Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ АКО БЕШЕ СДСМ ЧОВЕК, КАКВА ЛИЧНОСТ ЌЕ БЕШЕ?

leave a comment »

Фрагмент од сликата со наслов „Лудиот“, дело на легендарниот француски сликар Théodore Géricault (се чита оприлика како: Теодор Жерико)

Психопат, и тоа од типот „агресивен нарцисоид“. Ако оваа оценка ви се чини премногу строга, погледнете ја следнава листа со показатели кои, според психијатриската наука, ако се забележат кај некоја личност (а овде СДСМ ќе го третираме како личност) се доказ дека таа личност страда од тешко нарушување на своето ментално здравје кое се манифестира преку патолошко однесување – агресивна нарцисоидност.

* текстов е првично објавен на 12ти март 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/216459

1.  Лажен (одглумен) интерес за другите луѓе: кај луѓето – психопати, често пати не може на прв поглед да се забележи дека „нешто им фали“. Впрочем, познати се безброј примери за масовни – сериски убијци кои сѐ до моментот на нивното фаќање на сите околу нив (комшии, пријатели, членови на семејството) им делувале како сосема нормални, мирни, фини луѓе. Ова затоа што кај вистинските психопати, нарушувањето на личноста е внатрешно и системско и не е последица на надворешни дразби.

Кога нормален човек ќе се налути или разбесни, тој не може да го скрие својот бес затоа што не навикнат да го крие, бидејќи тој бес не е секојдневен, туку е привремен и затоа лесно поминува оти штом ќе се разреши проблемот кој го предизвикал бесот – бесот исчезнува. Воедно, кога нормален човек е во мирна состојба, тој делува и се однесува и се чуствува сосема нормално. Кога е среќен се смее, кога размислува е замислен, кога кажува „мило ми е што те гледам“ – тоа и го мисли. Но, тоа не важи за психопатот кој страда од нарушување на менталното здравје.

Проблемите кај агресивниот нарцисоид се системски и се дел од неговата подлабока психологија, дел од неговиот карактер т.е. поствест. Тој може да се смешка, и да покажува интерес за другите луѓе околу него, но тој интерес не е вистински, тој е само одглумен со цел да се сокријат неговите вистински мотиви и емоции.

Партијата која во оваа колумна ја третираме како личност е токму таква: нивните лидери и политичката елита на оваа партија воопшто немаат никаков искрен интерес за проблемите на селаните, граѓаните, студентите, работниците и невработените. Тие глумат дека се грижат за она што ги загрижува обичните луѓе, со цел да ги убедат на некој начин да гласаат за нив и да им ја дадат власта и моќта да ги решаваат нивните проблеми. Но, кога ќе дојдат на власт – тие забораваат на сѐ што ветиле, бидејќи и никогаш тоа што го ветиле не го ветиле со искрен став. Нивниот интерес за проблемите на другите луѓе е одглумен и лажен.

Нив само ги интересира задоволувањето на нивните егоистички пориви – да се налапаат туѓи пари и да бидат имуни пред законите на правната држава. Истата психолошка карактеристика ја има и секој вистински психопат.

2. Прекумерно чуство за своето значење во општеството: психички пореметените личности ретко себеси се сметаат за психички пореметени личности. Со други зборови, тие  си се сметаат за нормални луѓе, додека оние другите (т.е. вистинските нормални луѓе), тие ги сметаат за всушност вистински болни.

Тоа и не би било толку чудно (секој себеси се смета за најдобар) туку она што е честа појава кај пореметените луѓе е дека некои од нив почнуваат да веруваат дека имаат некоја посебна задача и посебна цел во општеството. Ова се манифестира кај шизофреничните пациенти со верувањето дека некоја виша сила редовно контактира со нив и токму таа сила ги подучува да прават убиства, кражби, подметнување на пожари, насилства…

СДСМ себеси се смета за „државотворна партија“ која што не само што верува дека токму таа ја створила нашата независна татковина (иако е сосема обратно нејзиното делување во деновите на стекнувањето на сувереноста) туку и дека како таква е предодредена да владее со Македонија. Само СДСМ има комуникација со меѓународната заедница и тие виши сили комуницираат исклучиво со нив и само тие им кажуваат само ним што е правилно да се прави. Баш како да се шизофреници, социјалдемократите упорно веруваат дека само нивните ставови се правилни и дека е тоа така чисто поради фактот што тие се посебни, тие се нормалните, а сите други се ненормални.

Секој агресивен нарцисоид баш така размислува: јас сум најпаметен, и не само тоа, јас сум единствениот паметен, сите други се глупи и треба мене да ме слушаат. Ако ги заслушате изјавите на челниците на СДСМ, токму вакви мисли излегуваат од нивните соопштенија редовно. Па по таа логика, погрешно ли би било да се заклучи дека СДСМ е политички шизофреник? И ако е тоа вистина, дали треба да му се дозволи слободно да шета по политичката сцена?

3. Навика за перманентно лажење: секој психопат кој што сеуште не завршил во некоја институција каде што ќе го лечат е всушност и патолошки лажго. Лажењето е многу повеќе од начин да не бидат фатени, тоа е дел од карактерот на секој агресивен нарцисоид. Бидејќи нарцисоидноста во суштина значи да имате претерано високо мислење за себе, а тоа е многу ретко поткрепено со реалната состојба, мора да се замени недостатокот на факти со изобилие на лажни изјави.

За еден психопат – нарцисоид не е никаков проблем кога ќе се најде во друштво на еминентни експерти од некоја област да започне да се прикажува себеси како експерт баш за таа област и да почне да ги навредува другите соговорници со тоа што своите тврдења (во недостаток на аргументи) ќе почне да ги промовира агресивно – со омаловажување на стручноста на другите.

Класичен пример за ова ви е кога, на пример, СДСМ нема да направи своја програма пред некој изборен циклус и веднаш ќе се фрли на критикување на тимот кој ја составил програмата на противничката партија. СДСМ, во стилот на вистински нарцисоиден психопат, суштински вели: „да, точно е дека ние немаме програма, но таа програма што вие ја имате е погрешна“ или како најсвежа веризја „да, точно е дека ние немаме визија за тоа како треба Македонија да се развива, но визијата што вие ја имате ја води земјава во погрешна насока“.

При ова, СДСМ, како и вистинските психопати, никогаш не кажува во што е точно грешката на ставовите на соговорникот, туку само прејудицира дека бидејќи туѓите ставови се различни од неговите, по автоматизам се погрешни.

Психопатот како лидер на некоја група во опасност редовно ќе тврди дека има свое решение и дека под негово водство групата ќе се извлече, но тој нема решение навистина. А ако некој се појави во групата кој сепак ќе понуди свое решение, психопатскиот лидер ќе се почуствува загрозен и ќе стори сѐ да го дискредитира алтернативниот извор на решение.

Затоа, СДСМ секогаш кога нема решение за било кое општествено прашање (а СДСМ никогаш нема решение) редовно плука со сите сили врз оние кои сепак имаат некое решение. И при тоа постојано лажат, оти знаат дека вистината не е на нивна страна.

4. Склоност кон манипулирање на другите луѓе: класичен пример за психопат кој што ги лажел другите околу него и ги манипулирал со цел да му помогнат да ги оствари своите деструктивни пориви е Адолф Хитлер. Тој со години пред да дојде на власт во своите говори пред своите приврзаници глумел дека го посветил својот живот и својата мисла за напредокот на Германија, и поради очајната состојба во која се наоѓала тогаш нивната држава,

Германците му верувале во сѐ поголем број и на крајот, кога државата економски го допрела дното, го избрале да ги води во посветла иднина. Една деценија подоцна, Германија под водство на Хитлер била разурната земја во срцето на разурната Европа, со десетици милиони луѓе убиени како резултат на психопатскиот деструктивен стил на владеење на Хитлер.

Не мора еден психопат да биде баш Хитлер за да собере околу себе слаби личности кои ќе ги манипулира да работат против своите интереси верувајќи дека се предводени од човек со визија и мудрост. Секоја секта во суштина токму така функционира. Еден луд лидер кој своите следбеници ги лаже и манипулира да ги слушаат неговите наредби, на долг рок нанесувајќи си себеси штета.

Како што впрочем прави и СДСМ. Лидерите на оваа партија одлично знаат зошто ги застапуваат оние ставови кои што ги застапуваат и се совршено свесни дека нивните апашлуци и неспособност кога се на власт ѝ носат штета на Македонија и на нејзините граѓани.

Сепак, благодарение на огромниот медиумско – пропаганден комплекс кој го има под своја контрола, СДСМ е во можност редовно да ги манипулира своите гласачи (а тие за жал сеуште се бројат во стотици илјади) и да ги лаже дека она што го прават – кога гласаат за СДСМ – всушност е за нивното добро. СДСМ никогаш нема да престане да ги манипулира своите гласачи, бидејќи ако им ја каже вистината, дека сѐ што правел и што прави го прави со цел на грст олигарси и политиканти да им обезбеди финансиска и општествена моќ – никој не би гласал за нив.

Како вистински психопат, како вистински патолошки лажго, СДСМ има потреба да ја крие вистината за себе од своите следбеници. Оти вистината е премнгоу грда и непријатна и таа може сосема да ја уништи Партијата. Само ако луѓето би сфатиле кои се вистинските мотиви на социјалдемократите – тоа би бил крајот на удобните кариери на стотици експерти, политичари, функционери…

5. Неприфаќање на сопствена одговорност за последиците од своите активности: агресивниот нарцисоид не би бил нарцисоид ако било кога признае дека самиот е крив за некоја своја грешка. Тоа е суштинската дефиниција за поимот „нарцисоид“: човек кој мисли за себе сѐ најдобро, дека е совршен, дека е безгрешен, дека она лошо што се случува околу него не е негова вина, туку дека тоа неговите непријатели го организирале со цел да го дискредитираат.

СДСМ е јасно како бел ден – нарцисоидна партија. Последиците од нивното владеење се катастрофални и ги содржат со себе уништените соништа на цели генерации млади луѓе во нашата земја чија што иднина ја избришаа погрешните економски и политички потези на владите на СДСМ. Аферите и скандалите како ТАТ или Приватизацијата се само видливи форми на деструктивноста на политичката елита на нашата левица. Тие беа само концентриран изблик на неспособноста и апашлукот кој СДСМ редовно го манифестираше кога ја имаше политичката моќ во Македонија.

Целата логика која го води и држи СДСМ е погрешна. Дури и да успеат да ги избришат (или барем сокријат) сите крадци од своите редови, сепак поради погрешните економски и општествени теории на нивните експерти, тие на власт не би знаеле да направат нешто добро за државата ни.

И еве го сега нарцисоидниот дел: тие за тоа не се свесни. Не се свесни дека Маркс не бил во право, не се свесни дека мешањето на државата во еконмските текови треба да се избегнува, не се свесни дека прогресивното оданочување е штетно, не се свесни дека одржувањето на шверцерска економија ја уништува државата. Не се свесни дека се системски погрешни.

И затоа се тие како вистински психопати. Првиот симптом на нивната идеолошка болест е да мислат дека тие не се идеолошки болни.

А лекот? Лекот е изолацијата и да се држат што е можно подалеку од било каква власт или можност да донесуваат одлуки. Ако гласачите ги држат подалеку од позицијата на моќ, тогаш после еден, два, три мандати, некој таму би требало да сфати дека некаде греши. И кога ќе сфатат дека грешат, кога ќе сфатат дека им треба помош, можеби и ќе ја побараат. И можеби тогаш, конечно ќе добиеме здрава опозиција кај нас. Да се надеваме, за добро на демократијата, дека СДСМ, еден ден, ќе оздрави.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: