Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ШТО МОЖЕМЕ ДА НАУЧИМЕ ОД НАЈДОБРИТЕ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ?

leave a comment »

Државник: треба да знаеш, треба да можеш

По повод роденденот на првиот американски претседател, таткото на САД, George Washington, во денешнава колумна ќе се обидам  да ве запознаам со некои од луѓето кои, според мое мислење, биле најуспешните претседатели во американската историја. Целата на денешниот пост сепак, во крајна линија, е да дознаеме што од нивните светли примери можеме ние, Македонците, да извлечеме како поука.

* текстов е првично објавен на 22ри февруари 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/212236

♦ George Washington: биографијата на овој голем човек (не само за американската туку и за светската историја воопшто) можете да ја прочитате на англиски на википедија ако кликнете врз неговото име пишано погоре, а овде би сакал да се осврнам накратко на неговата најзначајна карактеристика која го прави него навистина уникатен историски лик од кој има што да се научи и од кого има што да копираат нашите политички лидери.

Во свое време, овој човек бил неверојатно популарен меѓу народот и меѓу ветераните од војната за независност на американските колонии од британската власт, пред сѐ поради тоа што во текот на таа војна, тој како врховен командант на ослободителните сили покажал карактеристики на вистински мудар државник, дури и пред да стане официјално шеф на државата.

Затоа, откако поминал два мандати на позицијата претседател на Соединетите Американски Држави, сите политички фактори во земјата биле подготвени да му дозволат и трет мандат да започне, а некои од поекстремните елементи не се срамеле од него да побараат и да заведе диктатура, и да го укине Конгресот кој во раните години на американската независност страдал од истите детски болести од кои парламентот во секоја млада демократија секогаш страда. Со еден збор, популарноста (апсолутно заслужена) која ја уживал овој човек му била доволна без проблем да ја преземе апсолутната моќ во земјата и да владее доживотно. Имало сериозни предлози и за крал да биде прогласен.

Но, тој одбил. И тоа, многу решително. И по никоја цена не дозволил да го претворат од татко на републиката во нејзин гробар. Откако му завршил и вториот претседателски мандат, се повлекол од политиката и дури и одбивал да земе било какво учество во партискиот живот. Не бил член на ниту една партија, велејќи дека неговата политичка опција на која секогаш ѝ бил верен и на која сакал да ѝ остане лојален до крајот на животот е независната и демократска Америка.

Тоа е примерот кој нашите политичари треба да го следат. Тој бил успешен човек, успешен лидер и успешен политичар. И се повлекол од политиката кога го достигнал зенитот на својата животна приказна. Нашите лидери, за разлика од него се многу неуспешни и како лидери, и како политичари и како луѓе. И не им текнува да се повлечат. Уште не го достигнале надирот т.е. анти – зенитот на нивните кариери? Уште не паднале до самото дно?

Бранко, Љубчо, Столе, Тито… што бре бараат уште тие луѓе во политичкиот живот?

Thomas Jefferson: ова бил третиот по ред претседател на САД и е заедно со James Madison (кој бил четвртиот претседател и за кого горе – доле важи истата поука како и за Jefferson) е творец на уникатниот американски правен и политички систем во кој институциите се така организирани за да се контролираат сите центри на политичката моќ едни со други за да не се дозволи една институција или еден човек да ја узурпира сета моќ во свои раце (тоа на англиски се вика Checks and Balances).

Неговата биографија можете да ја прочитате ако кликнете на неговото име погоре. Овде сега накратко ќе биде назначена неговата главна идеја која ние треба да ја земеме при срце и да се владееме по неа.

Станува збор за суштината на Декларација за независност на САД (напишана од овој човек) во која главната идеја е токму концептот дека секој човек и секој народ има право да се обиде својот живот да го направи подобар и похуман и поправеден, без разлика на тоа дали околностите тоа го дозволуваат или не.

Со други зборови, идејата врз која е базирана декларацијата за независност на САД е дека без разлика на постојните меѓународни односи и геополитички ставови на големите сили, ако некој народ смета дека во негов интерес е да ја земе својата судбина во свои раце, тогаш тој народ не само што има право (природно и морално) тоа да го направи, туку и должност пред своите потомци и идните генерации.

Во нашиот политички живот токму ова треба да им се каже на нашите „леви и проевропски интелектуалци“. Тоа што ЕУ и НАТО структурите потикнати од Грција сакаат да нѐ спречат во нашата намера да го сочуваме нашиот идентитет и националното достоинство е причина повеќе ние да издржиме и да не го промениме името.

И во времето кога американските колонии размислувале да се осамостојат од британската империја имало во Америка многу луѓе (така наречени loyalists) кои остро се противеле на ваквите обиди и советувале да се направи компромис со кој би била спречена ескалација на конфликтот. Тие предупредувале дека дури и ако Американците ја победат Англија во евентуална војна и станат независни, сепак потоа тие ќе бидат изолирани од тогашниот цивилизиран (европски) дел од светот.

Но луѓето како Washington и Jefferson знаеле дека она што го прават е правилно. Дека ќе бидат изолирани привремно ако покажат заби кон својот непријател, но дека дека кога – тогаш, кога геополитичката ситуација ќе се промени, тие ќе бидат примени назад во меѓународната заедница. Но, дека тогаш ќе бидат третирани Американците како рамноправни партнери, а не како сателити на Британија.

Како што покажала историјата, американските патриоти биле потполно во право кога одбивале било каков компромис.

Abraham Lincoln: и поуката која ќе ја изведеме од овој американски претседател е поврзана со компромисерството. Или поточно, со отпорот кон тоа да се прават компромиси за основните вредности на кои се заснова една држава и едно општество.

Во времето пред тој да стане претседател, во САД имало во неколку сојузни држави од јужниот дел сосема легална и заштитена со закон пракса луѓето со црна боја на кожата да бидат робови и да им служат како бесплатна работна рака на богатите белци. Иако поголемиот број од луѓето во САД се срамеле од оваа пракса, и сакале таа да биде укината, сепак поради финансиската моќ на неколку олигарси од Југот, политичкиот систем во државата бил доведен до пат – позиција и никакви одлуки за било кое прашање не можеле да се донесат без да им се додворуваат политичарите на моќниците кои поседувале робови и чие што богатство произлегувало од постоењето на институцијата ропство.

Но, кон крајот на ’50ите години на XIX век, во САД една мала група идеалисти решиле да формираат политичка партија која ја нарекле Републиканска партија (и која од тогаш до денеска е една од двете водечки американски партии) при што нивната партија имала цврста идеолошка платформа – укинување на ропството во САД и воспоставување на слободен пазар врз целата територија на земјата (што захтевало укинување на многу локални привилегии кои олигарсите ги стекнале благодарение на нивното влијание врз владите на нивните сојузни држави).

Ова нешто богатите робовладетели од јужните држави го сфатиле како закана за нивните позиции и затоа обилно ги финансирале своите политички сојузници, но и покрај сѐ, партијата предводена од Lincoln ги добила изборите и тој станал претседател на САД.

Му било понудено и нему и на водечките луѓе од неговата партија да направат компромис со цел да се спаси земјата од политичката криза, но тој компромис во себе вклучувал откажување од најосновните начела врз кои била базирана целата идеологија на Lincoln и Републиканците. Тие тоа го одбиле и САД западнале во акутна институционална криза која брзо ескалирала во Граѓанска војна. Која што приврзаниците на ропството ја загубиле и по војната во САД било засекогаш укинато ропството. И еве, 144 години по крајот на таа војна – црнец стана претседател на Америка.

Поука: со некои работи не може да се прави компромис, макар и по цена на војна. Тие работи ги вклучуваат моралните вредности, човечкото достоинство и идеалот за слобода и правда.

Franklin D. Roosevelt: со овој претседател на САД се поврзани двете најголеми кризи во кои Америка западнала во XXиот век и токму под негово водство Американците успешно ги пребродиле овие две кризи и излегле далеку посилни од колку што биле пред да влезат во кризниот период. За што станува збор?

Во 1929та година, дошло до ненадеен слом на берзата и потоа и до крах на економијата во САД по што драматично се зголемиле невработеноста и сиромаштијата. Токму затоа, тогашниот претседател Herbert Hoover претрпел страотен пораз на изборите во 1932 година, и неговата функција ја презел Roosevelt. Соочен со вистинска катастрофа од која се чинело дека нема излез, тој започнал со храбри реформи во практично сите полиња на општественото живеење, првенствено во економијата но и во образованието и во политичкиот систем.

Иако за долгорочните ефекти на неговите економски идеи и мерки може да се дебатира многу, сепак факт е дека тој бил приврзаник на идејата дека „очајните времиња барат очајни мерки“ и не се стеснувал дури и долгорочно погрешни потези да повлече, ако само можел со тоа да купи време, доволно за да организира програми кои би имале попозитивни ефекти.

Вториот предизвик со кој се соочил овој претседател во текот на своето владеење било избувнувањето на Втората светска војна во Европа. Кон крајот на ’30ите години во САД имало многу силно движење на изолационизам составено и предводено од луѓе чие мото било дека „она што се случува надвор од Америка не е наш проблем“. Roosevelt, како вистински државник добро знаел дека ако Америка сака да биде светска сила тогаш таа мора да биде и светка и силна, и дека како таква мора да се замеша во она што се случувало во остатокот од светот, и по секоја цена да спречи победа на нацизмот и фашизмот врз демократијата.

Благодарение на својата популарност која ја стекнал меѓу сиромашните Американци поради неговото справување со економската криза, тој успеал да добие и трет мандат како претседател и да ги вовлече САД во Втората светска војна. Од која што таа земја излегла како еден од двата главни победника (покрај комунистичкиот СССР).

Поуката од овој американски претседател што ние Македонците можеме и требаме да ја извлечеме е дека и покрај сите предизвици и проблеми со кои може да се соочи едно општество и еден народ, доколку неговата елита има визија, мудрост и храброст, тогаш тие предизвици може да бидат успешно совладани.

Генерацијата Американци од времето на Големата економска криза и Втората светска војна се нарекува во САД „најголемата генерација“ и со полно право го заслужува тој епитет. На нас, денешната генерација Македонци во Македонија судбината ни го додели предизвикот и можноста ние да ги пребродиме модерните историски предизвици за да еден ден нашите потомци и нас нѐ нарекуваат „најголемата генерација“.

Најпознатата мисла на Franklin D. Roosevelt e секако неговата легендарна изјава дадена по повод неговото стапување на власт, на 20ти јануари 1933 година: „нема од што да се плашиме освен од самиот страв“.

Оваа мисла важи и за нас, можеби само малку модифицирана, за нашите модерни околности: „ние Македонците, соочени со нашите сегашни предизвици, мораме да бидеме храбри и решителни, оти единственото нешто што можеме да го изгубиме е навиката постојно да бидеме губитници“.

<!–[if !mso]> <! st1\:*{behavior:url(#ieooui) } –>

По повод роденденот на првиот американски претседател, таткото на САД, George Washington, во денешнава колумна ќе се обидам  да ве запознаам со некои од луѓето кои, според мое мислење, биле најуспешните претседатели во американската историја. Целата на денешниот пост сепак, во крајна линија, е да дознаеме што од нивните светли примери можеме ние, Македонците, да извлечеме како поука.

* текстов е првично објавен на 22ри февруари 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/212236

George Washington: биографијата на овој голем човек (не само за американската туку и за светската историја воопшто) можете да ја прочитате на англиски на википедија ако кликнете врз неговото име пишано погоре, а овде би сакал да се осврнам накратко на неговата најзначајна карактеристика која го прави него навистина уникатен историски лик од кој има што да се научи и од кого има што да копираат нашите политички лидери.

Written by nenobogdan

06/01/2010 at 23:19

Posted in Uncategorized

Tagged with ,

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: