Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ДАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СЛОВЕНИ ИЛИ СЛОВЕНИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ?

with 32 comments

Дали „инвазијата на Словените“ не била всушност само враќање дома?

Сите знаеме дека зборот „срамнет“ (како во ’срамнет со земја’) не доаѓа од зборот „срам“ туку од зборот „рамно“. Зборот „снаодлив“ нема врска со „снаа“ туку со некој што може да „најде“  решение во секоја сложена ситуација. По таа логика, зарем не е можно зборот „Словени“ да не доаѓа од зборот „слово“ туку од зборот „лов“? И всушност „Словен“ првобитно да значело „словен човек“ т.е. уловен – заробен човек?

* текстов е првично објавен на 4ти декември 2008 на http://blogatash.blog.com.mk/node/196769

Ова што следува во продолжение, морам уште сега да кажам, дека е моја теорија и само теорија. Во моите колумни никогаш не тргнувам со намера да едуцирам, туку да провоцирам – со желба оној читател кој ќе ја прочита колумната да почне поинаку да размислува и да истражува и самиот да доаѓа до заклучок околу точноста на моите тврдења.

Значи…

Повеќето од нас, сметаме дека денешните Македонци потекнуваат од мешавината на древните Македонци (оние од народот на Александар и Филип) и славјанските племиња кои се доселиле во овие краишта во седмиот век.

Но, ретко кој од нас знае дека Славјани тука никогаш не се доселиле! Ниту пак било каде.

Затоа што такво нешто, народ или група племиња со име „Славјани“ историјата не познава. Пред петнаесетина векови, на Балканот се доселиле доселеници – варвари од Север кои себеси, самите се нарекувале „Словени“. Не Склавини, не Славени, не Склавени, не Есклавени, не Славјани, туку Словени. Дека старите Словени се нарекувале самите себеси баш прецизно „Словени“ можете да видите на овој линк.

Да збориме реално, факт е непобитен дека во денешна Европа живеат стотина и кусур милиони луѓе припадници на словенските народи кои зборуваат – меѓусебно многу слични, словенски јазици. Меѓу тие народи се и Словаците (Словаци, не Славаци или Славјаци) и Словенците (пак Словенци, не Славенци или Склавенци!).

Словенските народи зборуваат на јазици кои меѓусебе се многу слични, некои повеќе некои помалку, но сите тие се поврзани, па веројатно може да се заклучи со право дека и припадниците на народите кои ги зборуваат тие јазици се некако по потекло поврзани.

Значи непобитен е фактот дека ние Македонците сме сродни со Русите и Полјаците, па и со денешните Бугари.

Од друга страна, како што двајца македонски научници докажаа неодамна, на каменот од Розета, произведен во Египет пред 2.200 години, еден од трите текста е напишан со „црти и рески“ кои дешифрирани даваат јазик кој исклучително многу личи на денешниот македонски јазик. И, по таа врска, со другите словенски јазици.

Понатаму, во 483 година од новата ера, во близината на градот Скопје (баш тоа исто Скопје кое сега е главен град на нашата земја) е роден човекот кој историјата го памети како Јустиниан I – најголемиот и најуспешниот византиски император. Тука нема ништо чудно, но чудно е што овој човек не се викал кога се родил Јустиниан, туку роденото име му било Управда.

Ова име преведено на латински, буквално преминува во Јустиниан. И тука на прв поглед нема ништо чудно, но на втор поглед, се поставува прашањето: зошто овој човек, за кој нема шанси да бил со словенско потекло (оти Словените доаѓаат на Балканот цел век после смртта на Јустиниан) има име кое е евидентно словенско?

Овој случај, донекаде го докажува тврдењето на професорите кои го дешифрираа каменот од Розета дека древните Македонци зборувале на многу сличен јазик како денешните Македонци. И тоа толку многу сличен јазик, што воопшто не може да се согледа било какво подоцнежно словенско влијание врз нашиот денешен јазик.

Се чини дека како Словените во седмиот век воопшто да не дошле тука. Оти да дошле, барем нешто од нивниот јазик ќе останело во денешниот македонски јазик. А бидејќи нашиот јазик е сличен со другите словенски јазици, испаѓа дека Словените ни во Полска не оставиле траги од својот јазик, ниту пак во Русија. Како словенска инвазија никогаш и да немало!

Ама сепак, факт историски е дека словенска инвазија на Балканот и во источна Европа имало.

Ако тоа е така, а тоа е историски факт – каде тогаш исчезнал јазикот на Словените?

Да го резимираме првиот дел од текстов: ако каменот од Розета е навистина напишан делумно (покрај на староегипетски и на старогрчки) и на јазик кој е сличен на денешните словенски јазици, а напишан е речиси илјада години пред некој воопшто да чуе за било какви Словени било каде, тогаш нема смисла да се тврди дека некои Словени во седмиот век ја населиле Македонија, затоа што нивниот јазик, кој е застапен низ цела источна Европа не останал во Македонија од нив, туку тука бил претходно. Заклучокот би бил дека некои Македонци ја освоиле источна Европа!

Ама тоа нема никаква поткрепа во историјата. Знаеме дека Александар и неговите Македонци ја освоиле Персиската империја т.е. голем дел од Азија. Тоа е историски факт. Но, ама баш нема никакви податоци или факти дека Македонци освоиле било што во источна Европа! И тоа е историски факт!

Тоа се два факти – меѓусебно сосема спротивни. Навидум, нема логика. Според јазикот од дешифрираниот камен од Розета, испаѓа дека Русите и Украинците се потомци на Македонци, затоа што зборуваат на јазик со кој зборувале древните Македонци. Но, апсолутно е бесмислено да се тврди дека Македонци некогаш ја освоиле Русија и Украина, оти такво нешто не се случило!

Тоа е логиката и токму тоа ја прави целата приказна околу словенското потекло на Македонците бесмислена, подеднакво колку што ја прави приказната за македонското потекло на Словените бесмислена и апсурдна.

Ама, ајде да го погледнеме прашањето од гледна точка на обратната логика.

Како што реков на почетокот, старите Словени се нарекувале токму така – Словени. Овој збор многумина претпоставуваат дека потекнува од зборот „слава“ – но тие не се викале Славени, ами Словени. Од зборот „слово“ сигурно не може да потекнува името Словени оти – нема смисла! Ако тие биле примитивни варвари, тогаш немале букви (слова). Впрочем и да имале, кој тоа народ се нарекол себеси по буквите свои? Поверојатно е своите пишани знаци т.е. „слова“ да ги нарекле по името на својот народ.

Мојата теорија е дека зборот „Словен“, доаѓа од зборот „словен“ – т.е. „уловен, заловен“ човек. Заробен човек. Роб, кој го уловиле – словиле некои напаѓачи и освојувачи додека живеел на Балканот и го однеле во централна и источна Европа, надвор од границите на Византија. Впрочем, тоа што денеска сите веруваме дека „Словените дошле од зад Карпатите“ е сосема коректно, само што треба да знаеме дека тоа тврдење први го изнеле дури во XIX век руските историчари. Ако гледате од нивната гледна точка – од Москва или Санкт Петерсбург, нивниот став е сосема во склад со мојата теорија – бидејќи во однос на Русија, „зад Карпатите“ се токму нашиве краишта.

Ова е многу реална теорија. Затоа што во првите векови од новата ера, Византиската Империја (т.е. источните провинции на Римското царство) редовно биле напаѓани од номадски племиња – Готи, Хуни, Вандали, Авари, Прабугари – кои ги уништувале селата и ги воделе селаните како робови во своите краишта во степите на денешна Украина и Унгарија. Еве еден цитат од една книга на Иван Микулчиќ:

„Ова протобугарско племе, под водство на Кубер, а како потчинето на аварскиот каган во Панонија, околу 680 г. се одметнало од Аварите и тргнало кон Солун. Кубер ги повел со себе и Сермесијаните, (околу 70.000 на број), во нивната стара татковина. Сермесијаните биле Ромеи, жители на балканските провинции што Аварите ги заробиле еден век порано и ги населиле во Западна Панонија, да работат за нив. На Кубер му била доверена управата врз нив.“

Моето прашање е, ако Кубер имал 70.000 робови со потекло од балканските провинции (Македонија) колку робови од овие наши краишта имале вкупно сите други аварски водачи, канови и кагани? Милиони?

Обратната логика на тврдењето кое нема смисла: „Македонците ја освоиле источна Европа“ е дека: „Источноевропејците ја освоиле Македонија“. А Источноевропејците пред петнаесет векови биле номадски варвари – Хуни, Татари, Авари, Прабугари…

Бидејќи биле номади, тие териториите кои ги освојувале не ги држеле под постојана контрола, туку само ги пљачкосувале и ги носеле скапоценостите и заробениците во своите прибежишта, во непристапните за римската и византиската војска – степи и мочуришта на источна Европа.

Таму, под управа на грабнувачите, заробените Македонци биле оставени во својство на робови да работат на фармите на нивните номадски господари. Номадите биле свесни за економската предност на земјоделието врз сточарството, но немале знаења за тоа. Па затоа, заробиле фармери од Балканот и ги донеле во своите земји, за да работат на нивната земја и да им даваат дел од произведената храна.

Додека нивните господари – номадите војувале меѓу себе и се уништувале, робовите можеле слободно да се размножуваат. Иако нивната технологија била многу попримитивна од онаа во нивната стара татковина – Балканот, тие сепак биле доволно искусни да го развијат земјоделието таму. Нивните „занаетчиски“ производи кои денеска можеме да ги најдеме како археолошки артефакти од Словените, се груби изработки токму затоа што не биле дела на вешти занаетчии од Балканот кои имале допир со своите софистицирани алатки, туку на селани заробени од Готите и Аварите и Хуните, оти не можеле да најдат прибежиште во утврдените градови каде што се сокрила занаетчиите.

Заловени – т.е. словени биле во најголем дел селаните кои и онака не биле многу писмени, образовани и христијанизирани до крај, па така во заробеништво нивната писменост се свела на црти и рески – повеќето од нив знаеле само да се потпишат, а впрочем таа азбука била употребувана во старата татковина само за верски намени и со неа биле запознати само свештениците. Тие биле пагани, и нивната вера и со тоа, азбука, биле забранувани во старата татковина од христијанските властодржци на Византија.

Интересно е што иако постои кај Словените име Југослав (и пред да настане Југославија), уште во средниот век, немало име Северослав, Истокослав, Западослав. Можеби Југослав симболизира човек „уловен некаде на југ“?

Кај старите Словени многу често имало имиња кои завршувале со суфиксот „слав“ (Мирослав, Југослав, Ватрослав, М’стислав, Владислав, Бранислав…). Дали тоа било традиција да им се даваат имиња на децата да не заборават дека биле робови? А кога робовладетелите ќе ослободеле некој роб, тој го менувал името во истото име со наставка „мир“ што значи „човек кој не прави проблеми“ и кој не треба да очекува дека ќе го камшикуваат, кој ќе живее во мир. Владимир, Бранимир…

Зборот „мирјанин“ значел на стрословенски и „обичен, неук човек“. Го има истото значење како во грчкиот јазик зборот „лаикос“ – па од тука во православната црква се користат овие два термина наизменично – лаици или мирјани се луѓе кои немаат познавања од црковните работи.

Името Архелаос е име што го носел (според историските записи што ги оставиле грчки историчари) еден од древномакедонските кралеви. Дали можеби неговото македонско име било Владимир – име што Грците буквално го превеле во Архелаос? А бидејќи ние денеска за древната македонска историја учиме само од историски записи оставени исклучиво од тогашните грчки историчари, сметаме дека и самите тогашни Македонци го викале својот крал Владимир – Архелаос?

Зборот „слово“ што означува текст, запис, букви, можеби доаѓа од појавата кога Словените сакале некој да им каже нешто јасно и разбирливо, тоа да го даде написмено (ние денеска велиме „црно на бело“ што симболизира и „напишано“, но и „јасно и недвосмислено“).

Сличен збор има во унгарскиот (маѓарски) јазик, каде што magyardzni значи „кажи на маѓарски“ и се преведува како „кажи (напиши) разбирливо“. Слично, кај Албанците  има збор shqipoj што значи „оној кој разбира“ или „разбран човек“. Значи, „слово“ е нешто што Словените го разбираат. Оние кои не ги разбирале, Словените ги нарекувале „немци“ – неми луѓе, чиј што говор е толку неразбирлив, па исто како да се неми. Србите и Хрватите и денеска ги викаат Германците – Немци.

Со тек на време, Словените како скапоцени и продуктивни робови биле тргувани од страна на Готите со Хуните, Викинзите, Хазарите и другите народи кои живееле во Источна Европа, па и со Болгарите.

Така, додека нивните господари војувале меѓу себе и со Рим и Византија и гинеле, робовите кои не биле вклучени во војните се размножувале слободно. Така, денеска цела Источна Европа е словенска. Со тек на време, Словените се измешале со остатоците од своите поразени господари и така денеска имаме словенски Исток – без остатоци од Готи и Хуни и Викинзи. Впрочем ова е историски факт дека се случило во Украина, со Викинзите кои сосема се стопиле во словенската маса.

Дека Словените биле робови, потврдува и зборот „slave што во англискиот јазик дошол од францускиот, каде што настанал во времето на империјата на Франките, кои што многу ги ценеле робовите од Источна Европа, кои биле потомци на заробениците, словените луѓе од Балканот.

Историјата вели дека кога варварите тргнале да го освојуваат Источното Римско Царство, жителите на градовите им ги отворале вратите. Како е можно да им се отвораат вратите на сосема непознати луѓе кои дошле да освојуваат? Е па можеби, дел од освојувачите и локалните жители и не си биле меѓусебно непознати, можеби биле ист народ?

Некој аварски кан, со неговата војска пред некој балкански град, повикува некој од своите робови и му вели: „твојот дедо го уловија моите луѓе пред шеесет години, и ти сеуште го зборуваш истиот јазик како оние кои живеат во тврдината која сега ја опсадуваме. Можеби имаш и роднини таму, најди начин да ги убедиш дека ако ни се потчинат нам, ќе живеат исто како тебе, подобро нам да ни бидат робови, одошто на Римјаните. Нека ни ги отворат вратите твоите братучеди од тврдината и ние ќе ги поштедиме нивните животи…“

Конечно, историски факт е дека поразвиената култура ја освојува понеразвиената култура – следствено, како успеале примитивните Словени од „зад Карпатите“ да ги претопат подеднакво примитивните Готи и Викинзи кои живееле на териториите на денешна Украина и Русија? Освен ако можеби Словените и не биле баш примитивни, туку дошле од развиена цивилизација, од византиските провинции на Балканот?

Како што реков на самиот почеток на денешната колумна – ова е само моја теорија. Но, ако е вистинита, ако после опсежни истражувања се покаже за точна – заклучокот за денешното време е многу интересен.

А тој е: дека, на пример, не постои бугарски народ, дека такво нешто ниту има ниту имало. Дека тоа се Македонци кои се излажани и убедени во средината на деветнаесетиот век од страна на руски шпиони дека се посебен народ. Всушност, како може тие луѓе да се потомци на Болгарите на хаганите Аспарух и Кубрат и Заберган, ако е факт дека тие Прабугари зборувале на татарски – туркомански јазик, а денешните Бугари зборуваат на јазик многу сличен на македонскиот, кој пак е многу сличен на јазикот дешифриран на каменот од Розета, како и чии зборови се многу слични на илјадници зборови од јазикот „коине“ кој погрешно се смета за грчки, а всушност бил полуофицијалниот јазик на кралствата на наследниците на генералите на Александар Велики?

За крај да повторам по трет пат: ова е само теорија и навистина би сакал да чујам мислење од некој што подлабоко се разбира во овие работи од мене. Ако теоријата и делумно се покаже за точна – тогаш навистина треба да се запрашаат бугарашите на блогерајов кој е сепаратистот навистина.

Бугарите зборуваат дека Македонците треба да се ребугаризираат оти наводно некогаш биле Бугари. Ама, ако теоријата што ја изнесов во денешната моја колумна е точна, зарем не би требало Бугарите да се ремакедонизираат оти тие биле некогаш Македонци? Или како што ги запрашав Бугарашите во насловот и текстот на една моја стара колумна објавена летово; „А зошто па вие да не станете Македонци?

Вреди да се размисли!

*а за оние кои сакаат повеќе да истражуваат на оваа тема, ги препорачувам следниве линкови, чисто за почеток:

http://forums.vmacedonia.com/1675-post1.html

http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/979134

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=762DEB719889AC42981D07B8641399EB

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=6027&page=6

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14091&PID=1158153

http://forums.vreme.com.mk/611/PrintPost.aspx

http://www.makedonskaistorija.blog.com.mk/

Ако некој од коментаторите на овој пост знае за други линкови до текстови и анализи кои би ја поткрепиле или би ја порекнале мојата теорија, слободно нека ги запише тие линкови во својот коментар. Длабоко ќе ги ценам таквите постапки и ќе направам сѐ за да ги проучам темелно и длабински.

Written by nenobogdan

06/01/2010 at 20:28

32 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Сначало было сЛоВо:Да y Aleksa Donskiego

    Сначало было слово сΛоVоΔа
    И сЛоБоДа была у сЛоБоДян
    И сЛоВяне были сВоБоДны как БОГИ с БОГИНЯМИ

    слово Słowianie (Словени (стсл. – Словѣнє (Slověne), укр. – Слов`яни, срп. – Словени (Sloveni), свн. – Slovani, пол. – Słowianie, чеш. – Slované, свк. – Slovania, каш. – Słowiónie) – происходит от SLOBODANE=SVOBODANE=svobodní
    Slovak. SLOBODА что означает SVOBODA
    Russk. сЛоБоДа т.е. село для свободных людей
    сΛоBоΔа=сΛоβоΔа=сΛоБоДа=сЛоБоДа=sLoBoDa
    сΛоBоΔа=сΛоβоΔа=с ΛоБоДа=сЛоБоДа=sLoBoDa=sΛoBoDa>Λ>V=sVoBoDa=сВоБоДа

    Первоначально было слово “сЛоВоДа”, потом его “перевратили” в слово “сЛоБоДа”, и наконец чтобы совсем “замутить” превернули быквы Λ>V, получили слово “сVоБоДа”=”сВоБоДа”
    Так зменило из-за латины на грец. писмо.
    писмено “β” или “В”- цо то эст?
    СВОБОДА=СЛОБОДА
    “Б” или “В”?
    сΛоVо=СЛОВО=słоwо

    Тому же все етимологие были немци=жuды то:
    жванили якобы СЛОVЯНИ нибы то иде од “слоvо” или “слаwа”.

    Алекс Донский: же СЛОVЯНИ йиде од “Свобода”=”wольнощь”

    Български (восточно-македонский диалект): свобода
    Macedonian (западно-болгарский диалект): слобода (slóboda)
    Polish: wolność ., swoboda
    Croatian: sloboda
    Bosnian: sloboda
    Czech: svoboda
    Slovak: sloboda
    Scottish Gaelic: saorsa
    Slovene: svoboda
    Russian: свобода (svobóda)
    Serbian: слобода

    буг. – Славяни, рус., бел. – Славяне, хрв., бос. – Slaveni, – SCLAVI

    Речь о Свободных Людях, а не о Славах.
    Меняйте название

    П°онял
    Мне больше нравится западно-болгарский диалект: Словени = Свободные Люди;;; и слобода (slóboda)
    А на восточно-македонский диалект: Славяни = Славы

    Aleks Donskij

    02/03/2010 at 12:20

  2. И што од ова треба да разберам?

    Што е идејата: дека „Словени“ се „слободни“?

    Дека да си „слободен“ значи дека си „насловен“?

    В и Б се заменуваат во семитските јазици и во грчкиот (Аврахам = Абрахам и Вавилон = Бабилон)

    Не во словенските јазици.

    Во крајна линија, дообјасни го твојот став по ова прашање, ако можеш на македонски.

  3. “семитските=грчки пейсатели” то заменували, а не “В и Б се заменуваат”.
    Словодни луѓе то Поляци, Чехи, Словаци, Словенци и Хрвати. То можна видети.
    А слАвени=робови то македонци, бугари, срби, босняки и црногорци.
    Заробени жыды у Египту и так далей до днесь.

    Aleks Donskij

    03/03/2010 at 11:45

  4. Евидентно разбираш македонски.

    Па би те замолил на македонски да оставиш коментар, за и јас да разберам што точно ти е мислата.

    Вака, ти на руски, јас на македонски, тешко ќе ни оди муабетот.

  5. зборот “Лов и риболов” = Чешки:”lov a rybolov”

    По твая логика, Славјани=„Словени“!? НЕТ!
    Твоја теорија – не правилно.
    Язык не jeст народ.
    Словодни луѓе не потребуйом ни попов, ни империй, ни пейсателев, ни уопце дармоедов=паразитов
    Жыды были и в Египте, и в Русии, и на Балканите, и в Полсце.
    Но мы, словодяне, ослободились от паразитов, более-менее.

    Aleks Donskij

    03/03/2010 at 13:48

  6. Твоя теория ма Фундамент: Библия (фикция, така сама теория) и стрословенски jазик (эсперанто для цркви).
    Всички јазици се изменили за 200 година, ник не знае както луѓе зборили пред 200 година.
    Словенските јазици ние Словенските народи. Денес то научили у школах. А пред 200 година учили на немецки јазик. Затем в Русии на “руски” јазик.
    Ако тие биле примитивни варвари? Как то Империи и Рима и Византий, обходили тих примитивних варваров страной и к нам ние доселнивали и не могли Словен заробит? Граница била Рина и Дунав. Карпати били и jест за границата для Балкана. И у нас ние било ни Империи, ни робства. В лесех в Русии во XIX век ани церкв не било, а била СЛОБОДА. Библии ние било, а јазик бил. Од “руски” тайги до “английски” мориа на север Европе живеали словодни луѓе = Словени. Доки не доселнили варвари од jуга из Библии. И стали крали и империи. Пожгли варвари од jуга наши “библии”. А попов у нас ние било, кнези ми ние имали, други паразити ми ние крмили. Живеали ми биедно, но слободно. И јазици, и “слова” ми имали. И зборувале, ми ние били “неми”. Ми били не номади, то немци били номади, табори, цикани, жыды. Так збори по грцки :
    немци – кочевники. гипотеза о первонач. знач. «кочевник» и родстве с греч. νέμω «пасусь», νομή «пастбище», νομάς «кочевник», νέμος «лес», лат. nemus, -oris «роща». Немци (Vasmer) тврди же немци – ние номади. ХА-ХА-ХА!!!
    Пред петнаесетина векови, на Балканот се доселиле доселеници – варвари од Истока:Хуни, Татари, Авари, Прабугари, а ние Словени.
    Попи, кнези, историчари и пейсатели били не Словени. го изнеле дури во XIX век “руските” историчари = всички немците, всички безродни космополите.
    Да збориме реално, факт е непобитен дека во денешна Европа живеат стотина и кусур милиони луѓе припадници на словенските “народи” кои зборуваат – меѓусебно многу слични, словенски јазици.( в Русии много фините и уралските народи). И стотина и кусур милиони “луѓе” (немци, франци) кои зменили свои јазици и стали “слАвяни”=робови для Империй руските, немецките, аустрицките.
    Кај старите кралеви, кагани, кнези многу често имало имиња кои завршувале со суфиксот „слав“ и мир“ (Мирослав, Југослав, Ватрослав, М’стислав, Владислав, Бранислав…Владимир, Бранимир). Тоа не били Словени.
    Кај старите Словени имало имиња: Кошка, Драго, Лыбедь.
    историјата не била писана для Словени, а для империй.
    Значи непобитен е фактот дека е Македонците сродни со Русите, Украинците, Србите, па и со денешните Бугари(Југослави). Яко и ние сродни со Полјаците, Чешите, Словаците, Словенците (Северо-Словени).
    еден каменот од Розета не може доказават ништа!

    Aleks Donskij

    03/03/2010 at 19:33

    • Владислав не е словенско име?!

      Are you serious???????

      • Владислав (робоми Влади) е робско име?!
        Крал Владимир (миром Влади) е робско име?!
        Are you serious???????
        Можеби Југослав симболизира човек „уловен некаде на југ“?
        ЈугослАв то не ЈугослОв!?
        Кај старите “СлОвени” многу често имало имиња кои завршувале со суфиксот „слАв“?
        Не „слОв“!!!
        А кога робовладетелите ќе ослободеле некој роб, тој го менувал името во истото име со наставка „мир“ што значи „човек кој не прави проблеми“ и кој не треба да очекува дека ќе го камшикуваат, кој ќе живее во мир. Владимир…
        Крал Архелаос=Владимир бил роб!?
        Are you serious???????
        Оние кои не ги разбирале, Словените ги нарекувале „немци“ – неми луѓе?
        Неми луѓе = не можно зборуваат! Словените= луѓе-кретене, =луѓе без розуму, тврдиле дешто немецкиот jазик бил немиот jазик, дешто „немци“ не можно зборуваат? Милиони Юдаши примиле немскиот јазик и стали „немци“.
        Дека Словените биле робови, потврдува и зборот „slave“?
        Не „slОve“!!!
        Освен ако можеби Словените и не биле баш примитивни, туку дошле од развиена цивилизација, од византиските провинции на Балканот? – Робство и религия Робства Библия=фикция така развиена цивилизација? Примитивни Македонци од jугу нас едуцирали Робство и примитивна религия?
        Словените не имали ни Робство, ни Библия, Словените имали Слободу!
        Дека старите Словени се нарекувале самите себеси баш прецизно „Словени“ можете да видите на овој линк? Словенскиот jазик? А где „Словени“?

        Aleks Donskij

        04/03/2010 at 12:24

  7. Нено Богдан, трудот Твој учениче мој, за пофалба е. Се е логично тоа што го тврдиш. Мое мислење е, дека дешифриранит среден текст од Каменот од Розета дава разјаснување на дилемата за македонците. Словените се македонци. поздрав.

    grigoriy

    04/03/2010 at 18:03

  8. Поздрав, Нено!
    Најдов еден сајт со мноштво електронски книги на руски, има и за историјата на народите и нивниот јазик.
    Ѕирни.
    http://bibliotekar.ru/index.htm

    LupcoBocvarov

    04/03/2010 at 19:03

    • Поздрав Љупчо🙂

      Фала за библиотеката, ќе ја ѕирнам.

      Не знам баш многу руски („бољи живот“ демек значело на руски „голем стомак“?!?!?!) ама ќе ѕирнам.

  9. Your fantasy has neither began nor end.
    It is a not theory, but jabber as lettuce Macedonian(salade macedoine.
    Write you at first, that slOvenes it is “slaves”? Then that an emperor had the name as for a slave. You mean, was an emperor or king liberated slave? Or that king Archelaios was a jew from Egipt en he was installed by great Macedonian Superior People?
    Are you Macedonians ALL sach PrAfessArs, like Aleks MOKEDANSKIJ?

    Алекс Донский

    05/03/2010 at 14:04

  10. Hallo,
    Make a new theory from this START:Дека Словените биле робови, потврдува и зборот „slave“.
    Love is Љубов.
    „slave“ is “c Љубов”.

    Алекс Донский

    05/03/2010 at 14:14

  11. Oh I see now, you are actually a Greek masquerading as a Russian.

    Or at least, an idiot masquerading as a sane person.

    Well, no point speaking to you now, is there?

  12. Jews must go to Palestine

    Алекс Донский

    05/03/2010 at 15:42

  13. Na początku było Słowo SWOBODA
    Najpierw było Słowo SŁOBODA
    Najpierw bylo Słowo:Da u Aleksa Donskiego
    Na początku było słowo SŁOWODA
    I SŁOBODA była u SLOBODIAN (slobodzian)
    I Słowianie były SWOBODNE (wolne) jak Bogowie z Boginiami
    Według Aleksa Donskiego określenie Słowianie jest słowem pochodzenia rdzennie słowiańskiego i wzięło się od słowackiego słowa SŁOBODA (wolność), gdzie literę B przeczytały po rosyjsku.
    Slovo Słowianie (mak. – Sloveni, cerksl. – Slovѣnє (Slověne), ukr. – Slov`jani, srp. – Sloveni (Sloveni), svn. – Slovani, pol. – Słowianie, chesh. – Slované, svk. – Slovania, kash. – Słowiónie, v.-luzh. Słowjenjo, n.-luzh. Słowjany) – pochodzi od SLOBODANE=SWOBODANE=swobodne albo wolny ludzi
    Słowak. SŁOWODA że oznacza Wolność.
    Rossk. СЛОБОДа czyli sioło dla wolnych ludzi. Сокращение как Слобо это сокращение Слободана.
    Na początku było słowo SŁOWODA, potem jego przekształciły w słowo SŁOBODA, i nareszcie byle całkiem zmącić przewróciły litery L>W, otrzymały słowo SWOBODA.
    Tak zmieniły żydowskie kabalisty iz-za latiny na grecko pismo.
    Litera β – co to jest? beta albo vita? B albo V?
    Slovo Słowianie to jest skrót od SŁOBODANIE jak SŁOBO to skrót od SŁOBODANA.Сокращение как Слобо это сокращение Слободана.

    Алекс Донский

    05/03/2010 at 15:46

  14. Ako loviť ryby na Slovensku

    slovené ryby

    Názov [upraviť]V kronikách a letopisoch sú označovaní rôzne, napríklad Sloveni, Sclavini, Anti, Veneti, Venedi, ale je sporné, či sa niektoré z týchto názvov naozaj vzťahujú na Slovanov.

    Pôvod slova Sloveni [j. č. Slovenin] (a tým aj Slovania, Slováci a Slovinci) je sporný. Uvádza sa napríklad:

    názov rieky
    slovný kmeň *slo-/*sla- vo význame voda; indoeurópsky slovný kmeň *kleu- vo význame tiecť (spodobňovalo sa na -sleu- -slav -slov…)

    Алекс Донский

    08/03/2010 at 20:38

  15. Нено Богдан – lysy žyd!!
    očevidne,
    že tu žydovsky forum dlja makakav
    skakati dali makakiti, žydovsky opicy
    “Marián Tkáč” – lysy žyd!
    ne môžete slovenscinu rozumet’
    Natotata tyko pisač’ a srač’

    Aleks Donskij

    10/03/2010 at 13:31

  16. Алекс ако имаш некое тврдење изложи го јасно како тоа што го сторил авторот на статијата. А вака криејќи се со измешани тврдења и со непознати текстови на ненајразбирливи јазик, а ти очигледно добро го разбираш македонскиот станува сомнително кој е тој од другата страна. Се прашувам што те заболе толку во текстот од колумната. Ако имаш замерки тие јасно и едноставно ќе ги изложиш. А кога стануваш сомнителен, ова тврдење на Нено Богдан станува вредно за да се испита.

    МкБ

    17/03/2010 at 19:19

  17. Најголема интелектуална трагедија на еден слободен човек е кога неможејќи да се помири со сознанието дека неговите претци биле робови ќе почне да се идентификува себе си како потомок на нивните поробувачи.

    LupcoBocvarov

    19/03/2010 at 17:15

  18. Љупчо нема народ кој секогаш бил роб, имало и период кога не бил. Тоа сакаме да го прикажеме. Дека не секогаш сме биле робови, за да не не прават дека засекогаш треба да бидеме робови.

    МкБ

    19/03/2010 at 18:34

  19. Јас не зборував за народ туку за поединецот Aleks Donskij кој погоре во коментарите е толку опседнат со митот дека неговите претци никогаш не биле робови што дури ги силува значењата на зборовите.

    LupcoBocvarov

    19/03/2010 at 20:37

    • Подобро да потекнуваш од робови а да си сега слободен човек, одошто да потекнуваш од слободни луѓе, а сега да си роб!

      П.С: Овој мој текст е стар година и пол, а еве сега втора младост доживува.

      Ќеф ми прави тоа, ќеф😉

  20. Интересна теорија којашто тера на размислување. Не би се расплинувал многу со критики или пофалби но би укажал на неколку работи.
    Прво, на Балканов не живееле само македонци во тоа време. Имало и тракиици, пеонци, дарданци, илири..блабла. Прашање е и колку од овие народи си ја задржале идентичноста во времето на доцното римско-византиско владеење. Претпоставувам дека во тоа време биле ромеи или византијци. Следствено тешко дека корените на денешните словенски народи би биле само македонски(и да држи вода теоријата).
    Второ, малку ми е наивно тоа дека бугарите се чувствуваат како такви само поради руските шпиони. А чиви шпиони ги излажале Русите дека се Словени а не Викинзи?

    Ме интересира уште, дали има некој податоци во врска со вкупната бројката на луѓе со коишто Кубер се населил во Македонија (не само Сермесијаните)?

    И покрај прашањата погоре сметам дека текстот отвара нови перспективи на размислувања и дека тие што сакаат да си ги одгатнат работите треба да излезат од границите на засега прифатените теории.

    Konstantin

    06/05/2011 at 20:42

  21. Речиси сигурна пропаст има секоја теорија која пробува да се базира врз разлики во една буква, па потоа уште толку да екстраполира од тоа големи моменти и аспекти на историја, култура,..

    Во кратко, коментарот на Алекс е на место – градиш теорија на најчестата појава во јазиците и диалектите, минималната промена на букви односно гласови. и тоа А и О… едни од најсличните, кои што ние секојдневно ги кратиме и морфираме. Делува како да се немаш многу потрудено околу лингвистика.
    Од друга страна, игнорираш навистина многу работи околу можните потекла и понатамошни диверзификации околу “Словени” и сличните на него. Делува како да се немаш многу потрудено дури и да се запрашаш како се гради една теорија…

    А ако се посвети малце време слушајќи, зборејќи или учејќи други јазици, ОСОБЕНО словенските и сличните европски јазици, доминираат сличности, кои се премостени токму со вакви претопувања на букви-гласови… мислам, не треба да погледнеш подалеку од нашите соседи

    Дека не си се замарал многу со вакви идеи е очигледно, бидејќи ти е “нормално” да градиш “нова теорија” врз база на редовна, добро изучена и документирана појава во јазиците

    Конечно, ако навистина ти е тешко да разбереш нешто што е на друг словенски јазик, нели на некој начин пропаѓа добар дел од твојата теза?

    А да, мене поверојатно ми делува неговото објаснување, за тоа дека “словени” влече потекло од “слободни”.
    македонија сеуште вибрира со истата енергија на слобода.
    да, може ни е тиња, ама на сметка на немањето ред нема ни многу контрола… уште имаме една таква слобода и убавина за која што може да се сонува во многу (напредни) општества

    Иначе, не сум ни јас претплатник на тезата дека словените дошле овде после македонците… генезата на словените и на добар дел од остатокот од Европа сигурно влече делимично од овде.

    Само да се потсетиме дека Европа била зафатена од мало ледено доба доволно одамна, кога сигурно голем дел од популациите на северот постепено мигрирале јужно. можеш да замислиш дека тие што останувале, особено тие посеверно, биле повеќе волни за независност и слобода.
    По повлекувањето на леденото доба, ре-популацијата на Европа се одвивала примарно од природните граници на доволно топлите одн. населени. предели. Околу Македонија е првата таква природна (планинска) бариера, која на секој што ја поминал Демир Капија, ја осетил разликата во клима и во природа му е јасно за што зборам.
    Друга потсетка, Охридско езеро е едно од ретките кои ги има преживеано глацијациите МНОГУ поодамна – и има служено како генетска база за репопулација на добар дел од водоземниот свет во локалнот регион.
    Слично, Охрид сигурно е еден од главните јужни центри на негување и ширење цивилизација и култура и гени🙂

    оги

    06/05/2011 at 23:12

  22. Браво за ова стварно вреди, треба еднаш засекогаш да се разјаснат лагите, има други такви натписи слични како каменот од розета, а еден од нив најмногу ми е така интересен незнам можеби го знаете тоа е каменот од Елевени.Еве линк од тоа видео можеби го имате гледано: http://www.youtube.com/watch?v=yDmcPf1m1Eo .Поздрав и успех во понатамошната работа.

    Зоран

    15/12/2011 at 18:45

  23. moe mislenje e deka i anticjite makedonci sloveniye se edno pleminjata na izrael -i hitite -solomon david mojsej aron -golema zbrka e napravena vo vremeto na vizantija so imenuvanjeto na provinciite koi gi upravuvala taka i helas elada poteknuva od toj period pa i volgarija te bugarija

    ROBI

    11/04/2012 at 17:23

  24. u avstralija imalo makedonci jos pred 20 veka..i SLON bilo domasno zivotno na makedoncite,pronajden e crtez na Machu Picchu kade makedonec ora so slon 3 para ralnici i brazdi do gusha hahaha….daj pisi uste nesto ziti sve,samo daj nesto zvezdeni pateki marsovci SVEMIR 😀

    bojan

    11/02/2014 at 03:41

  25. Gospoda ve molam definirajte sto znaci zborot , nacija, sto znaci zborot , narod, pa potoa diskutirajte i dokazuvajte se.

    petre

    01/07/2014 at 05:07


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: