Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЗОШТО ЛЕВИЦАТА НИКОГАШ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПАТРИОТСКА?

with 25 comments

Ако ве збуни ориентацијата, што е лево, а што десно на сликава, тоа да знаете дека е намерно

Левицата како идеологија е глобално распространета и е исклучително широк поим, и затоа е невозможно да се опише еднозначно, па затоа, во овој пост, ќе се задржам исклучиво на македонската левица, како политичката така и интелектуалната – експертска.

* текстов е првично објавен на 5ти март 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/214784

Ако ги разгледате еволуциите на ставовите на македонските политичари кои себеси се нарекуваат левичари, како и на лево ориентираните интелектуалци и „интелектуалци“ во нашата земја, како основна константа, како нешто што сите го имаат заедничко (без оглед на нивнитие разлики) е – стравот од стандард или неприфаќањето на репер. Што значи ова?

Стравот од стандард означува упорно и речиси патолошко одбивање во општествените односи да се постави некој стандардизиран лик или појава или идеја според која ќе се проценуваат другите општествени ликови, појави или идеи.

Најсвеж пример кај нас е ликот на Александар Македонски, човек кој македонската левица да може (да е на власт) би го избришла од македонската историја. Александар Велики е нашиот историски стандард, нашиот лидерски репер, според  чии достигнувања можеме да ги мериме и да ги оценуваме другите лидери во нашата историја.

Погледнете ги околните земји. Територијата на Бугарија некогаш не се викала Бугарија (т.е. Б’лгарија) туку била составена од два речиси неповрзани региони, Тракија и Мизија. Албанија некогаш не се викала Албанија (т.е. Шкиперија) туку заедно со голем дел од Црна Гора се викала Илирија. Косово не се викало Косово, туку Дарданија (ова значи „земја на крушите“ ако не сте знаеле). Македонија од друга страна, пред безмалку 30 векови се викала исто како што се вика денеска – Македонија. Зошто е тоа така? Кој е „крив“ за тоа?

Крив е Александар и неговите достигнувања. Народите кои ја населувале Тракија, Мезија и Илирија никогаш не дале некој значаен лик во својата историја поради кој целиот свет би ги запаметил како родни места на тој значаен лик. Но, Македонија го дала и тој не само што е најзначајниот лик во нашата историја, туку и еден од најважните и највлијателните личности во светската историја.

И токму затоа тој им пречи на денешните наши левичари. Затоа што во споредба со него, во споредба со тоа време, нивните политичко – лидерски достигнувања делуваат бедно и патетично. Се разбира, во однос на Александар Велики, сите македонски лидери од тогаш па наваму делуваат млако, но барем некои од нив (Јустиниан, Самуил, Карпош, Илинденците, АСНОМците…) се обиделе да копираат дел од неговите карактеристики и со тоа барем малку да се доближат до неговиот успех, до стандардот што тој го поставил.

Нашите левичари кога беа на власт беа сфателе дека немаат никаква шанса да направат било што што би помогнало да заличат нивните напори барем малку на оние на најголемиот Македонец, пред сѐ поради тоа што беа длабоко мрзливи и страшливи пред странците (од Белград и од Брисел) па затоа, за да не заличат во очите на народот кој го водеа мизерно, тие направија сѐ во годините на едноумието да го запостават неговиот лик и дело. Бидејќи споредени со него и неговите следбеници, тие и нивните следбеници делуваа смешно.

Затоа е сега таа борба да се исфрли Александар од нашиот идентитет. За да немаат Македонците стандард на вистински успешен водач спрема кој ќе ги споредуваат денешните свои водачи.

Стравот од стандард македонската левица ја тера и да биде против црквата и религијата воопшто. Зошто? Бидејќчи суштината на религијата е во нејзините морални стандарди – строги норми кои кажуваат што може да се прави и тоа да биде сметано за добро, а што не смее да се прави оти тоа ќе биде сметано за лошо.

Левицата бега од стандард и сака себеси да се постави за единица мерка, за репер за политичка идеја. По таа основа, левицата бара да се заборави сѐ друго кое има морална поука и да се прифати флуидната дневнополитичка „моралност“ на левичарските идеолози.

Ако ги погледнете десетте божји заповеди и ги споредите со ставовите на левичарските политичари од било која земја и било кој период на историјата ќе забележите дека тие се во директна спротиставеност. Левицата го отрфла Бога и на негово место за обожавање го става Големиот Водач (Ленин, Сталин, Тито, Мао…), левицата посакува она што е туѓо да го земе и стави под контрола на колективот (т.е. држават), левицата ја деградира забраната против прељуба со деградирањето на институцијата брак, забраната за убивање ја деградира преку логорите за неподобните оштествени класи, забраната за лажење (т.е. лажно сведочење) ја деградира преку забраната на слободата на печатот и непрестајната пропаганда од државните медиуми на кои единствено им е дозволено да постојат…

Стравот од стандард ја тера левицата да се противи и на развојот на слободниот пазар. Бидејќи, само на слободниот пазар, каде што секој има шанса да покаже колку „му сече ак’лот“ и да направи свој бизнис и да просперира или да банкротира, само во таков систем може да се покаже кој е паметен за економија, а кој не е. Но, токму тоа ги плаши левичарите. Оти во такви услови, на слободна конкуренција, тие ни приближно (поради својата мрзливост и суетност) не можат никогаш да се надеваат дека ќе се докажат како успешни.

Сонот на левицата е државата активно да ги контролира економските текови во општеството, со цел да се спречи било кој, само затоа што е паметен бизнисмен, да се збогати. За левицата, неправедно е оние кои работат паметно да заработуваат повеќе.

За левицата, државата мора да воведе едно чудно дозволи, контингенти, прогресивни оданочувања, бордови за акредитација, субвенции за непрофитабилните бизниси – со цел оние левичари кои не можат да просперираат на слободниот пазар (професори, академици, „авангардни“ уметници…) да можат да преживеат и со добиената плата од државата да глумаат економски успех.

Левицата бега и од размислувањето со своја глава и независното истражување токму поради стравот од стандард кој е длабоко всаден во нејзиниот идеолошки карактер. Бидејќи, ако им дозволите на луѓето да истражуваат, да размислуваат, да докажуваат дека можеби официјалната верзија на некој настан е погрешна, тогаш се руши догмата која левичарските режимски академици, историчари или економисти ја дефинирале како вечна и непогрешлива.

Силата на догмата е во авторитетот – ако некој овчар од Монголија зборува за економската политика во Македонија, никој нема да го слуша, но ако некој професор доктор академик од некој овдешен економски факултет каже нешто за истото прашање, тогаш неговите ставови се поприфатливи оти тие се изречени од „признат авторитет“.

Но, прашањето е кој ги признал авторитетите кои ги признаваат авторитетите кои треба да нѐ учат што е правилно а што неправилно? Историчарите од постарата генерација кај нас се сите со тапија од УДБа, која пак по директива од Белград на времето имала за задача да го задуши било кој изблик на македонската национална гордост.

Економистите од постарата генерација, со чест на ретки исклучоци, сите учествувале како советници и експерти во приватизацијата од средината на ’90ите кога беше изведена најголемата пљачка во Македонија. По кој основ, овие акедемици, професори, доктори на науки се релевантни да зборат за економија сега?

Сепак, најголем авторитет, непобедилив и неуништлив е логиката! А логиката, пуста останала, е секогаш логична и нема потреба да се потпира на некој авторитет за да биде прифатена за точна. Таа е евидентна, очигледна, конзистентна и разбирлива за секој кој има барем просечна интелигенција.

Логиката е најсилниот стандард и токму затоа од неа левицата беа како ѓавол од крст. До логички конзистентни одговори на многу прашања од нашата историја, култура, политика и економија може да се дојде само преку поставување под знак прашалник на авторитетноста на авторитетите. Т.е. на лажните авторитети. А ако ги поставите под лупа нашите авторитети од гореспоменатите области, добивате догми и митови. Нема логика.

Затоа во образованието левицата се противи на зголемување на бројот на фалкултети и на приватизацијата и ширењето ан алернативните начини за едукација. Оти, кога човек учи од независни извори, кога своите заклучоци ги добива по долго трагање и оценување на спротиставени теории и интерпретации – тешко му паѓа потоа да ги цени и возвишува догмите на „авторитетите“.

И така, дојдовме до прашањето од насловот: „зошто левицата никогаш на може да биде патриотска?“. Затоа што патриотизмот е пред сѐ љубов кон татковината, а не кон владеачката партија, не кон грст политиканти кои во тој период ја држат власта. Кога човек е искрен патриот, тој своите политички ставови и одлуки (на избори) ги донесува според тоа што е добро за неговата земја, а не за неговата партија.

Нашите гласачи се патриоти, во најголемиот дел. Тоа обајснува зошто кај нас никогаш не успеала да се наметне ултралева партија или ултрадесна партија. Затоа што екстремните политички движења не водат кон прогрес и по таа логика, гласачите ги отфрлаат редовно на избори. Пред седум години, СДСМ дојде на власт со 500.000 гласови од луѓе кои сметаа дека партијата на Љубчо Георгиевски не работела во текот на својот мандат во интерес на државата.

Денеска, СДСМ не може да се надева ни на половина од тие гласови, а и таа бројка полека се топи со секои наредни иозбори. Истовремено, Љубчо, жигосан уште во 2000та на локалните избори кога доби само 150.000 гласови, по излегувањето од ВМРО-ДПМНЕ си основа нова апритја, која исто така потона.

Луѓето чуствуваат дека сегашната гарнитура која раководи со десницата кај нас работи, колку толку, во интерес на татковината. Работи на развој на правна држава, на општество на знаење, инвестиции и економски просперитет. Воедно, го чува националтното достоинство, колку што тоа го дозволуваат условите.

Ако утре раководителите на десницата се зафатат со продавање на националните интереси со цел да си го наполнат џебот свој, ќе им се случи истото што му се случи и на Љубчо. Никој не гласа за Груевски затоа што е многу убав, висок и елоквентен, туку затоа што тој работи во интерес на македонскиот напредок. Ако утре тој го батали тоа, народот ќе го батали и него.

И конечно: токму затоа левицата наша не може да биде патриотска. Затоа што таа е неспособна да работи за македонските национални интереси, поради своите незнаење, мрзливост и злоба, поради желбата за збогатување на сметка на некој друг т.е. народот. Тоа сѐ повеќе луѓе го согледуваат и затоа тие не можат да пркнат и после два изборни порази и престојниот трет.

Затоа и толку напрно работи на уништување на патриотизмот и било кое национално чуство кај Македонците. Оти кога човек е патриот, тој ги става интересите на Македонија секогаш пред интересите на Партијата, било која и да е таа партија. Затоа левицата мора да ја избрише Македонија од мислите на Македонците. Затоа што Македонија, кога ќе ја нема, кога ќе го нема стандардот кон кој ќе се стремиме, кога немаме историја која ќе нѐ инспирира, кога немаме религија која нѐ учи да бидеме добри и морални личности – тогаш единствениот авторитет е Партијата и Големиот Водач.

off topic: која е девојката на сликата? Станува збор за индиската актерка Пријанка Чопра, една од најубавите жени во Индија и некогашна мис на свет! Најдов еден постер за еден нејзин филм, го преработив набрзина и ја добив горната слика која го краси денешниот мој пост. Ако ја замислиме Пријанка како Македонија, веројатно на овој линк ќе можете да видите што Пријанка (т.е. Македонија) ќе избере на престојнит избори.

25 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Анти-патриот

    17/09/2010 at 15:34

    • Очигледно јас не се согласувам со него.

      Да, неговиот текст е објавен на веб-страна чиј линк го има на мојот блог во блог-ролот.

      Но, ако го ставиш поинтерот од маусот врз тој линк (не да кликнеш, туку само постави го поинтерот врз линкот) ќе видиш и мој коментар за тој сајт: „повеќе го ценам Учителот (Мизес) одошто Учениците (газдите на сајтот).“

      Така да, ако ги прочиташ книгите на Лудвиг Фон Мизес, ќе сфатиш колкава разлика има меѓу идеите на Мизес и идеите на Мизесијанците.

      А зошто не се согласувам со авторот на горенаведениот текст еве: https://blogatash.wordpress.com/2010/01/07/♦-домотворност-против-домоломност/

      И уште, патриотизмот првин треба да се договориме што точно значи, а и капитализмот што точно значи, па да видиме дали се спротивни еден на друг.

      Џабе е да се дебатира ако збориме дефакто на два различни јазици: https://blogatash.wordpress.com/2010/01/08/♦-сите-дебати-се-потполно-бескорисни/

      Еве за крај мисла водилка: патриотизам: нема богати Македонци без богата Македонија; капитализам: нема богата Македонија, без богати Македонци.

  2. Разликата е помеѓу мизесисти и хаекисти.
    Јас пак потполно се согласувам со текстот на Кели.
    Што значи патриотизмот пак, исто стојам на идејните позиции на Кели.
    Дека Македонија е богата ако има богати Македонци не е вистина, тоа кажува дека има и богати и безимотни. Според тоа, патриотизмот важи само за поединци – богати Македонци (чиј имот треба да се реприватизира).

    Анти-патриот

    18/09/2010 at 18:05

    • Убаво, ама јас не сум ни Мизесист ни Хаекијанец ни пак Фридманист.

      Некои идеи и ставови во мојата економска мисла ги имам земено од Мизес, некои од Хајек, а некои од Милтон Фридман. Некои идеи и од други економисти како Бастијат и Рикардо, на пример.

      Еве, Мизес е заговорник на златниот стандард. Фридман е против златниот стандард.

      Јас сум против златниот стандард и се залагам за пливачки курс на денарот.

      За патриотизмот и богатството: патриотизмот на сиромашните е за поздравување ама е стерилен. Оти што може сиромавиот да направи за татковината освен можеби да загине на бојното поле каде што ќе го прати некој неспособен офицер што својот чин го добил по непотистичка линија?

      Богатиот Македонец може да изгарди цркви, да спонзорира спортски тимови, да дава стипендии на млади луѓе да се образуваат, да плаќа за уметнички дела и книги што ќе ја развиваат националната култура…

      Што повеќе богати Македонци тоа поголеми се шансите да остават нешто за идните генерации.

      Сиромашните ништо не можат да остават за идните генерации оти и за нив ништо нема.

      Заклучок: нема горда, силна и богата Македонија без горди, силни и богати Македонци.

      Каков народ таква и државата е. Скапан народ – скапана држава.

      И да се надоврзам на твојот текст на блогерај за дворовите: џабе ни е стадион од 50 милиони евра кога репрезентацијата не вреди ни за пет пари.

  3. Сиромавиот не го праќа некој неспособен офицер на бојно поле туку државата. Ако се работи за докажуање републиканец воин на бојно поле тогаш не треба да бидат исклучени ни богатите Македонци. Ама за жал, политичарите се поткупени од богатите. Зошто поинаку државата би ја негувале политиката на природна стапка на невработеност од 6% ? Токму таа резервна армија од невработени лица гинаа во Ирак и Авганистан. А, како тоа сиромашните не можат да остават за идните генерации ништо? Зарем не се тие наемна работна сила? Богатиот Македонец сам да не ги гради црквите итн.? И што патриотизам има во градењето цркви? За да ги пљачкаат сиромашните Македонци со своите ординарно скапи ценовници што се коси на целото библиско учење?

    Анти-патриот

    18/09/2010 at 20:45

    • Верувај ми, на бојното поле сите наредби ги издаваат неспособни офицери. Јас сум бранител од 2001та, така да верувај ми, неспособни идиоти командуваа.

      Се разбира дека богатите ги поткупуваат политичарите, кој друг би можел да ги поткупи, сиромашните немаат пари.

      Политичарите секогаш и секаде ќе бидат поткупливи, тоа е факт и нема што да се нервираме. Бидејќи никако не може да се смени тоа, треба да се прилагоди човек на тоа. Кога врне можеш џабе ќе го пцуеш времето подобро е да си носиш чадор.

      Во Ирак и Авганистан не гинат невработените Американци ами војници – професионалци. Никој не ги тера со сила да се пријават во Армијата туку тоа го прават оти самите решиле. Има милиони невработени, па не се сите во Армијата. Од таму, секој кој што е војник на САД и Британија сам решил да оди во војска.

      Можел да седи дома и да зема социјална помош, ама ете, решил да оди во војска.

      И пак, сиромашните не градат цркви. Богатите градат цркви. Градител не е оној што меша малтер и реди цигли, туку оној што дава плата за ѕидарите и оној што ги купува циглите и цементот.

      Конечно, во градењето на цркви има многу патриотизам. Никој не ги пљачка сиромашните Македонци таму, оти секој што оди во црква тоа го прави по своја волја. Никој не те тера со сила да одиш во црква.

      А што се однесува до твојата забелешка дека „Зошто поинаку државата би ја негувале политиката на природна стапка на невработеност од 6%?“ би ти одговорил дека – не знаеш што збориш.

      Каква природна стапка на невработенсот, кои негувања, бре човек? Секој политичар на власт би бил пресреќен да има 0% невработени, за да може да се фали со тоа и да добие уште еден мандат.

      А тоа што сепак има невработени е последица на погрешните економски политики (од незнаење и глупост на политичарите) кои вовеле високи даноци и многу бирократија.

      Секој вработен во државна служба им ја краде платата на двајца во приватниот сектор. Тој е непродуктивен, тие се продуктивни.

  4. Ти ми кажуваш да не се нервирам поради фактот што политичарите се поткупливи? А зошто да не размислуваме во насока на тоа како да се ослободиме од нив како би граѓаните непосредно одлучувале за сите прашање за коишто се озаконети да гласаат политичарите? Секако дека да. Зборуваме громогласно за тоа како сакаме пониски даноци и ни малку бирократија, а песимистички изјавуваме дека ни нема спас од политичарите. Тогаш зошто воопшто ги критикуваме? Или имаме недоверба во граѓаните самите да одлучуваат како ќе се оданочуваат и решаваат за ребаланс на буџетот?

    Од почеток велиш дека во Ирак и Авганистан не гинеле невработени Американци туку професионални војници, а потоа велиш можеле и во спротивно да земаат социјална помош, но ете решиле да одат во војска. Кој ќе оди во професионална војска? Оној Американец кој годишно заработува над 350 000 долари или оној кој заработува само 50 000 долари? Се разбира дека тоа ќе биде понеимотниот Американец, или невработено лице. Затоа на Вашингтон поткупен од олигархиите му одговара одредена стапка на невработеност како би манипулирал со волјата на граѓаните кои заради егзистенција, своја и на своето семејство, ќе се решат да одат и во професионална војска.

    Твоето тврдење дека владата нема право да ги оданочува нивните пари, тие ги заработиле, а владата нема право да ги „краде“ е делумно точно. Сепак, овие поединци не би можеле да заработат ни скршен денар на слободниот пазар без било која од следните владини поддршки за слободниот пазар: 1.Печатејќи вистински банкноти од денари со коишто луѓето тргуваат. 2.Јавни патишта. 3.Рурална електрификација. 4. Владина субвенционирана телефонска мрежа. 5.Полициска заштита. 6.Воена заштита. 7.Кривичен правосуден систем. 8.Противпожарна заштита. 9.Здравствена заштита. 10.Едуцирана работна сила. 11.Заштита против заразни болести од Центрите за контрола над зарази. 12.Јавно финансирани бизнис заеми, кредити и субвенции. 13.Заштита од бизнис измами и неправедни бизнис пракси. 14.Заштита на интелектуална сопственост низ патенти и авторски права. 15.Студентски кредити. 16.Истражување и развој финансирани од владата. 17.Национална академија на науките. 18.Денари заштитени од инфлација од страна на НБРМ. 19.Јавни библиотеки. 20.Служба на национално време. И многу други државни сектори.

    Анти-патриот

    19/09/2010 at 12:02

    • Хе, основната грешка што ја прават сите борци и застапници за непосредна демократија е што токму она што ги тера кон непосредна демократија е баш последица на непосредната демократија.

      Да појаснам, сега засега народот има право да избере непосредно кои партии ќе бидат во парлементот и во кој распоред на силите. Па гледаш какви погрешни одлуки на секои избори носи народот🙂

      И ти сметаш дека гласачите кои непосредно избрале килав парламент треба да можат да гласаат за буџет, закони…?

      Не дај Боже!

      Додека народот не се изпраксира да избира саглам политичари не треба да има право да бира за поважни работи. Какви гласачи, таква власт.

      Она за невработените Американци ич нејќам да се расправам. Владата нема интерес да има повеќе невработени луѓе за да има кој да оди во војска/ војна, оти што повеќе вработени во приватниот сектор, тоа повеќе даноци, тоа полесно ќе може државата да си купи оружје модерно и да понуди поголеми плати на потенцијалните војници. Америка има 300 милиони жители, па околу еден милион војници лесно ќе најде од тие 300.

      Така да тие муабети за „заговор“ за да има намерно невработени не се реални. Не е тоа намерно туку е последица на глупоста на политичарите.

      Во крајна линија ако нема Амирканци доволно за војска, ќе си формира своја легија на странците, како што тоа во франција постои. Така да нема потреба да се жртвува намерно стандардот на граѓаните за да има кандидати за војници.

      Конечно, не велам јас дека не треба да има никакви даноци и да нема држава. Јасно ми е дека мора да има одредени системски рамки и јавни услуги. Ама поентата е дека има премногу бирократија непотребна и премногу големи даноци следствено.

      Не велам јас дека луѓето не треба да пијат пиво, ама едно пивце е добро за расположение, но десет пива да мавнеш одеднаш не се. Разликата е во мерката.

      Премногу држава е лоша држава. Премалку држава е лоша држава. Тамам држава е добра држава.

      На пример твоето тврдење дека е добро да има владина субвенционирана телефонска мрежа е без везе, оти кога имавме државен Телеком, имаше скапи телефони, скапи приклучоци и скапани врски. А со приватизацијата и либерализацијата сигнавме до тоа секое дете има мобилен.

      Што се однесува до јавно финансирани заеми за приватните фирми и лица, сети се на Асиба МГ кога државата гарантираше за заемите на таа фирма па кога фирмата пропадна газдите си избегаа со парите.

      А денарите не се заштитени од инфлација. Барем не на долг рок. Секоја година се задолжуваме со кредити за да се одржи курсот на денарот на нереално високо ниво. Еден ден ќе нема кој да ни дава кредити оти ќе немаме економија за да ги враќаме, па одеднаш ќе отиде денарот во 120 денари за едно евро. Подобро да се случува тоа постепено, одошто одеднаш.

      Итн.

  5. „Народот“ нема „право да избере непосредно кои партии ќе бидат во парлементот и во кој распоред на силите“ затоа што партиските листи не ги составува народот, туку политичарите и олигархиите. Системот налага на погрешни одлуки а не дека таква волја имал народот.

    Јас не зборував за природната стапка на невработеност во контекст на тоа дека владата имала интерес што повеќе невработени лица да одат во професионална војска, туку тоа е само последица на таа природна стапка на невработеност. Оваа стапка на невработеност е профитабилно за работодавачите. Бидејќи има повеќе работници од работни места, тоа е работодавачки пазар, и работодавачите можат според тоа да ја присилат основната плата ниска колку што е можно повеќе. Работодавачите победуваат во играта за основната плата, оти имаат две најдобри опции: прво, да вработуваат кандидати за минимум плата и второ, да одбијат да го вработат кандидатот за повисока плата во прилог на друго невработено лице за кого минимум платата е подобро одошто ништо, додека кандидатот работник има само една најдобра опција: да ја прифати понудата за минимум плата и да заработи средства за живејачка.

    За да нема премногу бирократија и според тоа повисоки даноци треба да има демократија во решавањето на државничките прашање, т.е. непосредна демократија.

    Јас не реков категорички дека е добро да се има владина субвенционирана телекомуникациска мрежа, тоа го реков во контекст зошто данокот на приход треба да постои. Ако се разгледува конкретно, може да се најдат безброј недостатоци и во приватниот и во државниот сектор.

    Асиба МГ не се светски случај и од ова не треба никако да се прави генерализација дека јавно финансираните заеми за приватни фирми е лоша работа.

    Анти-патриот

    19/09/2010 at 16:53

    • Ама ти сега го заврте муабетот накај генерален политички систем, што пак не е тема на колумнава.

      Та што ако има непосредна демократија преку референдуми, кога пак некој мора да реши како ќе гласат прашањата на референдумското ливче.

      Впрочем, колку е технички можно баш за се да гласа народот. Еден референдум чини најмалку милион до два милиона евра (изборни комисии, ливчиња печатење…) па ако има секоја недела референдум за по две три прашања неделно, тоа ќе бидат над сто милиони евра само за референдуми потрошени.

      Како ќе се прават амандмани на законите? За секој амандман ли ќе има посебен референдум? Па нема толку денови во годината за референдуми…

      Конечно, што ако партиските лидери и олигарсите ги составуваат листите на изборите, кога имаш еден куп листи па слободно си бираш за која сакаш. За најмалото зло од сите понудени зла.

      Асиба МГ е како модел баш светски случај оти во Америка тоа се „Фреди Мек“ и „Фани Меј“. Тоа се институции преку кои Владата на САД ги гарантира хипотеките за куќите на обичните граѓани.

      Овие две институции имаат наталожено билионски загуби баш затоа што поради политички притисоци (желба да се ќарат гласови) мораат да ги гарантираат земените кредити за граѓаните што инаку ниту една банка не би им дала кредит оти се невработени, необразовани, неодговорони, поранешни затвореници…

      Е сега тие граѓани не можат да ги вратат долговите кон банките за кои им гарантираат двеве институции, па Владата ги враќа долговите место нив.

      Т.е. преку даноци продуктивните граѓани ги враќаат долговите што ги направиле непродуктивните граѓани.

      И се е тоа демократски покриено, народ гласал за политичарите што донеле такви глупави политики.

      Ете ти ја Асиба МГ, место десет милиони загуба, десет трилиони загубата е тука!

      Тоа се вика moral hazard.

      А она за „Бидејќи има повеќе работници од работни места“ е пак погрешно, оти вистиснкото прашање е „зошто има повеќе невработени од работни места?“

      Одговор: „оти немало доволно инвестици што би отвориле нови работни места“

      Зошто?

      Оти државата преку даноци ги „изела“ парите од приватниот сектор и сега место работодавецот со тие пари да купи машини, да изгради нови згради и да вработи нови работници – Владата ќе им ги подели на своите партиски војници вгнездени во бирократијата.

      Не е решение Владата да им дава кредити на фирмите, оти тие кредити ќе им ги дава на своите партиски блиски фирми, а и да не им ги даде само ним пак ќе треба да се враќаат тие кредити. А ако им ги остави парите преку понисики даноци, нема потреба да ги враќаат парите.

      • Оди во МВР и прашај ги и ќе ти одговорат дека непосредно електронско гласање е технички изводливо и дека МВР го поседува софтверот но недостига правна регулатива.

        Не се состои Богдане демократијата во правото да се гласа, туку во правото да се употребува власта од страна на граѓаните.

        Тврдењето дека владината интервенција е таа што создава кризи е во суштина бизарно. Кризата од 2007 се појави од однесувањето на приватно поседувани банки, хипотекарни компании и осигурителни фондови. Тие го следеа добриот стар капиталистички принцип дека приватната алчност е добра работа. Види каде ги доведе тој принцип – но и нас.

        Обидот на владата на САД да се потпира на слободно пазарните принципи доведе до тоа Lehman Brothers да пропаднат. Ова доведе и други главни финансиски институции ширум светот до масовно банкратство.

        Значи, според тебе и социјалдемократска држава како Шведска, особено како таква, која главно се потпира на даноци на приход заедно со ефикасна граѓанска служба, би требала да биде рак-рана за стопанството, перманентна причина зошто има повеќе работници од работни места, односно стапка на невработеност од 6.1%? Нелогично и смешно.

        Анти-патриот

        19/09/2010 at 21:00

        • Аман човек, не забегувај надвор од темата.

          Но, за тоа кој ја предизвика кризата:

          Питер Шиф, цел саат и кусур зборува. Убаво објаснето. Изгледај го клипот, ако не те импресионира, јас немам што да додадам за тоа. Џабе ќе ти зборам јас, ако Питер не ти објасни.

          Да се тврди дека алчноста на капиталистите ја предизвикала кризата е исто како да се тврди дека некој авион паднал поради гравитацијата.

          Па цело време се алчни капиталистите и цело време е гравитацијата присутна, па цело време нема криза и цело време не паѓаат авиони.

          Значи не е до гравитацијата и алчноста, ами до нешто друго е.

          Повторувам, ако Питер не ти објасни, јас не знам како да ти објаснам.

          Темата на колумнава е за патриотизмот, а не за причините за кризата.

          Тема е и левицата, и иако знам дека има луѓе што нашиот СДСМ не го сметаат за левица, сепак за најголемиот број луѓе тоа е нашата левица и според таа каква-таква конвенција за левица е базирана дефиницијата за левица во колумнава.

          Тоа е тоа. Ако немаш што да додадеш на таа тема, изгледај го Питер Шиф од клипот погоре и ако не те задоволи тој – нема што да чиниме муабет повеќе.

  6. стапка на невработеност од 6.1% пред кризата!

    Анти-патриот

    19/09/2010 at 21:02

  7. Екстремната десница во Европа е доминирана од ХОМОСИ.
    Јерг Хајдер брзајќи да отиде кај дечкото да му го испуши и да му го отечат чмарот – загинал во сообраќајка.
    Пим Фортјун водачот на Холандската екстремна десница,пред да му го свирнат куршумот,свирел на кожна фрула.
    Лидерот на Британската националистичка партија Ричард Барнбрук бил актер во многу педерски порно филмови,што значи дека бил сексан од стотици партнери.
    Едуард Фајфер, францускиот нео-наци лидер бил феминизиран ѓеј.
    Џералд Мишка,наследник на Хајдер – чмароотечен…
    Михаел Кинен,долгогодишниот лидер на германските нео нацисти,умрел од сида после долга кариера исполнета со демагогии,расизам,носталгија по времињата на Адолф и пушење…цигари.Не, се шегувам…пушење курој.
    Поранешниот лидер на Британската националистичка партија Ник Грифин…бил педер,во долгогодишна врска со лидерот на Националниот фронт – Мартин Вебстер…
    Ники Крејн,симболот и херојот на британските скинхедси, починал од сида после долгогодишно тртење на мускулести,избричени мажи…

    Ова е само мал дел од лидерите на европската екстремна десница,која во најголем дел е педерска,што е потврден факт.

    Десница е сега на власт, а претходно беше левица утре ќе е демокраЦки центар или нешто друго…денес нема проституција,наркоманија,криминал,корупција…со десницата на власт?
    10.Гласајте за десницата закачи си знаме на нацистичка Германија дома, потшишај ги децата по “германски„ а.к.а. шлем дај им да читнат Мајн Кампф, кажувај им прикаски за згодите и незгодите на Фирерот и Ева, пуштај им ја Panzerlied song, учи ги дека Словените и Црнците се криви за се, дека црнците и пола од белите се нижа раса…и за некое време ќе ги насочиш на прав пат…

    Благоја

    24/12/2010 at 23:37

    • Екстремната десница во Европа не е десница воопшто.

      Основни постулати на десницата се слободен пазар и индивидуални права на секој граѓанин.

      Овие што си ги набројал сметат сите дека луѓето треба да се гледаат како групи (а не индивидуално), и дека државата треба да ја контролира економијата.

      Така да они не се десница. Национал социјалисти се како што кажува и името – социјалисти. Тоа не е десница.

  8. Нено како може Нацизмот да не е крајна десница кога е најголем ривал на Левичарската Идеологија – Комунизмот?

    Благоја

    25/12/2010 at 00:07

    • Па знаеш дека најжестоките војни се граѓанските војни.

      Или, во религиите, најмногу се прогонуваат еретиците, а не оние од сосема другата вера.

      Груевски го мрази повеќе Љубе (и обратно) отколку Али. Љубчо ќе влезе во коалиција со Бранко, само за да го заебе Грујо.

      Така и кај идеологиите. Колку се послични, колку помали разлики има меѓу нив, толку поголема е меѓусебната омраза.

  9. Нено можеби Левичарите не се патриоти, ама и Десничарите не се баш Патриоти. Десничарите се патриоти саде на зборој, а на дело тешко. Еве како типични претставници на Десницата ќе ги земеме Неонацистите и Скинхедсите.
    Каде беа во војната 2001 година? Седеа во Битола на Широк Сокак. А некој гинеше.
    Зошто не беа во Тетово, Арачиново??? се прават некои големи јунаци, а всушност тие се најголемите позери. А еден цајкан ќе им дојдит ќе се разбегер сите ко п***и. Облекле мајци со кукасти крстови или некој се истетовирале со кукасти крст. Јака работа.
    Или пак некои испечатиле мајци смрт за Шиптарите. Ама што не одат со тие мајци во Тетово, Гостивар, Чаир или Арачиново. Немаат м*да.
    Токму таквите „Патриоти“ ја греат Македонштината.
    Го величат и самиот Хитлер, човекот кој бил против нашата нација, против нашата историја, против нашиот идентитет, нешто што како големи „патриоти” треба први да го отфрлаат и да плукаат против него, а не да прават идол!
    Патриотизмот бара единство, патриотизмот бара правилна историска потковеност, патриотизмот не бара физичко насилство, патриотизмот е бранење на својата држава од асимилаторски политики и прикажување на државата на место каде што здравиот разум, градење на државата и почит кон минатото, со поглед насочен кон иднината!

    СВЕТОТ МОРА ДА БИДЕ ЕДИНСТВЕН, така сме креирани како човечка раса и поделбите по боја, религија, нација е израз на варваризам рамен од пред 1000-2000 години…

    Благоја

    25/12/2010 at 16:08

    • Еднаш ти кажав дека тоа не се десничари.

      И доста веќе ми бладаш дека тие биле доказ дека десницата е за никаде.

      Да, точно е скинхедсите и неонацистите се најобични говеда и идиоти.

      Но тоа не се десничари.

  10. Зошто Десницата не може да биде патриотска???

    Се виде колку беше патриотска Десницата ВМРО-ДПМНЕ на чело со Гвујо, кога се рушеше црквата на калето.

    Ќе речам Браво за Албанците. Кога би имало и 1% од македонците така решителни и храбри, би постигнале многу. Албанците не фермаат никого, ни полицијата не смее да прозбори. Полиција стои и гледа како се уништува нешто што е платено со народни пари и си прави сеир! А наместо да мава на албанците полицијата, таа нив ги одврза, а маваше на нашите.
    Баш и е гајле, важно платите си ги земаат.

    Ајде сега Грујо, искарај ги ако смееш. Или знаеш само да ги караш тутунарите, млекарите, земјделците?

    Благоја

    21/02/2011 at 13:22

    • Грујо = Десница

      ?!

      Ова ти озбилно веруваш дека Грујо е десничар, или се заебаваш?

      Не мешај десница и Грујо. Да беше патриот, тој немаше да ги тужи бранителите и да бара да ги враќаат парите до оштетата за здобиените рани во 2001та.

      Да беше конзервативец немаше шмизла да стави среде Скопје.

      Ако не е конзервативен и не е патриот – по кој основ бе Блажо ти заклучи дека е тој десничар?

  11. Еве од каде заклучив:
    Битка во десницата – кој е вистински наследник на ВМРО
    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129191

    Зошто медиумите понекогаш ВМРО-ДПМНЕ ја нарекуваат Десница?

    Благоја

    21/02/2011 at 19:40

    • Па нели самиот Грујо рече дека на А1 не треба ништо да и’ се верува?

      Човекот убаво си кажал, ама кој да слуша😆


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: