Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ТЕГ И ДВОЕН ТЕГ

leave a comment »

Итрината на дело

Идејата на денешната колумна е да се објасни и расветли една од причините поради која нашата земја толку бавно се движи по својот пат кон подобра иднина. Тоа ќе биде направено преку разгледување на сличностите на нашата ситуација со состојбите во Украина, Ирак и некогашната Австро-Унгарска империја. Иако во суштина станува збор за политичка категорија присутна и во најдревните цивилизации, сепак во речиси идентична форма таа постои и во денешна Македонија.

* текстов е првично објавен на 18ти март 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/217776

Примерот со денешна Украина: верувам дека ви е познато дека државата Украина во последниве дваесетина години откако стана независна постојано политички осцилира меѓу Запад и Исток, и се чини и покрај силната поларизација на нејзиниот политички спектар, никако не може да се реши со кого ќе гради најблиски односи: дали со Русија, од која историски многу зулуми има видено украинскиот народ (на пример, гладот од 1930ите) или со Европската Унија, со чии членки отсекогаш ја поврзувала заедничка култура и историја (не секогаш позитивна, секако).

Денеска, во Украина имате многу чудна ситуација со односот на политичките сили во земјата. Во нејзиниот западен дел, речиси доминантна превласт на сите можни избори имаат оние политички опции кои што се залагаат за заладување на односите со Русија и зајакнување на односите со Запад, а пак истовремено, досега, на сите избори во источниот дел на Украина доминираат партиите и политичарите кои јасно се залагаат за зачувување и продлабочување на врските со Русија и кои со сомнеж гледаат кон секое западно влијание.

Поради подеднаквата големина на двата блока гласачи / партии, Украина е сосема блокирана во својата меѓународната државотворна траекторија. Ниту може кон Русија вистински да се приближи (оти Украинците од западниот дел остро се противат на тоа), ниту може кон ЕУ да се приближи (оти источните гласачи тоа не го дозволуваат).

Прашањето кое е релевантно и за нас е: „зошто украинскиот народ не може да постигне национално единство за виталните државнички прашања?“

Затоа што она што ние странците го гледаме како еден народ всушност се два народи. А два народа тешко можат да најдат заеднички интерес. Во времето кога во рамките на СССР била создадена советската република Украина, намерно управителите од Москва решиле нејзината реална територија да ја „збогатат“ и да ја удвојат по големина на површината и населението.

На она што отсекогаш било украинска национална територија населена со вистински Украинци, државотворците од Политбирото на К.П.С.С вештачки накалемиле милиони етнички Руси на кои од тогаш па до сега постојано им се кажува дека треба да се сметаат за Украинци, но нивниот идентитет преку системот на образование константно се врзувал со Русија.

И затоа денеска Украина не може да просперира, оти вистинските Украинци колку и да се трудат да гласаат за партии кои ќе работат на нивно одлепување од руските прегратки, оние лажните Украинци (а кои се навистина Руси) постојано ги влечат назад, небаре се тег врзан за ногата на Украина.

Примерот со Ирак: оваа држава никогаш нема да може да функционира како демократска од проста причина што никогаш ирачкиот народ нема да може да постигне национално единство за клучните државотворни прашања. Зошто? Затоа што ирачкиот народ, оној вистински ирачки народ по бројност е едвај 20% од населението на земјата која го носи неговото име.

Остатокот го чинат етнички Иранци (во медиумските извештаи од таа земја нарекувани Шиити) и етнички Курди (кои зборуваат јазик сличен на иранскиот но кои припаѓаат на поинаква гранка на исламот – Сунити). Она што се Курдите и Шиитите во Ирак е во суштина исто како што се Хрватите и Србите во Босна. Практично ист јазик, но поинаков идентитет, предизвикан од историски и религиозни причини.

Идентитетот на ирачките Иранци т.е Шиитите е нераскинливо поврзан со Иран, со чии што жители ја споделуваат истата верзија на исламот и истиот јазик. Курдите немаат своја држава сега, но и тие нивната иднина не ја гледаат во егзистирање во некаква вештачка држава со народ со кој практично немаат ништо заедничко.

Бидејќи сунитите т.е. вистинските Ирачани го населуваат токму оној дел од Ирак каде што има најбогати нафтени наоѓалишта, сите странски политички фактори имаат жив интерес тие да немаат само своја држава т.е. државата која што ќе имаат да не биде нивна. Британците кога ги поразиле и избркале по Првата светска војна Турците од територијата на Месопотамија, целиот тој регион го консолидирале во една држава, наместо во три – по една за секој народ, со намера Сунитите никогаш да не можат да бидат закана за британските нафтени интереси во тој регион.

Вистинските Ирачани – Сунитите се принудени да живеат во иста држава со два други народа со цел никогаш да немаат услови да бидат самостојни и самите да решаваат за својата иднина и управувањето на нивното национално богатство – нафтата.

Најчудно е што дури и сунитските лидери како Садам Хусеин и ирачките кралеви и диктаторчиња кои владееле со таа земја пред Садам, гледале со наклонетост на таа состојба на тег со која нивните сопствени етнички собраќа биле држани многу поефикасно во состојба на послушност кон државата. Диктаторите во Ирак отсекогаш знаеле дека не им требаат земјата и луѓето на Курдите и Шиитите, бидејќи таму и онака нема некои позначајни резерви на нафта. Но, им требале како тег кој цврсто ќе биде закачен за „ногата“ на вистинските Ирачани со цел тие да бидат заплашени и никогаш да не креанат буна против своите тирани, кои и самите биле Сунити.

Примерот со Австро-Унгарската империја: веројатно ви е познато она навредливо име што српските националисти го употребуваат за Хрватите и кое гласи „бечки лакеи“ (слуги на Виена). Но сигрен сум дека не знаете дека први кои ја употребувале оваа фраза за Хрватите не биле Србите, туку Унгарците, во знак на омраза кон народот на банот Јосип Јелачиќ, кој во Храватска го сметаат за национален херој, а во Унгарија за нивни голем крвник, оти во 1848та година, кога во Будимпешта унгарските патриоти кренале револуција со цел да се отцепат од доминацијата на Виена, австрискиот цар употребил за задушување на таа револуција токму – хрватски војници под водство на Јелачиќ.

Подоцна, кога востанието било задушено, бил постигнат своевиден „рамковен договор“ меѓу Австријците и Унгарците како двата најбројни народи во Империјата, и таа била со тој договор поделена на две сфери на влијание, при што Хрватска паднала токму во делот под управа на унгарскиот парламент. Се разбира ова било направено наменски, со цел Унгарците да им се одмаздуваат со административни и бирократски мерки на Хрватите за нивното учество во задушувањето на револуцијата од 1848та година, а и за да Хрватите ја сочуваат и засилат својата омраза кон унгарските угнетувачи, за ако еден ден пак дојде до потреба да се задушува некое востание во Будимпешта, тие да бидат првите кои (со мерак) ќе се јават за таква задача.

Слична политика спроведувале стратезите од Виена и во управувањето со другите народи во империјата (Чеси против Полјаци, Словаци против Рутенијци, Унгарци против Романци, Срби од Босна и Војводина против Хрвати) и тоа совршено си функционирало – Империјата и покрај сета своја економска стагнација не биле уништена од востанија на многубројните народи, туку по поразот во Првата светска војна.

Во Австро-Унгарската империја системот на рамнотежа функционирал како систем на поврзани тегови. Секој народ бил намерно нас’скан против другите народи со цел меѓу нив да има силна омраза и секој етнос на другиот етнос да му биде како тег врзан за „нозете“ со цел да не може да се крене ниту еден народ на бунт против императорот во Виена.

И така дојдовме до македонскиот пример, кој што е уникатен во споредба со претходно наведените примери, оти кај нас имаме состојба на два тега врзани за вистинската македонска нација. Едниот тег, кој постојано служи како превенција за било каков изблик на незадоволство од Македонците против нашите неспособни влади се – Албанците. Имено, со нивното потенцијално востание за отцепување од Македонија нашите лидери редовно нѐ плашат кога и да се јави некоја помисла за масовни протести против лошата економска состојба во државава.

Но, имаме ние и друг тег, кој уште повеќе ни тежи споредено со албанскиот тег. Тој тег е составен од стотици илјади лажни Македонци, луѓе за кои веруваме ние дека се дел од нашиот народ и со кои треба да споделуваме исти визии и идеали за подобра Македонија, но кои редовно и бесрамно гласаат за СДСМ, давајќи ѝ на таа група изроди доволно политичка моќ од која извира и нивната економска – медиумска моќ со која го спречуваат напредокот и развојот во позитивна насока на македонската нација и држава.

За разликите меѓу вистинските и фалсификатните Македонци пишував пред неколку месеци во мојата најконтроверзна досега колумна „Зошто некои Македонци ја мразат Македонија?“ и за поопширна елаборација на теоријата – погледнете таму.

Оваа колумна би сакал да ја завршам со заклучокот кој мора да биде практичен за да има корист од него: а тој заклучок гласи дека лажните Македонци меѓу нас, никогаш нема да ги убедиме да станат вистински, оти тие се со фабричка (системска) грешка. Колку и да се труди било која десна влада да ги „поткупи“ нив со зголемување на плати, бенефиции, статуи на шмизли и одложување на рехабилитирањето на некои контроверзни историски моменти и ликови од нашето минато кои ним не им се по волја – џабе е. Тие неколку стотици илјади вечни гласачи на СДСМ никогаш нема да ја прифатат Македонија како своја држава и секогаш ќе гласаат за политичката опција која е заколнат непријател на нашата татковина.

За да една земја биде заглавена во нејзиниот пат кон подобра иднина доволен е и еден тег, а камоли пак два како што имаме ние. Љубчо Георгиевски на времето препорача едниот тег да го откинеме (со поделба на земјата) и со тоа да го намалиме товарот кој нѐ држи заглавени во место. Проблемот со неговата идеја е што таа е многу непрактична и полна со неутврдени опасности и замки (од колкави и кои точно територии ќе треба да се откажеме и што ќе правиме со колатералната штета од околу сто и педесет илјади Македонци кои живееат во тој регион?) па затоа таа идеја беше отфрлена како неупотреблива.

Но, има и друг начин, а тоа е едниот тег да го разбиеме на два – три тега и да ги користиме тие помали тегови за да ги балансираме меѓусебно и со тоа да го поништиме нивното штетно влијание. Од 2006та година, со крајното заострување на односите меѓу ДПА, ДУИ и сега и новиот играч НД, се чини дека таа стратегија се покажува за корисна, правилна и изводлива.

Но што да правиме со другиот, со „нашиот“ тег?

Тоа е прашање кое бара поширока анализа и како прв чекор во таа анализа е да утврдиме точно колку тежи тој тег. Колкава е сегашната политичка моќ на опцијата која секогаш работи против Македонија? Престојните избори се добра можност да се изврши тоа премерување.

П.С: Во прилог на тезата дека СДСМ е политичка опција со фабрички вградена мана која го тера секогаш да работи против интересите на сопствената земја, погледнете ги следниве колумни кои во изминативе месеци ги имам објавено на мојот блог, а кои се наменети за критикување на нашата сегашна водечка опозициона партија:

Споредба помеѓу Кривата кула во Пиза и СДСМ во криза

Пет бенчмаркови кои докажуваат дека СДСМ е промашена инвестиција

Време ли е СДСМ да стане и пробугарска партија

Зошто левицата никогаш не може да биде патриотска

Ако беше СДСМ човек, каква личност ќе беше

Written by nenobogdan

07/01/2010 at 00:26

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: