЪЛЧАЛИ..НО ВЕЧЕ ЧАШАТА ПРЕЛЯ.. НЕПИПАЙТЕ БЪЛГАРСКОТО, ЗАЩОТО ЩЕ ТЕЧЕ КРЪВ…И ЩЕ ИМА БРАТОУБИЙСТВА. НИЕ НЕ ВИ ИСКАМЕ НИТО ДЪРЖАВАТА НИТО ТАКИВА..ФАЛШИВИ И ИЗМИСЛЕНИ АНТИКИ ДА СА ГРАЖДАНИ НА БЪЛГАРИЯ..НИЕ СИ ТАЧИМЕ И ПАЗИМЕ ЕДЕНТИТЕТА..ФОЛКЛОРА И ИСТОРИЯТА..ТОВА Е ВСИЧКО ОТ МЕН.ПРИЯТНА ВЕЧЕР.

    • А Б’лгарите пишувале ли некогаш со мали букви?

      На нивните тастатури имало ли бутон Caps Lock?

      Ај сега ова што со пишал, пиши го убаво, за да можам да го прочитам без мака.

      Наместо „ТОВА Е ВСИЧКО ОТ МЕН“ да стои на пример „Това е всичко от мен“.

  2. Едно прашање за Бугаринот : дали знаеш колку Бугари од Пловдив, Варна , Бургас , Видин , Софија биле членови на ВМРО и учествувале во борбата за ослободување на Македонија . Зошто ни дававте едни пушки а друга муниција? Зошто постојано со другите се спогодувавте како да не поделите ? Зошто обични и не образовани луге во Албанија во Грција па и во Бугарија се осеќаат како Македонци ? Можеш некого да го излажеш и да го лажеш 20-30 години па и 50 г . Овие луге ако не се Македонци досега сто пати ке се освестеа . Дојди во Македонија и објасни им на лугето што се . Биди сигурен дека мали се шансите да те тепаат , ама сите ќе ти се смеат во лице . Остајте не на раат да сме во заблуда а вие да си живеете во вашата вистина. До кога бе ? Па не во Европа и на Марс да отидете , слаба фајда , пак ќе сте исти и жални

    коста

    15/11/2010 at 22:05


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: