Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ШЕСТ НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АТЕИСТИ

with 17 comments

Атеистички изјави: „не дај Боже да има Господ“ и „јас како атеист, се разбира, не сум Бог знае колку религиозен“

Во последниот месец, се крена на нозе буквално целиот лев дел на македонската интелигенција, натпреварувајќи се кој од нив ќе даде што е можно поголем „аргумент“ против преродбата на религиозниот живот во нашата земја. Еве неколку од нивните лажни тврдења со кои ја замајуваа јавноста во последниве недели, а и со кои ќе се обидат да нѐ замајуваат и понатаму:

* текстов е првично објавен на 15ти август 2008 на http://blogatash.blog.com.mk/node/175070

1. Цркви не треба да се градат со даночни пари, оти и атеистите плаќаат даноци: ова е нивното најчесто употребувано тврдење кое што им се чини како најсоодветно и најсилно оружје против изградбата на црквите низ земјава, оти мислат дека ако им кажат на луѓето (на даночните обврзници) дека нивните пари се трошат за градење на непродуктивни објекти т.е. цркви, а не на пример за градење фабрики, училишта или патишта и брани, тоа даночните обврзници ќе го видат како фрлање на, нивните со пот спечалени и дадени за даноци, пари во ветер.

Зошто е овој аргумент погрешен и лажен? Многу просто ќе го отфрлиме како бесмислен оти треба само да ја примениме сосема истата логика во другите сектори на трошење на буџетските средства: имено, ако е оправдано да не се трошат парите собрани во вид на данок од атеистите за градење на цркви т.е. објекти кои атеистите воопшто нема да ги употребуваат, тогаш излегува дека е оправдано и парите собрани како даноци од криминалците да не се трошат за финансирање на полицијата, институција за која разбојниците би биле среќни да не постои воопшто.

Исто така, треба да се престане (по атеистичката логика) и со државно финансирање на балетот, операта и музеите, оти, да збориме реално, многу, многу помалку луѓе ги посетуваат тие културни институции, отколку што ги посетуваат црквите. Па зошто тогаш, со парите на „некултурните“ да се финансира културата?

Воедно, во земјава живеат и не мал број пацифисти и противници на војска од секој вид. Дали треба да не ја финансира и нашата армија државата, само за да не ги налути даночните обврзници – пацифисти со тоа што ќе финансира со нивни пари институција која тие не ја сакаат?

Истата логика, ако ја прифатиме за правилна, би предизвикала и да се престане со државно финансирање на училиштата, оти таму учат деца, а некои даночни обврзници и немаат деца. Воедно, и треба да се прекине со финансирање од буџетот на противпожарните единици оти – и пироманите плаќаат данок, зарем не?

Верувале или не, токму овој тип на логика беше едно време применет во пракса во нашата земја, кога владата (под водство на фамозниот & злогласниот Б.Ц) реши дека нема веќе смисла и не е праведно од буџетот да се финансираат водостопанствата и дека оние кои трошат од таа вода, тие треба и да ја плаќаат. Демек, тоа не било општествен интерес, немало смисла луѓето кои немаат ниви да плаќаат за водата на луѓето кои имаат ниви и користат вештачко наводнување.

Знаете сигурно како заврши оваа глупава логика – поради колапсот на водостопанските системи кои сите до последен отидоа во стечај – ние сите плаќавме двојно поскапа храна во изминатава, сушна година.

Замислете само, ако државата не ја финансира МПЦ – колу пари ќе трошиме еден ден за да ги излекуваме илјадниците заведени млади луѓе од некои темни секти?

2. Не треба веронаука да учат во школо децата, оти тоа ќе ги збуни: овој аргумент е варијанта на класичната лага на секој тоталитарен ум сумирана преку фразата „другите луѓе се глупи и ние знаеме најдобро оти ние сме најпаметни“.

Велат атеистичките интелектуалци дека ако по биологија децата ги учат дека има теорија оти човекот настанал од мајмун, а потоа по веронаука ги учат дека Бог го создал човекот по своја лика, децата можеби нема да знаат што да прават и дека нема да знаат во што да веруваат. Со други зборови, велат атеистите, дајте баталете ги тие религиозни тврдења кои не се докажани и дајте децата да учат единствено биолошки теории (кои исто така не се докажани, затоа и се само теории).

Ајде да го разгледаме овој „збунувачки“ начин на образование: по биологија децата ќе слушнат дека човекот во суштина е животно и заклучокот е јасен и моментален – ако ние сме животни, нема зошто да се срамиме кога правиме нехумани, ѕверски дела. Меѓутоа, за среќа, после големиот одмор, на часот по веронаука ќе слушнат дека човекот е слика на Бога, при што се мисли првенствено на духовната страна.

Заклучокот кој би дошол од тоа тврдење: ако човекот е слика на Бога, создателот на светот, добриот, праведниот, тогаш не треба никој да се срами кога ќе постапува правично и самиот и кога и самиот ќе биде добар и креативен, а не лош и деструктивен.

Најголемите уметници во историјата (по таа основа – најкреативните луѓе) своите ремек – дела ги направиле во чест на верата во која верувале. Најхуманите луѓе (Мајка Тереза, на пример) не биле атеисти. Борците за правда биле исто така религиозни (Мартин Лутер Кинг, борец за правата на милиони црни Американци бил поп).

Што има лошо во тоа на човек да му кажете дека иако е можеби создаден од мајмун, тој сепак не е мајмун, туку е слика на Бога, и дека треба со својата духовна сила да го контролира својот мајмунски дел, а да му даде полн залет на својот божествен дел – да биде хуман, да биде праведен, да биде креативен? Што има лошо во тоа? Кого тоа би го збунило?

3. Но, веронауката е индоктринација, а децата треба сами да мислат: ова е исто така доста често користен аргумент, но е подеднакво лажен како и претходните два.

Имено, тврдат атеистите, ако децата уште од мали, кога нивниот ум не е доволно развиен да размислува самостојно се подложат на учењето на Црквата, тие ќе ги прифатат како апсолутно точни нејзините догми и дека подоцна нема да можат да изградат свои ставови за одредени општествени прашања.

Тоа сигурно, да беше вистина, сите диктатори ќе ги израдуваше до бескрај, дека луѓето, само ако ги подложите на вашата пропаганда додека се млади, тие ќе ви поверуваат и потоа цел живот нема да можат да побегнат од вашите идеи кои ќе им ги всадите во глава уште додека биле деца.

Ама, за среќа на напредокот на човештвото, тоа не е така, дури се чини е и обратно.

Јас на пример, уште во прво одделение бев подложен на „веронаука“ ама онаа комунистичката: учев дека другарот Тито е најголемиот и најпаметниот син на југословенските народи, и дека комунизмот е најдобриот од сите системи. Дури и на комунизмот му се заколнав на верност кога бев мал, оти станав и пионер и дадов чесен пионерски збор!

А видете ме сега, каков антикомунист, македонски патриот и ревизионист на сѐ што кажува официјалната историја станав! Да знаеја моите учители од тоа време колку само спротивни ставови ќе развијам од она што тие се обидуваа да ме научат – сигурно немаше да се трудат воопшто со мене.

Францускиот философ Волтер, кој во своите книги направил неверојатно разорна критика на тогашните религиозни догми бил образуван во – језуитско школо! Мартин Лутер, основачот на протестантизмот бил католички свештеник. (за оние што не знаат, језуитите биле најконзервативните католици во своето време, а протестантизмот бил исклучително непријателски настроен кон католицизмот)

Луѓето знаат да мислат, и без разлика што и да се обидете да ги излажете кога се деца, кога ќе пораснат, нивниот ум ќе проработи во полна сила и тие ќе ја сфатат вистината. Најчесто, оние кои најдлабоко ќе ја сфатат вистината се токму оние кои биле најдлабоко подложени на пропагандата.

Еве, пак за мене: јас во изминативе неколку години исчитав скоро сѐ што бугарашите ставиле на интернет и што стана од тоа? Во мојот пост „А зошто па вие да не станете Македонци“ така луцидно се спротиставив на нивните идеи што кутрите web – бугараши оставија коментари во кои не можеа ниту една навреда и пцовка да споменат кон мене, ами дел од нив и се извинуваа.

Значи, веронауката нема да направи од децата верници, исто како што 45 години комунистички државен атеизам не направи од овој народ атеисти. Животот ќе направи од децата возрасни луѓе кои самите ќе одлучат дали да веруваат и во што.

4. Ама нели црквата е одвоена од државата: а што значи тоа, како го подразбирате вие, атеисти интелектуални, тоа „одвоена од државата“? Дали тоа значи дека државата не треба да донесува закони кои би го уредувале верскиот живот во една земја? Дали тоа значи дека државата не треба да ги финансира изградбата или реконструкцијата или пак одржувањето на одредени верски објекти? (крстот на Водно, на пример)

Атеистите велат дека токму во тоа се состои одвојувањето на црквата од државата и како и претходните нивни лаги и оваа е заснована врз темелно погрешна логика. Еве зошто:

Во пазарните економии државата е одвоена од приватните фирми, и не им се меша во нивните деловни политики, но тоа не значи дека државата вопшто не се занимава со економијата. Имено, за развој на стопанството во некој регион, државата може да изгради пат, или пруга или аеродром. Воедно, државата воведува и спроведува закони и регулатива со кои се ограничуваат одредени активности во стопанството.

Расколникот Јован (Зоран Вранишковски) треба да биде прогонуван од страна на македонските власти не поради тоа што прави верска организација – конкурент на МПЦ, туку поради нарушување на брендот на православната вера во земјава.

Тоа се вика на англиски trademark infringement и е сериозен престап. Имено, секој може да почне да произведува црн газиран сок и да си го нарече „ванко – кола“ или „геро – кола“, ама „кока кола“ е заштитен бренд на истоимената американска компанија за безалкохолни пијалоци и таа е сопственик на тој бренд насекаде во светот.

Кај нас, со векови под брендот „православие“ се подразбирала Охридската архиепископија, која била со принуден стечај ликвидирана во средината на XVIII век. Во последниве децении брендот го користи МПЦ.

Таа “фирма“ е единствениот легитимен сопственик на тој бренд и не може сега Јован, поранешен директор на една од филијалите на оваа фирма да основа своја фирма со помош на странски капитал и да произведува & полни прозвод со слично име.

Но, не е проблемот во странскиот капитал, или во неговиот претприемачки дух. Проблемот е што не може тој да го користи брендот што некој друг, од порано етаблиран производител веќе го користи како име на својот производ.

Ако може во Германија и Чешка да имаат закони за оригинално пиво, или во Италија да се заштитува оригиналната италијанска пица, па мислам дека и кај нас државата има право толку да се меша во економијата т.е. во религијата за да ги заштитува домашните верски брендови од нелојална конкуренција.

Како што има стандарди во економијата и индустријата, направени за да бидат заштитени потрошувачите од измами, така треба да има и пропишани стандарди во религијата – со иста причина, за да се заштитат верниците од измами и измамници.

5. Името на МПЦ и името на Македонија се сосема различни прашања: ова е една од најновите лаги на атеистите и ќе станува сѐ позастапена сега откако премиерот реши и признавањето на МПЦ од страна на грчката православна црква да го стави заедно во агендата за преговорите за признавање на името на државата од страна на Грција.

Во што се состои целиот тој лажен аргумент? Па, во кратки црти атеистичките интелектуалци тврдат дека бидејќи црквата е одвоена според уставот од државата, надворешната политика што ја води Владата не треба воопшто да се меша со надворешната политика која си ја води Црквата. Иако, во суштина спорно и во двата случаи е името (и на црквата и на државата) сепак станува збор за две различни прашања – така барем велат атеистите наши.

Во што се состои лажноста на овој аргумент? Па, замислете ја оваа аналогија: имате вие татко, а и имате и син. Комшијата ваш има некој проблем со татко ви (на времето чичко ви бил избркан од неговата куќа и му ја зеле комшиите, и бидејќи тие се блиски пријатели со судијата во вашиот град, чичко ви не можеше да си ја поврати по судски пат куќата, па откако тој се разболел, спорот го презел татко ви и затоа комшиите го мразат него).

Поентата е дека поради тоа што вашиот татко си има проблем со комшиите, комшиите покажуваат и огромна омраза и спрема вашиот син. Оти, и тој самиот вели дека не се откажува од враќањето на семејниот имот, неправедно одземен пред толку години.

За жал, сопругата на комшијата е декан на правниот факултет и таму таа одбива вашето дете да го прими во прва година на студии. Зошто? Кој знае, можеби од ирационален страв да не биде премногу учен вашиот син и да стане и самиот адвокат, па некој ден да успее да го добие тој, долг со генерации, спор.

И сега, некој атеист ви доаѓа и ви вели: проблемот што вашиот син го има со приемот на правен факултет нема врска со спорот кој вашиот татко го има со комшиите! Ќе му верувате ли?

Зарем нема да направите сѐ што е во ваша моќ за да го решите целосно проблемот? И да го добиете спорот со комшиите, но и вашиот син да се запише на факултетот? Сигурно, како и секој родител би постапиле токму така!

Па зошто тогаш државата да не постапува исто кога е во прашање црквата?

6. Ама црквата е заснова на догми, а со догми не се оди во Европа: ова е мојот омилен лажен аргумент кој го слушам од атеистите. Особено кога го користат овој аргумент, обично во подолгата му форма: „ние сме научници, ние сме социолози, правници, психолози, философи, ние нашите ставови ги засноваме врз рационална основа, а црквата е систем на догми и недокажани тврдења. Црквата е конзервативна, а ние мораме да ги отфрлиме старите сфаќања и да го прифатиме она што модерниот свет го води напред“.

Со други зборови, тие сакаат да кажат дека она во што тие веруваат е правилно, а она во што оние кои не се сложуваат со нив веруваат, е погрешно. Сама по себе, ова е сосема тоталитарна и претенциозна логика.

Прво, од крајот ќе почнам: „црквата е конзервативна, па затоа треба да се отфрли“ е многу погрешно размислување, од многу проста причина што и историјата е конзервативна, а и лингвистиката, па значи ли тоа дека и тие треба да се отфрлат? Во латинскиот јазик нема ништо ново веќе 16 векови, па ако сосема го укинеме изучувањето на тој јазик, ќе загубиме контакт со значаен дел од светската историја.

Конзервативна е и Америка, со нејзиниот устав чии основни делови се стари над 200 години, па гледајте до каде стигна таа држава во својот развој. И Англија е доста конзервативна во своите вредности, па и таа не би се трампала со Македонија, така наречената „модерна и прогресивна“ држава.

Второ, ајде да се фатиме за она „црквата има догми, а ние сме рационални мислители“. Бреј, од ова полажлив аргумент нема и не може да има, и тоа го знае секој кој прочитал барем една книга по социологија, или психологија, или економија или историја. Оти секоја од тие книги е составена во најголем дел од идеите на авторот и од мал дел во кој тој ги напаѓа идеите на своите колеги од истата наука кои не се согласуваат со неговите идеи.

Сите науки се засновани на догми. Сите. Почнувајќи од математиката каде што тие се нарекуваат „аксиоми“ (тврдења кои се очигледни) и „постулати“ (тврдења кои не се очигледни, ама ако се прифатат за точни и се користат при пресметки, во пракса не се случуваат грешки).

Во општествените науки, од кои потекнуваат сите наши самонаречени интелектуалци – атеисти, скоро и да нема аксиоми (освен Бејконовата „знаењето, само по себе, е моќ“) и сите такви науки се засновани исклучиво врз постулати.

Значи, не тврдења кои се очигледни, туку кои ако се прифатат за точни (пример „со зголемување на приходите на едно домаќинство, се влијае врз неговите потрошувачки навики“) може да се креираат практични политики кои дават предвидливи резултати во реалниот живот („зголемете ги платите и пензиите и луѓето ќе купуваат повеќе во продавниците, со тоа ќе пораснат даночните приходи, но и инфлацијата“).

Но, постулатите во општествените науки не секогаш се точни. Во економијата, левичарската школа вели дека со намалување на даноците ќе се намалат и приходите во буџетот, а десничарската школа го вели сосема спротивното, и се чини, барем од нашето искуство дека десницата е во право, барем околу тоа прашање.

Што е поентата? Поентата е дека атеистичките интелектуалци не се против догмите, сами по себе, туку се против догмите на другите. Тие ги сакаат своите догми, но не и туѓите.

Некој си доктор на науки во еден весник пред некоја недела пиша во својата редовна саботна колумна дека тој лично не сакал да живее во град во кој владата ќе одлучува каде може да се гради црква, а каде не може.

Но, таа влада ја избрал народот на избори. Партијата која е водечка во таа влада, уште пред изборите излезе со идејата дека сака да изгради со народни, даночни пари црква на плоштадот во Скопје и – народот ја избра и ѝ даде доверба да прави со даночните пари тоа што ветила дека ќе прави пред изборите.

После јасно изразената волја на народот да ѝ дозволи на владата да гради црква на плоштадот во Скопје, јасно е што стои зад обидот на атеистичките интелектуалци да спречат да биде исполнета народната волја. Атеистичките интелектуалци се всушност тоталитарни снобови кои го презираат својот народ сметајќи дека тој нема право да одлучува како ќе се трошат неговите сопствени даночни пари.

Ама народот проговори и тоа не пред две или три години, туку пред два месеца. И народот рече дека цркви треба да има. И ќе има.

Еден голем застапник за демократија на времето рекол дека „гласот на народот е глас божји“. Иако ова сепак е прилично претенциозно и потсетува на divine right of kings („крал, по милоста божја“) при што кралот е заменет со народот, сепак е интересно како завршен концепт на оваа анализа.

Имено, ако е вистина дека „vox populi vox dei est“ (гласот на народот е глас Божји) тогаш е јасно зошто атеистите се и против волјата на народот. Оние кои не го признаваат Бога, сигурно нема да го признаваат и народот.

Ама во демократијата едно нешто е несоборлива аксиома: „гласот на народот е закон“ а во секоја правна држава, lex rex est (законот е крал). Народот е крал во демократијата. Народната волја е закон.

И народот рече: Нека биде црква на плоштад!

И ќе биде!

П.С: А Трифун градоначалникот вели дека референдум ќе организирал токму по тоа прашање. Прво, ако се земе која партија има мнозинство во советот на град Скопје, тешко дека ќе успее да организира референдум. Второ, кој ќе гласа на тој референдум: граѓаните на општина Центар, граѓаните на Скопје (формално – правно тука спаѓаат и Арачиновци и Сарајци) или граѓаните на целата држава?

Written by nenobogdan

06/01/2010 at 16:28

17 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Прво Чарлс Дарвин не седнал еден ден дома легнат во кревет со лист хартија па да измислува биолошки „теории“ туку го прошетал светот барајќи секакви докази надоврзувајќи ги едни со други. Христијанството(кога веќе збориме за црква, не за џамија,синагога или било кој друг верски објект)е засновано на книга напишана пред илјадници години. Кога јас сеа би ти пишал дека моето алтер его е Супермен и дека јас можам да спасам авион од паѓање, првото што ќе ми кажеш е или дека сум луд, или да ти покажам дека навистина го можам тоа. Секако во денешни услови еден текст не би ти дал доказ за моите „способности“, па затоа запрашај се доколку никој не би ти спомнал ништо за христијанството до твојата зрела возраст дали би ја прифатил библијата како вистинита?

    Второ, кога веќе ја напаѓаш еволуцијата како лажна, неоснована и злонамерна, си можел барем да најдеш нешто да ги поткрепиш своите „сознанија“ за неа. Човекот не настанал од мајмун. Всушност човекот има заеднички предок со мајмунот, со тоа што шимпанзата се 1 колено поблиску отколку горилите и орангутаните. Исто така, и покрај тоа што еволуцијата наведува дека ние сме животни(човек – примати – цицачи – рбетници -животни), се извинувам доколку твојата професорка по биологија не те оштетила и лошо објаснила некои работи, таа кажува дека денешниот човек е РАЗУМНО суштество и има потполна контрола врз своите постапки. Еволуцијата воопшто не ги охрабрува животинските и ѕверските постапки.

    Трето, убаво што си набројал вакви важни миротворци кои се бореле за правата на луѓето и им помагале на сиромашните. Меѓутоа зарем не си малце хипокритичен што не си ги спомнал ваквите луѓе кои се претставници на други религии? Или пак и покрај сите напори на Ганди да им обезбеди поубав и слободен живот на Индијците, ти би го сместил во пеколот поради тоа што не му „кажале“ кога бил мал дека христијанството е правиот пат? А кога веќе сме кај религиозните луѓе, и крстоносците биле религиозни зарем не? Сиот терор, силувања, грабежи, убивања им се простуваат поради тоа што се поклонувале на крстот? Или пак ќе ги памтиме само оние кои биле религиозни ама добри а? Ако сакаш нешто посовремено на блискиот исток имаш религиозни луѓе кои секојдневно поставуваат бомби убивајќи голем број луѓе.

    А што се однесува до „да му даде полн залет на својот божествен дел – да биде хуман, да биде праведен, да биде креативен„, ова ќе те замолам да отидеш во Африка и да им го кажеш ова.

    Како крај што се однесува до црквата, нека ја напраат ама нека стаат успат и некој сциентолошки храм, будистички а коа веќе сме тргнале па дај и за нас атеистите нека стават еден музеј за човечката еволуција.

    Петар

    28/01/2011 at 17:12

  2. Петар не можеш да дискутираш со фанатици , дискусијата секогаш ке биде еднострана. А и сигурно овој што го пишувал е некој со испран мозок од село, остај го на раат не му крши филм!😀

    RATKo

    28/01/2011 at 17:26

  3. Религијата е лична работа. Земијте со поголем процент на атеисти се многу повеќе подложни на психолошки болести и самоубиства од земјите со религиозни фанатици. Првата и втората генерација на атеисти се луѓе со христијански вредности за другите ќе видиме. Библијата не ја негира Дарвиновата теорија. Ти господине паметен горе прво прочитај што кажал Ганди за христијанството па после зборувај. Ќе те замолам да бидеш доследен атеист и да се го смениш името нема да ти биде проблем и онака сте навикнати да менувате имиња.Хахаха господине ратко многу ми е смешно кога ќе слушнам некој ”oбразован” горд скопјанец едноставно да заплачеш од смеа…што да ти кажам освен прошетај малку па кажи ми дали скопје е село или не.

  4. „Библијата не ја негира Дарвиновата теорија.“ Па зарем не кажува дека Господ не создал пред 6000 години, наместо милионите години еволуција која ја предлага Дарвин? Кога сме кај Ганди на христијанството, Ганди го почитувал Христос и неговите учења меѓутоа никогаш не станал христијанин поради другите кои го почитувале🙂. Кога решил да му даде почит на Христос во една црква во Јужна Африка од самите луѓе кои се сметаат дека се вистински следбеници на Христа, па не јас не би рекол дека бил христијанин а никаде не спомнав дека го презирал христијанството.

    Јас сум крстен по дедо ми и сметам дека Петар е убаво име(не сакам да звучам нарцистички.. :P) и не гледам причина зошто би го сменил, дури и ако помалку или повеќе е христијанско име. Ме интересира на што се однесува ова дека сме навикнати да менуваме имиња. На коментарот на Ратко не се мешам, пошто сепак сметам дека човеков кој го направил блогов не е некој неписмен, се гледа дека убаво стокмено е напишано🙂.

    Инаку кога збориме за христијански вредности зарем стварно мислиш дека поголемиот број убијци,крадци,пијаници итн. се атеисти?

    Петар

    29/01/2011 at 15:17

    • Абе дечки, ај на друго место расправајте се за атеизмот КАКО ТАКОВ.

      Постов е на тема „Шест лаги…“. Значи за тие шест работи за кои станува збор во постов е муабетот во колумнава.

      За Петар: библијата треба да се чита (и разбира) на метафорички план, а не буквално. Буквално = „да гледаш“ а метафорички = „да видиш“.

      Убава илустрација има тука: https://blogatash.wordpress.com/2010/11/27/♦-дecet-toпчињa-пet-дeфиhиции/

  5. Не мислам дека убијците,крадците се атеисти, реков дека денешните атеисти имаат морал и етика благодарение на христијанските вредности кои се уште постојат во општеството. Стравот кој луѓето го имаат од Бог го одржува редот во општеството…што би било кога ќе се заборават христијанските вредности …незнам…која логика ќе ме спречи тогаш да не украдам или убијам..законот??..не верувам..тогаш светот ќе стане трка за богатство и нема да има фер плеј..не те осудувам воопшто реков религијата е лична работа само чуствувам дека вие атеистите се обидувате да наметнете став врз другите како вие да сте ”просветлените” останатите се заостанати христијани. Името го сменија луѓето кои не се плашат од Бог.

  6. Прочитајте ја Антихрист од Ниче и доста работи ке ви станат појасни, осовено за црквата и религијата и масата (овците) ВИЕ…..
    или Ниче е ЃАВОЛОТ?? ахахахаа 😀

    RATKo

    30/01/2011 at 01:30

    • Еве како Ниче го завршил својот живот: In 1889 he became mentally ill, possibly due to atypical general paralysis attributed to tertiary syphilis. He lived his remaining years in the care of his mother until her death in 1897, then under the care of his sister until his death in 1900.

      Баш од човек што на 45 години полудел и последните години ги минал како и првите (под грижа на мајка му) ќе читам и ќе се инспирирам.

  7. (прочитај си го неколку пати постот и размисли дали со ова јас деманирав дека ниче бил еден од најдобрите филозофи на сите времиња кој напишал доста дбори книги и мисли… ИЛИ НЕ)

    “Баш од човек што на 45 години полудел и последните години ги минал како и првите (под грижа на мајка му) ќе читам и ќе се инспирирам.”

    послем ваква реплика јас и официјално се откажувам од заебавванје на фанатиците, оти ова е за плачење а не за смеење…… позз

    п.с. да кажеше дека е ѓаволот барем повеќе ќе ти држеше вода, а и поинтересно ќе беше , али ова што го пиша….

    RATKo

    30/01/2011 at 16:34

  8. Ти мислиш дека стравот од бога ги држи луѓето од правење криминални дела? Зарем доколку дознаеш дека не постои бог би почнал да крадеш и да убиваш? Се плашеле некогаш луѓето…Во средниот век кога благородниците и црквата користејќи го рајот и пеколот ги држеле селаните мирни копајќи за парче леб по 10 саати дневно, додека аристократите се гостеле на сметка на нивната работа.

    Тоа што денес ги спречува луѓето се да моралните вредности кои родителите им ги пренесуваат на своите деца и да ми извиниш ама тие воопшто не се христијански вредности, тие вредности се пренесувани без разлика на вера/националност/раса. И ако ти мислиш дека на луѓето им треба ултиматна неизбежна казна за да не прават криминал тогаш зарем навистина човекот има морални вредности ако добрите постапки на еден човек се поради стравот од казнување? Тогаш би бил среќен ако идните генерации атеисти ги негираат христијанските вредности туку добро постапуваат поради сопствената совест и доброто на светот. И верувај како атеист јас моето дете ќе го одгледам како било кој друг христијанин, а можеби уште подобро! Инаку денес светот не е трка за пари?

    А и да те потсетам дека библијата подржува и многу морални вредности како:
    -киднапирање
    -геноцид(убивање луѓе)
    -робовладетелство
    -силување
    -инфантицид(убивање бебиња)
    -инцест
    Инаку ако библијата е зборот на Бога, кој е сезнаен, семоќен и перфектен зарем би напишал нешто што не е вистина или би згрешил? Па библијата е книгата на милиони негови деца низ светот зарем не? А ако ја сфаќаме метафорички. Тогаш и Господ да го сметаме за метафора можеме така?🙂

    Петар

    30/01/2011 at 18:27

    • Абе шизик, ајде види го мојот прв коментар што пишува. За атеизмот како таков, расправај се на друго место.

      Колумнава е на тема за „Шест лаги ..“

      Значи збориме за шест шрафови, а не за целата металска индустрија. За шест цигли а не за целото градежништво…

      Држи се до темата на колумнава. Ако сакаш за атеизмот да дискутираш, отвори си свој блог, тури си пост на таа тема, и дебатирај си.

      Знам јас дека сум глуп и мутав и фанатик, и сељак заостанат и небањат и со влакненца во носот, ама јеби га, мој живот е, каков сакам таков ќе си бидам, ти ли ќе ме промениш?

      Ако не ти се свиѓа блогов, па никој со сила не те тера да го читаш. Што сакам, ќе си пишувам тука, блог ми е, двор ми е.

      И за крај: си убедил ли ти досега некого низ дебата да стане атеист? Или можеби си видел некој верник да убеди некого низ дебата да се откаже од атеизмот? Не? Што е поуката значи? Дебатите за широки морални и етички теми се – беспредметни.

      И оти си го губиш времето? Ниту ти ќе ме убедиш мене, ниту јас ќе те убедам тебе. Јас би дебатирал со тебе, ама нема да те убедам сигурно, зарем не? Немам желба да губам време за нешто од кое ќе нема резултат.

      Ти си паметен, образуван, начитан, луциден, шетан човек низ светот – па сигурно нема јас со мојот ограничен и скромен интелектуален капацитет да те предомислам.

      Сега ќе прашаш оти тогаш сум ја напишал колумнава, ако не за да ширам пропаганда. Еве, сметај го текстов не како колумна ами како песна во прозна форма. Не е за убедување, туку мене ете ми дошол поетски занес и ми се ќефнало овие „прозни стихови“ да ги објавам.

      Задоволен? Ако немаш нешто конкретно да кажеш на темата со шестте точки, не забегувај во широка дебата за атеизмот.

      Отвори си блог, пишуј си и ти на него „прозни песни“ или сериозни колумни полни со премудри и секогаш точни идеи и замисли и.. и сите среќни и задоволни ќе бидеме.

      Peace🙂

  9. Па кажав јас конкретно со темата со шест точки, конкретно за веронауката, меѓутоа пошироката дебата се отвори со коментарите помеѓу мене и Кољо. И јас не те навредив дека си селанец,фанатик или било што баш напротив те пофалив дека имаш убаво и стокмено напишано🙂.

    Поздрав тогаш, извини ако со мојот коментар го претворив твојот блог во подлабока тема…Тоа не ми беше намерата, ама ете малце таков сум по природа и нејќам да останам покусо како што велат па морав да одговорам на коментарите:/.

    Peace и до тебе и нема потреба од сарказам.😉.

    Петар

    30/01/2011 at 21:32

  10. Кога и да разговарам со атеисти истото …среден век,среден век,среден век…тој среден век е толку оцрнет а сигурно бил подобар од овој сега.. црквата,црквата,црквата аман со црквата.Црквата не е бог туку е институција.НИКОЈ општествен систем нема да биде совршен,никогаш,зошто човекот не е совршен.Точно дека во средниот век луѓето немале право на глас но немале ни инлузии ти сега имаш инлузија дека можеш да смениш нешто или дека твојот глас има значење.пуффф..на крајот кој рече дека средниот век бил век во кој се живеело според Библијата, само ги лажеле луѓето кои биле необразовани и глупи. Точно е дена Ниче бил врвен филозоф но не значи дека ја знаел вистината а можеби и поентата е да не се знае вистината затоа верата се вика вера.Религијата е лична работа и не треба да се обележува и институционализира зошто така ја ограничуваме.За христијанските вредности …па незнам види прочитај како живееле пред христос и кажи ми.Прифаќам Библијата да не се прифаќа како збор господов ама да не се прифати како врв на етиката и да се оцрнува до степен на народен кувар тогаш навистина треба да се запрашате дали зборувате со свој мозок или според туѓа наметната логика. За какви човечки универзални вредности зборуваш..па според Дарвиновата теорија која ја почитувам постои природна селекција(посилните живеат послабите умираат)(јади или ќе те изедат).Еве веќе 65 години живееме во секуларна држава не гледам ништо подобро…Нено не гледам зошто би ти сметало да дебатираме на твојот блог ..колку повеќе џева толку повеќе луѓе ќе дојдат на твојот блог…,

    • Во средниот век луѓето биле многу затупени, особено во Македонија, каде бил баш тогаш отворен првиот европски универзитет од – Свети Климент.

      Замисли да не биле затупени што ќе отвореле? Космодром?

      А и Климент како човек од црквата, со отворањето на универзитет најверојатно се трудел да ги држи во мрак луѓето. Затоа и ги описменил, оти сакал во мрак да ги држи. Обично кога сакаш некого да го држиш затупен, прво што правиш е да го научиш да чита и пишува.

      Свети Климент, човекот од црквата кој живеел во средниот век, значи колку лош човек бил, арно не му е срам🙂

      • Јас сум свесен и благодарен за тоа што црквата во минатото направила за да се зачува македонскиот идентитет. Да бидеме искрени, да не биле Кирил и Методиј (свештеници покрај учители) сега јас со притискање на Alt+Shift немаше да сменам на кирилична поддршка. Мојата замерка за црквата конкретно за тоа е на пошироко ниво не во Македонија. Меѓутоа јас Нено откако прочитав други твои колумни на блогов, дури ме зачуди твојот пристап кон темава, поради тоа што ми звучеше многу еднострано и неосновано барем кога станува збор за веронауката. Во едно перфектно општество најубаво би било кога човекот ќе дојде до својата зрела возраст тогаш да одлучи дали ќе верува во христијанскиот настанок на човекот или еволуцијата. Па затоа сум против воведување веронаука во училиштата.Сепак ова е малку утопистички…

        До Кољо, денешните морални вредности се стекнати со развојот на општеството а не само поради христијанството. Можда и христијанството играло значајна улога низ вековите меѓутоа без разлика дали идните генерации ќе бидат одгледани од атеистички семејства или христијански мислам дека станува збор лично за поединецот. Криминалци може да се сретнат и меѓу атеистите и припадници на било која друга религија. Преживува посилниот, јади или ќе те изедат. Па и денеска сме жртви на претпоставените кои си поигруваат со нашата судбина и развој а се сметаат за христијани.

        Инаку Нено секој четворток пишуваш колумна?🙂

        Петар

        31/01/2011 at 20:41

        • Ај од крајот: да секој четврток, навечер, после 22 часот (максимум пред полноќ), објавувам нова колумна.

          Ептен ретко ако ми излезе нешто непредвидено ќе закаснам еден ден, ама ептен ретко е тоа. Инаку, понекогаш и објавувам колумна вонредно, во некој друг ден освен четврток, но и покрај тоа тоа редовно си објавувам и во четврток. Со други зборови, минимум една неделно, а понекогаш и две.

          Понатаму, да точно е дека злочинци има и кај атеистите и кај верниците, но логичниот заклучок на атеизмот е: нема Бог, никој нема да ме казни за ова што го правам – следствено зошто да не силувам, крадам, убивам, ако веќе имам моќ? Плус, ако нема Бог, зошто да се бунтувам против неправедната власт, ако загинам нема награда после тоа за мене. Затоа ќе си траам и ќе гледам да преживеам.

          Логичниот заклучок на искрената вера (не оној милитантен фанатизам кој е како екстремната хомофобија – начин на компензирање за латентната хомосексуалност т.е. во случајов латентниот атеизам) туку на искрената вера е: иако имам моќ да направам зло и никој нема да ме казни од луѓето, сепак Бог постои и затоа нема да ја злоупотребам моќта оти тој ќе ме казни. Воедно, ако се побунам против неправдата, дури и да загинам, сепак за мене има награда во другиот свет.

          Значи, атеизмот како логичен заклучок има тиранија и кукавичлук, а искрената вера има како логичен заклучок морални вредности и храброст.

          А дали Бог постои или не, е невозможно да се заклучи рационално, оти станува збор за варијанта на дебатата „дали чашата е половина полна, или чашата е половина празна“. По таа основа, сосема е логички валидно да се верува или во едното, или во другото.

          А што е покорисно за човештвото како целина?

          Што би рекол Волтер: да не постоеше Бог, ќе моравме да го измислиме.

          Тој не рекол дека сме го измислиле, напротив додал на изрекава: „ама сета природа крикнува дека тој постои“.

          Мислам дека со ова темата е затворена. Затоа, ве молам, на друго место ти и Кољо расправајте се дали чашата е половина полна или чашата е половина празна.

          Ти сметаш дека чашата е половина празна, и тоа е деказ дека никој не ја наполнил т.е. самата се наполнила, оти ако некој ја полнел, ќе ја наполнел до врв, оти тој Полначот нели е семоќен? А бидејќи не ја наполнил – не постои.

          Кољо смета дека чашата е половина полна, и тоа е доказ за него дека некој ја наполнил, оти нема шанси сама од себе да се наполнила, а зошто не е до врв полна – па можеби тоа е намерно направено со промисла на Полначот, за да кога ќе ја земеш в рака да не ти се истури додека ја носиш кон устата. Можеби.

          А што се однесува до мојата куса елаборација за веронауката, па колумнава е огромна и ваква, уште ако фатев да елаборирам – ќе станеше уште поголема. Едвај ја задржав пред две години кога прв пат беше објавена и во оваа големина, и затоа некои работи се набрзина поминати.

          Моите колумни немаат намера да убедуваат. Тие имаат намера да натераат на размислување. Мислам дека во твојот случај целта беше постигната🙂

  11. Јас мислам дека ултимативната цел на општеството е да еволуира човекот. Но напредокот е во интегрирање на човештвото по основ на меѓусебна љубов(тоа е тоа што го нуди религијата) а не оттуѓување на луѓето (тоа е тоа што го нудат атеистите). Значи јас не ги осудувам атеистите како глупави или криминалци…ме нервира тоа што тие веруваат дека еволуцијата нуди напредок на човештвото всушност таа не води кон деволуција бидејќи го истакнува анималистичкиот дел на човекот…Ако мислиш дека има нешто за што да зборуваме neo_neovski@yahoo.com Извини Нено морав да вратам инаку незнам дали сум ти кажал ама дека треба да имаш повеќе читатели…


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: