Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЌЕ ПРОПАДНЕ ЛИ АМЕРИКА?

with 18 comments

Конечно, еве ја голата вистина за Америка!

Замислете си дека девојката на сликата ја симболизира Америка. Како што се гледа од нејзините штикли, таа некогаш живееше на висока нога. Сега е падната буквално на дупе, и се наоѓа на тенок мраз, а соголена е до гола кожа и се држи за глава обидувајќи се да ги скрие солзите. Така барем некои би сакале да ја видат Америка, ама за разлика од фотографијата со девојкава, тоа е погрешна слика.

* текстов е првично објавен на 19ти октомври 2008 на http://blogatash.blog.com.mk/node/187947

Пред да објаснам како Америка ќе се извлече од кризата која ја зафати, треба да објаснам како стигна до ова дереџе најголемата светска економска, политичка и воена сила. За да не ве заморувам со финансиските детали кои и самиот не ги разбирам во целост, ќе се послужам со следниве четири замислени ситуации, аналогии од реалниот живот:

Ситуација 1: Немаш пари за на одмор, а ти се оди на одмор, па затоа одиш да позајмиш од комшијата, кој со задоволство ти ги дава, сигурен дека толку јак тип како тебе кој што живее во толку голем и убаво уреден стан сигурно ќе може да ги врати некогаш.

Наредната година, кога пак сакаш да одиш на одмор, и пак немаш пари, одиш кај друг комшија, позајмуваш од него пари за да му го вратиш на првиот комшија долгот од лани, и кај трет комшија одиш да се задолжиш за да и оваа година да одиш пак на одмор.

Догодина пак, повторно ти се оди на одмор, но сега одиш кај четврт комшија да позајмиш пари да му ги вратиш на третиот и на вториот комшија парите, а кај петти комшија одиш да се задолжиш со нови пари за да одиш и оваа година на одмор. И така секоја година, позајмуваш за да вратиш лански заем и земаш нов заем за пак да ги потрошиш парите на непродуктивни глупости и така секоја година долгот расне.

И така некако слично, и Америка стигна до задолженост од десет трилиони долари. Знаете колку се тоа пари? Тоа му доаѓа како на десет милиони места по милион долари да ставите. Ете толку се тоа пари. Многу.

Ситуација 2: Седиш дома и гледаш спорт на телевизија и се нервираш заради резултатот, кога одеднаш слушаш дека на горниот спрат над тебе, комшиите се карат меѓу себе, викајќи колку што ги држи глас.

И ја земаш палицата за бејзбол, одиш горе кај комшиите, ја кршиш вратата и тепаш и кршиш сѐ пред тебе, а на крајот, кога сите се премлатени, одиш во другиот стан, ѕвониш на тој комшија (со палката поцрвенета од крв, сеуште во рацете) и му бараш пари на заем за да им дадеш на истепаните комшии да си купат нов мебел и да платат на некој доктор да им ги закрпи раните.

Значи, ем ги тепаш комшиите, ем потоа им плаќаш за кршот што си го направил кај нив. Така некако слично, и Америка ги води своите војни. И плаќа за нив.

Ситуација 3: Детето ти доаѓа дома со свиделството од школо, полно со единици и ти кажува дека решил да се откаже од образованието (оти му е здодевно) и да формира, што знам, своја рок група и дека од тоа планира да живее – од музика, заедно со девојка му која е авангарден сликар на апстрактна уметност.

И ти вели синот, дека е свесен оти нема со тој начин на живот да заработува ни за леб, и дека очекува од тебе да му дадеш пари. Ти одиш кај комшијата, бараш пари од него, му даваш на синот и му викаш: „сине, што сакаш прај, сакаш свири, сакаш пеј, не мора да работиш ништо, татко ти е тука да плати за сѐ, само не дај боже да чујам дека си станал педер! Може и марихуана да пушиш (но не вовлекувај), ама педер никако!“

И конечно, ситуација 4: Сакаш да одиш на одмор, и задолжен си до гуша со невратени заеми на комшиите, синот ти бара пари за да купи нова гитара оти звукот на старата му здодеал и плус, ти само што се симна од горниот спрат каде што во двата стана, (оние на фамилија Ираковски и на фамилија Авганистанчески) испокрши сѐ што имаше за кршење и го претепа секој што ти застана на патот и сега ѕвониш кај комшијата за да позајмиш пари од него и тој ти вика дека – нема.

И ај настрана тоа, додека ги превртува џебовите за да ти докаже дека му се празни, тој безобразно, без срам и перде те прашува: „абе, комшо, кога ќе ги вратиш парите што веќе ми ги должиш од порано?“

И не можејќи да најдеш ниту еден комшија да ти позајми (оти скоро сите комшии во твојот ’западен’ влез по твојот памет се фатија, па и самите на кредит живееја) ти му вртиш телефон на комшијата за кој што знаеш дека има многу пари, оној де, Русе на бензинската што работи, и му викаш: „абе Руски, комшија, дај позајми ми ако имаш, ќе ти ги вратам кога ќе можам“ а тој ти одговора: „имам бе комши, имам – ама не ти давам, оти знам дека нема да ми ги вратиш! А плус и те мр’зам, оти многу чаламџија се праиш у задње време, а и од увек си бил таков курајбер“.

И ти му викаш налутено: „а да дојдам ја кај тебе со бејзбол палица на гости, сигурен ли си дека нема да ми позајмиш?“. На што тој ти одговора: „хе, хе, абе комшо, ако е за бејзбол палица, па и ја имам, и тоа подеднакво голема и тврда како твојата. Токму затоа јас и ти од 1945 година па до сега не сме влегле во тепачка, оти цела зграда ќе ја срамневме со земја ако ние се затепавме!“.

И ти зачудено и понизно го прашуваш: „И ш’о да праам се’а, од кај да најдам пари?“

А тој извикува: „Е па ќе се фатиш за работа, пичка ти мајчина! К’о цел свет ш’о праи кога нема пари, така и ти ќе праиш. Се сеќаваш на времето кога татко ти и татко ми го спасуваа светот од фашизмот, така и ти сега, ќе работиш, ќе заработиш и пак ќе имаш пари! Ај сега еби си матер, и остај ме оти иам и ја работа. Штотуку комшиката ми Кина организира летна Олимпијада, па и ја еве се спремам зимската да ја праам скоро. Ти си поканет да дојдеш на гости за Олимпијадата, ама под услов да се избричиш, да ставиш кравата и – да донесеш поклон. Ај чао сега, комшиката Јулија Тимошенко ме викна у соседниот стан, отидов ја да ја рушам владата во Украина!“

И нормално, што ти останува друго освен да ја ставиш тоа палката под кревет или во шифоњерот, да седнеш пред тоа компјутерот и да напишеш CV со сите твои знаења и вештини и работно искуство и да почнеш да го праќаш си – ви – то на разни работодавци за да ти дадат работа.

А ако не ти дадат работа (што е многу веројатна опција, оти има други за помали пари од тебе што ќе работат), немаш друг избор освен да се симнеш во подрум, да извадиш тоа машините, книгите и лабораторискиот прибор, и да седнеш пред нив, па нешто ново и генијално да направиш.

Како татко ти и дедо ти што правеа на времето кога требаше да заработат за корка леб. И од што беа многу вредни и паметни, татко ти и дедо ти не заработија само за леб, ами и за колата што ја возиш и за станот во кој што живееш. А татко ти беше толку богат што и на други даваше на заем, а сега синот му падна на тоа дереџе да е презадолжен до толку што никој не сака да му позајми нему.

Е па, почитувани читатели, Америка сега поминува токму низ четвртата ситуација, откако помина претходно низ сите три: го запостави образованието на своите деца (како очекуваат да владеат со светот, кога средношколците нивни не можат да ја најдат својата сопствена држава на картата на истиот тој свет), ја заборави културата на штедење (и сите земаа кредити од банките и никој не ставаше пари во тие банки да штеди) и води војни од кои има само штета и никаков ќар, и сега се најде во четвртата ситуација – нема веќе кој да ѝ позајмува.

Може самата Америка да почне да печати пари, ама тоа не е трајно решение оти и Југославија го правеше тоа пред својот крај таму во ’80 – ите години, па затоа и сега ја нема повеќе. Суровата вистина на економската логика е дека парите на долг рок не може да се позајмат, не може да се украдат и не може да се направат од бела хартија со печатење слики, бројки и букви на листовите. Парите мора да се заработат. Со работа, со пот и со многу памет.

Дали тоа Американците го можат? Да, оти веќе два пати во својата историја го направија токму тоа. Западнаа во економска криза и потоа излегоа уште посилни од неа.

Прво, во 1929 година крахираше нивната берза и потоа и целиот финансиски систем. Интересна работа е што тоа се случи од безмалку истите причини како и сегашнава криза (мрзливост и навика да се живее на кредити и од берзански шпекулации).

Само шеснаесет години подоцна, во 1945 – та, Америка се најде себеси како победник во најголемата војна во историјата. Нејзините млади војници се враќаа дома од бојните полиња на Европа и Пацификот, и за да не седат без работа и да не прават проблеми, тогашната влада направи генијален потег – им овозможи на сите ветерани од војната кои имаа желба, да се запишат на факултет и да се стекнат со најдоброто можно образование.

Милиони од нив го прифатија тоа, и од крајот на војната, па се до 1973 година Америка уживаше во својата златна доба – на дотогаш невиден економски просперитет.

Но, во 1975 година, по поразот во Виетнам и по нафтениот удар со четирикратно зголемување на цените на енергијата, отпочна ерата на стагфлација – ем монетарна инфлација, ем економска стагнација. И што се случи: по шеснаесет години, во 1991 година Американците се најдоа себеси како победници во Студената војна, а главниот непријател – комунизмот, замина на буништето на историјата.

И Америка повторно беше полна со пари. Затоа што во меѓувреме вредните (и банкротирани) Американци ги направија персоналните компјутери, разните софтвери за работа со нив (како Windows и Office) кои беа толку прости што секој можеше да научи да ги користи, интернетот, мобилните телефони, и еден куп други прекрасни работи кои Американците ги измислија, а Јапонците до тој степен ги ископираа и усовршија, што ние сите мислиме дека токму тие ги створиле оригинално.

Како сега Америка ќе се извлече од оваа криза, настаната од истите причини како и претходните две: во 1929 година поради верувањето дека може да се заработува без да се работи и во 1975 година поради водењето и губењето на една бескорисна и глупава војна? Еве го моето мислење:

Без разлика кој и да биде избран за претседател на САД во 2008 година, тој ќе мора да креира економска политика која ќе ја придвижи државата со сите нејзини потенцијали кон истиот пат како во времето кога Америка излегуваше од претходните две кризи: реформи во образованието и подршка на науката. А науката има една голема неостварена задача за дваесет и првиот век: да најде замена за нафтата и јагленот како основни извори на енергија.

Веќе со полна пареа се работи на создавање на соларни ќелии кои ќе бидат доволно ефтини и ефикасни за да може да произведуваат електрична енергија без било какви емисии на јаглероден диоксид во атмосферата и уште поважно без користење на било какви скапи суровини, само со нивно поставување на сонце.

Со повеќе инвестиции во развој и истражувања на соларните технологии, реално е да се очекува дека многу скоро нема да има потреба од скапо копање и неефикасно согорување на јаглен во термоцентрали, кои чинат и многу да се изградат и многу да се одржуваат во употреблива состојба.

Нафтата моментално е рак рана на САД и нејзината економија, а истото важи и за остатокот од светот, барем за оние држави каде што нафтата не се произведува туку мора да се увезува. И тоа од оние држави, како Венецуела, Русија и Иран, каде што политичките елити се потполно свесни за моќта која им ја дава имањето на виталните енергенси во свој посед.

Но, во САД веќе е разработена технологија со која со помош на една екстремно сложена процедура која вклучува употреба на стотици ензими и ферменти е можно да се добие алкохолно гориво од – обична трева.

Добивањето на таков етанол од целулоза (целулозата е главна состојка на тревата), за разлика од добивањето на алкохол од скроб (состојка на житариците) и гликоза (ја има во овошјето), е неверојатно комплициран процес, и затоа многу е поскапо таквото гориво од она добиено од нафта. Но, кога ќе се стават во погон илјадници научници и биотехнолози, чуда се случуваат (а и се имаат и порано случено такви научни чуда, така да ова не го зборам на памет).

Технологијата за добивање на гориво од трева (која ја има во доволно количество насекаде и не мора да се сади и одгледува како пченката или репката) е реалност сега – можно е, и е практично постигнато добивањето на алкохол со ферментација на целулоза. Проблемот е што сега – засега тоа е сложен и скап процес.

Ама, со многу мозгање од страна на најдобрите научни умови што ги има Америка – утре, или задутре, реално е да се очекува горивото добиено од трева да стане поефтино од она добиено од нафта.

Кој тогаш ќе купува бензин? Колку ниско ќе падне цената на нафтата кога веќе нема да има потреба од неа? И со што тогаш ќе се прават мангупи земјите како Иран, Венецуела и Русија?

Најважно е што сончевите ќелии за добивање на струја и постапката за добивање на алкохолно гориво од целулозата од обична трева се реалност. Тоа не се технологии кои допрва треба да се измислуваат, ами се веќе измислени и функционираат. Само треба да се доусовршат за да стане енергијата добиена од нив поефтина и со тоа поконкурентна на онаа добиена од нафта и јаглен.

И затоа, почитувани наши антиамериканци, не радувајте се предвреме на маките низ кои поминуваат САД. Ним не им прв пат да паднат во криза, и нема да им биде прв пат да се извлечат од неа, и да излезат по сите премрежија уште посилни и побогати отколку што беа пред кризата.

Америка не е изградена врз база на цицање на ограничените резерви на нафта и гас, туку на речиси неограничените резерви на интелигенција, трудољубивост, желба за успех и верба во победа на нејзините најпаметни луѓе. А ако не можат да најдат доволно паметни луѓе, тие ќе ги увезат, од целиот свет ако треба, како што ги увезоа Тесла, Пупин, Ајнштајн, Сикорски и илјадници други.

Америка ќе ги привлече со слободата на пазарот и правната сигурност за бизнисот – кога може, на пример, еден Индиец или Русин да дојде во Америка и да стане газда на милијарди долари вредна IT фирма во силиконската долина – зошто не би можел било кој паметен и вреден човек од било која земја во светот да се насели и да работи во САД? Тоа е основата на силата на Америка, слободата и правдата – секој човек во својата нива може да сади што сака и секој да си го зачува за себе она што ќе го ожнее од таа нива (откако, нормално, ќе ги плати сите даноци). И затоа Америка нема да пропадне.

А нема ни ние, во Македонија, да бидеме вечно сиромашна и промашена држава ако се угледаме на Американците, не на овие мрзливи силеџии кои на кредит купуваат оружје па пукаат кај ќе стигнат ширум светот, туку на оние кои ја изградија Америка во светска сила во секој поглед. Да го развиваме и ние образованието, да се потпираме на своите сили, да работиме напорно и паметно и најважното, да не ја веднеме главата пред никого.

Да не ја молиме ЕУ да нѐ сака со тоа што ќе се откажаме од името, ами да ја научиме и неа и сите други да нѐ почитуваат со тоа што нема да откажеме од него.

Слободен пазар и правна сигурност и кај нас да развиеме и после – кој ќе може да нѐ стигне? Најмалку Грците, таа нација на белосветски преваранти и неуморни кавгаџии, мрзливци кои не се способни ни своите сопствени портокали да ги оберат од своите ниви, па мораат да носат од странство работници да им ги берат.

Но Македонија нема да се збогати ни малку ако ние останеме какви што сме сега, „берачи на портокали од грчките плантажи“ туку кога ќе станеме инжинери што Грците ќе ги повикуваат да ги реновираат нивните скапани пристаништа и аеродроми, кога ќе станеме програмери на софтверите што грчките хакери ќе се радуваат кога ќе ги испиратираат, и кога ќе станеме врвни лекари кои за големи пари ќе ги оперираат хемороидите од грчките задници добиени од премногу седење и постојано штрајкување во обиди владата нивна да им ги зголеми платите и да не им ги приватизира државните фирми – загубари.

Најголемата навреда за Грците е успехот на Македонците. Во секој поглед.

Америка нема да пропадне, во тоа бидете сигурни. А бидете уште повеќе сигурни и дека и Македонија, нашата прекрасна и сакана Македонија, нема да пропадне, и дека ќе напредува и ќе се развива – ама само под еден услов: да почне да мисли со своја глава.

Written by nenobogdan

06/01/2010 at 18:54

18 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Нено САД имаат технологија ама со собирање на научници од другите држави јаката работа за тоа и баба ми ти мојт. Ама за секој технолошки изум американците го користат етносот АМЕРИКАНЕЦ. А се знае тоа дека чист Американец не постои. Дури и Индијанците не се чисти староседелци на Америка. Дојденци од Монголија се.
    Технологијата за Атомската бомба ја копираа од Немачките научници после окупацијата на Берлин, првиот вештачки сателит Експлорер 1 им го направи научникот од третиот рајх Вернер Фон Браун творецот на ракетите ФАУ1 и ФАУ2. Хидрогенската бомба им ја направи Унгарецот Едвард Телер кој во втората светска војна се преселил во САД. Стелтот ф-117 е направен од Американец ама со Руско потекло? Научник кој пребегал по распадот на СССР.Американецот Ден Бич, кој подоцна го направи “невидливиот авион°, призна дека идејата за “стелтот° ја украл од рускиот научник Уфимчев.
    САД потрошија огромна сума пари за изградба на Меѓународна вселенска станица, а од 2012 година не ќе можат сами да пренесат луѓе таму. Ќе треба да им плаќаат на Русите за тоа. За да биде срамот уште поголем, немаат никаква програма за лансирање луѓе во наредните години… Првпат после скоро полавек не ќе можат да лансираат човек во вселената.

    Благоја

    28/02/2011 at 14:47

    • Е па сега што е: Американците се збогатиле оти собираат научници од цел свет или… можат да соберат научници од цел затоа што се веќе богати?

      Не може и двете да се истовремено🙂

      И во крајна линија, што ако не постои американски народ. Биг факинг дијл што би рекле дотичните, они ем не постојат ем пола свет го покорија. Баеги голем подвиг за некој народ што не постои. Замисли до кај ќе стигнеа да постоеја…

      А она баба ти можела… па ако може, ајде нека направи и таа исто. Ајде, нели и баба ти може. Очигледно, не е толку едноставно како што ти си замислуваш.

      Се разбира дека Американците се глупави. Затоа се најбогати на свет, оти се прости кретени бре, за ништо не ги бива. Замисли да беа умни до кај ќе стигнеа.

  2. Проблемот на Америка е преголемата домашна потрошувачка. Либералниот капитализам (costumer care) создаде потрошувачко општество без контрола.(американците бришат газ со 4 слојна хартија и возат џипови што трошат 20 литра) За да го надопони својот дефицит американската економија мора нон стоп да е во војна. Факт е дека америка мора некој да искористува за да живее на висока нога. Последниве години работите малку се изменија , не поради тиа што америка не го искористува ирак и авганистан, туку поради големите трошоци од војните.Еве сега и се спремаат на Либија да ја ”ослободат” поради наводни воздушни напади кои ги немало. Како не им текна да го ослободат египет или тунис или јемен. Што е до америка се согласувам со ахмедиеџад.Јас Нено појше им се восхитувамк на Јапонците кои својата индустрија ја градат со свои научнци на своја земја без притоа да експлоатираат туѓи ресурси.

    • Ама што врска има тоа?

      За време на Втората Светска Војна, Јапонците со свои сили се обиделе да направат атомска бомба. Исто и Германците на Хитлер сакале самите да изготват атомска бомба.

      Не успеале, ни едните ни другите.

      Американците ангажирале научници од Европа и – ја создале први атомската бомба.

      И кој е поправилен пристап? Сам да пробаш и да не успееш, или да викнеш експерти од кај што треба – и да успееш?

      Ако скршиш рака – сам ќе се лечиш или ќе одиш на доктор?

      А Ахмадинеџад е будала. Ќе заврши наскоро тој исто како Садам и како Милошевиќ.

  3. Како што има врска.Секуларноста подразбира дека ние сме хомо сапиенси-разумни суштества, дали е разумно да се троши 4 слојна хартија во време кога шумите и земјата се загрозени.Сеа да не досаѓам со ова хартијата ама сакам да кажам.Јас сум за капитализам ама мора да владее логиката, треба да се знае до каде може да се оди со потрошувачката економија.Не смееме да си дозволуваме задоволства на сметка на следните генерации или на сметка на другите држави. За Ахмединеџат …Баш ќе биде интересно да видиме како ќе заврши тој , зошто Иран не е секоја земја.Инаку разговарав со еден наш војник во ирак и тој вика дека ахмедиеџат е амерички чоек демек тоа со нуклеарната програма било све смислено за америка да има причина да го нападне иран.Interesno

    Кољо Дијамант

    02/03/2011 at 00:41

    • Море Цане, светот нема да пропадне оти луѓето користат четирислојна тоалетна хартија. Која, бај д уеј, се прави од РЕЦИКЛИРАНА хартија!

      А најголемиот дел од хартијата се прави од слама, а не од дрвја. И тоа не е од еколошки побиди,а ми од чито штое поефтино. Сламата е нус-продукт на жетвите (кои се во рамничарски предели – поефтин транспорт), а дрвото треба да се сече и носи од планини или од Амазон со бродови… дрвјата се сечат заради – дрвена граѓа и заради расчистување на земјиште за земјолелие.

      На пример, во Индонезија се сечат прашумите за да се засадат плантажи со маслодајни палми од кои се добива – био дизел. Баш еколошко е тоа гориво, нема што. Слично во Бразил се сече Амазон за да се засадат плантажи соја за био-дизел. И тоа гориво е баш еколошко, очигледно…

      А тоа што си правел муабет со нашиот војник во Ирак само докажува дека не е случајно што многу бранители од 2001та мораа при вработување да приложат фалсификувани дипломи за средно, па некои и за основно.

      Значи која е логиката дека претседателот на држава со 80 милиони жители и со десетици милијарди долари приходи од нафта секоја година – значи тој човек е нечиј шпион? Со што ли го плаќаат и колку тој лидер на земја што има стотици милијарди долари девизни резерви?

      И како може нашиот војник во Ирак да знае за кого работи Ахмадинеџад? Јас бев во Танушевци па не знаев за кого работи Ахмети, ама нашиот војник во земја во која сите зборат арапски знае за кого работи претседателот на сосема другата држава во која зборат на јазикот Фарси и се шиити а не сунити.

      Конечно, Иран ако завојува со САД ќе биде срамент со земја. Американската авијација е светлосни години пред било која друга држава. Треба само да ги избомбарадираат сите водоводи – и народот кога ќе
      почне да умира од жед сам ќе ја собори власта.

      И да изгубат неколку десетици или стотици авиони и тенкови и хеликоптери, има Америка илјадници такви машини за губење.

      Иран три пати во својата историја бил темелно поразен и освоен: од Александар наш, од Арапите во седмиот век и од Монголите во 13ти век. Сега се на ред Америте да го сјебат во 21иот век. И ќе го сјебат.

      Поентата е да не се кладиш на кучето што повеќе лае, туку на она покрупното што има поголеми заби.

  4. Ако американската авиација е толку моќна тогаш како дозволува Чавез да им покажува среден прст, Пјонгјанг да им покажува среден прст, Иран да им покажува среден прст. Тоа само покажува дека Америка не е иста од пред 15 години кога можеше да испраќа командоси и авијација кај ќе стигне. Многу држави го кренаа гласот, Да Силва рече дека кризата ја предизвикале дебелите американски банкари, Ердоган му рече на Израел да не се ебава со Турција. За прв пат после двеста години најголемите инфраструктурни проекти се на Исток. Да не е доларот Америка ќе биде далеку од врвот. еве ти едно видео ако имаш време http://www.ted.com/talks/martin_jacques_understanding_the_rise_of_china.html

    Кољо Дијамант

    02/03/2011 at 11:29

    • Е де, е де со тој среден прст.

      И Садам и Слобо (и Гадафи) покажуваа средни прсти па видовме како тоа заврши. И на Чавез скоро ќе му се деси „спонтана“ револуција. На последните избори доби 52% опозицијата, ама поради изборниот модел (мнозински), партијата на Чавез има повеќе пратеници. На наредните избори (претседателски) ќе биде како во Србија во 2000та.

      Што се однесува до Силва што кажал – исто како тапан да чукал во шума. Турција му рекла нешто на Израел? Голем qouratz, како прв пат да му е на Израел да слуша закани од своите комшии.

      А најголемите инфраструктурни проекти се на Исток, оти на Запад веќе се е изградено од тој калибар. Нема што да се гради ново грандиозно, го правеле тоа пред децении.

      Како што кажав и порано, не се залетувај да се обложиш на кучето што лае најгласно, туку на она што има најостри заби.

      Америка изгледаше дека е на колена во 1929та и во 1973та, ама две децении после тие години, излезе уште појака.

  5. Сакам да кажам светот е похетероген од кога и да е до сега.И без разлика дали ќе паднат Чавез, Ахмедиеџат и другите, Америка веќе не е ексклузивна во ништо како што беше до сега.Најјакиот суперкомпјутер е во Кина.Инаку за тоа дека све е изградено на запад не би се согласил, Маглев возови во Америка нема(ни еден) Кина, Јапан и Јужна Кореја имаат.Кина за неколку години ќе има повеќе маглев возови од сите земји заедно.Америка во 1929 паднала финансиски додека технолошки не заостанувала, сега заостанува.И тоа не го кажувам јас гледај ја пресконференцијата на Обама-Ху Џинтао па види ѓо кажа Обама.Не сум против Америка и не мислам дека ќе пропадне ама сигурно нема да биде прва во следниов век.(учи кинески)

    Кољо Дијамант

    02/03/2011 at 13:10

    • А што ќе им е у Америка воз што лета на магнети ако при 300 милиони жители имаат 140 милиони автомобили? Кој ќе се вози во воз ако има кола?

      И СССР прв прати човек во вселената (Гагарин) па што од тоа на долг рок фајде видоа Русите? Пак им пропадна државата.

      Америка не заостанува технолошки: само затоа што сега во Кина направиле суперкомпјутер, не значи дека одеднаш во Америка сите се утепани и пропаднати и нема ништо, се е хаос, распад система, катаклизма капитализма.

      Многу врева за ништо се вика тоа. Многу лаење, малку касање.

      А Обама што кажал – не е многу релевантно. Да беше он толку умен, немаше да ги изгуби изборите од лани за конгресот. Он е уште две години и после заминува од историјата.

  6. За образование и здравство да не зборуваме, западот веќе не личи на запад(зборам за америка).Тито викаше со ваква младина нема потреба да се грижиме за иднина.Епа Америка има зошто да се грижи , цела младина им е на трева или на вена , нема кој не направил абортус.

    Кољо Дијамант

    02/03/2011 at 13:13

  7. предвидувањата на Папарин би биле погрешни од временски аспект, сепак не мислам дека нема да се случат во иднина.Секоја империја си има свој почеток, зенит и залез.Америка си ги имаше првите две, ама фактите покажуваат дека спринтува кон залезот.

    Не дека нејзината внатрешна и надворешна политика е толку лоша, колку шо се добри внатрешните и надворешните политики на нејзините сопирници.Русија се рехабилитира од транзицијата и политичката криза, Кина не влезе во социјалистички ќорсокак како што направија некои бивши социјалистички земји, Иран, Куба, Чиле и Северна Кореја станаја “тврди ореви” за американските заби.Сето ова е голем притисок за американската експазиона политика.Нејзината економија и прогрес цел 20-ти век се одржуваше од грбот на другите држави.Полека, но сигурно го губат тлото.

    Америка станува рѓосан алат.Алат кој беше во рацете на “луѓето позади завесата”, на Големиот Брат (не ова шоуто) :Д . Кога ќе се потроши овој американскиот ќе си најде друг алат со кој ќе си ги остварува интересите.

    Само мене не ми влегва во умот како ќе се поделат овие кога ќе дојде времето, или недај боже да дојди до војна..Познавајќи им го одличното познавање на географија можат место на пример Вашингтон да го нападнат, да заминат во Јужна Африка..којзнај..Арно рече Мис Северна Каролина..Им требаат мапи, само со мапи ќе можи да се освестат и да почнат да војуваат и да се делат меѓусебно.Затоа Русите ќе ја вршат својата пропаганда на ниво на географија.Ќе инфилтрираат свои луѓе како професори по географија и ноќе со летала невидливи за радарот ќе пуштаат пропагандни листови и атласи.

    Америка е во економска криза и сигурно ќе изгуби голем дел од нејзините позиции што е сосема нормално бидејќи се рашири со своето неариктулирано непринципиелно владеење низ целиот свет собирајќи го гневот на сите држави кои на своја кожа го почуствуваа принципот на двојните стандарди.За нејзе и најзините сојузници и тоа што не е дозволено е дозволено а за другата страна и тоа што е дозволено не е дозволено.

    Го почуствуваме и ние тоа на своја кожа многу добро и затоа ги разбирам многу добро тие што и посакуваат пропаст на Америка(а во исто време не ги разбирам тие македонци што ја сакаат ваква Америка)

    Нено а ти како што се правиш некој голем Македонец треба да бидеш најповеќе против Америка.
    Ај кажи ми ти мене кој ти ја направи војната 2001 година? Дали Качаците ќе беа способни да не нападнат ако не ја имаа големата поддршка од САД?

    Допрва Србија и Северниот дела на Македонија ќе ја почувствуваат Колатералната штета.
    Најновиот услов од Америка без пораст на деца родени со опашка,до 50 што можат да бројат на прсти и Без пораст на малигни заболувања од 200% нема влез во НАТО.

    Благоја

    04/03/2011 at 15:29

    • „Ај кажи ми ти мене кој ти ја направи војната 2001 година? Дали Качаците ќе беа способни да не нападнат ако не ја имаа големата поддршка од САД?“

      За разлика од многу луѓе кои војната ја гледаа на ТВ, јас војната ја гледав низ нишанот на мојата пушка. Така да, можам да ти кажам дека ние бевме толку неподготвени за војната, што право чудо е како не не’ прегазија сосема качаците.

      Дури, чинам од денешна гледна точка дека успеавме да извлечeме какво такво „нерешено“ а не тотален пораз за нас, само затоа што се вмешаа Американците.

      Да не се вмешаа тие, ќе ја изгубевме третина држава, со огромни жртви за нас.

      Не се криви Америте, туку Љубчо, Борис, Бранко, Љубе, Бучко, Пауновски, Доста…

      А оние глупости што си пишувал за Руси и атласи и опашки… не ти ги коментирам, само ќе кажам дека се глупости. Дај не пуши толку многу марихуана пред да оставаш коментари. Се брукаш само.

  8. Хаха ова со марихуанава…точно…јас мислам дека не се криви горенаведените туку е крив македонскиот народ кој е во зимски сон.

    Кољо Дијамант

    09/03/2011 at 00:41

  9. Кажи ми ти мене Нено Акцијата во Арачиново, зошто само после 3 дена таа беше прекината со земање на терористите во автобус од страна на НАТО, ОБСЕ, КФОР и зошто беа потребни блиндирани автобуси?
    На нашите во сон им дошло сето тоа ?
    Кој ја испорача заканата ?
    Знаеш ли дека Буш му се јави по телефон на Трајковски и му рече дека ако не ја преќине акцијата во Арачиново ќе не снајде исто како на СР Југославија 1999 година.
    Од која држава е рачниот ПВО систем стингер што го употребуваа Албанците против Хеликоптерите МИ-17 и автоматската пушка М-16???

    И друго Нено според американските пропаганди од CNN koјшто се само перење мозоци и ЛОБОТОМИЈА ти и сите што бевте во 2001 не сте бранители туку сте терористи,а Балистите се БОРЦИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА.
    Така ли е а???

    Благоја

    09/03/2011 at 19:26

    • „Знаеш ли дека Буш му се јави по телефон на Трајковски“ … не знам, оти не сум бил покрај Трајковски до уво да чујам што Буш му зборел. Се прашувам дали ти беше покрај Трајковски па ги знаеш овие работи. Или можеби си чул на вести, си прочитал во весник? Латас, Мирка и Миленко да не ти кажаа?

      М-16 е произведена до сега во 8 милиони примероци и ја користат армиите на преку 80 земји, во многу од нив се произведува и локално под лиценца. Види http://en.wikipedia.org/wiki/M16_rifle

      Tака да може да се купи на црниот пазар без проблем, не мора Америка да им ја дава. Покрај тоа, УЧК не користеше такво оружје, од три причини:

      1) Во споредба со Калашниковот е потешка за одржување (чистење) и бара повеќе обука на војникот,

      2) Муницијата е различна од онаа за калашот (тој користи 7,62 мм а М-16 е со 5,56 милиметри).

      3) Поскапа е, а во тоа време, Калашниковите беа многу ефтини на Балканот, оти ги имаше многу на црниот пазар кога се разграбаа магацините во Албанија.

      Што рекол CNN знам. Што сум видел со свои очи исто знам. Но не знам што Буш му рекол на Трајковски, и мислам дека и ти не знаеш, оти некаде си го прочитал тоа, а кој знае дали тоа е вистина.

  10. Абе Нено тебе доста CNN ти го испрале мозокот. Море не само што ти го испрале дури и ти го ЛОБОТОМИРАЛЕ.
    Македонија ако има таква младина како тебе Нено, треба да се плаши за својата иднина…

    Кога некој е лош, како во случајот -Северна Кореја, тогаш САД се тие што се добри.
    Нашите квази патриоти се запознаени со проблемот во и од Северна Кореја од чаршиските патриотски муабети и најмногу од нашите мили и драги медиуми. Таму, по секоја цена се гледа да се оцрнат Корејците, а преку тоа да се испоштова и велича САД.
    Зарем треба ние да не им се лутиме на Американците за гревовите порано? Ама мораме така да постапиме поради тоа што не сме им влегувале во плановите за светска доминација?! Да не треба уште и да им се извинеме?
    Или за случката од поблиското минато кога и помагаа на Шиптарите.
    Ни дала 50 милиони долари. е јаката работа. Земја што има воен буџет од преку 40 милијарди и им должи на Кинезите десет пати повеќе, ни дала мочани 50 милиони? Па не е лоша цена за да си купиш држава, нели?
    Дали Ако ѓаволот ти се прави најголем пријател, дали ти треба да го величаш, бидејќи, ете, конечно некој ти е најголем пријател???

    Благоја

    09/03/2011 at 21:03

    • Кои планови, кои доминации, кои заговори бре црни Блажо, што збориш?!

      Што збоооооориш?!!!!!???

      Еве, размисли за овој концепт: ако некој не се согласува со тебе, не значи дека е будала, луд, морон, со испран мозок, ретардиран, изгубен, заблуден, лоботомиран…

      Можеби едноставно има различно мислење од твоето. Можеби видел повеќе од тебе. Можеби… ти грешиш?

      Или ова ќе ти дојде како премногу сложен концепт за разбирање? Ај пробај. Обиди се.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: