Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ АНАТОМИЈА НА ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА ВО САД

leave a comment »

За секоја фракција од ова шарено друштво треба посебна тактика

На изборите кои во ноември ќе се одржат во САД нема само да се бира нов претседател кој ќе го наследи сегашниот, Џорџ Буш, туку и нов состав на Преставничкиот дом на Конгресот. Иако Конгресот нема некое поголемо значење во надворешната политика на САД, фино е да се знае како би можеле ние, Македонците, да влијаеме врз ублажување на грчкото влијание врз членовите на Конгресот од Демократската Партија.

* текстов е првично објавен на 13ти септември 2008 на http://blogatash.blog.com.mk/node/180507

На сликата под насловот го напишав, со помош на сигнални знаменца кои некогаш се користеле во воените морнарици, името на партијата која на престојните избори за членови на Конгресот во САД најверојатно повторно ќе го добие мнозинството пратеници и со тоа ќе има можност во американскиот парламент да има одредено влијание врз политиката која ќе ја спроведува новиот претседател (по сѐ изгледа тоа ќе биде републиканецот Џон Мекејн).

Иако Конгресот во последниве децении нема некое посилно влијание врз надворешната политика, а во последниве години драстично ја изгуби и силата да влијае во внатрешната политика на сопствената држава, сепак фино е да се има одредено знаење околу тоа како може да се влијае врз некои одлуки на Преставничкиот дом. Интересна работа кај американските партии е дека тие не се толку строго хиерархизирани како нашите политички партии, па кај нив се случува членови од иста партија да гласаат сосема различно за одредени предлози за закони и резолуции.

Ова следува од фактот што всушност американските политички партии се премногу големи за да бидат контролирани од еден центар, па се всушност де факто „коалиции“ од разни лоби – групи и фракции кои одат на избори со заеднички кандидати и под име на една од двете најголеми партии, Демократската или Републиканската. За Републиканците во голема мера сме сигурни дека се многу понаклонети кон нас, Македонците и нашата држава, одошто се тоа Демократите, кои се чини на прв поглед дека стојат цврсто зад ставовите на грчкото лоби во САД.

Но, како што реков, во американските партии нема некоја силна хиерархија и кохезија, па можно е со влијание врз некои од разните фракции и лоби – групи да се издејствува осетно намалување на влијанието на другите фракции и лоби – групи кои не се пријателски настроени кон нас. Затоа, целта на овој текст е накратко да се опишат најмоќните лоби – групи во Демократската партија и да се анализира која од тие фракции може да се приближи кон нашите ставови и како да се оддалечи од моќта на грчкото лоби:

1. Синдикати и антиглобалисти: значаен дел од гласачкото тело на Демократите се членовите на многубројните синдикати низ цела Америка и на припадниците на разните антиглобалистички организации. Многу често, членовите на синдикатите се и поборници за спречување на ширењето на глобализацијата, бидејќи кај нив постои страв дека со отворањето на американската економија за увоз на ефтини стоки од други земји, ќе дојде до намалување на бројот на работни места во Америка за американските работници. Затоа, синдикатите и антиглобалистите ја подржуваат Демократската Партија која за своја максима во надворешната политика го има концептот за „давање помош“ на земјите во развој без да се либерализира трговијата со нив.

Со тоа, Демократите намерно ги прават земјите во развој зависни од милостина, наместо како Републиканците, да се залагаат за широка либерализација на трговијата и намалување на помошта, со што земјите во развој ќе можат самите да се развијат со свои сили.

Синдикатите се секаде во секоја земја кочница на развојот и редовно се крајно неписмени за економската реалност, па по таа основа, тие секогаш ќе ги мразат другите држави и народи, бидејќи во нив гледаат конкурент за нивната „благосостојба“. Тие би сакале сите други земји да бидат неразвиени и да функционираат како пазар за американските производи кои би се произведувале во Америка од страна на американски работници, што нам, како земја која се труди да се развие и економски да напредува воопшто не ни одговара.

Политиката на САД кон Тајван е формулирана во времето на републиканскиот претседател Ајзенхауер, затоплувањето на односите со Кина е почнато од страна на Никсон (републиканец), а кон Чешка, Полска и другите земји од Источна Европа во времето на Буш постариот. Затоа тие земји сега се толку развиени и економски напредни.

Од друга страна, Косово е проект на администрација на Клинтон (демократ), а и Јужен Виетнам бил подржуван од Кенеди и Џонсон (двајцата демократски претседатели). Јужен Виетнам сосема пропаднал економски пред да биде воено поразен од силите на Северен Виетнам во Виетнамската војна, а Косово и ден денеска е сиромашна и криминализирана држава.

Поентата е дека од синдикалистите и антиглобалистите во Демократската Партија ние како Македонци не можеме ништо добро да очекуваме. Тие би ни помагале со по сто или педесетина милиони долари годишни донации, ама ние не сакаме мислостина оти така никаде нема да стигнеме, ние сакаме либерализација на економските односи за да можеме самите да се развиеме, како Тајван, Јужна Кореја, Полска, Чешка…

Заклучок: во рамките на синдикалното и антиглобалистичкото лоби немаме ние никакви надежи за пробивање на нашето влијание. Затоа, со таа фракција, не треба ни да се трудиме.

2. Геј лоби: интересна работа во Америка е што речиси сите хомосексуалци, кога решаваат да гласаат редовно гласаат за Демократската партија и поради тоа, кога сакаат да речат Американците дека некоја работа е невозможна (слично на „ладен оган“ или „сува вода“ или „громогласна тишина“) тие ја споредуваат со „геј републиканец“, алудирајќи дека е тоа невозможна комбинација, дека ниту еден геј никогаш не може да се најде себеси во идеологијата на републиканците.

Затоа, политички активните хомосексуалци во САД се строго организирани како лоби група, како фракција во рамките на демократската партија. Тие таму се залагаат за легализација на браковите меѓу лица од ист пол, за специјални привилегии за хомосексуалците, за државни грантови за развој и зачувување на геј – традициите, за повисока општествена свест и толеранција за потребите на хомосексуалците, и во надворешната политика, за ширење на геј – културата во сите земји од светот.

Ако се земе во предвид дека кај нас постои силен отпор од речиси сите општествени слоеви кон легализирање на браковите меѓу лица од ист пол и дека дури како навреда го користиме редовно зборот „педер“ и „педерско понашање“ како и фактот дека кај нас уште многу вода низ Вардар ќе протече пред да се организира геј – парада низ улиците на Скопје, станува јасно дека ние кај педерите во Демократската партија нема што да бараме. Од проста причина што и тие нема што да бараат кај нас, Македонците.

Фактот што Александар Велики Грците го прикажуваат за свој човек, а истото го прават и хомосексуалците за истиот тој Александар Велики, само ја прави врската меѓу грчкото лоби и геј – лобито посилна и понеповолна за нас. Освен тоа, непобитен е фактот дека старите Грци биле првите педери во историјата, така да геј – лобито во Демократската Партија е подеднакво затворено за нас како што се затворени синдикалистите и антиглобалистите.

3. Афроамериканско лоби: станува збор за политичките здруженија на Американците со африканско потекло, познати како „Афроамериканци“. Моментално, со изборот на Барак Обама за кандидат за претседател на Демократската Партија, се чини дека афроамериканското лоби го достигна зенитот на своето влијание во таа партија.

Иако обичните Афроамериканци со децении гласаат за Демократите и со децении живеат сѐ победно и посиромашни се, се чини дека тие не согледуваат дека нивните политички водачи не се нешто многу паметни или искрено ангажирани за нивната благосостојба, туку пред сѐ мислат на својата благосостојба.

Постои едно тврдење во САД дека всушност црнците и немаат свои вистински преставници оти сите оние кои се прикажуваат за водачи на афроамериканците се всушност потплатени од страна на владата која ја контролираат богатите белци. Колку има вистина во ова тврдење не знам, но евидентно е дека барем еден црн политичар, Обама, во текот на својата кампања за претседателската функција и тоа како е потплатен од едни богати белци, и тоа токму од богати белци со потекло од Грција. Грчкото лоби во САД застана речиси едногласно зад Барак Обама и по таа основа, можеме да очекуваме дека и Афроамериканското лоби во партијата на Обама е во цврст сојуз со Грците и по таа основа, од нив не можеме ништо да очекуваме.

4. Грчкото лоби: Ако Барак Обама биде избран за претседател (што е доста неверојатно, но сепак е реална можност) состојбата ќе биде уште полоша во нашите позиции во Америка против грчките лобисти. Ама, кој вели дека Барак Обама ќе победи? И за Џон Кери велеа дека ќе победи сигурно во 2004 – та, па Буш го растури со неколку милиони гласови разлика во своја корист.

И Џон Кери беше подржуван обилно од грчкото лоби во текот на својата кампања, па два дена по победата, Џорџ Буш ја призна Македонија под уставното име. Што ли можеме да очекуваме после јасно декларираната подршка на Грците за Обама, по победата на Мекејн. Можеби ќе ја исфрли тој Грција од НАТО? Па потоа нас ќе нѐ прими и Грците ќе нѐ молат нас да не им ставаме вето кога ќе бараат пак да бидат примени во таа организација?

Па да им ставиме ние ним услов да го променат тие името на нивната држава од „Елада“ во „Чоколада“ (Τςοκώλαδογ) за да не предизвикуваат забуна со автомобилите од марката „лада“ кои се толку застапени и по нашите гаражи, продажни салони и автопатишта…

Ако тоа се случи, ќе треба кај нас Џон Мекејн да го викаме Џон Мак – Кејн🙂

5. Феминистичко лоби: Ако добро ме држи сеќавањето, ми се чини дека беше токму некогашниот републикански конгресмен, Том Ди Леј, оној кој своевремено вака ја опиша Демократската партија: „…половина од Демократите се разведени лезбејки кои барем два пати абортирале…“ при што алудираше на јачината на феминистичкото екстремно лоби во рамките на Демократите.

Иако Ди Леј редовно даваше вакви одлепени изјави во кои не бираше зборови за своите политички противници, сепак во голема мера е точна неговата констатација за суштината на феминистичкото лоби. Станува збор не за „женско“ туку за „феминистичко“ лоби.

Своевремено навистина имало силно женско лоби кое се залагало за навистина вредни реформи (еднаквост пред законот за двата пола, право на глас, имотни права на жените…), реформи кои одамна се интегрален дел од американскиот политички систем.

Феминистичкото лоби (за разлика од некогашното женско лоби) се залага за некои сосема бесмислени работи како на пример при развод жената автоматски да добива минимум половина од имотот на бившиот маж, загарантирани стипендии од државниот буџет за сите жени кои студираат на било кој факултет, финансиска подршка од владата за така наречени „феминистички студии и истражувања“ и слични работи кои дури ни кај повеќето жени во Америка не наидуваат на одобрување.

До неодамна, неформален лидер и водечка политичка икона на феминистите во рамките на Демократската партија беше Хилари Клинтон, за која се надеваа феминистките дека ќе може да привлече значаен дел од жените – гласачи кои се партиски неопределени.

Но, со номинацијата на Џон Мекејн и неговиот избор жена да биде негов потпретседател (ако ги добие изборите) било која надеж за привлекување на жените – гласачи кон Демократската партија на овие избори е загубена. Сара од Аласка не само што е мајка на дури пет деца, не само што е жена со значајна политичка функција за која самата се изборила, туку е и Републиканец, што целата работа околу митот дека само Демократите се про – женска партија ја прави сосема бесмислена.

И покрај тоа што моќта на феминистичкото лоби во партијата ќе се намалува сѐ повеќе и повеќе, особено по поразот на Хилари на внатрепартиските избори и по номинацијата на жена за потпретседателски кандидат кај противничката партија, сепак не е на одмет да се запрашаме како, ако ни потребаат, може ние Македонците да влијаеме врз феминистичките лобистки кај Демократите.

Кај нас имаме министерка за внатрешни и министерка за култура – две жени на битни политички функции. Кај Грците пак, министерката за надворешни – токму таа што треба да ја преставува Грција во светот, е жена. И тоа не некоја скромна, тивка, домаќинка, ами жена – змеј, нападна и иритативна ламја, небаре прототип на модерна милитантна феминистка. Единствено нешто што ние можеме да направиме тука е да избереме жена за претседател на државата ни, догодина на изборите. Така, повеќе ќе можеме да се покажеме пред американските феминистки дека сме напредувале во развојот на женските права. Уште ако е и лезбејка – и геј лобито ќе можеме да го привлечеме за нас.

И сега, кај ќе најдеме политички подобна жена над 40 – та година која сака жени? Ако немаме на лагер, дајте да пратиме некој од машкиве политичари на операција за промена на полот. И така повеќето од нив досега немаат покажано некоја поголема машкост во политиката.

6. Холивудски либерали: овдека се вбројуваат оние славни филмски ѕвезди и режисери и продуценти кои се политички активни, пред сѐ во заштита на човековите права ширум светот. Ги знаете, имаше и кај нас во 1999 година, за време на бегалската косовска криза многумина актери од Холивуд кои дојдоа да изразат блискост со бегалците. (и да се чудат зошто во бегалските кампови ние не сме изградиле тениски терени за релаксирање на страдалниците)

Силата на холивудските либерали е токму во тоа што се славни и што благодарение на тоа што обичните луѓе сакаат да ги гледаат и слушаат, тие може да даваат изјави во врска со нивните теми на интерес и обичните гласачи да ги привлечат да ја изберат партијата која ја подржуваат тие ѕвезди.

Арнолд Шварценегер иако е Републиканец е типичен пример за холивудска ѕвезда кој стана гувернер на една држава (Калифорнија) само благодарение на својата популарност како актер. Иако кај нас е сосема непознат, и еден борач по име Џеси Вентура, исто така помина многу години како гувернер на една друга американска држава, а тоа место го имаше заслужено единствено поради својата спортска популарност.

Ѕвездите кои ја подржуваат Демократската партија се многу помногубројни од ѕвездите – Републиканци, но според учинокот не делуваат многу поуспешни во политичкото влијание. Ова доаѓа од фактот што повеќето филмски ѕвезди, па и режисерите и продуцентите се прилично плиткоумни луѓе кои немаат интелектуална сила длабински да се внесат во некој проблем и неговото решавање. Повеќето од нив се антиглобалисти, иако најверната публика за нивните филмови е токму надвор од Америка.

На времето една рок – група „Iron Maiden“ имаа песна посветена на Александар Македонски, а групата „Aerosmith“ на повеќе нивни концерти го има развејувано токму нашето (старо) знаме. Мислам дека некако на тој начин можеме да ги привлечеме тие луѓе да бидат наши лобисти. Со симболи, со презентирање на нашата богата култура, традиција, песни, некои фан – клубови нивни да направиме во Македонија, да им дадеме имиња на некои улици (кои сега сеуште носат имиња на комунисти) со холивудски имиња и слично.

Еве предлог, како да го привлечеме вниманието на, да речеме политички многу активниот Роберт Редфорд: името на улицата во Ново Лисиче која се вика „Ернст Телман“ (по некој си комунист, лидер на германските комунисти во дваесетите години на XX век и човек по ништо битен за нас, Македонците) да го смениме уште утре во улица „Роберт Редфорд“. Нема да е лошо да го викнеме и самиот господин Редфорд кај нас за тој настан (секако, на наша сметка сите патни трошоци ќе бидат) за да сече лента, да даде интервју, неколку автограми во инстант – клуб на негови тукашни обожаватели да потпише, и секако – да се сретне со премиерот Груевски кој ќе го запознае со проблемот околу името со Грците.

Ако уште најдеме и некој доказ дека прадедо му на Редфорд бил комита од Костурско – уште подобро. Ако не, тогаш да го прогласиме за почесен македонски граѓанин, како знак на почит кон неговата маестрална улога во филмот „The last castle“ која нам, Македонците треба да ни служи како вечна инспирација да издржиме во нашите напори за победа против Грците.

Само, што ли ќе се случи ако и Грците решат да го направат истото нешто со истиот човек, секако оддавајќи му почест за неговата улога во филмот „Непристоен предлог“ кога тој глумеше милионер кој ѝ нуди милион долари на една жена за таа да спие со него? Грците кога работат против нас изгледа од таа техника се инспирираат…

7. Екологисти: луѓето кои се политички активни со цел да придонесат за подобрување на односот кој владата во САД го има кон проблемите на глобалното загревање, исчезнувањето на животинските видови и стопирањето на намалувањето на површините под шума ширум светот, се обединети во редовите на Демократската партија под името „environmentalists“ и како што тргнале работите со ураганите, сушите и високите цени на нафтата, овие луѓе се чини дека имаат најсигурна перспектива да стануваат сѐ посилни и посилни како лоби група.

Екологистите во САД можеме да ги привлечеме на три начини, да застанат на наша страна во евентуалната дебата во конгресот по прашањето на спорот меѓу Грција и Македонија. Тие се:

1. Македонија треба да ја прикажеме како поголем борец за заштита на околината од Грците. Тука наш најсилен адут е приказната за тоа како Грците сакаа да го уништат Дојранското Езеро, а како ние го спасивме од исчезнување. (имам јас убава стратегија за ова како да го спакуваме убаво, за да биде тоа ефикасно пропагандно оружје во нашите раце, како што Мајкл Мур знае да прави документарци, ама тоа владата наша треба да го финансира да се направи). Ако можеме некако да ги наместиме Грците дека тие го уништуваат и Преспанското Езеро (кое навистина се намалува, од засега непознати причини) тоа ќе биде супер.

2. Македонија треба сериозно да се подготви за наредните сезони на шумски пожари и да инвестира обилно во купување на противпожарна опрема, авиони за гаснење на оган на тешко достапни терени и особено да го зголеми бројот на пожарникарите и нивната обученост. Ако сето тоа го направиме, кога ќе дојде време за пожари кај нас, ако успешно се справуваме, нема да биде лошо дел од опремата и пожарникарите да ѝ ги позајмиме на некоја соседна држава која ќе има проблеми со своите пожари, со цел да се пофалиме пред екологистите во САД дека ние толку многу успешно сме инвестирале во заштита на околината што дури од нашата еколошка сила можеме и да позајмуваме на соседите.

3. Ограничување на ловот и ширење на националните паркови: во Македонија и така и така имаме поради несовесно и нестручно работење на надлежните институции десетици животински видови сосема истребено или доведено до работ на исчезнување од нашата територија, и тоа не само што е голема загуба за нашите идни генерации, туку и срамота да се каже пред екологистите од САД.

И така и така нашите села и рурални средини се запустени, па нема да пречи да во нивните атари ги прошириме резерватите и националните паркови во кои строго ќе биде регулиран, ако не и сосема забранет било каков лов.

Кога ќе им кажеме на членовите на екологистичкото лоби во САД дека во Грција уште некоја година поради пожарите таму ќе останат без шуми, дека нивните ловци се меѓу најбруталните во Европа и дека кај нас некои 10 – 20 % од територијата на државата сме ги направиле национални паркови во кои слободно живеат заштитени неколку ретки животински видови – што мислите, кому ќе му бидат понаклонети тие луѓе?

Верувајте ми, од екологистите, чие време во политиката допрва доаѓа, можеме да имаме многу корист. А сѐ што треба да направиме за нив да ги импресионираме, всушност ќе го правиме и за нас самите, штитејќи ги нашите шуми и нашите диви животни за нашите потомци и идните генерации.

8. Други лоби групи: за крај планирам сосема накратко да ги споменам и еврејското лоби, бизнис лобито и лобито на поборниците за реформа на здравствениот систем во САД.

Еврејското лоби е многу влијателна група за која мислам дека и не треба да се секираме како да ги привлекуваме на наша страна, оти тие веќе самите масовно му вртат грб на кандидатот Барак Хусеин Обама, син на муслиман, која има дадено неколку изјави на симпатија и разбирање за Палестинците.

Ако сепак Обама не победи на изборите, но неговата партија ги добие повеќето места во Конгресот, еврејското лоби во Демократската Партија можеме да го одоброволиме со, да речеме, купување на оружје од Израел (тамошните фирми за оружје се најголемите финансиери на лобито) и купување на опрема за наводнување и соларни колектори кои и онака ни требаат и впрочем се најквалитетни израелските производи во тоа поле од технологијата.

Бизнис лобито во Демократската Партија ги содржи во голема мера истите фирми како и бизнис лобито на Републиканската Партија (бизнисот не знае за идеологија, па исти компании ги финансираат и двете партии) и кое само бара поволна клима за инвестирање – што ние и за нас самите треба да го направиме.

Мошне значајни во редовите на Демократите се фирмите кои развиваат нови технологии за заштита на природата и за искористување на обновливи извори не енергија, па не е лошо, некоја од нив да доведеме да инвестира во ветерни генератори или сончеви централи и кај нас, или некоја фабрика за рециклирање на отпад. Ние со бизнисот со такви фирми ќе имаме директна корист за почиста околина кај нас, а контактите што ќе ги оствариме со нив ќе ни помогнат тие да лобираат за нас во редовите на Демократската Партија.

Лобито за здравствена реформа кое се состои од луѓе кои се обидуваат да смислат систем за здравствено осигурување кој би бил ефтин и економичен, а сепак ефикасен, можеме да го привлечеме со осмислување на ефикасен и ефтин здравствен систем кај нас, во нашата земја, од кој не само што ние би имале директна корист за нашето здравје, туку и би можеле со него да се пофалиме пред тие лобисти кои се многу моќни во редовите на Демократската Партија.

Ако направиме ние функционален систем за менаџирање во здравството кај нас, тоа ќе биде и корисна инспирација за американските реформатори на нивниот здравствен систем, што ќе го зголеми нашиот рејтинг како држава во редовите на тоа лоби. Нормално, можеме да го искористиме и фактот што грчкиот систем за здравствена заштита е катастрофален, неверојатно скап и сосема неефикасен.

Идејата на овој текст беше да се направи анализа на фракциите од кои е составена Демократската Партија во САД и на начините на кои ние како Македонци можеме да ги привлечеме тие фракции да бидат на нашата страна во можните дебати и размислувања во Конгресот околу спорот меѓу Македонија и Грција.

Верувам дека Мекејн ќе победи, така за него не треба да се секираме, оти тој е Републиканец, а тие се „наши“. Затоа и нема да правам анализа на фракциите во Републиканската Партија, оти не го гледам ефектот од тоа и потребата. Се надевам дека овој мој текст ќе дојде до битните фактори во нашето МНР и дека ќе ги натера на сериозно размислување.

Written by nenobogdan

06/01/2010 at 17:49

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: