Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ МИТОТ ЗА БЛАГОСОСТОЈБАТА ВО СОЦИЈАЛИЗМОТ

with 12 comments

Половина од нулите на оваа српска банкнота од раните ’90ти дојдоа од Југославија

Иако поминаа речиси триесет години од смртта на другарот Тито, и дваесет години од формалниот крај на комунистичкото уредување во нашата земја, во Македонија сеуште има многу луѓе кои на периодот на еднопартиската диктатура и социјалистичкиот економски ќор-сокак гледаат како на „златни времиња“. Идејата на овој пост е да фрли барем малку светлина на причините поради кои тие луѓе веруваат во тоа.

* текстов е првично објавен на 30ти март 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/220149

1. После потопот – секое сонце е топло: ова е краток начин да се каже дека на луѓето од раните години на социјалистичката изградба кои поминале пред тоа низ турско ропство, две балкански и една светска војна, потоа го преживеале српскиот асимилаториски режим и конечно четири години на крвава војна со фашистичките окупатори – периодот на мир во кој им било дозволено слободно да го зборуваат својот сопствен јазик и да ги пејат своите сопствени песни – им делувал како вистинска слобода.

Ова се разбира има и научна основа, бидејќи е поврзано со психолошката особина што сите луѓе ја имаат да гледаат на сите свои искуства споредбено со други искуства, а не со некој објективен параметар. Тоа се нарекува принцип на контрастно споредување и меѓу другото објаснува зошто ако седиме долго време во темна просторија и некој запали светло во првите неколку мигови очите нѐ болат, а потоа можеме со часови да седиме во осветлена просторија со истиот интензитет на светлина и да не чуствуваме никаков напор при гледањето. Тоа е затоа што кога ќе се запали светлото се случува остар контраст меѓу претходната дразба и онаа дразба што е актуелна, и при тоа сетилата бурно реагираат.

Истото се случува и при општествените промени, дури и кога тие се на подобро. Кога на луѓето после децении на страдања и забрани ќе им биде дадена барем и за малку мир и слобода, тие чуствуваат остар контраст кон своето претходно искуство и тогаш го оценуваат како многу попозитивно отколку што навистина е актуелното позитивно искуство.

Зарем можел просечниот македонски човек да се жали дека нема економска слобода кога одел да работи во фабрика во која „од горе“ доаѓале директивите кои работничкиот совет секогаш едногласно морал да ги усвои, кога тоа искуство ќе го споредел со она што се случувало пред доаѓањето на комунизмот кога морал да работи на нива аргатски за некој бег или во годините меѓу двете светски војни, за српскиот великопоседник кој одлучувал самиот колку ќе земе „свој“ дел од сѐ што било произведено од плодните македонски полиња?

Зарем можел просечниот македонски човек да се жали дека нема право на слободен говор кога она малку што смеел да го каже во комунизмот можел барем на својот јазик да го изговори, за разлика од претходните децении кога не само што не смеел да ја критикува власта, туку и кога ја фалел под присила, морал тоа да го прави на српски, па и на турски (аферим, мерак, машала)?

Се разбира, како и во психологијата на контрастното перцепирање, со тек на време, луѓето се навикнале на „новата светлина во собата која претходно била темна“ и веќе почнале да чуствуваат дека и новиот систем има свои огромни недостатоци. Со тек на време, секој контраст избледува.

2. Сломит чемо сваког скота ко је против Ка–Пе-Јо-та: оваа „крилатица“ била на усните на секој припадник на ОЗНа, тајната полиција на комунистичкиот режим во првите години по Втората светска војна, подоцна преименувана во далеку попознатиот термин УДБа. Она што е интересно кај оваа удбашка парола е што своевремено, затворските чувари на Голи Оток ја потпевнувале на мелодијата на Деветата симфонија на Бетовен (денеска употребувана како химна на ЕУ!).

Но, да се вратиме на темата: карактеристично за секоја тоталитарна држава е стравот што владејачката структура ја има од својот народ. По таа логика, владетелите свесни дека ако само народот стане на нозе за да ја собори тиранијата ништо нема да може да го спречи во тоа, тие мораат секој изблик на незадоволство да го сосечат во самиот негов почеток, оти ако му се дозволи да нарасне до точката на отворен револт – нема потоа запирање.

Психологијата вели дека колку некоја диктатура е построга, толку е таа всушност поисплашена за својата стабилност, што значи дека колку е послаба владата, толку пототалитарно таа ќе се однесува кон својот народ. Владата која е популарна, која ја има подршката и легитимитетот од народот со чија земја управува нема зошто да биде строга кон своите политички неистомисленици. Како што тоа го прават демократски избраните влади во слободните општества, каде што секој граѓанин има право да ја критикува власта и да излезе на избори со своја понуда за гласачите.

Но, диктаторите немаат легитимитет, бидејќи тие никогаш не излегуваат на избори, барем не на вистински избори, каде што Партијата нема да добие 99,99 % од гласовите како што тоа беше случај во Ирак на Садам или во Куба на Кастро. Немајќи легитимитет, исплашени од тоа народот да не стане свесен дека оние кои не се задоволни од владата се многу повеќе од оние кои се задоволни од владата – сите тоталитарни режими, а тука не беше исклучок и комунистичкиот режим во СФРЈ – немаат друг избор, освен да ги апсат, затвораат и прогонуваат и малтретираат на секој можен начин сите луѓе кои даваат дури и само најбенигни знаци на отпор и несогласување.

Тоа се случувало и во Југославија и по автоматизам и во Македонија. Доволно било некој писател сосема ненамерно да напише во неговата книга дека имало во некоја „циганска касаба“ неколку вешти крадци и дрски измамници – и веднаш да биде приведен од Службата за Државна Безбедност оти некој си цензор таму заклучил читајќи ја книгата дека фразата „Циганска Касаба“ е всушност алегорија за ЦеКа – кратенката за централниот комитет на партијата – а крадците и измамниците се по таа логика, раководните луѓе на Партијата и Државата!

Кога луѓето морале да внимаваат да не случајно и несвесно изговорат или напишат такви „лоши“ зборови, сигурно дека кај нив имало автоцензура и дури и намерно се обидувале да ги потиснат и мислите што би биле критички кон власта. Оти кој знае, можеби додека спијат ќе почнат да бладаат во сонот непријателска пропаганда, па нивниот сопруг (сопруга) врбувани од Службата ќе ги поткажеле на надлежните Органи и потоа ќе си имале проблеми.

А кога човек со децении се обидува упорно дури и во мислите да не биде искрен, тогаш не може и неговото сеќавање за тој период од неговиот живот да биде реално. Со тек на време тоа и во навика поминува, и луѓето стануваат несвесни за тоа, условен рефлекс им станува да избегнуваат секаква критика за времето во кое критиките можеле да ги одведат во затвор.

3. Те тепаат и не ти даваат да плачеш: т.е. во комунизмот немаше слобода на говорот  и по таа логика, немаше ни говор на слободата и затоа сѐ што беше јавно кажано, или напишано, мораше да биде претходно исчистено од секоја критка кон владеачкиот систем. Во ерата на комунизмот честа глетка беа редовите пред продавниците за купување на производи кои и онака беа со никаков квалитет, ама тоа тогашните два – три весника не го објавуваа, туку само за новите работни победи на трудбениците пишуваа.

Тука е убаво да се направи мала дигресија со митот за високиот квалитет на југословенските производи. Сега соочени луѓето со скапаниците кои доаѓаат од Кина или порано од Турција се жалат дека на времето, југословенските алати, бела техника и електронски уреди биле далеку подобри. Прашањето е: ако биле толку квалитетни, зошто се синоним за техничко совршенство јапонските и германските апарати, а не југословенските? На ова прашање, кое често пати сум го поставувал на постари луѓе (главно мајстори – сервисери за технички апарати) не сум добил задоволителен одговор досега. Причина за таа сентименталност кон СФРЈ-технологијата лежи веројатно во менталната автоцензура спомената пред неколу пасуси.

Како и да е, во Југославија – ни кажуваат постарите на нас младите – немаше потреба од слобода на печатот и независни медиуми оти тогаш беше добро за сите и никој немаше за што да се жали. Ова е аналогно на оној виц кога некому му ѕвони телефонот во два часот сабајле и кога тој ја крева слушалката и гласот од неа му се преставува и се извинува што го разбудил, а овој вели „немај гајле, бев станат и онака, оти телефонот ми ѕвонеше“.

Со сета сериозност и денеска има луѓе кои мислат дека е можно такво нешто како слобода без слобода на говорот. Ако навистина било добро во Југославија, зошто тогаш не им било дозволено на луѓето да основаат самите свои медиуми и да пишуваат што сакаат во нив? Ако било толку добро, сигурно немало да има никаква штета од пишувањето на независните весници, оти ако ја критикувале власта никој немало да им верува, затоа што секој би гледал со свои очи дека навистина е добро!

Ама не било добро, и затоа параноичната тоталитарна власт имала потреба да ги држи сите извори на информирање под строга контрола. Тоа на некој начин е и индикатор за квалитетот на една влада – ако медиумите во државата постојано зборуваат против неа, тоа значи дека никој не ги спречува да се изразуваат јавно, што пак значи дека во такво општество има слобода, ако не друга, барем слобода на говорот. Ако нема слобода на печатот, нема медиуми независни од владата – тогаш нема слобода во општеството. А ако нема слобода – тогаш не може да се зборува дека тоа е добро општество за живеење во него.

4. Сите за кредит, кредит за сите: ако сакате да добиете јасна слика за макро-економската состојба на СФРЈ доволно е да замислите нарокоман кој за да функционира правилно му треба редовна доза на хероин. Доколку не ја добие својата доза, тој не е способен да работи, не е способен да учи, не мисли на ништо друго освен како да најде хероин.

Бидејќи Југославија беше на границата меѓу Западниот блок и Источниот блок, и бидејќи и двата блока имаа потреба од нејзината наклонетост, од Американците добиваше кредити, а од Русите повластени трговски односи, што функционираше релативно добро додека траеше Студената војна. Кога таа заврши, со падот на комунизмот во СССР и источна Европа, веќе САД немаа потреба да ја финансираат Југославија и кредитите пресушија. Со тоа, кон крајот на ’80ите години на југословенскиот социјалистички наркоман му беше прекината редовната достава на дози и тој западна во акутна апстиненцијална криза чии спазми и до ден денешен ги чуствуваат земјите кои произлегоа од СФРЈ.

Најстрашно е што културата на паразитирање не само што беше основа на макроекономскиот модел на државата, туку и на значаен дел од нејзиното население. Компаниите или „комбинатите“ како што тогаш се викаа, никогаш не водеа сметка за тоа да бидат профитабилни, оти како прво, нивните директори не беа избирани од акционерите или сопствениците на фирмите загрижени првенствено за својата добивка, туку од Централниот комитет на Партијата според политичко – идеолошко – роднинската подобност на кандидатот за директор. Како второ, дури и ако некоја фирма покажеше загуби, тие не доведува до смена на раководството, туку најчесто до покривање на тие загуби од „заедницата“ т.е. државните фондови кои пак пари за покривање на тие загуби црпеа од задолжувањето во странство.

Бидејќи фирмите нема никаков мотив да бидат профитабилни – тие најчесто и не беа профитабилни, па си дозволуваа да примаат на работа и работници во број и профил кои што не им беа потребни. Бидејќи никој од таквите работници не очекуваше да бидат продуктивни – тие и не беа продуктивни, и кај нив се создаде култура на неработење. Тоа што во денешно време најпосакувана работа е во државната администрација е наследство токму од тоа време и од таа култура на неработење.

Социјалистичката економија – наркоман изгледаше здрава и силна сѐ додека имаше пристап до својата доза кредити. Кога дозата се прекина поради промената на геополитичките односи на глобално ниво – наркоманот колабираше и наскоро и државата се распадна. Ниту ЦИА, ниту Ватикан, ниту Масоните или било кој друг не беше крив за тоа – туку само економскиот ќор-сокак во кој државата и нејзините граѓани ги донесе погрешната и стерилна идеологија и пракса на социјализмот.

5. Ако беше толку добро, зошто се иселуваа: кон крајот на ’50ите години владата на СФРЈ сфати дека дури и кредитите не можат да ја одржаат повеќе економијата во погон, па затоа мораше да најде друг начин да го финансира огромниот трговски дефицит со странство. Бидејќи структурни реформи или не беа можни (премногу радикални реформи би биле пат кон капитализам) или ако се правеа беа во насока на социјалистичката идеологија која во било каква форма беше непродуктивна (и самоуправувањето беше промашен концепт) водството на Партијата и Државата прибегна кон единствената метода која им беше на располагање – да го изнајмува својот народ на странските држави и со парите од „наемнината“ да ги плаќаат трошоците на својата погрешна економска политика.

Токму во тоа време, кога инфлацијата земаше замав и програмите за „стабилизација“ доаѓа една по друга без да успеат да стабилизираат било што, на стотици илјади ѕидари, бравари, механичари и потоа и на неквалификувани работници им беше дозволено да отидат на привремена работа во странство, главно во Германија, Белгија, Швајцарија и Шведска, каде што работејќи (за тамошни услови) за смешни плати, нивните заработени девизи им ги испраќаа во Југославија на своите семејства кои ги претвораа во динари за да можат да купат нешто друго освен храна.

Најубавите и најголемите куќи низ нашите села и градови сѐ до падот на комунизмот ги имаат изградено токму семејствата на оние кои работеле во странство и кои праќале пари за купување на градежните материјали (и за корумпирање на државните службеници кои требало да ги издадат десетиците градежни дозволи).

Слично на нашата денешна македонска нереформирана економија која што преживува од малиот извоз, кредите од странство и парите што оние што работат во туѓина им ги праќаат на своите роднини во земјава, така и некогашната СФРЈ преживуваше од истите извори, но не напредуваше. Стотици илјади Југословени р’мбаа по белиот свет од утро до мрак за да можат нивните деца и жени во татковината да имаат барем малку подобар живот од обична стока која само за храна мисли, додека со девизите кои се влеваа во Народната банка се финансираше увозот на основните прехранбени продукти и нафтата.

Оние гастарбајтери кои ќе успееја да заработат и да заштедат некоја паричка повеќе си ги „купуваа“ своите семејства плаќајќи им на надлежните органи во Југославија да им дозволат да се иселат и засекогаш да останат на „привремена работа“ во странство. Бидејќи оние кои успеваа да заработат повеќе и да заштедат беа токму најпродуктивните и најпретприемчивите поединци во општеството, со секоја измината година, земјата ги губеше токму своите најелитни трудбеници.

Се разбира, откако комунизмот пропадна, кога УДБа престана да врши терор, кога луѓето можеа слободно да си ги кажат маките, и уште поважно да ги чујат преку многубројните медиуми маките и на другите луѓе околу нив, кога пресушија кредитите и кога најдобро платените гастарбајтери си ги собраа фамилиите со себе во странство и веќе немаше кому да му праќаат пари, дојде големиот пад на животниот стандард и војните кои ја растурија државата и ги уништија животите на милиони луѓе.

И нормално е дека сега, ќе ни се чини социјализмот како „златни времиња“. Зошто во Чешка или Унгарија или Словачка или Полска на тамошните луѓе не им се чини така?

12 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. МИТОТ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА СОЦИЈАЛИЗАМ ВО СФРЈ:

    За четири децении ,,изградба на социјализам‘‘ во поранешна СФРЈ во втората половина на ХХ век веројатно се создадени повеќе разновидни економски теории за претпријатијата и организацијата на стопанството отколку збирно во сите земји, кои исто така се декларираа за социјалистички. Причини за тоа секако треба да се бараат во специфичната географска положба и историскиот контекст во кои се наоѓаше некогашна СФРЈ – на границата меѓу капитализмот на Запад и социјализмот на Исток и снажната поддршка, која титоистичката бирократија ја уживаше во масите на што можеше да »гради сопствен пат во социјализам«, поинаку од оној што го диктираше Москва на останатите земји од источниот блок. Честите идеолошки свртувања на државното и партијското раководство, понекогаш мотивирани со промените во политичките односи со источниот блок и империјалистичките сили, а понекогаш изнудени со внатрешните економски проблеми, предизвикуваа слични свртувања и на полето на економската и правната теорија. Така, во главите на југословенските економисти, социјалистичкото стопанство во педесеттите години требаше да биде диригирано централистички од страна на државата и планските институции, шеесеттите – пазарно регулирано, седумдесеттите – договорно, да би, на крајот потполната идеолошка капитулација на бирократијата нашла свој израз во вид на тези за мешовито стопанство и потполно враќање во капитализам. Бесмисленоста на тврдењето дека таквите теориски скокови биле израз на логичните фази во ,,градењето на социјализмот‘‘ и во склад со промените во нивото на развојот на производните снаги во земјата, која со децении служеше да ја оправда секоја нова непостојаност или потполна контрадикторност на новата теорија во однос на претходната, покажува самиот факт дека последниот елемент на тој ,,логичен след‘‘ е заложба за реставрација на капитализмот. {Од марксистичка гледна точка, односно гледна точка на научниот социјализам – содржан само во Маркс-Енгелсовите дела, понатаму МЕД – капитализмот е реставриран штом е воведено стоковно производство. Понатамошните форми и ,,теоретски‘‘ објаснувања се само дотерување, шминка и настојување истото да се прикаже како социјалистичко, што никако не може да биде, а неговиот триумф кон крајот на ХХ век е само формално признавање на неговата капиталистичка суштина што фактички се градеше низ четири-седум децении наназад. Маркс за тоа зборува на многу места. Но, да одиме понатаму, па ќе ги наведиме истите за да би го илустрирале ставот дека од научна гледна точка нема никакво изненадување од реставрацијата на капитализмот, која ја изврши уште Ленин со неговата ,,Нова економска политика‘‘, уште 1921 година – Г&З.}

    Навистина имаше и теории кои не претендираа на континуитет во мечтателските умотворија на великаните на југословенската економска мисла, туку се декларираа како непосредно и логичко продолжување на Марксовите теории. Се случуваше така што, во познатата теорија за природата на цените во социјалистичкото стопанство две, три, а некогаш и повеќе теории да тврдеа спротивни работи во исто време, изведувајќи ги своите различни заклучоци од исти цитати од Марксовиот ,,Капитал‘‘. {Тоа се случува само тогаш кога не се познава ,,Капиталот‘‘ во целина, или воопшто не се познава духот на истиот. Уште во Предговорот Маркс кажува што е намера на истражувањето, според тоа ако не се познава таа цел ,,Капиталот‘‘ не се толкува во тој смисол, тогаш се можни секакви ,,интерпретации‘‘ на истиот. Такво нешто е бесмислено – Г&З.} Повикувањето на Маркс не беше работа само на угледот, туку и одраз на тежнеењето во неговата критика на капиталистичкиот систем и укажување на неопходноста за социјалистичка преобразба на општеството да се пронајде решение за новиот систем, кој сега треба да се гради. Марксовите децидни напомени дека не би било во склад со неговите научни методи тој да дава решенија, ни најмалку не ги спречија нашите економисти тие сепак да ги наоѓаат ,,решенијата‘‘ во неговите написи. Всушност тука лежи базичниот недостаток на сите нивни теории.

    Правилното поставување на прашањата за организацијата на социјалистичкото стопанство можно е дури тогаш кога на соодветен начин ќе се реши политичкото прашање на самата социјалистичка револуција. Со актот на експропријација на капиталистичката класа сите ресурси на општеството се ставаат под контрола на работничката класа заради тоа демократското учество на работниците во вршењето на власта е неопходен механизам кој обезбедува гаранција дека ресурсите ќе се користат во интерес на општеството како целина. {Ни »демократското учество на работничката класа во вршењето на власта« не е гаранција дека постоечките »ресурси ќе се користат во интерес на општеството како целина«. Само укинувањето на старата општествена поделба на трудот и во рамките на истата укинувањето на разликата меѓу производниот и непроизводниот труд е сигурна гаранција дека нема власта да се одвои од производството, истото го потчини на себе и му се наметне на општеството како командувачки фактор, што инаку секогаш се случувало во досегашните ,,револуции‘‘ – Г&З.} Само така може да се идентификуваат вистинските потреби на општеството и само така може да се обезбеди склад во планирањето на производството и расподелбата. Без континуелно демократско учество на работниците, оние кои ја вршат власта во име на работничката класа – како што се виде со примерот на сталинизмот и титоизмот – постануваат отуѓени од неа и настојуваат стопанството да го потчинат на сопствените интереси, а бирократските привилегии да ги преточат во приватна сопственост. Приговорот дека социјалистичкото општество не може да се изгради веднаш, или дека не може да се изврши целосно укинување на секоја приватна сопственост {Зарем некој паметен барал такво нешто некогаш?! – Г&З.} па дека револуцијата мора да се одвива низ фази, во ништо не ја менува суштината на работите – секоја од овие фази мора да биде спроведена со активно учество на работниците, односно демократски.

    Затоа, југословенските економисти беа ставени пред невозможна задача, бидејќи требаше да најдат решение внатре во дадениот бирократизиран политички систем, а тоа се наоѓаше поточно во неговото укинување со политичка револуција на работничката класа.

    Планирањето на производството требаше да претставува една од фундаменталните карактеристики на социјалистичкото општество. И навистина, ако ја погледнеме повоена Југославија, уште пред конечното завршување на борбите се почна со национализацијата на имотот и создавање на државни плански институции. Државата ги регулираше сите важни елементи на општествената репродукција. Меѓутоа, во втората половина на педесеттите години, привидно парадоксално, сè поголемо значение добиваше тезата дека стоковното производство не е некомпатибилно со социјализмот и на крај се разви во тврдење дека стоковното производство е неопходно во социјализмот. Само навидум парадоксално, бидејќи тоа беше нужно предизвикано со бирократизацијата. Бирократијата отуѓена од реалните услови на живеење на мнозинството во општеството, е неспособна успешно да ги изработува деталните планови на процесот на општествената репродукција, па не ‘и преостанува ништо друго, освен работите, кои веќе ‘и се истргнале од раце, да ги прогласи, порано или подоцна, за ,,објективно движење‘‘ на стопанството и истото го препушти само на себе така што пак се воведе некој вид пазарен механизам. Или како тоа го кажал Владимир Бакариќ на Петтиот конгрес на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Хрватска (ССРНХ): »Ние одамна признавме дека и во нашето стопанство владее законот на вредноста«. {Не настанува стоковно стопанство од бирократијата, туку обратно: од стоковното стопанство се раѓа бирократијата. Факт е – кој го предвидуваат и критичарите и апологетите на ,,социјализмот‘‘ – дека Ленин со ,,Новата економска политика‘‘ го обнови капитализмот во Советска Русија што и тој сам го признава, но не гледа дека со тоа и го закопа своето ,,чедо‘‘ – Октомвриската револуција. Заради неговиот голем авторитет, неговата НЕП е масовно прифатена како ,,социјалистичка‘‘ мерка, без да се увиде дека таа е спротивна на целокупниот марксизам и претставува негово отфрлање, што Ленин и ќе го потврди на XI-ти Конгрес на Руската комунистичка партија (бољшевици) одржан од 27.III до 2.IV 1922 год., велејќи: »Никаков Маркс и никакви марксисти не можеа да предвидат дека работничката класа ќе се здобие со власт во една од најнеразвиените земји«(!); »Маркс не дал ниту еден прецизен цитат и непобитно упатство за државниот капитализам во комунизмот«; »Германците пишувале за сиот капитализам воопшто, а не за ова што сега го имаме« и низ други глупости, кои немаат никакво оправдување и од кои се гледа дека тој многу слабо го познавал марксизмот. На неговата ,,НЕП‘‘ се должи бирократизацијата на сета власт. Сталинистичките чистки – исто така. На сето тоа идеалистички се гледа како последици од лошиот карактер на Сталин, а не како доследност во политиката, која ја зацртал Ленин со НЕП. Понатаму сè се одвива во склад со Марксовото учење за односот меѓу базата и надградбата. Што тоа не го гледаат ,,мудреците‘‘ на ,,социјализмот‘‘, иако Маркс и Енгелс одлично го објасниле, само докажува колку тие ,,мудреци‘‘ биле интелектуално способни штом не разбрале и така јасно кажани научни вистини. Тоа зборува за нивната научничка ,,способност‘‘, совест и свест. Нема што некој да признава дали владее или не законот на вредноста во одредено општество, ако тоа се базира на стоковно производство. Тој е иманентен на истото и ги исполува сите ефекти врз општеството, па го гледал некој тоа или не, го признавал или не, тоа општество ќе страда од сите негативности, кои тој ги носи – Г&З.}

    Оваа теза за нужноста на стоковното производство во социјализмот наскоро прераснува во фундаментална премиса на која се базира целокупната домашна економска теорија во шеесеттите години. Од бројните теории на југословенските економисти настанати во тоа време посебно се занимливи ,,Тезите за теоријата на социјалистичкото стоковно производство‘‘ на Миладин Кораќ, кои »го анализираат самото социјалистичко стоковно производство во чист вид«. Тој пишува:

    »Значи, вистинскиот тек на југословенскиот развој може да послужи како основа од која е можно, со цел за теориска анализа, да се издвои основниот однос на социјалистичкото стоковно производство, и од него врз основа на законот на вредноста, по дедуктивен пат да се дојде и до другите конкретни категории на социјалистичкото стоковно производство. {Ова тврдење на М. Кораќ докажува колку е тој бос во марксизмот. Веќе напред е докажано дека во социјализмот не може да постои стоковно производство од многу причини, кои се наоѓаат на секоја страница во ,,Капиталот‘‘. Но, тука ќе цитираме една Енгелсова мисла. Тој во написот ,,Јуристички социјализам‘‘ вели: »На господинот Менгер му се чини дека и во едно социјалистичко општество сосема природно ќе се произведуваат разменски вредности, значи стоки за продажба и дека постои и понатаму цена на трудот, значи и понатаму како и пред тоа работната сила ќе се продава како стока«. Така мисли А. Менгер, ама не е во право од причина што во социјализмот работната сила не е повеќе стока, не произведува стоки, туку само употребни вредности. Укината е старата општествена поделба на труд и работничката класа е субјект на општествениот развој, а не предмет. Едноставно со социјализмот општеството ја почнува својата вистинска историја, а не менување само на лица и камарили. Сите се производни работници и средствата за производство се општествена сопственост. Се превземаат мерки за да се создадат материјални услови – зголемено производство до обемот на потребите – кои ќе го оневозможат враќањето на капиталистичката класа – Г&З.} Кога ќе се воочи овој факт, постанува можно да се, со користење на Марксовиот метод, утврди формата во која делува законот на вредноста во социјализмот и да се анализираат објективните тенденции на развој на социјалистичкото стоковно производство, односно тенденциите, кои делуваат независно од свесната акција на луѓето на линија на планско насочување на стопанството како целина. А, таа анализа е во толку понеопходна, бидејќи претходното познавање на објективните тенденции на движењето на стоковното производство е неопходен услов за успешно планско насочување«.

    На тврдењето дека од вистинските текови на југословенскиот развој може да се извлече основниот однос на социјалистичкото стоковно производство се базира целокупната понатамошна теориска конструкција. И целата конструкција паѓа во вода, бидејќи тоа тврдење е погрешно. Како што се испостави неколку децении подоцна, тој ,,вистински тек‘‘ на југословенското стопанство заврши со реставрација на капитализмот. {Реставрацијата на капитализмот во Југославија беше извршена веднаш по војната со обновувањето на стоковното стопанисување. Идеолошка и псевдонаучна поддршка на истото беше дадена на VII-от Конгрес на СКЈ, одржан во Љубљана во април 1958 год., кога конгресот зазема став: »Стоковниот карактер на стопанството е израз на сегашниот степен на развиеност на производните снаги«. Значи, капитализмот се реставрира веднаш со враќањето на стоковно-паричното работење, а не по одлука на некое лице или форум. Сегашната ,,реставрација‘‘ е само формално признавање на поранешната суштинска реставрација извршена уште 1945 година – Г&З.} Господинот Кораќ направил голема грешка во изведувањето на овој фундаментален (за неговата теорија и теза за нужноста на стоковното производство во социјализмот) негов заклучок. Таа се состои во тоа што потполно го изолирал југословенското стопанство од светот како тоа да е самодоволно за себе и независно од економските и политичките движења и влијанија од силниот светски капитализам, како и сталинизам. Југословенското стопанство не се развива во вакуум, туку низ интеракции со овие надворешни фактори, кои понекогаш биле од пресудна важност, како на пример во 1948 (Информбиро). Веќе тука г-дин Кораќ отстапил од марксизмот и Марксовиот дијалектички метод – тоа веќе не е историски материјализам, кој својот предметен феномен го разгледува во тоталитет на односите со другите феномени. Потоа, во текот на развојот на југословенскиот стопански систем битно се разликува од текот на настаните во другите земји, кои исто така се декларираа за социјалистички, па се поставува прашање: Зошто токму од југословенското, а не од другите, да кажеме, од руското, кинеското, кубанското искуство може да се извлекуваат заклучоци за објективните тенденции во развојот на социјалистичкото стопанство? Според согледувањата на г-динот Кораќ, заради тоа што »токму југословенската реалност даваше на марксистичката економска мисла за социјалистичкото стоковно производство скоро исто што во свое време на Маркс му даваше Англија при неговата анализа на капиталистичкиот начин на производство«. {Ама нарцисоидност на Кораќ! – Г&З} Со други зборови, југословенската економија тогаш се наоѓала во фаза во која другите социјалистички земји би се нашле во иднина, бидејќи »макар и мали промени на стариот систем на управување предизвикуваат пораст на важноста на пазарниот механизам во социјалистичките земји«, а Југославија веќе имаше поразвиени пазарни односи од нив. Меѓутоа, пак настаните во подоцнежните децении го демантираа г-динот Кораќ – не само што Источниот блок не се развиваше така, туку и се распадна, пред Југославија. Нема тука ни збор за примена на Марксовиот метод на анализа, туку се работи за шематско пресликување на Марксовите заклучоци. Секоја од земјите имаше свое специфично место во меѓународната поделба на трудот, различно појдовно ниво на развој, различна моќ да влијаат на светските тековини или да им се спротивстават, и што е најважно различна беше улогата на субјективниот фактор. Формите на ,,социјализам‘‘, кои се појавуваа во нив и нивните трансформации, заради тоа мора да се разгледуваат во глобален контекст како елементи на еден историски процес (дијалектички поврзан развој на овие и капиталистичките земји), а не како шематски продолжителна фаза низ која социјализмот треба да помине.

    Никаде не објаснувајќи за кој основен однос на социјалистичкото стоковно производство се работи, а кој со горе опишаната фалична аналитичка постапка ја издвојува од југословенскиот тек на развој, г-динот Кораќ нè остава без можност да ја провериме неговата дедуктивна постапка за »обликот на делување на законот на вредноста во социјализмот и конкретните категории на социјалистичкото стоковно производство«.

    Но, од тенденциите на концентрација и централизација на капиталот и проблемите на монополизација што од оваа тенденција произлегуваат, што исто така се производ на пазарниот механизам, не можел така лесно да се отресе: »Меѓутоа, и социјалистичкото стоковно производство заради на себе движечките снаги… и самото исполува такви тенденции кон понатамошна концентрација на производните фактори. А, оваа концентрација и нејзината нерамномерност ја прават производната и пазарната структура на социјалистичкото стоковно производство ,,неперфектна‘‘ – од аспект на конкурентските снаги, кои делуваат во него. ,,Неперфектноста‘‘ на производството и пазарната структура на социјалистичкото стоковно производство предизвикуваат, дури и независно од субјективните настојувања на актерите во производството и размената, ,,монополистички тенденции‘‘, кои зголемените цени доведуваат до расподелба на националниот доход… Поинаква од онаа што би била остварена кога движењата на пазарните цени би биле регулирани со доходовната цена«.

    И како да тоа веќе не го поткопало доволно неговиот модел на социјалистичката економија, се појавува и проблемот за понатамошна прерасподелба на создадениот доход: »самото постоење на стоковното производство претпоставува покрај производната и циркулациона област… ангажирањето на материјален и човечки фактор во оваа област, која не е производна – значи во крајна линија смалување на општествениот производен потенцијал«.

    Фактички, ниту еден од проблемите на капитализмот на кој Маркс укажал со својата анализа не е решен во теоријата на г-динот Кораќ. Заради тоа, тој се оградува дека само ги истражува »објективните економски тенденции« на социјализмот, но тоа не се објективни тенденции, тоа се последици на формалното копирање на Марксовата критика на капитализмот. Како што веќе е истакнато, со прогласувањето на социјалистичкото претпријатие (фабрика) во која колективот е »прв присвојувач на производот«, {Како куриозитет изнесуваме прашање од работниците, и во печат и во Собрание на СР Македонија, кога ќе влезеа насилно, во него »Како може да биде тоа прв да прими поголема плата оној кој не учествувал во производството, а произведувачот последен?« – што го побива тврдењето дека работниот колектив бил »прв присвојувач« – Г&З.} Г-динот Кораќ формално го решил проблемот на експлоатацијата на работникот и формално вишокот на вредноста е вратен во рацете на работниците. {Каква илузија! – Г&З} Но, суштински, тоа не може да биде решение на вистинскиот социјализам, бидејќи неговиот социјалистички колектив остана пазарен актер, изложен на делувањето на законот на стоковното производство – на ист начин на кој решение не може да биде ни на секој работник да му се дадат средства за производство во приватна сопственост со што исто така формално би била укината експлоатацијата (секој низ пазарниот механизам би ја добивал целата вредност на својот производ), односно да се врати ситното стоковно производство. Иако, на никого не му паѓа напамет враќање на ситното стоковно производство, бидејќи знае дека конкуренцијата води вон капитализам како поразвиен облик на стоковно производство, пак се предлага колективистичко стоковно производство, изложено на делувањето на истиот механизам на конкуренција, па зарем нема тој систем повторно да ги произведе истите последици – концентрација на средствата за производство во сè помал број раце на актери на пазарното стопанисување, и пролетаризација на сите оние кои во конкурентската борба ќе подлегнат?! Со други зборови, атомизираноста на пазарните субјекти – па биле тоа и »социјалистички претпријатија« – кои г-динот Кораќ во својата теорија ги претпоставува и која веќе во негово време беше нереална претпоставка, а камоли денес кога процесот на концентрацијата и централизацијата на капиталот достигна фантастични размери, порано или подоцна мора да доведе до монополизација – за која и тој самиот беше свесен; а со тоа и гушење на законите на стоковното производство. Пазарните цени тогаш не се повеќе одраз на вредноста на производот, па затоа повторно доаѓа до прелевање на вишокот на вредноста и експлоатација наспроти тоа што работниците се формално сопственици на средствата за производство.

    Јасно е, дека заради тоа моделот на г-динот Кораќ не може да биде модел на вистинското социјалистичко општество, ниту може да го спаси неговото тврдење дека планските активности на општеството треба да се базираат на спознавањето на ваквите »закони на социјалистичкото стоковно производство«. Таквото производство е неспоиво со социјализмот. Бидејќи, човештвото сè уште не се изборило со декадентниот капитализам, а мора доколку не сака да падне назад во варварство – како што покажа историјата во ХХ век дека човештвото е на самиот раб, прашањето за социјалистичката револуција сè уште е актуелно. Идната социјалистичка револуција мора да биде интернационална, со демократска партиципација на работниците во вршењето политичка власт. {Не треба да се даде никаква можност на сите овие снаги, кои било под маската на социјализам или капитализам, го влечеа човештвото за нос цел еден век, за да истите играат некоја општествена улога. Никој не им ги беше врзал очите да не прочитаат ништо од Маркс и Енгелс или да ги искривуваат како што ќе им паднаше на памет. И дури и денес поединци, ,,академици‘‘ и ,,научници‘‘ – економисти изјавуваат во јавност: »Марксовите теории се пишувани за едно друго време и не се применливи за денес«. Таква глупост може да искаже само ,,академик‘‘, кој не ги помирисал Маркс-Енгелсовите дела – Г&З.} Само така ќе биде можно да се создаде вистинско социјалистичко општество, кое ќе биде способно да ги користи рационално ресурсите со кои располага, кое со планските активности – кои мора да бидат негова суштинска одлика, а не механизам за корекција на стоковното производство – ќе умее рационално да управува со високоразвиените и висококонцентрираните средства за производство и да ги развива и понатаму, унапредувајќи ја својата благосостојба.

    Вместо тоа, тој се свртува кон »социјалистичкото претпријатие« како основна економска единица за социјалистичкото стоковно производство: »При таков приод појдовна основа за анализа мора да биде социјалистичкото претпријатие (фабрика) како стоковен производител и тоа такво претпријатие во кое се воспоставени доследно социјалистички производни односи, т.е. во кое работниот колектив како целина е истовремено и производител и прв присвојувач на производите кои ги создало со својот труд«. {Не може човек да премолчи и да не каже како било можно такви ,,научници‘‘ да не прочитаат дека според марксизмот нема производство на разменски вредности во социјализмот. Нивната ,,наука‘‘ била само дробење глупости – Л&Г.}

    »Ако, слично како што Маркс го направил, претпоставиме дека ова претпријатие располага со потребните фактори за производство (односно работниот колектив да располага со средства за производство, кои му се дадени на употреба или да може да дојде до нив со купување на пазар), како и да може да го реализира тоа што во него е произведено, тогаш проблемот се сведува на анализа на процесот на производство на стоки и односите за постојана репродукција како на материјални добра, така и на односите, кои во претпријатието постојат. Меѓутоа, бидејќи Марксовата анализа на процесот на производство на стоките (како единство на процесот на производство на употребни вредности) е општоважечки за секој историски облик на стоковно производство, на нас во овој случај тоа ќе ни‘ служи како претпоставка при разгледувањето на ова второ прашање, т.е. при анализата на процесот на репродукција во социјалистичкото стоковно претпријатие«. {Какво силеџиско конструирање на поими! Маркс никаде не вели »капиталистичко стоковно претпријатие«, иако во тоа време постојат и организации, кои произведуваат за општествени цели, но не на профитабилна основа. А, овие, слепци, само ќе го крстат »социјалистичко« и ни најмалку не мислат дали тоа има некоја логична основа – Г&З.}

    Вакво дефинирање на социјалистичкото претпријатие имплицира точно одреден правен и институционален контекст, кој не е некоја објективна универзална карактеристика на социјалистичкото општество. Спротивно, тоа беше само еден во низата идеолошки, и од нив изведени правни и економски експерименти на државната бирократија. Во еден момент на тоа исто социјалистичко претпријатие му се негираше сопственост на средствата за производство со кои располага, а во друг правото на слободно располагање со остварените резултати, а во трет се ограничуваат неговите активности на пазарот. Г-динот Кораќ го издига на пиедестал на универзален облик на организација на трудот во социјализмот, одземајќи им го со тој чин истовремено историскиот карактер на законите на социјалистичкото стоковно производство, кое сака да го зацврсти. Па сепак, тоа на него ни најмалку не му смета за да на крајот ја потврди »исправноста на тезите на класиците на марксизмот дека социјализмот е само преодна, освен пониска фаза на комунизмот«.

    Таквото самоуправно претпријатие му било неопходно затоа што тоа, формално гледано, претставува решение на загатката на социјализмот. Бидејќи, ако фундаменталниот проблем на капитализмот беше во тоа што капиталистот преку профитот го присвојуваше вишокот на вредноста, кој го произведуваше работничката класа, тогаш со давањето еднакви права на сите вработени во претпријатието, тој вишок на вредноста се става во раце на непосредните производители. И, еве – нема повеќе експлоатација. {Илузија! – Г&З.}

    Од друга страна, така дефинираното социјалистичко претпријатие истовремено е идентично со капиталистичкото акционерско друштво, бидејќи расподелбата во двата случаја е интернализирана (иако по различна основа) – со бројот на акции во капиталистичкото претпријатие, односно со правната положба на работникот во социјалистичкото. Зошто е тоа важно? Затоа што сите надворешни односи меѓу разни претпријатија остануваат исти, односно сите закони на стоковното производство од Марксовите анализи се пресликани и во социјалистичкото општество на господинот Кораќ. Ценовниот механизам останува недопрен, па г-динот Кораќ може да заклучи дека, бидејќи и во социјализмот цената на стоката осцилира околу вредноста на стоката:

    В=ПВ+НВ (Вредност= пренесена вредност + новосоздадена вредност), односно: В= МТП + Д (Вредност= материјални трошкови на производство + доход).

    Значи, вместо новосоздадената вредност како и во капиталистичкото претпријатие да се дели на наемнина и профит на сопственикот, таа сега останува во целост во претпријатието, односно во рацете на работникот во вид на доход, кој понатаму може да се дели на акумулација или да го трошат. И, на крајот, бидејќи поголемата акумулација овозможува поголем доход во иднина, работниците и во социјализмот ќе штедат – што овозможува проширена репродукција. Сега г-динот Кораќ со гордост може да се пофали дека докажал дека »системот на социјалистичкото стоковно производство е самодвижечки«. Но, во исто време се отвораат низ истовремени проблеми пред кои се наоѓа секое претпријатие во капитализмот. А, тоа е дека различниот органски состав на капиталот налага селење на истиот од една гранка во друга, што г-динот Кораќ го решава со преименување на законот за сведување на просечната профитна стапка во закон за сведување на просечна доходовна стапка, а цената на производство ја преименува во доходовна цена. Понатамошната дедукција води, природно, до откривање на тенденцијата за падот на доходовната стапка како неизбежна. И тогаш не му преостанува ништо друго освен да побара лек – за оваа смртна болест на капитализмот, со која го заразил и сопствениот социјалистички модел – од некое идно комунистичко општество: »Би можело да се каже дека паѓањето на општата доходовна стапка е видна манифестација на историскиот, минлив карактер на социјализмот, базиран на стоковно производство«.

    • По кој основ се сметаш себеси ти ексклузивно овластен и релевантен да одредуваш дали во СФРЈ имало вистински социјализам или лажен социјализам?

      Сакам да кажам, целокупната елита на таа држава постојано тврдеше дека джравата е социјалистичка.

      Цел свет признаваше дека е Југославија социјалистичка.

      Само ти велиш дека не била.

      Зошто да ти верувам тебе а не на другите?

  2. Верувај ‘и на науката а не на оние коишто бенефитираа од тој систем на сметка на приходите на работниците. Фактот што владите во СФРЈ не прифатиле да ја спроведат Марксовата трудова теорија на вредност за економска пресметка кажува доста за тоа дека тие биле догматски марксисти, т.е. квази-марксисти или квази-социјалисти. Ние би се запрашале зошто Марксовата трудова теорија на вредност била игнорирана и со тоа не била ставена во пракса? Кокшот и Котрел, од Шкотската школа, тврдат дека причината зошто дистрибуцијата заснована на работно време никогаш не била сериозно применета во СФРЈ се нејзините радикални егалитарни импликации. Всушност владејачката класа (партијските бирократи, воената структура и општествената интелигенција) во СФРЈ се плашеле дека нивниот привилегиран доход ќе биде загрозен доколку дистрибуцијата заснована на пресметка врз работно време би била буквално, а не само реторички спроведена.

    Мара

    04/05/2010 at 23:37

    • Ама јас сум спремен да и верувам на науката, само не ти верувам тебе кога велиш дека тоа што го тврдиш е наука.

      Јас мислам дека тоа што ти го зборуваш не е наука, ами само твое мислење, за кое што мислење јас сметам дека е темелно погрешно.

      Т.е. НЕЛОГИЧНО, оти е засновано врз ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ од кои преку ИРАЦИОНАЛНИ АРГУМЕНТИ донесуваш КОНТРАДИКТОРНИ ЗАКЛУЧОЦИ.

      Од кај да знам, како да се осигурам дека тоа што ти го збориш е наука?

      Ако е логично – тогаш ќе ти верувам.

      Но, јас кај тебе логика не гледам.

      Твој изворен аргумент е секогаш во стилот „така Маркс сметал“.

      Е ајде да ти верувам дека така Маркс сметал, иако баш ме чуди како баш само ти успеа правилно да го дешифрираш Маркс, а тоа не им тргна од рака на Ленин, Сталин, Мао и Пол Пот.

      Пол Пот додека владееше со Камбоџа успеа да масакрира една третина од населението. Како можеш да тврдиш дека не го разбрал Маркс правилно?

      Значи, ајде да речеме дека се што збориш ти е во согласност со учењето на Маркс.

      Но од кај знаеш дека учењето на Маркс е во согласност со логиката и реалноста?

  3. „Ама јас сум спремен да и верувам на науката, само не ти верувам тебе кога велиш дека тоа што го тврдиш е наука.
    Јас мислам дека тоа што ти го зборуваш не е наука, ами само твое мислење, за кое што мислење јас сметам дека е темелно погрешно.
    Т.е. НЕЛОГИЧНО, оти е засновано врз ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ од кои преку ИРАЦИОНАЛНИ АРГУМЕНТИ донесуваш КОНТРАДИКТОРНИ ЗАКЛУЧОЦИ.“-

    Ако си спремен да ‘и веруваш на науката немаш потреба да ми веруваш на мене и моето тврдење, туку како би се оправдил дека ова што го зборуваш не е од позиции на идеолошки кукавичлок, прочитај ја Критиката на Готската програма чиишто социјалистички економски мерки предложени од авторот – Маркс, не беа реализирани, туку само реторички, односно догматски. Ќе те советувам во стилот на Фридрих Енглес према господин д-р Штибелинг: ,,Кога човек сака да се занимава со научни прашања, прво треба да ги научи работите, трудовите кои сака да ги исползува треба така да ги чита, како што ги има авторот напишано (во нашиот случај – Карл Маркс), а пред се‘ да не чита работи кои таму ги нема‘‘.

    Ако „мојот изворен аргумент“ е „така сметал Маркс“, тогаш твојата критика треба да биде насочена спрема Марксовата мисла од негови изворни дела. Но, не сметал така само Маркс (1875). Така сметал Енгелс. Подоцна Белами (1888), Кауцки (1892), Бухарин и Преображенски (1919), Нојрат (1919). Во поново време, идеите на Маркс и Енгелс за непазарен социјализам ги бранат и интелектуалци како Дивајн (1988), Алберт и Хахнел (1991), Кокшот и Котрел (1993), Лајбмен (1999).

    Како во суштина постапиле Ленин и другите бољшевици спрема идејата на Маркс и Енгелс? Со бољшевичкиот пуч од октомври 1917 година, државната власт преминала во рацете на Ленин и Троцки, кои веднаш тргнале во рушење на новосоздадените социјалистички институции, коишто настанале во текот на народната револуција од претходните месеци – фабричките и другите совети, всушност, сите органи на народната власт – и преобразување на работната сила во таканаречената „армија на труд“ на чело со главни команданти. Бољшевиците веднаш започнале со уништување на сите значајни елементи на социјализам. Оттогаш не е дозволено никакво социјалистичко отстапување. Ленин во 1921 година ја воведува Новата економска политика со којашто го враќа пазарот како регулатор на дистрибуцијата на општествениот доход. Според овие историски факти, работниците наместо да го слават Ленин и неговите соработници треба да го мразат како обновител на капиталистичкиот начин на производство во СССР.

    „Пол Пот додека владееше со Камбоџа успеа да масакрира една третина од населението. Како можеш да тврдиш дека не го разбрал Маркс правилно?“-
    Лага. Наведи цитат и потврди дека Маркс повикува на насилство. Напротив, Марксовата идеја во коренот е хуманистичка: „Да земеме дека ти и јас сме продуцирале како луѓе, секој од нас двајца во својата продукција двојно се потврдуваше самиот себе и другиот. Јас, прво, во мојата продукција би ја опредметувал мојата индивидуалност, нејзината посебност и затоа и за времето на таа дејност уживав некое индивидуално изразување на животот, а од друга страна, во однос на предметот, знаев за индивидуална радост. Второ, во твоето уживање на мојот предмет, твојата употреба на мојот предмет јас непосредно би ја уживал во свеста дека јас со својот труд сум задоволил човечка потреба и дека сум опредметил човечко битие. Трето, јас за тебе би бил посредник меѓу тебе и твојот труд, така што ти самиот би знаел за мене како дополна на твоето сопствено битие и како нужен дел од тебе самиот. Мојот труд би бил слободно пројавување на животот, затоа и уживање на животот. Под претпоставка на приватна сопственост, мојот труд е оспособување за живот, зашто работам за да би живеел, за да би создал средства за живот. Мојот труд не е живот.“
    Мерките што ги презела владата на Црвените Кмери воопшто не биле на линија на Марксовата идеја, ниту од филозофски аспект, ниту од социолошки, ниту од економски аспект. Види поконкретно:

    http://zahovistika.blog.com.mk/node/170158
    http://zahovistika.blog.com.mk/node/170367

    Но, ќе се запраша некој, кој навистина го поддржуваше режимот во Демократска Кампучија? Исклучок во пропагандниот систем на САД за перење на мозоците на американските граѓани направи статијата на Елизабет Бекер, новинарка од ЊуЈорк Тајмс, објавена на 17 април 1998 година, во која дава детали за тоа како Картер, Реган и Буш го помагале и протежирале на Пол Пот и го цитира Дајан Орентличер, професор по право на Американскиот Универзитет, за тоа како ова би го компромитирало било кое предложено кривично гонење на соучесниците во режимот: »Немајќи судски процес и неказнувајќи го Пол Пот и Црвените Кмери« Пол Пот почина на 15 април 1998 »преку изминатите две децении, фактички, ние им кажавме на Камбоџанците дека тоа што се случило не било злосторство. Ако немало казна, немало злосторство«.

    Учењето на Маркс е во согласност со логиката и реалноста затоа што е емпириски докажано. Види:

    http://zahovistika2.blog.mk/2010/04/30/navodna-tendencija-na-profitnata-stapka-da-raste/
    http://zahovistika2.blog.mk/2010/03/19/dali-marksovata-trudova-teorija-na-vrednost-e-tochna/

    Мара

    05/05/2010 at 12:05

  4. Ееееј Мара, луда Мара….

    „Учењето на Маркс е во согласност со логиката и реалноста затоа што е емпириски докажано. “

    Човек, бре!

    Знаеш ли ти воопшто што значат термините „логика“ и „емпириски докажано“?

    Маркс тврдел, и не само Маркс, ами и Енгелс и Кауцки… ако е тоа аргумент за тебе, стварно не знам што да ти кажам на тоа освен дека доказ за точноста на тврдењата на Учителот не се изјавите на неговите ученици.

    Така, на пример, не само што Ленин самиот за себе тврдел дека е тој вистински комунист, ами и Сталин и Берија го тврделе истото за Ленинизмот.

    И не се прај будала дека Маркс не повикувал на насилство. Не сум јас тој што пишувал сатанистичка поезија.

    So a god has snatched from me my all
    In the curse and rack of destiny.
    All his worlds are gone beyond recall!
    Nothing but revenge is left to me!

    I shall build my throne high overhead,
    Cold, tremendous shall its summit be.
    For its bulwark — superstitious dread.
    For its Marshall — blackest agony.

    Или овој извадок од „Оуланем“:

    If there is a Something which devours,
    I’ll leap within it, though I bring the world to ruins—
    The world which bulks between me and the abyss
    I will smash to pieces with my enduring curses….

    Автор на „Оуланем“ е…. погоди кој?

  5. Од последниот твој коментар човек може да увиди до кое ниво ти е културата. Прво навредуваш. Ме нарекуваш „луд“, исто што и „г-дин“ Виктор Трифуновски, велејќи: „Овој треба да оди да се удави во веце шолја“. Емотивниот крик не е рефлексија на здрав разум. Но, тоа е секогаш така кога се нема во дебатата на своја страна издржани аргументи, па затоа против емпириската реафирмираност на Марксовото економско и филозофско дело се обидуваш со поезија (!) да го докажеш спротивното. Аналогно на тоа е да извлекуваш цитати од мојата стихозбирка „Love metal poetry“ за да ги побиеш моите аргументи во оваа дебата. Те молам, без патетика! Дали треба во овој случај и јас да војувам со цитати од економските дела (не поезијата!) на Мизес каде го оправдува расизмот и колонијализмот? Се разбира дека не, затоа што тоа би било логичка дигресија, иако ти толку преферираш да се изразуваш со јазикот на логиката🙂 За да би ја побил, на пример, трудовата теорија на вредност, ќе треба со помош на национални инпут аутпут табели од разни земји да покажеш дека паричната вредност на стоките НЕ е надмоќно определена од нивните содржини на труд. Но „студиите откриваат дека за поголемиот број на економии соодносот меѓу трудовите вредности и цените е 95% или над овој процент. Според тоа, научната хипотеза на Адам Смит дека трудот е изворот на вредноста, сега, статистички е потврдена. Научниот факт би требало да биде инкорпориран во закон“, тврди Пол Кокшот.

    „Ленин самиот за себе тврдел дека е тој вистински комунист“-
    Ох лажго ниеден!🙂 Во 1921 год. Ленин рекол: ,,Ние сме бољшевици, не комунисти. Ние сме за бољшевиците, бидејќи тие ги протераа земјопоседниците, но ние не сме за комунистите, бидејќи тие се против индивидуални поседи‘‘.

    Мара

    05/05/2010 at 15:37

  6. Кои бре аргументи?

    Ти не знаеш како прво што е тоа „аргумент“, а не па да бидеш побиван со нив.

    Прво научи што е тоа „емпириско“, „научно“, „рационално“, „логично“, па после јави се на дебата.

    Емотивниот крик не е рефлексија на здрав разум

    Точно!

    Секој ден тие зборови да си ги повторуваш по сто пати, па еден убав ден можеби ќе сфатиш што значат.

  7. Паранојата се лечи, глупоста не. Се надевам дека страдаш од првото.

    Мара

    05/05/2010 at 20:57

  8. Едно прашање: се повикуваш на југословенската бела техника од 70тите и ја споредуваш со „јапанската совршеност“ од денешницата?
    И уште нешто… како тоа само комунизмот во Југославија е реален, а не е, а се друго реално, не е, а е.
    парадоксите ти одат, навистина.
    И да, уште нешто. Чинам дека го браниш капитамизмот како мечка свое мече…
    Од каде тој капитализам во пракса си го осетил? Од Македонија? Или од Беверли Хилс на малите југословенски неквалитетни екрани?

    Nothing Easy

    20/10/2011 at 13:17

  9. И јас се чудам од каде ова дете со Иницијали Н.Б. родено 1980 година го осетило квалитетот дека е лош на Југословенските алати и Бела техника?
    А и општо дека во СФРЈ се живеело лошо? Луѓето што се родени 1941-та не знаат како се живеело, ама Нено Богдан најубаво знае.

    Благоја

    04/11/2011 at 18:36

  10. Добра ти е споредбата со наркоманот во апстиненцијална криза. Еден либертаријанец го спореди стопанството во реал-социјализмот со човек кој гладува и преживува метаболирајќи ги телесните маснотии- дури ги има. Јас би додал дека самоуправниот социјализам бил ист таков, само што сме имале дилер кој не снабдувал со евтини пејн-килери. Тоа и ја објаснува југоносталгијата и копнежот по тоа време – не ни недостасува благосостојбата која не сме ја ни имале, туку дилерот и неговите дроги. За разлика од кај нас, во бившите советски сателити во Источна Европа, благодарение на тоа што беа владеани од послушни полтрони на Москва, социјализмот не остави речиси никаква носталгија ( За бившите советски републики е друга приказната – таму се работи за со векови градениот култ за водачот- самодржец со цврста рака. Овој култ по падот на царот бил вешто молзен од сите ген-сеци и властодршци до ден-денес. Оттаму популарноста на Путин, оттаму Лукашенко сеуште владее со Белорусија, оттаму Зјуганов редовно добива 25% од гласовите………)

    Darko Gjorgjievski

    16/12/2013 at 10:10


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: