Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ВРЕМЕ ЛИ Е СДСМ ДА СТАНЕ И ПРОБУГАРСКА ПАРТИЈА?

leave a comment »

Искам и обичам, социјалдемократ да се наричам!

Се разбира, многу добро знам дека не се пишува баш така на бугарски називот напишан на горната слика, ама намерно ги деформирав зборовите со карактеристични „источни“ букви за да заличи повеќе на идејата на колумнава. А идејата е да се изложи мојата теорија за она што ќе се случува со нашата водечка опозициона партија и нејзините експертски сателити по поразот кој ќе го доживее нивната опција на престојните избори:

* текстов е првично објавен на 27ти февруари 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/213396

1. Ќе пресушат грчките пари, па ќе мора да се префрлат на бугарско спонзорство: иако тоа сега засега никој не може да го докаже со документи, многумина сепак се убедени дека сегашнава кампања на „левите прогресивни сили“ за убедување на Македонците да се откажат од својот идентитет е индиректно финансирана од центри на моќ кои се подржувани од нашиот јужен сосед.

До кога ќе трае таа кампања? Сѐ додека има пари, а тоа нема да биде уште долго, бидејќи по сигурниот пораз на СДСМ на престојните избори и нивниот неуспех да го занишаат тронот на кој седи Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, оние кои ги плаќаат сегашните борци за демократија ќе сфатат конечно дека треба да ја променат стратегијата која до сега никакви значајни резултати не им донесе. Напротив, со ставањето во игра на компромитирани политичари и потрошени „интелектуалци“ се чини дека бројот на приврзаниците на заштитата на македонскиот идентитет сѐ повеќе се зголемува и дека ние стануваме сѐ поцврсти во борбата за нашата кауза.

Во почетокот на април, кога веќе ќе бидат извадени сите карти на маса (завршени изборите) и народот ќе го има кажано своето, грчките платеници во Македонија ќе останат без пари за својата борба против сѐ што е македонско. Но, тие не знаат ништо друго да прават освен да се борат за нечии туѓи интереси и тоа им е единствениот извор на егзистенција. Кога тој извор ќе пресуши, ќе мораат да најдат нов финансиер.

Таков веќе се пријави во ликот и делото на популарниот бугарски политичар Бојко Борисов кој недамна во една контроверзна изјава најави дека ако тој дојде на власт во Бугарија, ќе ја смени досегашната стратегија на нашиот источен сосед кон „македонското прашање“ и ќе почне да ги употребува грчките методи.

Иако Бојко не знае, или некој не му кажал дека до сега грчките методи и не вродија со некој позначаен плод (ако се има во предвид популарноста на политичката опција која го брани македонскиот национален идентитет) сепак ајде да претпоставиме дека тој ако дојде на власт навистина ќе се зафати со купување на експертутки во Македонија и нивно користење за промовирање на своите интереси во земјава ни.

Ако Бојко сака да купи свои интелектуални – пропагандни платеници во Македонија, кај кого треба да се обрати? Кај оние кои во изминативе децении беа вклучени во тој бизнис активно и неуморно – луѓето кои денеска се обединети во организацијата која има многу слично име со партијата на Бојко (ГЕРБ – граѓани за европски развој на Бугарија) и кај нас се викаат ГЕМ – граѓани за европска Македонија.

2. Менувањето на „плочата“ нема тешко да им дојде на левите сили: напротив, тоа што до сега токму тие луѓе најжестоко дрвја и камења фрлаа по сѐ што е бугарско и пробугарско во Македонија дури ќе им дојде и како олеснителна околност во нивниот премин во застапници на бугаризмот кај нас.

Тоа од причина што низ историјата се познати многу примери на луѓе кои првин жестоко напаѓале некоја опција или организација, за потоа кога ќе ја „виделе светлината“ да се престорат во нејзини најжестоки поборници. Сете се само на Брут (оној кој го убил Цезар, откако бил негов најверен сојузник со години пред тоа) или да не одиме во далечното минато, сетете се на однесувањето на СДСМ во последниве дваесетина години:

Прво беа поборници за еднопартиски систем – комунизам и Југославија. Потоа, станаа партија која, како што велат самите, нема никаква врска со комунизмот, иако сеуште се бореа за зачувување на Југославија во каква – таква форма.

Потоа, кога Македонија конечно се осамостои, тие станаа најголеми пријатели на Слободан Милошевиќ и неговата мафија со која тесно соработуваа за теми како шверц и перење пари. Дури во 1999та година некои структури блиски до таа партија го организираа палењето на амбасадата на САД кога американските авиони почнаа да го бомбардираат царството на Слобо.

Непосредно пред да паднат од власт беа жестоки прогонувачи на сѐ што е албанско во земјава (настаните од Гостивар во 1997та), за подоцна, кон крајот на 2000та година, начисто да се прешалтаат во ептен проалабнски, па во 2001та ја саботираа одбраната на државата и во 2002та да станат партнери со свежо амнестираните „несоцијализирани лица“.

Во меѓувреме станаа и многу проНАТО и проЕУ иако додека беа на власт ништо не направија за суштински да ја реформираат земјата да стане подготвена да биде член на тие организации.

Конечно, станаа и пргрчки кога се јави потреба од тоа (за пак да ја саботираат владата и преку тоа да ја сабтираат и Македонија)

И зарем сега тешко ќе им дојде да го променат својот став уште еднаш, по кој знае кој пат и да станат поборници овој пат за припојување на Македонија кон Бугарија, иако со децении претходно историчарите во служба на СДСМ се во првите редови на ширење на омраза кон било какво споменување на било што бугарско?

Волкот влакното го менува, но карактерот му останува ист. Во случајот, левицата може кај нас да го смени предметот на јавно искажаните свои симпатии, но карактерот – антимакедонски секогаш ѝ останува во суштината на политичкото делување.

3. Од гледна точка на овие изроди, тоа е најлесниот начин ние да влеземе во ЕУ и НАТО: нема тука многу што да се раскажува и елаборира од моја страна, оти тоа е факт и е точно, се разбира со една мала фалинка (објаснета во наредната точка).

Ако ние Македонците се откажеме од својот национален идентитет, ако прифатиме дека сме народ без корен подлабоко од 1945та година и дека пред тоа овде луѓето немале македонска национална свест, тогаш со кој аргумент ќе се спречува иницијативата (која тогаш ќе се најде некој да ја афирмира) нашата земја да се подели на два дела и двата најголеми етникуми (Албанците и Македонците) да си заминат секој кон „своите“. Албанците во Македонија да се спојат со Албанците во Албанија и Косово, а Македонците (кои нели, ќе признаат дека не се народ постар од 65 години) ќе треба да се „вратат“ кон своите „вистински корени“ т.е. Бугарија.

Токму тука е најголемата опасност од прифаќањето на идеите на оние продадени души од ГЕМ – за откажување од нашиот антички корен. Оти, ако поради грчки притисок се откажеме од антиката, што потоа ќе нѐ спречи под бугарски притисок да се откажеме и историјата од тогаш па наваму? Ништо, и ако на заебанција и Србите побараат да се откажеме од периодот 1945 – 1991 (времето кога е возобновена МПЦ) тогаш остануваме буквално вејка на ветрот и слободно можеме да се пишеме сите Бугари.

4. Што друго може СДСМ да му понуди на своето гласачко стадо: ништо, оти сите нивни аргументи со кои со децении го плашеа народот од ВМРО-ДПМНЕ се потрошени и се вистински издуван балон. Затоа и никако не може да им порасне рејтингот, оти веќе никој сериозен не им верува во ништо што ќе кажат или ќе ветат. За економија не го бива и тоа е веќе општонароден консенсус.

Исто и за борбата против корупцијата и криминалот. За одбрана на националните интереси да не правиме и муабет оти тоа одамна е веќе надвор од нивниот „ресор“ – конечно токму тие се партијата која  го продаде името и знамето на земјава ни со привремената спогодба, која што патем да потсетиме дека Грција никогаш и не ја имаше ратификувано.

Значи, сега СДСМ ама баш со ништо не може да го привлече народот да гласа за него! Освен со едно единствено ветување – ајде луѓе изберете нѐ нас, за да кога ќе дојдеме на власт ја одведеме Македонија во составот на Бугарија каде што сите наши ветувања ќе бидат исполнети – автоматски ќе станеме сите граѓани на ЕУ и граѓани на земја член на НАТО.

Со таа мала разлика што таа земја, како што еднаш рече Вапцаров, извинете, нема да е наша.

Но зарем тоа ќе ги онерасположи левите ни сили? Сите нивни интелектуалци отсекогаш се нарекувале интернационалисти и космополити и секогаш се срамеле и сеуште се срамат од тоа да се наречат Македонци. Тие се нарекуваат граѓани на светот, и демек затоа не сакаат да се врзуваат за парче земја која би била нивна татковина.

Но, не знаат овие луѓе: ако живееш во еден град а немаш своја куќа тоа не те прави граѓанин на тој град, тоа те прави бездомник во тој град. Ако некој те прими да живееш во неговата куќа (во случајот, да станеме ние дел од Бугарија) тогаш таа куќа нема да е твојот дом, оти таму си само потстанар.

Но нашите леви прогресивни сили нема никогаш да го разберат чуството да имаш своја куќа и да бидеш свој на своето. Затоа што тие секогаш биле на туѓото господари, никогаш свое нешто не заработиле. И затоа ним им е лесно да бидат слуги на нашите душмани: било на Србите, било на Грците и како што навести оваа колумна, можеби наскоро и на Бугарите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: