Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЈУБИЛЕЕН ПОСТ – ПО ПОВОД ТРИ МЕСЕЦИ ОД МОЈОТ БЛОГ

leave a comment »

Математички докажано!

Вчера (07.10.2008) се завршија првите три месеци од започнувањето со постоење на мојот блог, контроверзниот www.blogatash.blog.com.mk и мислам дека дојде време, за крајот на првиот квартал, да се направи еден мал преглед на досега сработеното. И да се најават, секако, новостите што допрва ќе следуваат.

* текстов е првично објавен на 8ми октомври 2008 на http://blogatash.blog.com.mk/node/185871

Но, прво да објаснам за сликата која го придружува денешниот пост. Тоа е мала нумеролошка шега со името, функцијата и карактерот на претседателот на нашата убава држава, фамозниот & злогласниот Б.Ц кого верувам дека најголемиот дел од моите верни читатели и почитувачи го сметаат за вистинска елементарна непогода за оваа земја. Која трае и трае и трае и никако да престане. Небаре е привремено решение од оние „за два месеца“ на Киро Г.

Немојте да помислите дека сум забегал во некои окултистички – кабалистички води па да барам тајни толкувања во навидум невини зборови и симболи. Тамам работа, јас сум талентиран математичар, по образование инжинер, а се занимавам со маркетинг, па целата работа има врска со стратегијата од рекламирањето која се вика below the line marketing или скратено BTL. А игри со бројки и букви ми се омилена занимација, уште од малечок.

Значи, денеска сакав во овој пост да направам мала ретроспектива на досега објавените постови на мојот блог, и ова ми се виде како добар начин да привлечам внимание. Но првин да објаснам за тоа како го добив „математичкиот доказ“ дека Б.Ц. е ѓаволот во нашата земја:

Прво, почнав со неговите име и презиме и добив сума од 230 (до 666 ми останаа 436), па имаше опција или да ги придвижам нумеричките вредности, па наместо од А=1, Б=2, В=3 и така натаму, да одат со А=25, Б=27, В=29 или нешто слично, ама и тоа имаше свои недостатоци, оти крајниот збир пак не излегуваше точно 666.

Затоа, почнав да додавам на фразата „Бранко Црвенковски“ и зборови како „претседателот“, „Македонија“, „ѓаволот“ и некои сврзници, но пак останав покус за 28 до конечниот збир.

Имаше можност или да го додадам зборот „ах“ (А=1 и Х=27) и да биде „ах, ѓаволот во Македонија е претседателот Бранко Црвенковски“ ама се решив во последен миг, наместо тој збор, да го земам „е па“ (Е=7, П=20, А=1) и пак да испадне конечниот збир 666. Инаку, бројот 666 и нема некое мистично значење, и тоа што го поврзуваат со Ѓаволот е исто така нумеричка шега или барем забуна од пред две илјади години, што е убаво објаснето на овој линк.

Пробајте и вие со комбинации и варијации, ќе видите дека може безмалку на секое име или фраза да му се најде некаква „ѓаволска“ конотација.

На таа тема, толку, мислам дека ви се допадна основната идеја и дека ја сфативте методата по која се добива еден ваков интересен резултат. Сега за освртот на првите три месеци од мојот блог:

Го започнав блогот со постирање во рок од петнаестина минути на дури девет постови, затоа што тогаш уште не знаев како функционира целиот систем и мислев дека ако ставам само еден пост тој ќе остане незабележан. Па шлакнав дури девет одеднаш, за да се осигурам дека барем еден од нив ќе биде прочитан и ќе привлече внимание, и ако им се види на луѓето интересен, можеби ќе побараат да видат и да прочитаат некој од другите постови на истиот блог.

Во почетокот не ставав слики оти (искрено признавам) не знаев како се прави тоа, а и ме мрзеше да барам соодветна слика за секоја тема. И до ден денеска не знам како да ставам видео од youtube.com и во еден пост бев приморан да пишам текстуални линкови до неколку клипови кои сакав моите читатели да ги погледнат.

Имав некои забелешки во почетокот на моето блогирање дека сум пишувал премногу долги текстови, па малку луѓе ќе ги прочитале. Знам дека должината на моите колумни е проблем за некои луѓе, ама јас мислам дека ако мене не ми е тешко да ги напишам толку долги, не би требало да биде тешко и за некој да ги прочита.

Во крајна линија, ако некој не може да исчита текст со должина од две до три илјади зборови, колку што во просек имаат моите колумни – тој и не ми треба како читател, оти станува збор за 15 минути максимум, на читање со умерена брзина, и тоа секој би требало да може да го направи. А немам намера да си ја кратам мислата и со тоа да губам на темелноста на анализите, само за да им удоволам на некои луѓе кои ги мрзи да читаат.

Но, во последно време, сепак сериозно размислувам проблемот со должината на текстовите да биде решен елегантно, на обострано задоволство и мое и на потенцијалните читатели, со воведување на блогот мој на опцијата podcast што за оние што не знаат што тоа значи, да објаснам дека ќе биде на самиот почеток на секоја колумна ставен и линк до аудио – фајл со целиот текст исчитан од мене или од некој кој има похаризматичен глас од мојот, па за оние кои не сакаат да читаат, барем нека го ислушаат текстот.

Проблем со оваа опција е што десет до петнаесет минути тонски запис има тежина од 10 – 15 мегабајти, што за upload од моја страна би било комплицирана и мачна работа. Не дека и снимањето на читањето е лесно, оти не располагам баш со саглам технологија во тој поглед, како софтверски, така и хардверски. Но, веројатно тоа прашање ќе се регулира во најскоро време, па наскоро не само што ќе можете да читатате мои текстови, туку и ќе можете да ги слушате исчитани и снимени како аудио – клип.

Ај здравје нека имаме само, еден ден можеби и како рингтон на нечиј мобилен ќе слушнете некоја моја авторска фраза 😉

Замислете само, си седите во автобус и од некаде ненадејно се слуша: „подобро паметен човек без образование, одошто образован човек без памет. Подобро паметен човек без образование одошто образован човек без памет!“ и во тој миг некој што седи спроти вашето седиште во автобусот вади мобилен од џебот и вика „…да? Е еве сум бе, у автобус се возам за кај дома…“

Еј, филмови си правам…

Туку, сега дојде времето да објаснам зошто овој пост е во категоријата политика. Многу е едноставно да се одговори на тоа, оти тука ќе направам една мала листа по случаен распоред на линкови до постови од мојот блог (а сите се политички) досега објавени за кои сметам дека се онака – најубавите од мене, по стил, идеја, концепција и порака. На некој начин – The Best of Neno Bogdan & the Blogatash Blog Site. Тие постови се….

остатокот на постот е набројување на 20 постови од стариот блог, па тој дел можете да го исчитате на http://blogatash.blog.com.mk/node/185871

Written by nenobogdan

06/01/2010 at 18:27

Напишете коментар