Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЗОШТО НЕКОИ МАКЕДОНЦИ ЈА МРАЗАТ МАКЕДОНИЈА?

leave a comment »

Џабе што се слични од надвор кога се различни од внатре

Идејата која сакам да ја образложам во овој пост е дека луѓето кои се Македонци, а кои постојано ја омаловажуваат својата земја, нејзината традиција, култура, историја и иднина, сепак имаат многу силна причина да го прават тоа. И треба да не ги мразиме, туку да ги разбереме. И да им помогнеме да се излекуваат од болеста која ги прави антимакедонски Македонци.

* текстов е првично објавен на 17ти јули 2008 година на http://blogatash.blog.com.mk/node/170304

Еве, замислете си ваква ситуација. Одите во продавница за спортска опрема и купувате нови патики. Тие се од некој бренд, чие име е запишано на производот, еве нека бидат нови „adidas“ – ки и откако ќе платите за патиките, ги облекувате веднаш, и одите на мал фудбал со нив.

Горди сте со вашите нови бренд – патики, убедени сте во нивниот квалитет и безгрижно и без да се сомневате во било што, првата шанса што ја имате да ја ударите топката ја користите максимално.

Топката полетува од вашата нога и вие по првиот момент на восхит за вашиот неоткриен фудбалски талент сфаќате дека некое чудно чуство одеднаш се појавило на вашето стопало. Гледате во вашите нови, бренд – патики и сфаќате дека се скинала онаа обувка со која сте го извршиле вашиот шут.

Ако не знаете во што е работата, веднаш ќе се тргнете настрана, ќе ги соблечете вашите бренд – патики и ќе ги препцуете Германците кои не знаат да направат ништо квалитетно („пичка ви материна Швапска, не знаете едни патики да направите к’о што требе, адидас бил бренд , мај ес, бренд, за ова ли дадов шесто денари…!“. Ако знаете уште и по некоја навреда на германски ќе додадете луто и „ајне шајзе“ (гомно!) и ќе ги фрлите патиките кои само што сте ги купиле, во првата канта за ѓубре.

Е, но ако знаете во што е работата, нема да ги пцуете Германците, тие вредни и паметни луѓе, во чија што земја се произведува најквалитетната спортска опрема. Бидејќи, штом со првиот удар на вашата нога со вашата нова патика ќе се скине патиката, веднаш ќе сфатите дека патиките не се оригинал adidas туку се најверојатно некој кинески фалсификат.

Нормално, ако веќе сте дале 600 денари за нови adidas – ки веќе знаете дека нема шанси тоа да се оригинални германски патики од престижната марка, туку некоја кинеска имитација. Во крајна линија, ако се земе во предвид од која продавница ги купивте, нормално е дека ќе бидат „мејд ин Чајна“, оти во таа продавница никогаш и немало оригинали, па кога ќе се сетите, ни фискална сметка не ви дадоа, нели? Шверцери едни, безобразни!

Не знам дали забележавте, но во претходниот пасус се содржани петте главни карактеристики кои секогаш се показател дека стоката е фалсификат. Тие се:

  1. премногу ниска цена,
  2. низок квалитет,
  3. недефинирано потекло,
  4. сомнително продажно место и
  5. сомнителни методи на продавање.

Ако наидете на производи кои се декларираат себеси за бренд, ако на нив има етикети и називи од престижните светски марки, а се продаваат со услови и во услови како петте горенаведени, можете да бидете сигурни дека станува збор за фалсификат. Дека тие производи немаат врска со оригиналните производи за кои тврдат дека ги преставуваат.

И така дојдовме до луѓето кои себеси се нарекуваат Македонци, а кои ја мразат Македонија и презираат и плукаат по сѐ што е македонско и квалитетно, па, ако се суди според некои коментари на еден бугарашки блогер  (инаку Македонец) на еден мој претходен пост, плукаат и по најквалитетното македонско што го има моментално на блогосферава – т.е. по мене. 🙂

Таканаречените интелектуалци, аналитичари, експерти и коментатори кои врз себе ја носат етикетета дека се Македонци, а кои плукаат врз Македонија и за тоа им се плаќа, нема да ги обработувам овде, затоа што во еден претходен мој пост, во Експертутки, убаво ги анализирав. Овде би сакал да се осврнам на оние кои тоа го прават без пари.

Од љубов, што би се рекло.

Ќе ги препознаете по блогосферава, кога оставаат идиотски коментари за некои теми кои ние, патриотите, ги сметаме за сериозни. Последното дрво под кое овие кучиња мочаат се Хунѕите и нивната пријателска посета во прататковината на нивните предци. И тоа, одредени блогери најдоа за сходно да го коментираат на крајно безобразен и презрив начин.

Други, тераат мајтап со целата работа, трети ја искористија приликата Никола Груевски, по кој знае кој пат да го споменат во насока дека бил фашист. Четврти тврдат дека тоа било непотребно фрлање на пари, а еден будала најдов во блогосферата кој се појави со идеја да ги избркаме Хунѕите, оти наводно можеле да ни го земат правото само ние да бидеме Македонци!?

Овие блогери во континуитет мочаат во коренот на секое дрво кое ќе го насадиме во шумата на македонската гордост. Почнувајки од Љубе и Јохан, кои за нив требаше да бидат секако осудени, па преку кирилицата, која за нив е глупава и бескорисна азбука, па сѐ до изборите, десницата, археолошките откритија и сѐ што има врска со напредокот и развојот на македонизмот.

Ако овие луѓе не земаат пари за таа своја активност, зошто го прават тоа? Зарем не би требало да се гордеат и тие, како и ние со сѐ што е добро за Македонија, со сѐ што нѐ прави сите нас да се гордееме уште повеќе со земјата со која веќе толку многу се гордееме?

Проблемот е во тоа што тие се фалсификат – Македонци. Не се како нас, оригинални, квалитетни, што ги носиме сите карактеристики на македонскиот бренд, туку се како оние патики направени во Кина на кои е само залепено името на престижната марка, а кои немаат ни трошка од квалитетот на брендот чие име го носат.

1. Премногу ниска цена: тие луѓе, кога не се занимаваат со плукање по сѐ што е убаво на блогосферава, се занесуваат со мислите дека во животот може многу да постигнат со малку труд.

Па така, ако се студенти, се занесуваат дека со ставање на амајлија околу вратот ќе положат испит за кој ништо не научиле.

Ако се невработени, си замислуваат дека ако на работното интервју кажат пет – шест странски зборови и фрази, дека ќе ја добијат работата, за која ни малку не се квалификувани.

Ако се вработени, си мислат дека тоа што имаат мала плата е последица на фактот што нивниот шеф е старомоден и не ги разбира модерните трендови во бизнисот, а не поради тоа што тој многу добро знае колку се тие мрзливи и неспособни. Во политиката, овие луѓе веруваат дека ако нашата земја само го смени името, веднаш ќе стане дел од НАТО и ЕУ.

2. Низок квалитет: фалсификат – Македонците се луѓе со исклучително низок квалитет на човечкиот капитал кој го поседуваат во себе. Го завршиле факултетот со препишување, се вработиле во фирма која е во сопственост на некој нивни близок роднина, или уште почесто во државна фирма по партиски клуч, во некоја љубовна врска се која што не ја сфаќаат сериозно.

Кога спортуваат, постојано се жалат на повреди, на фаули, на премногу жестока игра, на умор, замор, никогаш не се доволно концентрирани да прочитаат книга до крај, или да изгледаат филм и да го сфатат. Дури и на вицовите што ќе ги чујат се смејат вештачки, затоа што не се доволно умни да го разберат хуморот.

Во политиката ако на овие луѓе им ветите дека иднината носи „крв, пот и солзи“ тие ќе ви побараат „газа, дезодоранс и салфети“ пред да ви ја дадат својата доверба.

3. Недефинирано потекло: овие луѓе ни самите не знаат од каде се и што се. Час сметаат дека се Македонци, па дека се Словени, час дека се потомци на Александар, па веднаш потоа ќе се премислат кога некој ќе им каже дека според некои грчки автори Александар имал некакви си интимни врски со мажи, па потоа ќе викнат дека тоа не е важно, па дека е важно, но и тажно…

Кога пишуваат CV за некоја (хенд) „џоб апликејшн“ тие редовно нагласуваат дека течно го говорат англискиот, а и самите се свесни дека никогаш ништо паметно не кажале ниту на македонски…

4. Сомнително продажно место: и тоа како, оти многу од невладините организации во нашава земја се преполни токму со вакви фалсификат – Македонци, кои сѐ нешто работат врз некои програми и активности, но од тие нивни напори ништо фајде, никаква продуктивна добивка нема никој, а најмалку Македонија.

Недостатокот на интелигенција го пополнуваат со навредување на оние за кои ќе почуствуваат дека се поинтелигентни од нив, а недостатокот на култура го кријат со избегнување за одговарање на вистинските прашања. Ако ги прашате кој ја финансира нивната НВО и кој им дава плата, веднаш ќе ви одговорат дека „нашата организација е длабоко инволвирана во имплементирање на процедури и активности за подлабоко интегрирање на нашето општество во евроатланските интегративни процеси…“. И пак нема да дознаете кој им дава плата.

5. Сомнителни методи на продавање: ако се земе во предвид во кои медиуми постојано овие фалсификат – Македонци се појавуваат во форма на експерти, на анкетирани граѓани, на цивилно општество, човек треба да се запраша – кој им дава на овие будали простор да дојдат до израз?

Ако се погледнат изјавите кои ги дале случајно анкетирани минувачи по телевизиите и по весниците, човек би заклучил дека, еве на пример, нема човек во државава кој се согласува аеродромот да се вика „Александар Велики“ или дека сите луѓе во ова земја сметаат дека треба да се тргнат статуите од пред Владата, оти, што знам, не им било местото таму.

Таков барем впечаток се добива од она што може да се види по медиумите. Но, јас лично сум разговарал со десетици луѓе околу тие две прашања и никој од нив (никој!) нема ништо против аеродромот да го носи токму тоа славно име и никој нема ништо против статуите да бидат токму таму каде што се сега.

Фалсификат – Македонците можат да се препознаат по горниве пет карактеристики. Ако ги имаат, тие не се вистински Македонци, како јас или вие, кои го читате ова и разбирате што сакам да кажам. Фалсификат – Македонците ја мразат Македонија од сосема иста причина поради која продавачите на фалсификат – производите ги мразат оригиналите. Затоа што ако ставите фалсификат до оригинал, веднаш можете да ја препознате разликата. Со други зборови, фалсификатот станува разоткриен кога е во присуство на оригинал.

Е затоа тие ја мразат Македонија и нејзините успеси и победи и нејзината гордост и слава. Затоа што тие не се способни самите да успеат и да победуваат и да направат некој да се гордее со нив, и никогаш не можат да дојдат до слава. Ако се опкружени со луѓе кои ќе делуваат и ќе се чуствуваат подеднакво бедно во умот и карактерот како и тие, тогаш нема од што да се срамат. Тогаш не изгледаат како фалсификати.

Затоа цело време каде и да налетате на нив, фалсификат – Македонците ќе се обидуваат да ве убедуваат дека Македонија е ништо, дека сѐ се тоа глупости, дека нема потреба, и дека нема врска, „дај олади дечко“, „ху гивс а шит, мислам“ и слични изјави и изрази.

Конечно, не ја мразат тие Македонија и не ги презираат тие вистинските Македонци. Тие ѝ завидуваат на Македонија. Им завидуваат на вистинските Македонци бидејќи се свесни дека никогаш нема да бидат како нас. Не знам за вас, останати вистински Македонци, но јас не ги мразам, јас ги сожалувам фалсификатите…

Written by nenobogdan

05/01/2010 at 21:12

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: