Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЧУДНА ЛОГИКА (2)

leave a comment »

Вака ги пржеле јајцата на око на Дивиот Запад. И после: зошто бил див западот? Е па ќе биде, како нема да биде...

Еве уште една доза од неколку изјави кои ги имам чуено во изминативе години и кои и покрај тоа што се чудни и по малку апсурдни – сепак се инспиративни и тераат на размислување.

* текстов е првично објавен на 21ви јули 2008 година на http://blogatash.blog.com.mk/node/170962

1. Вистинската љубов е богатство кое што не можеш да го купиш, не можеш да го продадеш и не можеш да го украдеш, и кое што нема никаква вредност за тебе сѐ додека не го подариш некому.

2. Како се преведува на турски јазик фразата „политичка партија“?

… се преведува како „апашлук тајфа“

3. Некоја жена која сакала да си го промени името ја прашале зошто тоа сака да го направи. После едно долго и исцрпно образложување и анализирање на причините, таа рекла: „ако не бев доволно јасна зошто сакам да станам Јасна, знајте дека ќе бидам многу бесна ако ме натерате да останам Весна“.

4. Никогаш не оставај го за утре она што можеш да го оставиш за задутре.

5. Која е разликата меѓу „министер“ и „минисукња“?

– минисукњата, колку што е пократка, толку повеќе е скандалозна.

– министерот, колку повеќе е скандалозен, толку е пократка неговата кариера.

6. Кога нашиот парламент би имал наместо 120 пратеници само 40, тогаш за доаѓање на власт не би биле потребни 61 пратеник да се освојат, туку само 21. Ова значи дека кога некоја партија ќе оствари мнозинство, таа ќе добие и блек – џек и џек – пот, истовремено.

7. Како на турски јазик се преведува зборот „рекетар“ (т.е. мафијаш)

… се преведува како „ќотек ефенди“

8. Некој пијанист му се фалел на својот гостин дека може со помош на пијаното да го дознае времето и дека поради тоа не му треба часовник. Гостинот не му поверувал и побарал да му покаже како тоа го прави. Пијанистот почнал гласно да свири, и веќе по првите неколку ноти почнале соседите да тропаат по ѕидовите и да викаат: „будало, сега ли најде да свириш, знаеш ли дека е еден и пол часот после полноќ!“

9. Има две причини поради кои Грците не ја сакаат песната „Македонско девојче“:

… прво, не сакаат „македонско“.

… второ, не сакаат девојки.

10. Иконографија во три слики:

… прва слика: Свети Ѓорѓи ја прободува ламјата со меч.

… втора слика: Ламјата го тужи св. Ѓорѓи за нанесување на тешки телесни повреди и убиство во обид.

… трета слика: Судот во Хаг покренува обвинение за командна одговорност.

11. Што е разликата меѓу „морал“ и „морон“?

– морал е она што си морал да го направиш, а морон е оној кој се обидел да те спречи во тоа.

12. Синот на еден стар философ еден ден застанал пред татко му и го прашал сериозно и замислено: „кој сум јас?“. И таткото, сметајќи дека синот сака да започне некој философски муабет му одговорил на синот исто така длабокоумно и замислено: „да, тоа е добро прашање – кој си ти?“. Синот тогаш нежно го допрел татка си по рамото и загрижено му одговорил: „татко, ти веќе навистина си станал сенилен кога сопствениот син не го препознаваш“.

13. Како се преведува изразот „рамковен договор“ на турски јазик?

… се преведува како „резил тапија“.

14. Која би била кратенката од фразата: „Гнасно Расистичко Копиле“?

15. Подобро да молчиш и луѓето да мислат дека си глупав, одошто да зборуваш и да им докажеш дека тоа е точно.

16. Секое правило има исклучок. Чесен човек е човекот кој ги знае сите правила. Успешен човек е човекот кој ги знае сите исклучоци.

17. Еве интересна коинциденција: на крајниот источен дел од Балканот се наоѓа Црно Море, а на крајниот западен дел од Балканот е Црна Гора. На крајниот јужен дел од полуостровот се наоѓа морето кое Македонците го викале Бело Море (Егејско го викаат Грците) а на крајниот северен дел од полуостровот се наоѓа градот кој Македонците го викаат Белград.

18. Анаграм на зборот „македонија“ е реченицата „мајко едина“. Случајност?

19. Како на грчки јазик се преведува поздравот „добредојдовте, Македонци“?

… се преведува како „невес акамевас“ (ова изговорете го споено неколку пати за да ја сфатите смислата).

20. Вистински губитник е оној кој никогаш не пропушта шанса да пропушти шанса.

21. Ако глаголот „дебатираме“ е во сегашно време, а глаголот „ќе дебатираме“ е во идно време, тогаш во кое време е глаголот „дебатиравме“?

Одговор: изгубено време.

22. Ако имаш голем алат, не значи дека си и голем мајстор.

23. Принцип според кој владата се однесува кон економијата во скоро сите држави:

… ако мрдне, казни го!

… ако продолжи да се движи, оданочи го!

… а ако почне да застанува, субвенционирај го!

24. Кој збор е синоним за зборот „синоним“?

25. Паметен човек опкружен со будали е како убава девојка опкружена со слепи луѓе.

26. „Секогаш“ и „никогаш“ се двата збора за кои секогаш треба да имаш во предвид дека никогаш не треба да ги употребуваш.

27. Разлика меѓу Дедо Мраз и Европската Унија од гледна точка на Македонците:

– Дедо Мраз ќе те седне во скут и ти вели: хоу, хоу, хоу.

– ЕУ ќе те седне во скут и ти вели: ноу, ноу, ноу.

28. Љубовта не е одговорот,  љубовта е прашањето. „Да“ е одговорот!

П.С: Ако не сте ја прочитале досега, прочитајте ја претходната доза, Чудна логика (1)

П.П.С: Поздрав🙂

Written by nenobogdan

05/01/2010 at 22:39

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: