Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЗА СЛОВЕНОТ ВО РЕФРЕНОТ

leave a comment »

* текстов е првично објавен на 18ти октомври 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/251909

.

.

Слушај го Фуере а и Оли Рен!

Немој да си Македонец, биди ти Словен!

Дозволи им на некои души продадени,

со бугарски пасоши, на времето извадени,

да те лажат дека Македонија е лага,

и дека од антиката, не останало ни трага!

Слушај го Фуере а и Оли Рен!

Немој да си Македонец, биди ти Словен!

Послушај ги новинарите без капацитет,

и со докажан слугански менталитет.

И заборави на Филип, Аце и минатото ни сјајно,

промени си го името, засекогаш и трајно!

Слушај го Фуере а и Оли Рен!

Немој да си Македонец, биди ти Словен!

Дозволи им некои продадени за пари

невладини, експерти и други комуњари

да те убедат дека немаш право на свој ум

и дека е најдобро за името, странец да е кум!

Слушај го Фуере а и Оли Рен!

Немој да си Македонец, биди ти Словен!

Откажи се сега од својата чест

откажи се од татковината и од националната свест!

И ќе влезеш брзо во Европската унија,

само пиши се ти мајмунче од Република Мајмунија!

Слушај го Фуере а и Оли Рен!

Немој да си Македонец, биди ти Словен!

А може да се викаме и Славомакедонци

или да сме Северни, како браќата Лапонци!

Место лав на грбот бела мечка ќе насликаме

и место Македонци пингвини ќе се викаме!

СТОП!

Сега сериозна информација

за оваа нација:

Батали го Фуере

а и Оли Рен!

Остани Македонец,

денес, утре и за век вековен!

.

.

П.С: Ете, почитувани читатели, и за рапер ме бивало. Ми дојде инспирација и морав да ја споделам со вас. Како што видовте денешниот пост нема своја слика која би го илустрирала, но како таква може да послужи сликата од постот „Мултиетничко знаме“. Сосема е соодветна.

П.П.С: Во четврток, во редовниот термин, на овој блог очекувајте го сериозниот пост „Сите дебати се потполно бескорисни“.

Written by nenobogdan

08/01/2010 at 20:46

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: