Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ АЦЕ ПЕДЕРОТ ИЛИ АЦЕ ШВАЛЕРОТ?

leave a comment »

Среќата ги следи храбрите, а озборувањата ги следат успешните

Пред неколку дена беше и помина роденденот на Александар Велики и ми се чини  затоа дека е тоа добар повод уште еднаш да ја разгориме дебатата за неговите сексуални склоности. Во текстот што следува ќе ви ги преставам историските факти, прво „швалерските“ а потоа и „педерските“ факти, па потоа вие самите донесете си заклучок.

* текстов е првично објавен на 23ти јули 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/239315

* Најпрво би сакал да ве замолам од сега па натаму кога на некој он-лајн форум или блог расправија ќе наидете на некој што се обидува да ве убеди дека Александар Македонски бил педер, да го испратите преку линк прво тука, на овој пост, за да прочита неколку факти, а дури потоа да му дозволите да ја продолжи дискусијата со вас на таа тема.

Значи…

Жените што Александар ги љубел се историски потврдени три сопруги, три љубовници и уште три жени за кои има силни индиции дека му биле љубовници. За толку знаеме од античките историски извори, а можеби имало и други жени, но за нив немаме ама баш никакви податоци. Нивните имиња и кратките описи на нивната врска со Александар следуваат во наредните хронолошки распоредени пасуси:

Campaspe: првата жена со која Александар имал сексуални односи била убавата куртизана (античка кол-герла) Кампаспе која го користела и „уметничкото“ име Панкасте и за која дознаваме првенствено од записите на старо-римскиот научник кого ние го викаме Плиниј. Тој тврди, а неговите современици Лукијан од Самосата и Аелијан се согласуваат дека токму оваа елитна проститутка била ангажирана – со посебен договор за висок хонорар – младиот принц на Македонија да го научи како се води љубов.

Клиентот Александар толку бил воодушевен од нејзината убавина, што откако од неа „теоретски и практично“ научил речиси сѐ за тоа како да задоволи жена, тој го ангажирал познатиот сликар Apelles да му направи слика на голата Кампаспе, за спомен и долго сеќавање. Сликарот додека ја сликал голата убавица се заљубил во неа (и таа во него) и добродушниот Александар решил предвреме да ја ослободи од обврските на договорот за сексуална едукација и ѝ дозволил да стапи во врска со Apelles. Овој сликар бил толку заљубен во Кампаспе што ја зел неа како модел за една слика на божицата на љубовата Афродита.

Од оваа приказна може да се направи одличен љубовен роман или дури и игран филм, ама во Македонија нашето министерство за култура е поподготвено да плати за увоз на Шарл Азнавур и слични „ѕвезди“ на кои славата одамна им поминала отколку за производство и извоз на нешто што ќе можеме на целиот свет да му го преставиме како дел од нашата еротска историја.

Barsine: оваа жена била втората историски потврдена љубовница на Александар Велики. Таа му била ќерка на еден влијателен персиски аристократ по име Артавазда (на латински Artabazus) а според некои антички извори нејзиното вистинско име било всушност Arsinoe, кое пак често се среќава во имињата на жените и ќерките на неколку македонски владетели на кралствата основани од генералите на Александар на деловите од неговата империја.

Како и да е, оваа Барсине уште како млада девојка била принудена да побегне од Персија во Македонија заедно со речиси целото ѝ семејство, поради политичките проблеми што татко ѝ ги имал со персискиот крал. Во Македонија, таткото на Барсине бил чест гостин во дворецот на Филип II на кого му обезбедил значајни разузнавачки информации за внатрешните односи меѓу разните членови на персиската владеачка елита, нешто што подоцна на Александар многу ќе му биде од помош при освојувањето на Персија.

Барсине и Александар се запознале уште за време на нејзиниот престој во Македонија, но неколку години по нивното доаѓање, политичката клима во Персија се подобрила и Артавазда можел да се врати дома, поведувајќи го и своето семејство назад.

По македонската победа во битката кај Ис (Battle of Issus), откако персискиот крал побегнал од бојното поле, во рацете на Александар паднале многу жени од кралското семејство и од други угледни фамилии, меѓу нив и жената и ќерките на персискиот крал Дарјуш (ние го знаеме како Дариј III, а на латински и англиски е Darius III) како и Барсине.

Некогашното познанство и пријателство меѓу Барсине и Александар повторно се разбудиле и набрзо ескалирале во вистинска љубов, па во 327 година п.н.е. Барсине станала мајка на првото дете на Александар, синот Heracles (ова момче било убиено во 309та година п.н.е. во текот на меѓу-македонските војни по смртта на Александар Велики, откако една од завојуваните страни се обидела да го искористи за политички маркетинг).

Интересна работа е што Барсине и Александар иако биле љубовници и имале дете, никогаш не стапиле во брак. Можеби проблем било тоа што Барсине претходно веќе два пати била во брак со други мажи (персиски генерали од грчко потекло), а можеби и Александар сметал дека нема потреба од такво нешто.

Како и да е, античките историчари ја потврдуваат нивната врска и нивното заедничко дете, а фактот што таа последните години од својот живот ги поминала во Македонија отвара простор за многубројни шпекулации во врска со вистинската судбина на нејзиниот син со Александар. Да имавме ние некој автор како Ден Браун кој знае каква приказна ќе извадеше од сето тоа (како што Светиот грал во „Кодот на Да Винчи“ е закопан во Лувр, можеби нашиот Свет грал е закопан под хотелот „Александар палас“?)

Statira (кралицата): оваа жена му била сопруга на персискиот крал со кого војувал Александар и по битката кај Ис била заробена. Битката кај Ис се случила во ноември 333та година п.н.е. Старо-грчкиот историчар Плутарх (Plutarch) кого науката го смета за еден од најточните и најдобро информираните историчари кои пишувале за Александар Велики, тврди дека кон Статира македонскиот крал се однесувал со максимална почит и дури од што бил добро воспитан и културен не сакал ни ја гледа, а камоли пак да има било какви интимни односи со неа.

Да знаел Плутарх дека по 2300 години од настаните што ги опишувал некој ќе седне и ќе направи кратка и безобразна математичка анализа за тоа што го запишал – немал да пишува такви небулози. Што сакам да речам?

Затоа што истиот тој Плутарх ни кажува и дека Статира умрела при породување непосредно пред битката кај Гавгамела (Battle of Gaugamela) која пак се случила на 1ви октомври 331та година п.н.е. Бидејќи Статира умрела при породување некаде во месецот септември 331та, тоа значи дека девет месеци пред тоа имала сексуални односи со некој маж кој ја направил бремена.

Таа била жена на персискиот крал и никој друг не смеел да има сексуални односи со неа. Од друга страна, во периодот од битката кај Ис до нејзината смрт, имало само двајца луѓе во целиот свет кои тврделе за себе дека се кралеви на Персија. Еден бил законскиот ѝ маж и формално – правно крал, Дарјуш (кој после битката кај Ис немал пристап до својата сопруга) а другиот претендент бил Александар, кој по победата кај Ис му пишал во дури две писма на Дарјуш дека се смета себеси за господар на цела Азија, вклучително и на персиската империја.

Значи, од ноември 333та година п.н.е. до септември 331та година п.н.е има многу, многу повеќе од девет месеци (речиси две години). Во тој период само еден единствен маж имал и право и можност да има сексуални односи со персиската кралица Статира. Треба ли да кажам дека Плутарх тропал глупости кога рекол дека Александар се однесувал крајно џентлменски кој својата заробеничка?

Thais: ова е името на една грчка куртизана (спонзоруша) која што ја придружувала македонската воена експедиција во Персија. Кога Александар го освоил и градот Persepolis, била организирана една раскошна забава, на која Thais го замолила Александар да ѝ дозволи да ја запали кралската палата (во најголем дел изработена од скапоцено дрво) користејќи го аргументот дека ако една грчка жена (и тоа не било каква туку една проститутка) успеала да го направи она што десетици грчки јунаци и војсководачи не успеале да го направат – тогаш нејзината слава засекогаш ќе била забележана и нејзиното име никогаш немало да биде заборавено.

Александар ѝ дозволил на Thais  да ја запали кралската палата на персиските владетели, што за нас, модерните читатели води кон два битни заклучока. Прво, тоа е уште еден доказ дека Александар не се чуствувал себеси за Грк, оти да се чуствувал така, немало да ѝ дозволи на една ороспија да му ја земе славата како најголемиот грчки јунак и војсководач. Второ, тоа е доказ дека Александар и Thais имале многу блиска врска (најверојатно љубовно – еротска) штом тој ѝ дал таква чест и толкава привилегија.

Подоцна Александар јавно изразил во неколку наврати жалење за опожарувањето на палатата и ја раскинал врската со својата спонзорушица. Се разбира, таа како вистинска спонзоруша и искусна калаштура, не заминала туку-така од сцената. Неколку години подоцна таа станала египетска кралица (!) откако се омажила за генералот Птоломеј, кој во меѓу-македонските војни по смртта на Александар Велики успеал да го стави под своја контрола Египет.

Thalestris: ова љубовница на Александар Велики можеме да ја наречеме слободно полу-легендарна или полу-митолошка оти некои антички историчари не ја споменуваат, Плутарх иако ја споменува изразува сомневање во нејзината автентичност, а старо-римскиот историчар Quintus Curtius Rufus во својата книга за Александар ни кажува некои крајно неверојатни работи за неа и нејзиниот однос со македонскиот крал. (таа книга е преведена и објавена и на македонски јазик, но името на авторот е транскрибирано како Квинт Курциј Руф)

Плутарх и  Квинт се согласни дека таа била „кралица на Амазонките“ и дека дошла од регион покрај Црното Море и го замолила Александар да имаат сексуални односи. Александар сметал дека е некултурно да одбие една дама која толку учтиво го замолила, така да во наредните „тринаесет дена тој ѝ служел на нејзината страст“. Откако таа утврдила дека забременила со  негово дете, си заминала дома.

Што се случило со неа и со детето, историјата не ни кажува но дозволете јас да направам една мала шпекулација. Дали таа била кралица на некои си Амазонки не знаеме и таа легенда веројатно е последица на фактот што таа била кралица на некои номади во степите во денешна јужна Русија, и како таква била вешта со лак и стрела. Според грчката митологија Амазонките биле вешти стрелци, па веројатно тоа било инспирација за легендите околу нејзиното потекло.

Значи, можеме да апроксимираме дека Александар имал полови односи и забременил некоја номадска принцеза. Знаме дека од степите на јужна Русија седум векови по смртта на Александар во Европа ќе се пробијат Хуните, предводени од нивниот лидер Атила, кој бил одличен војсководач. Името Атила е многу слично со името Атал (Attalus), кое го носеле неколку познати луѓе од историјата на античка Македонија. Се разбира, нема шанси Атила да му е син на Александар, оти ги делат цели седум векови, но за името ми е зборот… можно ли е името Атила да станало номадско име достојно за кралевите на степските номади поради тоа што во нивните легенди и митови тие зборувале за синот Атал на некоја нивна древна номадска кралица со некој голем светски освојувач?

Чиста шпекулација е мојава теорија, но дека Александар имал сексуални односи со жена која старо-грчките и старо-римските историчари ја запишале како Thalestris – е историски факт. Дека била баш кралица баш на митолошките Амазонки не е баш веројатно, но дека постоела и дека имала интимни односи со Александар – не е спорно.

Roxana: оваа жена му била првата сопруга на Александар и по потекло била од територијата на денешен Афганистан, каде што нејзиниот татко Вакшувадарва бил многу моќен и влијателен човек. На латински и англиски името на Вакшувадарва се пишува Oxyartes, но тој сепак не треба да се меша со братотот на персискиот крал Дарјуш, Вакшуварда чие име на латински се пишува Oxyathres и чија ќерка Amastris подоцна ќе му стане жена на генералот Craterus еден од луѓето од најголема доверба на Александар, кому наводно непосредно пред да умре Александар му ја оставил империјата. (како само ги баратам имињава и односите, небаре шпанска серија ви раскажувам!)

Значи, оваа девојка чие име во оригинал се изговарало Рошанак му станала првата сопруга на Александар Велики, и многумина историчари сметале и сеуште сметаат дека тој брак бил од чисто политички побуди (сакал Александар да скова сојуз со таткото на Рошанак). Што според мене е жива глупост, оти таа му родила дури две деца на својот сопруг, првото дете било мртвородено, но подоцна таа ќе му роди уште едно, син кој ќе го добие името на татко си, и во историјата е познат како Александар IV (бил убиен подоцна на само 12 годишна возраст после бурно детство во текот на кое бил искористен од неколку фракции во меѓу-македонската војна како нивен пион)

Како и да е, Рошанак набрзо по смртта на Александар со својот син заминала во Македонија каде што се обидела со помошта на мајката на Александар да се докопа до некаква власт и сигурност за својот син. Двете жени (снаа и свекрва) не успеале во своите интриги и маневри да ги надмудрат генералите кои веќе наголемо завојувале меѓу себе за превласт и тие двете и детето на Александар ги загубиле животите.

Cleophis: кога Александар пристигнал на територијата на денешен северен Пакистан таму имал можност да се запознае со кралицата на градот Massaga, која делумно од стратегиски причини – ѝ бил потребен Александар и неговата војска како заштитници во опасните политички односи во тој регион – а делумно и од чиста еротска желба, спиела со него и му родила еден син кој го добил името Александар. (така барем вели историчарот од времето на стариот Рим, Marcus Junianius Justinus, а Квинт Курциј Руф во голема мера се согласува со неговите тврдења)

Што се случило со оваа жена и со детето на Александар кое таа го родила – историјата не ни кажува. Но, факт е дека денеска во тој дел од светот постои еден народ познат како Хунзи кои себеси се сметаат за наследници на војниците на Александар Македонски, а некои од нивните водачи тврдат дека се потомци на Александар лично. Веројатно, преку синот кој нашиот антички освојувач го имал со тамошната кралица Cleophis.

Statira (принцезата): оваа жена му била ќерка на персискиот крал Дарјуш кого Александар го победил во битката кај Ис и после таа битка оваа девојка заедно со сестра ѝ Drypetis и мајка им и баба им и уште многу други жени од благороднички семејства биле заробени. Таа била многу млада, премлада за да стапи во брак или да има сексуални односи, но по неколку години кога Александар се вратил од Индија и кога организирал голема групна свадба за себе и своите генерали при што тие се ожениле сите со персиски аристократки, таа била доволно возрасна за да му стане сопруга на македонскиот освојувач.

За неа не знаеме практично ништо, освен дека по смртта на Александар бидејќи била бремена неговите генерали се договориле да ја убијат фрлајќи ја во бунар. За тоа злосторство ја обвиниле првата жена на Александар, Рошанак, но тоа е малку веројатно дека е точно, оти да била Рошанак вклучена во убивањето на идната мајка на дете на Александар, дали мајката на Александар ќе ѝ дозволела на Рошанак да живее во Македонија подоцна?

Јас мислам дека генералите на Александар биле преплашени од можноста да постои легитимен наследник на престолот и направиле сѐ да ги избришат потомците на својот некогашен шеф. А оние кои не можеле во првиот миг да ги фатат, ги наклеветиле дека биле убијци.

Parysatis: оваа персиска принцеза исто така му станала сопруга (трета по ред) на Александар на големата групна свадба, но таа не му била ќерка на кралот Дарјуш, туку на претходниот персиски крал Artaxerxes III Ochus. За неа практично ништо не знаеме освен чија ќерка била и чија сопруга станала.

Се претпоставува дека и таа била убиена заедно со втората жена на Александар, со фрлање во бунар, што би значело дека и таа била бремена со дете на Александар.

Инаку, Плутарх вели дека сестрата на Статира, Drypetis, била фрлена во бунарот, но тоа нема смисла, оти зошто некој би ја убивал неа, кога таа немала никаква врска со Александар. Најверојатно била фрлена во бунарот токму оваа девојка, оти имале причина убијците да ја убиваат и таа сопруга на Александар.

Поткрепа на оваа теорија е дека ние апсолутно немаме историски податоци за тоа како го завршила животот оваа жена, па претпоставката е мошне веројатна дека Плутарх направил грешка во фактите и дека мислел на Parysatis кога зборувал за фрлањето во бунар на втората жена на Александар.

Ставовите на Александар кон хомосексуалците и хомосексуалноста се многу чудни, со што се согласни и сите антички историчари. Оти, во епохата кога да се биде сексуално активен со други мажи било нормална работа и никој не се срамел од тоа, за Александар ама баш нема ниту еден антички извор да тврди дека тој бил со такви навики. Уште повеќе, античките историски извори зборуваат и за многу хомофобни акти и изјави на Александар.

Се чини дека сета приказна за неговата хомосексуалност е измислена во втората половина на XXиот век од страна на грст американски и британски квази-автори, пред сѐ Мери Рено – и самата лезбејка која што пишувала романи во кои главните ликови редовно се преставени како хомосексуалци, и Робин Лејн Фокс – главен историски консултант за филмот на Оливер Стоун и освен тоа и автор на неколку книги за градинарство (!?), кои опишувајќи го Александар Велики како хомосексуалец се обиделе (успешно) да ја зголемат продажбата на своите книги, иако кога Оливер Стоун направи филм за Александар базиран на тезата за неговиот афинитет кон сопствениот пол – филмот постигна финансиски дебакал и покрај тоа што главната улога му беше доделена на харизматичниот Колин Фарел!

Како и да е, еве што од античките историчари дознаваме за ставовите на Александар Велики кон хомосексуалноста и хомосексуалците:

Масакрот на „Светиот одред“ во Битката кај Chaeronea: во значајната битка кај Хаеронеа (Battle of Chaeronea) во која бранителите на независноста на грчките градови – држави биле поразени и по која започнал долгиот период на македонска доминација во Елада, на страната на бранителите како најелитна единица бил таканаречениот „свет одред“ (Sacred band) кој бил сметан за непобедлив во битка.

Причината за ваквата непобедливост била во претпоставката дека поради својот уникатен состав – одредот бил сочинет од 150 хомосексуални парови т.е. вкупно 300 војници – секој од војниците на одредот ќе се борел до смрт за да го заштити својот љубовник (и обратно) така да не требало да се очекува дезертирање на одредени војници и со тоа слабеење на борбениот строј.

Сепак оваа стратегија која може да ја опишеме со фразата „педер на педер грб му чува“ не им помогнала на овие антички специјалци да извојуваат победа против армијата на Филип II. Не само што бранителите на Грција ја изгубиле битката туку и „неподливите“ геј – командоси од кои најмногу се очекувало биле збришани до последен човек.

Поентата е дека Светиот одред бил наречен „свет“ оти наводно врската помеѓу неговите војници била заснована на чиста љубов и поради тоа била таа врска света, а бидејќи била света по автоматизам се сметало дека е и непобедлива. Барем сѐ додека на најсилните специјалци што Грција можела да ги покаже не било одговорено со најсилните специјалци што Македонија можела да ги најде – елитниот коњички одред под водство на Александар и кој, како што кажавме погоре, безмилосно ја масакрирал целата таа педерска дружина.

Не знам какви биле стандардите во антиката по ова прашње, ама во денешно време кога некој ќе испоубие неколку стотици хомосексуалци – оправдано за него е да се каже дека е хомофоб.

Одговорот на Александар на понудата на Philoxenus: Во биографијата на Александар што ја напишал Плутарх, тој антички историчар нѐ информира и дека во една пригода, некој значаен и влијателен тип по име Philoxenus му пратил писмо на на Александар со понуда дека на локалниот пазар за робови некој трговец донел две млади момчиња кои биле хит и многу посакувани меѓу тамошната геј–популација, па овој Филоксенос го запрашал македонскиот крал дали би сакал да ги купи тој како подарок за него (за Александар).

На ваквото писмо Александар се разлутил многу и неколку пати гневно коментирал прашувајќи ги своите соработници што тоа од однесувањето на Александар било кога го натерало Филоксенос воопшто и да помисли дека Александар во себе носи такви – како што пишува Плутарх – „одвратни склоности“. Плутарх вели и дека на непристојниот предлог на Филоксенос било одговорено со едно луто писмо во кое преку најостри зборови им било препорачано и на Филоксенос и на продавачот на момчињата да… со модерeн речник кажано… да се гонат у три пичке материне.

Плутарх додава и дека некој си Hagnon кој што на Александар му го понудил момчето Crobylis (најпосакувано меѓу хомосексуалците во градот Corinth) добил идентичен одговор од македонскиот крал.

Плутарх не наведува други случаи на вакви понуди за Александар со што можеме да заклучиме дека тогашните полтрони кои сакале на секаков начин, преку вакви подароци, да му се упикаат на македонскиот владетел ја сфатиле пораката – дека Александар едноставно не е заинтересиран за момчиња.

Бакнежот за Bagoas: Овој маж бил евнух во харемот на персискиот крал Дарјуш и пред да го објаснам „инцидентот“ во кој тој бил вклучен убаво е накратко да објаснам што била идејата со користењето на евнуси.

Во античките времиња одредени робови биле наменети за потребите на опслужување на многубројните жени во харемите на тогашните моќници, кралеви и други богати луѓе, и тој тип на робови го носеле името евнуси.

Евнусите биле кастрирани мажи со што можноста да имаат недозволени сексуални односи со жените од харемот на господарот била исклучена. Причината поради која биле користени мажи а не жени како слуги во харемите била што и самите жени во харемите биле робинки на некој начин, без свои права и можност да бираат кога и дали ќе имаат сексуални односи со својот маж-господар, така да додавањето на робинки место робови само би го зголемило обемот на харемот. Некој морал да биде слуга, да работи, а ако била примена слугинка таа порано или подоцна ќе завршела во креветот на господарот и откако ќе останела бремена или ќе родела дете на својот владетел, немало смисла да ја тераат да работи физички работи. Затоа, биле применувани мажи-робови кои за секој случај, биле сексуално онеспособени.

Значи, еден од евнусите кои работеле во харемот на Дарјуш бил и овој Bagoas (така старите Грци го запишале неговото име кое на персиски веројатно било Багваш или Багват) и откако Александар го украл харемот од персискиот крал, неговата работа продолжила во харемот кој сега официјално му припаѓал на Александар.

Во една пригода бил организиран натпревар во танцување на кој секој можел да се пријави, и за победникот била обезбедена вредна награда. Bagoas смислил одличен начин да ја земе наградата со тоа што иако маж се облекол во женска облека и така танцувајќи ги изнасмеал сите присутни и добил најголем апалауз и со тоа и победил на натпреварот. (интересно, овој начин на привлекување на внимание – мажи облечни како жени – во изминативе години беше доминантен на Евровизија).

Откако оваа жена за која сите знаеле дека е всушност маж дошол до Александар да си ја прими вредната награда и откако таа му била доделена, присутните сакајќи пародијата да ја доведат до нејзиниот логичен крај побарале од Александар да постапи како вистински џентлмен и да ја т.е. го бакне Bagoas. Плутарх пишува дека Александар не сакал – сепак немал навика мажи да бакнува – но присутните почнале да скандирање барајќи бакнеж и не можејќи на друг начин да ја смири толпата – македонскиот крал го бакнал облечениот во женска облека маж по што публиката се згазила од смеење.

Ако во опкружувањето на Александар бакнежите меѓу мажи биле нормална работа, тогаш целиот овој настан не би се случил така како што античките историчари го опишале. Самиот факт што морало публиката со скандирање да бара од Александар до го бакне Bagoas – говори дека тоа било крајно невообичаено и по таа основа – комично и забавно.

Александар и Hephaestion – љубовници или само пријатели? Во нашево време, токму во нашата држава имавме барем два случаи на мажи во политиката кои имаа исклучително блиски односи меѓу себе. Во првиот случај стануваше збор за еден политичар кој кога стана премиер го постави својот близок пријател за министер за внатрешни, а потоа кога тој премиер стана претседател на државата го намести својот пријател за Премиер. Во Вториот случај (од другата страна на политичкиот спектар) ги имаме Премиерот – кумашин и заменик премиерот (сега министер за финансии) – кум, кои освен што соработуваат професионално се дружат и приватно и, според нивните сопствени кажувања се одлични семејни пријатели.

Па ете, никој здрав не тврди ниту за првиот (левичарски) пар ниту за вториот (десничарскиот) пар политички моќници дека има меѓу нив нешто повеќе од пријателство од кое произлегла и одлична професионална соработка.

Ист бил случајот и со шефот на државата и врховен командант на армијата Александар и генералот во таа армија, чие име античките историчари го запишале како Hephaestion (а во наше време одредени луѓе се склони ова име да го изговараат како Хефестиј). Овие двајца биле политички истомисленици и соработувале во раководењето на државничките работи, и биле покрај тоа и добри пријатели. И ништо повеќе од тоа.

Во старо-грчкиот јазик зборовите со кои се опишувале луѓето кои учествувале во хомосексуалните парови биле ἐρώμενος (ероменос) и ἐραστής (ерастес). Во латинскиот јазик овие зборови обично се преведувале преку поимот amans (аманс – т.е. љубовник).

Иако самиот не сум ги читал античките историски записи на грчки и на латински (ги читав на англиски), според оние кои ги читале на тие јазици, античките историчари никогаш не ги употребиле тие зборови ниту за Александар, ниту за Hephaestion. Оние автори кои пишувале на старо-грчки редовно го користеле зборот „филос“ а оние кои пишувале на латински зборот „амикус“. И двата збора имаат идентично значење – пријател. Значи никогаш ероменос, никогаш ератсес, никогаш аманс. Никогаш љубовник. Туку секогаш филос ако текстот е на грчки и секогаш амикус ако е на латински. Значи: секогаш „пријател“, ако текстот е на македонски.

Советот од Аристотел даден во „Никомахова етика“: за Аристотел, кој му бил учител на Александар, македонскиот крал во една пригода рекол (а неговите зборови ни ги пренесува Плутарх) дека му бил како втор татко, оти како што Филип му дал живот, Аристотел му дал знаење како тој живот да го живее правилно.

Аристотел бил доста плодотворен философ кој најголемиот дел од своите идеи и учења ги срочил во писмена форма во неколку многу значајни книги. Една од тие книги се вика и „Никомахова етика“ и во неа, типично философски, оние три-четири мисли што сакал да ги престави Аристотел ги раширил на сто и кусур страници. Книгата ја има мислам и на македонски јазик издадено издавачката куќа „Култура“ (ми се чини дека е со цена од 100 денари) и доколку некој сака да ја прочита може од нив да ја набави. Оние кои се брзаат, а знаат добро англиски, целиот текст на таа релативно интересна книга, во англиски превод може да почнат да го читаат веднаш ако кликнат тука.

Целата идеја на книгата, од која што совети за своите етички убедувања и за своето секојдневно однесување црпел и Александар Велики е дека секогаш кога правиме било што, тоа нешто или ни носи задоволство или ни носи мака. Оние работи што ни носат задоволство се делат пак на активности кај кои работата има некоја цел и активности кои иако носат задоволство немаат никаква цел. Практично целата книга е посветена на објаснување и убедување зошто треба да се избегнуваат непријатните активности и оние кои немаат цел, и дека вистински зрел човек треба да се концентрира само на активности кои и носат задоволство и имаат некоја цел која носи долгорочна корист.

Колку верно Александар ги следел советите од својот учител не знаеме оти познато е дека кон крајот на својот живот многу се пропил (а пиењето алкохол според Аристотел иако носи задоволство нема никаква цел). Но сепак, ако навистина сметал дека Аристотел му бил втор татко кој го научил како правилно да живее – тогаш сигурно немало да си го губи времето со спиење со мажи туку со спиење со жени. А како што покажа првиот дел од оваа огромна колумна – тој совет го практикувал во обемни количества со многу, многу, многу жени.

Во иднина, пред да почнете да верувате цврсто и непопустливо да убедувате други луѓе дека Александар бил педер прочитајте ги прво античките историски извори за тој човек. Запознајте се со фактите од прва рака па дури потоа изградете став заснован врз факти а не врз „па што знам, сум слушнал дека бил педер“ или „ама сигурно бил педер, сите биле педери у тоа време“.

Се разбира, најголемата лага за Александар Велики не е дека бил хомосексуалец, туку дека ширел грчка култура и дека културолошки бил Грк. Поголема лага (или барем заблуда) од таа нема и не може да има кога е во прашање античката историја, но за нејзиното разобличување во сите аспекти (културен, воен, политички, демографски, лингвистички…) – во некои идни постови.

П.С: За помалку контроверзен аспект од животот на Најголемиот Македонец прочитајте ја мојата колумна под наслов „Кучето на Александар Велики било Шарпланинец?“. А наредниот четврток, 30ти јули, очекувајте го постот со кој ќе заврши оваа сезона на блогот „Блогаташ“, и ќе замине авторот на заслужен летен одмор. Таа колумна ќе се вика „Што всушност ни кажува коефициентот на интелигенција?“ и после неа ќе следува еден месец пауза, па во септември нова сезона блогирање.

Written by nenobogdan

08/01/2010 at 17:24

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: