Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ПЕСНИТЕ НА КОМУНИЗМОТ: ВО ЧЕСТ НА ПРВИ МАЈ

with one comment

Ве потсетува ли знамево на едно друго знаме, на една друга идеологија?

Во пресрет на престојниот некогашен голем празник, а сега само ден за пролетен пикник и „празник“ со сентиментална вредност, еве во продолжение некои од најубавите песни поврзани со комунистичката идеологија. Идеологијата беше за никаде, ама морате да признаете дека песните (штом ќе ги ислушате) им беа супер на комунистите.

* текстов е првично објавен на 26ти април 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/224900

1. Интернационалните комунистички хитови:

Bandiera rossa е песна чија мелодија е адаптирана од некои (две) народни песни од фолклорното богатство на италијанскиот народ, додека пак текстот е напишан во 1908 година од страна на социјалистот Carlo Tuzzi. Кликнете на името на песната од претходната реченица за да ве однесе до страницата за неа во википедија, а на линковите што следуваат можете од Јутјуб да ги слушнете стандардната верзија и (според мене) многу пожестоката, пореволуционерна панк верзија на песнава чие име во превод значи „црвено знаме“.

Интернационалата е позната по нејзините почетни стихови „станете, вие робови во светот…“ и интересно кај неа е што неколку години по Октомвриската револуција во Русија, токму оваа песна била користена како (не)официјална химна на СССР. Ова траело сѐ до 1944 година кога е воведена нова, официјална химна на Советскиот Сојуз која е дадена подолу во оваа колумна. Да не должиме, на следниот линк се наоѓа француската верзија (со оригиналниот текст) на песната, а на следниот пак линк најчесто употребуваната т.е. најчесто пејана, верзијата на руски јазик.

Bella Ciao („Збогум убавице“) е исто така многу славна комунистичка песна со потекло од Италија, и слично на Bandiera Rossa е со адаптирана мелодија од италијанскиот фолклор на која е додаден политички текст. На Јутјуб нема многу, добро направени верзии на песнава, но најдов една многу емотивна, на гитара исвирена, и испеана од пејачот кој што очигледно искрено се поврзал себеси со нејзиниот текст. Еве ја тука значи, италијанската верзија на оваа песна, која што имала меѓу многуте свои преводи и верзија на шпански јазик, и во таа форма била многу популарна меѓу левичарските герилци во Латинска Америка (Кастро, Че Гевара, Ортега…).

2. Руските комунистички и црвеноармејски песни:

Тука немам намера толку многу да го „тупам“ како во погорните пасуси, оти во СССР за идеолошките песни ниту се знаело кој навистина ги пишувал, ниту кој стварно музиката им ја правел, оти во ерата на Сталин на сила било масовно фалсификување на историјата и на тогашната сегашност. Од тука, ви го препорачувам овој сајт со советска музика кој е полн со песни од тоа време, удобно каталогизирани и во MP3 формат.

Се разбира, од клиповите достапни на Јутјуб можеме да ги издвоиме како најпевливи „Маршот на октомвриската револуција“, потоа официјалната „Химна на СССР“, како и „Маршот на тенкистите на Црвената Армија“, па преубавата и со типично руска мелодија „Бела армија, црн барон“ и за крај, многу интерсната песничка која се вика „Марш на советските авијатичари“. Интересно кај последната песна е што ако го заслушате рефренот во неа, ќе сфатите од каде  им дошла инспирацијата на нашите партизански агит-проповци за мелодијата на песната која започнува со зборовите „Во борба, во борба, во борбаааа, македонски народе…“.

3. Југословенските партизанско – братскоединственски песни:

Се разбира, за помладите читатели кои не се сеќаваат на Југославија, мораме прво преку песната „Од Вардара па до Триглава“ да објасниме што точно беше тоа и од каде до каде се протегаше таа земја. Во тоа време од секој естраден уметник кој сакаше да има успех во кариерата се очекуваше да ја велича државата, па и славната Лепа Брена не остана надвор од тој тренд и затоа ја испеа песната „Југословенка“. Во бившата ни држава беше очекувано од младите пионери (деца кои мораа да носат во официјални пригоди црвени капи и марами) да ја пејат и песната „Друже Тито ми ти се кунемо“, кога ќе потпораснеа децата и ќе одеа на работни акции (како бесплатна работна рака за инфраструктурните објекти) навечер ја пееја партизанската „По шумама и горама“, а се разбира, во чест на врховниот командант на Југословенската народна армија на официјалните собири каде што имаше и воени паради се интонираше редовно и инспиративната и борбена „Уз маршала Тита“.

Фала богу, сите овие прекрасни песни не ѝ помогнаа на занданата за нејзините народи, СФР Југославија, да го преживее падот на комунизмот како економски систем. Велам зандана, затоа што ако некој се сомнева во тоа, нека го погледне овој инсерт од прославата на денот на младоста (25 мај) од 1979 година и начинот на кој десетици илјади луѓе се принудени да го слават и величаат ликот и делото на диктаторот Јосип Броз (баш како што се прави тоа сеуште во Северна Кореја).

Комунизмот колабираше под притисокот на наталожените економски проблеми и барањата за демократија и слобода на луѓето кои стравот од тајните полиции не можеше повеќе да ги одржува во продуктивна состојба, а после сето тоа, триумфираше капитализмот, најдобро опеан преку најбуржоаската песна што било кога е испеана, легендарната „My Way“ од уште полегендарниот Френк Синатра. По мое мислење, стиховите на таа песна се вистинска химна за секој успешен претприемач и ако внимателно ја ислушате кликнувајќи на линкот од претходната реченица, и самите ќе се уверите и согласите со мене.

Written by nenobogdan

07/01/2010 at 18:50

Posted in Uncategorized

Tagged with

One Response

Subscribe to comments with RSS.

  1. А бре глупсоне ! Си научил да правиш блог , ама индоктриниран , како лично Гебелс да те правел. Фашистичка гњидо. Идеологијата што ја оспоруваш е најнапредната идеологија во историјата на човештвото. Вашата идеологија еднаш ја поразивме пред 68 години – И ПАК ЌЕ ВЕ ПОРАЗИМЕ И ЌЕ ВЕ ПРАТИМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА.

    Jovan

    05/02/2013 at 12:10


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: