Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ДОМОТВОРНОСТ ПРОТИВ ДОМОЛОМНОСТ

leave a comment »

Домоломно мото: „зошто да се бориме, кога можеме да се предадеме?“

Што ги спојува во иста група оние кои сакаат некои луѓе да имаат право на слободна сексуална самоопределба со оние кои не сакаат некои други луѓе (Македонците) да имаат право на слободна национална и идентитетна самоопределба? Како е можно едни исти луѓе да сметаат дека ако има црква на плоштад тоа ќе биде грда глетка, но ако на истиот плоштад се организира „геј парада“ тоа нема да биде грда глетка? Објаснувањето лежи во разликите во менталитетот означени со двата нови зборови кои се споменати во насловот. (патем, на сликата е прикажано универзалното знаме на домоломната идеологија)

* текстов е првично објавен на 14ти април 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/222755

1. Ставови кон античката историја и археологијата: разликите меѓу оние луѓе кои се следбеници на домоломната идеологија и оние кои се подржувачи на домотворната идеја во нашата земја, започнуваат од односот кон нашата древна историја.

Оние домоломните (најголемиот дел од нив се од левицата, но тука се и некои десничари) се апсолутно подготвени да се откажаат од било каква врска на сегашните Македонци со древните Македонци, оние од времето на Филип и Александар. И тоа навидум нема смисла, бидејќи при жив и здрав историски континуитет зошто било кој народ би се откажал од своето минато, особено ако е тоа славно, како нашето што е?

Погледнете ги само домоломците кои се: од левата страна имате уредници на весници кои никој не ги купува, водители на емисии кои никој не ги гледа, лидери на партии за кои никој не гласа, некогашни премиери и поранешен претседател кои додека беа на власт беа толку корумпирани и неспособни што – сега веќе не се на власт и немаат изгледи да се вратат на власт.

Од десната страна имате подржувачи на некогашниот Војвода (заедно со него на чело): „македонски бугари“ кои со своите теории за бугарското потекло на македонскиот народ никого никогаш не успеаја да го убедат во вистинитоста на своите тврдења, политичари чија партија на локалните избори доби седум пати помалку гласови од партијата од која беа избркани пред пет години (па уште и се радуваат на тој „успех“), и се разбира харизматичниот Љубе кој при сета негова харизма и шарм доби два и пол пати помалку гласови во споредба со анонимниот Иванов и уште кутриот смета дека е „морален победник“ на изборите!

Од другата страна ги имате домотворните политичари кои ја имаат подршката на мнозинството гласачи и тоа на секое ниво на власта – локално, парламентарно, претседателско. Домотворни се оти знаат дека нема иднина за овој народ, без да ја знае и да ја цени тој народ својата историја. Колку пославни предци има сегашната генерација на некое семејство, толку повеќе таа генерација ќе има мотив и самата да први големи дела,  за да не ја расипе семејната традиција на достигнувања.

Домотворен менталитет е кога споменот на своите успешни предци го чуваш за да те постетува дека поради твојата поврзаност со нив и ти можеш да бидеш успешен како тие што биле. Домоломен менталитет е кога споменот на твоите успешни предци го бришеш, затоа што си свесен дека не те бива да постигнеш ни половина од половината од половината од она што тие го постигнале.

2. Ставови кон религијата и секуларизмот: како што пишував во една претходна колумна, припадниците на левицата никогаш не можат навистина да бидат патриоти, ниту пак религиозни по таа логика, бидејќи основна карактеристика на левичарската психологија е – стравот од стандард т.е. одбивањето да се прифати било што за репер според кој ќе се споредува она што се прави. Со други зборови, левата сила бега од „вишата сила“ оти всушност не може да ги прифати и спроведува моралните стандарди кои се темелен дел на секоја религија.

Од тука она папагалско повторување на фразата „црквата треба да е одвоена од државата“ и нејзиното користење за да се минира секој обид за промовирање и преродба на духовноста кај Македонците. Не сакаат тие црквата да биде одвоена од државата, оти тие со неа немаат проблем, тие би сакале религијата т.е. моралните вредности кои таа ги промовира да се одвоени од државата и да се тргнат подалеку од погледот на граѓаните.

Ако имате цркви на плоштадите и веронаука во школите, луѓето нема да ги направите по автоматизам верници и луѓе со повисок морал, исто како што поставувањето на сообраќајни знаци и обуката за возачка дозвола не ги прави луѓето посовесни возачи. Но, тоа ги запознава луѓето со стандардите и ги тера тие стандарди (ако веќе не можат кај себе да ги достигнат) да ги бараат од своите лидери и особено од политичките лидери.

Луѓето кои имаат домотворен менталитет никогаш не бегаат од одговорностите оти тие се токму тоа – одговорни и зрели луѓе. Оние со домоломен менталитет ја користат секоја прилика да ги отфрлат и омаловажат моралните стандарди и барања – оти тие повикуваат на одговорно однесување, а секој домоломец добро знае дека токму неодговорноста и незрелоста го прават вистински домоломец.

3. Ставови кон семејството и геј – браковите: еден мој пријател, заколнат приврзаник на десницата, пред неколку дена коментирајќи ги протестите на плоштадот против изградбата на црквата и составот на групата која протестираше рече: „скоро сите педери се членови на ес-де-ес и скоро сите членови на ес-де-ес се педери!

Оваа негова констатација веројатно само половично е точна (првата половина), бидејќи како што на сите ни е познато, бројот на фронтови на кои раководството на нашата опозиција води борба за подривање на иднината на македонската нација е многу поголем од двете прашања кои геј активистите ширум светот единствено ги интересираат – озаконување на истополните бракови и можноста за посвојување на деца во семејства со „родители“ од ист пол.

Значи, да се вратиме на прашањето од самиот почеток на текстот: што е тоа што во иста група ги спојува борците за тоа сексуалната определба на хомосексуалците да биде почитувана и прифатена од сите други, со грчките платеници и изроди во редовите на нашата опозиција кои не сакаат Македонците да имаат право нивната национална определба да биде почитувана и прифатена од сите други?

Домоломниот менталитет, заеднички и за хомосексуалците и за нашите опозиционери, ете тоа ги спојува. Да ги баталиме за момент сентименталните и емотивните аспекти на бракот и семејството како институции и да се концентрираме строго на економскиот аспект.

А тој вели дека кога мажот и жената создаваат заеднички помоци, тогаш за да биде осигурана грижата за тие потомци, најпрактично е и таткото и мајката да ја признаат и прифатат својата одговорност кон своите деца и токму тој чин на признавање на одговорноста се вика – брак, а системот во кој се извршуваат обврските спрема децата и спрема брачниот партнер се вика – семејство.

Бидејќи хомосексуалците очигледно не можат да создадат заеднички потомци, која е тука логиката тие да стапуваат во брак? Реков, настрана сите сентиментални и емотивни работи, но геј браковите немаат никаква економска логика! Ако има љубов меѓу двајца – тогаш не им треба брак за да се сакаат, но ако има деца како плод на таа љубов, тогаш некаков договор за економско одржување на тие деца е неопходен, а најпрактичен систем за тоа е бракот. И затоа, геј браковите се бесмислица од практичен аспект, а непотребни од емотивен аспект.

За активистите кои сакаат да се озакони овој тип на брачни заедници не е крајната цел да се интегрираат хомосексуалците во постојните културолошки норми, туку постојните културолошки норми да се дезинтегрираат со тоа што ќе бидат доведени до апсурдна состојба. Со други зборови, да се направи „лом на домот“ што е крајна цел на секој домоломец.

И токму тука се сретнуваат геј активистите и левичарите наши, токму тука. Животот во едно хармонично семејство ги учи децата на одговорност, не само да ја даваат туку и да ја очекуваат од другите. Воедно, општопознат факт е дека родителското искуство ги менува луѓето и генерално (не секогаш, но најчесто) од нив прави поодговорни луѓе кои мислат не само на сегашноста, туку и на иднината.

Ако мнозинството од луѓе имаат семејства (вистински семејства, со деца, не геј „семејства“) тогаш мнозинството на луѓе постојано ќе мислат на иднината и ќе бараат и очекуваат од сите околу себе одговорно однесување. А токму тоа – левичарските политичари никогаш не можат да го овозможат. Нивните економски теории се засновани врз крадење од иднината за да се финансира сегашноста (за разлика од десничарските економски теории за кои штедењето во сегашноста е неопходно за да се обезбеди иднината).

Борбата да се деградираат семејството и бракот како основни институции на општеството е крајна цел на сите домоломци. Колку помалку луѓето имаат допир со своето семејство, колку помалку веруваат во семејните вредности т.е. колку помалку се интересираат за иднината, толку повеќе ќе бидат подготвени да ги прифатат економските и општествените теории на левицата.

4. Ставови кон патриотизмот и идентитетот: за оние кои имаат домотворен менталитет, да имаш своја држава е како да имаш своја куќа, и обратно. Домот е местото каде што се чуствуваш како дома – слободен, сигурен, свој на своето. Својата сопствена држава е пак земјата каде што се чуствуваш најдобро – свој на своето, сигурен и слободен.

Се разбира, ако веќе имаш своја куќа, тогаш за да уживаш во нејзините благодети мораш и да се грижиш за неа. Поправки на разни дефекти, чистење на прозорците, редовно перење на завесите и теписите, работа во дворот и градината – за да личи домот твој на домаќинска куќа! Нема слобода без одговорност. Грижата која што ја вложуваме во одржувањето на нашата куќа е цената која ја плаќаме за да нашата куќа биде нашиот дом. И сосема истиот принцип е на ниво на држава, ако веќе ја чуствуваме својата држава за своја татковина. Мораме да се грижиме за неа, но токму тоа е цената која ја плаќаме за да биде таа нашиот дом.

Тоа е суштината на домотворниот менталитет.

Но, човекот со домоломен менталитет е мрзлив, глупав, неспособен, неодговорен. Дајте му куќа на еден домоломец, и тој за само неколку месеци ќе ја претвори во гнасна кочина. Затоа што за него одговорноста да се грижи за било што, па и за својот сопствен дом е нешто што најмногу го нервира. И затоа домоломецот сонува да ја продаде својата куќа и со парите да си најми соба во хотел, каде што некој друг ќе се грижи за сите куќни поправки, некој друг ќе ги пере чаршавите, теписите и завесите – некој друг ќе работи, за да може на мира да ужива во својата слобода домоломниот човек. Додека не ги потроши парите од продажбата на куќата…

Истиот однос, домоломните луѓе во земјава наша го имаат кон Македонија и патриотизмот и националниот идентитет. За нив, ако цената за влегување во ЕУ и НАТО (хотелот) е да ја продадат Македонија (својата куќа), тогаш – тоа е одлична зделка. Затоа што тие се мрзливи паразити и неспособни готовани кои сонуваат за свет во кој нема да мораат бидат одговорни. За домоломните политичари во Македонија откажувањето од националниот дом, е откажување од одговорноста да се грижат за тој дом.

И тоа е суштината на домоломниот менталитет.

Конечно, имаме ли идеолошки судир во Македонија? Гледајќи што се случува во последниве месеци на политичката и општествената сцена во земјава, слободно можеме да кажеме дека после две децении на водење на борба меѓу големите партии по принципот „симни се Мурто за да се качи Курто“ конечно ерата на идеологијата почна да настапува.

Иако се разбира, кариеристичките мотиви на политичките елити од двете водечки политички групации нема никогаш да исчезнат, нивните гласачи, оние кои им ја даваат моќта на избори, во иднина нема да размислуваат за тоа кој политичар ќе им даде вработување во државна фирма, оти тие ветувања повеќе на палат (од таму и нискиот одзив на последниве избори). Оние кои во наредните изборни цилуси ќе одлучат да излезат на гласање, нема да го прават тоа поради ветувањата за бесплатни подароци и други поткупи.

Државната администрација е преполна со партиски вработени и нема веќе место за нови вработувања. Затоа, остана само идеолошката борба, она нешто што во САД меѓу Републиканците и Демократите се нарекува culture war (фразава, преведена на македонски звучи многу нелогично и затоа не ја преведувам).

Во Македонија, судирот ќе биде на идејна основа, помеѓу двете групи на луѓе: домоломците и домотворците. Меѓу оние на кои не им е грижа за Македонија и на оние кои ја сакаат својата земја, меѓу оние кои се подготвени да го урнат семејството како институција за да го засилат своето гласачко тело со луѓе кои не размислуваат за иднината, и оние кои го подржуваат семејството и моралните вредности на кои тоа почива затоа што ним како на политичари кои ја градат иднината ќе им требаат токму гласачи кои и самите постојано размислуваат за иднината на своите деца.

Во нашата политика, судирот меѓу Мурто и Курто заврши. Во наредните години, политичката борба ќе се води помеѓу домаќините и параспурите, помеѓу домотворците и домоломците. И тоа е добро, бидејќи тоа е конечно знак дека нашата политичка сцена созреа. Уште гласачите конечно да созреат и јасно да сфатат што сакаат во животот и – ќе нѐ биде како држава.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: