Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД АЛБАНЦИТЕ?

with one comment

Меѓуетнички натпревар пред празни трибини

Без поделба на земјата, без размена на територии и население, без принуда, без војна и насилство, без осуда и интервенција од меѓународната заедница и без никаков отпор од страна на албанските граѓани во земјава, дури напротив, тие со задоволство ќе ни помогнат во остварувањето на проектот.

* текстов е првично објавен на 20ти ноември 2008 на http://blogatash.blog.com.mk/node/194014

Секогаш кога македонските националисти размислуваат за Албанците во Македонија, тие претпоставуваат дека да можат Албанците целата држава ни би ја одзеле. Тоа е, по мое мислење, темелно погрешен заклучок.

Бидејќи, да збориме реално, Албанците, да можат, уште утре сите би се иселиле од државата наша, па дури и од нивната сопствена Албанија и особено од Косово. Впрочем, повеќето од нив постојано тоа и се обидуваат да го направат. Пред странските амбасади во земјава постојано „киснат“ наши граѓани, во најголем дел со албанско етничко потекло, а не мал е бројот и на оние Албанци од Албанија, Македонија и Косово кои илегално се обидуваат да се иселат во Западна Европа.

И како од тоа може некој да заклучи дека тие сакаат да ни ја земат целата држава? Според она што тие го прават, според она за што сите тие сонуваат, тие всушност со задоволство би го трампале „нивниот дел“ од Македонија за дел од некоја држава со висок економски стандард и можности за подобар живот и перспектива за нив и нивните семејства.

Значи, ако сметаме дека Албанците се проблем во државата наша и ако навистина сакаме да се ослободиме од нив, а при тоа да не мораме да им даваме и делови од нашата државна територија, ако не сакаме да водиме војна со нив (а и не можеме, поради меѓународната заедница, која тоа нема да го дозволи, како што Србија тоа најубаво го сфати во 1999 година), и ако не можеме значи со насилни методи да се откачиме од нашите „сожители“, тогаш што ни останува како решение?

Обратната логика, а што друго!

Да повторам, Албанците никогаш не се искрени кога велат дека нивна крајна цел е да станат рамноправни граѓани на Македонија. Не, тие со задоволство би се откажале од можноста да станат и најповластени граѓани на ова земја, само под услов да станат дури и граѓани од втор ред на Австрија, Германија, Швајцарија, Франција, Англија, Шведска, Италија…

И сите наши (на Македонците) проблеми со нив (со Албанците) произлегуваат токму од неможноста на нашите албански етнички сожители да станат – Европејци. Е па, токму тука е решението за нашиот проблем со нив. Затоа, да им помогнеме на „браќата Албанци“ да станат странци!

Факт е дека повеќето од Албанците во Македонија не се баш прифатливи за западните држави како емигранти и иселеници. Повеќето од нив, поради неколкудецениската погрешна образовна политика која во комунизмот се водеше спрема тој дел од популацијата се со многу ниско ниво на образование. Голем дел од нив живеат и во изолирани села и тешко достапни планински региони од државава, и немаат баш соодветна комуникација со модерниот свет.

Повеќето од нив, ако ги однесете тајно во некоја западноевропска држава и ги оставите на улица не би се снашле – ниту го знаат локалниот јазик, ниту ги разбираат тамошните животни навики и институции, ниту пак поседуваат некое знаење или занает за да најдат работа за себе. А и да имаат знаења и вештини кои би им обезбедиле вработување – не познаваат работодавци кои би им дале работа.

Како такви, би биле принудени, ако се најдат во тие држави (било легално, било илегално) да се занимаваат со криминал, проституција, питачење или нешто друго недозволено. Што во реалноста и токму така се случува.

Затоа и државите од ЕУ не ни помислуваат да ги отворат своите порти за нив. Не ги сакаат, не ги примаат, оти не знаат што да прават со такви бескорисни луѓе, кои само проблеми и трошоци би им правеле. И затоа владите на државите од ЕУ се трудат со сите сили Албанците да ни ги остават нам, тука, ние да се справуваме со нив.

Решението, како што реков, е токму во обратната логика, и е многу едноставно. Албанците се тука кај нас проблем, оти не се во странство. Во странство не ги примаат оти, какви што се сега, и таму би биле проблем. Затоа, наместо да се обидуваме да го решиме проблемот со Албанците тука, ајде тука да се обидеме да ги решиме Албанците како проблем, па да им ги испратиме во ЕУ, каде, ако тие немаат потенцијал да бидат проблем, ќе ги примат кај себе без никакви препреки.

Проблемот со Албанците е што тие би имале проблеми да се интегрираат лесно во земјите од ЕУ. Тие проблеми (и нивните решенија) се:

1. Недостаток на образование и работни вештини: како што реков и погоре, кај граѓаните на Македонија од албанско етничко потекло, нивото на образование е многу ниско. Тоа не е нивна вина, ниту пак вина на нивните политички лидери, туку е вина на комунистичките главатари на оваа држава од периодот 1945 – 1998 година. Но, комуњарите се виновни и за ниското ниво на образование и кај Македонците, така да со тоа што ќе ги посочиме виновниците, нема да го решиме проблемот, нели?

Токму немањето на квалитетно образование и особено немањето на широк спектар на работни вештини е главната пречка за Албанците од Македонија да се иселат легално во Западна Европа. Решението е да се инвестира во нивното образование, и тоа особено во практичното образование – стекнување на вештини од типот на градежништво, столарство, водоинсталатерство, металската струка и електротехниката, автомеханичарството и слични професии.

Токму овие професии се секаде и секогаш барани, затоа што во ЕУ имате многу малку локални  жители кои се подготвени да ги работат ваквите физички работи. Таму, луѓето преферираат да бидат консултанти, експерти, административци, инжинери, програмери, лекари – или пак ништо да не работат и да живеат од социјална помош, која како на граѓани на држава од ЕУ им следува.

И тоа е тоа: треба во секое село во Западна Македонија каде што живеат барем илјада Албанци да се основа „работнички универзитет“, каде што секој ќе има можност за многу ниска надокнада (па ако треба и ваучери ќе им подели владата) да се стекне со знаења и вештини кои би им овозможиле да најдат работа во некоја од земјите од ЕУ.

Ова е крајно неконтроверзна идеја: кој тоа би се кренал на бунт, кој би пукал со зоља или калашников во зграда во која неговите сопствени деца (или и самиот тој) би можеле да научат сосема бесплатно корисни вештини со кои многу полесно ќе може да добијат иселеничка виза за заминување во некоја богата држава?

2. Непознавање на јазиците од земјите во кои би сакале да емигрираат: впрочем, во нашата држава големи меѓуетнички тензии во изминативе две децении од прогласувањето на независноста па до денеска имаше токму по прашањето за употребата на македонскиот јазик кај Албанците и албанскиот јазик кај Македонците. Факт е дека на нашите Албанци им е тешко да комуницираат на јазикот кој не им е мајчин, а тоа подеднакво важи и за Македонците.

Големиот спор кој постојано трае меѓу македонските националисти и албанските националисти е што првите велат дека Албанците мораат да научат да зборуваат македонски ако сакаат да живеат во мир со Македонците, а пак вторите сметаат дека Македонците мораат да научат албански ако сакаат да живеат во мир со Албанците. И бидејќи ниту едните, ниту другите не се среќни со тоа да мораат да го научат јазикот на спротивната страна, постојано имаме проблеми и тензии.

А решението не е да ги тераме Албанците да учат со сила македонски, туку да им обезбедиме услови по своја сопствена волја да научат италијански, германски, француски, шведски, дански, холандски, норвешки или англиски.

Затоа, во составот на работничките универзитети споменати и опишани погоре, да има и можности за учење на овие странски јазици. Овој аспект од подготовките за испраќање на Албанците во странство може да се зајакне и со организирање на по неколку канали на кабловските телевизии кои би биле на јазиците на дотичните држави во кои сакаме да ги емигрираме Албанците.

Значи, ако во некоја куќа на некое албанско семејство во некое село или предградие на некој град од Западна Македонија сеуште нема кабелски приклучок – под итно да се инсталира, на трошок на владата, ако мора. И да има во кабелскиот пакет минимум по 4 – 5 шведски, италијански, француски и германски телевизии. Бидејќи многу полесно се учи некој јазик ако постојано го слушаш како се зборува, нели?

3. Непознавање на културата на земјите од ЕУ: овој проблем е акутен, и тоа не само за Албанците, ами за сите граѓани во државава наша. Од Берово до Дебар и од Богданци до Шипковица, Албанци и Македонци, Роми и Срби, Турци и Власи – сите сме еднакви во нашето потполно неразбирање и несфаќање на европскиот начин на живот.

Се буниме кога не смееме да фрламе догорчиња на улица, кога не смееме да поминуваме на црвено, кога не смееме да блокираме улица и патишта, кога мораме да плаќаме редовно даноци и сметки за струја и вода.

Е така во Европа не се оди. Кај Албанците е дополнително присутна и навиката да пукаат на свадби од огнено оружје (идеја: да се легализира маневарската муниција која го дава истиот звучен ефект, а е сосема безопасна и така нема да имаме веќе жртви на албанските прослави од залутани куршуми?) и да немаат доверба кон преставниците на државните институции.

Затоа, во секое албанско село или урбана средина мора да се отвори и културен центар за запознавање со обичаите и навиките во Европа, налик на задружните домови на културата од раните години на комунизмот, само што овие би се викале (во еднина) „Дом на европската култура“.

Еве една проста математика: ако се отворат триста домови на европската култура за околу 500.000 етнички Албанци во Македонија, и ако во секој од тие домови се вработат по десет луѓе (од оние Алабнци кои се пообразовани и кои сега главно се распоредени по разни невладини организации) тоа ќе бидат нови три илјади вработувања и три илјади невработени во државава помалку. Ако со домовите стопанисува конзорциум од Министерството за култура, Секретаријатот за евроинтеграции, и мисијата на ЕУ во Македонија – тоа ќе бидат нови 3.000 рамковни вработувања. Со еден куршум, два зајака ќе отепаме!

Тие три илјади евро – културњаци би добивале по четири до пет илјади евра плата годишно со сите придонеси (250 – 300 евра плата месечно, нето) што заедно со останатите трошоци за работата на домовите би му дошло вкупен трошок од 20 – ина милиони евра годишно. Половина од тие пари можеме да ги обезбедиме од и онака преполниот буџет, а половина од европските фондови.

Значи, еве ја идејата, ги имаме по разните НВО луѓето кои ќе работат во домовите, а и парите лесно ќе се обезбедат. Може со ова уште од утре да се почне!

4. Непознавање на работодавци кои би им обезбедиле вработување во ЕУ: најмал проблем е ова, и затоа го оставив за крај оти ќе биде многу кратко. Доволно е да се организираат road show – ови од типот на оние кои ги прави од време на време премиерот Груевски со соработниците му, или нешто како саем по големите индустриски градови во Западна Европа и готово. Ете, како што имаме „денови на македонската култура“ во Берлин или Минхен, или Амстердам, Стокхолм, Париз, Марсеј или Даблин, зошто да не се организира нешто како „Денови на македонските работоспособни Албанци“ во тие и другите градови од ЕУ?

Еден авион го полниме со сто – двеста „дипломци“ од работничките универзитети гореспоменати и опишани, слетуваме во Цирих, закупуваме некој саемски простор за три дена, таму имаме по еден штанд за секој од нашите Албанци, на кој посетителите (тамошни работодавци во потрага по ефтина работна рака) ќе можат да го видат потенцијалниот висококвалификуван емигрант како работи на машина за обработка на дрво, како швајца и заварува профили, како вешто малтерисува фасада, како без грешка поправа расипан карбуратор, или нешто такво.

Јасно, тој (дипломецот) ќе мора да одговора на прашањата на работодавците на нивниот јазик и тоа течно, како и да биде културен, пристоен, услужен и добро воспитан и соодветно облечен, измиен, избричен и исчешлан. Како таков, кој тоа работодавец не би го зел веднаш да му работи во фирмата?

Во договор со државата каде би се одржувал саемот, сите административни процедури за емигрирање на Албанецот кој ќе му се бендиса на некој тамошен работодавец веднаш би биле изведени на лице место по едношалерски систем и авионот не ќе мораме да го враќаме полн назад. Ако се потрудиме и добро се организираме, висококвалификуваните и трудољубиви Албанци може да бидат нашиот главен извозен артикл. Кој тоа вели дека „брејн дрејн“ е негативна појава?

И тоа е тоа, мојата идеја за тоа како да се ослободиме од Албанците. Што ѝ фали? Зарем мислите дека некој од Албанците во Македонија ќе се спротистави на неа, зарем некој ќе се противи на стекнување на услови за полесно емигрирање од Македонија и заминување во некоја богата европска држава. А дополнителен бонус е што оние кои ќе успејат да заминат набрзо по тоа ќе ги повикаат и своите семејства со нив таму да живеат, што нас ќе нѐ ослободи од дополнителни трошоци за обучување и на нивните деца и роднини.

Трошоците за остварување на оваа идеја не се големи, и дополнителен бенефит е што тие се состојат пред сѐ во исплаќање на плати и хонорари на инструктори во работничките универзитети и европските културни домови, кои се централен елемент во планот. А тие плати може да се исплатат во денари и нема да ја оптоварат трговскиот дефицит со странство.

Како што реков, не мора да ги обучиме сите Албанци за живот во странство, доволно е само работоспособните лица, кои се отприлика околу 250.000 и тие по иселувањето во ЕУ ќе ги одведат и нивните малолетни деца и брачните другари, а можеби и нивните пензионирани родители, па тоа е дополнителен финансиски плус – оти ќе заштедиме на давање на пензии кога нема да ги имаме тие пензионери тука.

Да потрошиме во просек по 4.000 евра за обука на корисни вештини, странски јазик и запознавање со културата на ЕУ за секој работоспособен Албанец, тоа е вкупна сума од милијарда евра – но милијарда евра во денарска противвредност! Ако проектот трае пет години – тоа се по двеста милиони евра годишно, пари кои во услови на појава на буџетски вишоци секоја година – лесно ќе се најдат.

За илустрација, изградбата на само еден километар од пругата кон Бугарија чини во просек околу шест милиони евра. Зарем нема да биде попаметно, тие пари, наместо за градење на еден километар пруга да ги потрошиме за испраќање на 1.500 работоспособни, млади македонски Албанци во Западна Европа, засекогаш. А со нив ќе си заминат подоцна и уште толку од нивните најблиски роднини. Тие нема да се вратат никогаш, а ние таа пруга можеме и догодина да ја изградиме, нели?

Сигурно ви е позната онаа стара приказна за Сонцето и Ветерот кога се обидувале да соблечат некој човек. Ветрот дувал, дувал, дувал, но човекот сѐ повеќе се стегнувал и облекувал. Потоа Сонцето запекло силно и човекот самиот се соблекол. Е тој принцип на работа би било паметно и ние да го примениме во решавањето на албанското прашање во Македонија.

Ние Македонците ќе се ослободиме од Албанците, богатите држави од ЕУ ќе си добијат стотици илјади висококвалификувани ефтини работници, самите Албанци ќе добијат иселенички визи во западноевропските држави каде што ќе заработуваат повеќе пари за една година отколку тука за десет години и – сите страни се среќни и задоволни. Сите добиваме, никој не губи ништо!

One Response

Subscribe to comments with RSS.

  1. ne se soglasuvam so ovoj tvoj predlog.nie treba da se stremime kon sozivot so albancite kon edna multietnicka drzava kade sekoj ke bide ramnopraven.toa e tocno deka kaj albancite obrazovanieto e na ponisko nivo no veke i tie pocnaa da se skoluvaat.losa politika se vodi vo drzavava veke 20 godini od koga sto e samostojna.namerno politicarite go podigaat custvoto na nacionalna i verska netrpelivost za svoi licni celi (kako posledniot nastan na kaleto) i go otrgnuvaat vnimanieto na narodot od vistinskite problemi koi se prisutni vo sekoj sektor:ekonomija,zemjodelie,zdrastvo,obrazovanie…. ovaa drzava so 2 miliona zitela so takva mestopolozba,klima,obrabotlivi povrsini i sl. jas mislam deka namerno politicarite ne i dozvoluvaat da vide bel den.pozdrav

    filip

    23/02/2011 at 23:36


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: