Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЗЛАТНО ТЕЛЕ

leave a comment »

Што стои зад психологијата на обожавањето на Европската Унија со кое се опседнати според сите анкети цели 95% од македонските граѓани? Какви се карактерите на луѓето кое се верни поклоници на култот на ЕУ-интеграцијата по секоја цена? Во текстот што следува, ќе се обидам преку четири точки да ги објаснам четирите главни типови на менталитет кои се во темелот на заблудата наречена „Или во ЕУ или во пропаст“.

* текстов е првично објавен на 16ти ноември 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/256040

1. Волови за шницла: верувам дека секому му е позната онаа изрека дека некои луѓе би заклале цел вол, само за да добијат една шницла од неговото месо, со која ќе ја задоволат својата моментална глад (или лакомост) а потоа остатокот од месото ќе го фрлат на буниште.

Ова колење на цел вол за една шницла е психологијата на многу наши квази-интелектуалци кои за да ги задоволат своите ситни кариеристички апетити се спремни да ја премолчат големата вистина за големата загуба за Македонија, доколку се прифатат срамните диктати на Европската Унија.

Некој си професор / доктор / академик со некоја невладина организација ќе направи договор да му се помогне во неговата „промоција & надградба“ преку спонзорство за патување и доусовршување на некој престижен европски универзитет, или пак нешто слично за неговите деца или други роднини, и потоа тој е спремен за таа своја малечка „шницла“ да се откаже од целиот „вол“ кој во случајов е персонификација на македонскиот идентитет.

Во ова крдо волови влегуваат не само интелектуалците од универзитетите, туку и многубројни новинари, експерти за едно или за друго (или за сѐ), аналитичари, активисти за правата на разни маргинални заедници, и сличен шљајм. При што терминот „вол“ може да произлегува од кратенката за „високо образовани личности“ или пак во повеќето случаи „вистински офуцани лузери“.

2. Бикови што седат: слично на терминот „вол“ и терминот „бик“ во колумнава е кратенка од фразата „Бизнис Интереси и Кариеризам“ што се однесува на вториот вид на психологија што го поткрепува култот кон ЕУ.

Значи, за овие луѓе, за Биковите, поентата на сета политика и сета општествена дебата не е како да се зачува македонскиот идентитет и национално достоинство, туку како тој идентитет да се продаде за некоја пара, и уште поважно, како од таа продажба Биковите да лапнат парче.

Од тука и интересот на неколку олигарси да промовираат „европска интеграција по секоја цена“ на своите телевизии и да им даваат спонзорства на секакви Волови и нивните воловски организации со цел преку концентрирана пропаганда да се постигне разнебитување на отпорот кон капитулацијата на Македонија пред грчките фашистички уцени.

Затоа што Биковите што седат не седат залудно, туку чекаат кога ќе мораме сета бриселска бирократија, со нејзините 100.000 и кусур закони да ја имплементираме кај нас, и кога со сите тие пречки бирократски ќе бидат конечно довека зацементирани нивните деловни интереси.

Според ЕУ стандардите, ако сакате да отворите своја фирма (која би им конкурирала на фирмите на Биковите) ќе морате десетици илјади евра да потрошите само за да стартувате во согласност со сета таа регулатива. Со тоа, Биковите се заштитени од конкуренција.

3. Телиња пред шарена врата: терминот „теле“ во колумнава нека значи „Тој Е Лабилен Европеец“ што пак ја дефинира третата форма на психологија која стои во темелите на култот на ЕУ догмата. За оние што не знаат, лабилноста е форма на стабилност во која предметот кој е стабилизиран штом еднаш ќе биде исфрлен од рамнотежата, нема да се врати во истата позиција. Од тука, лабилноста е само нестабилност која чека да се случи.

Затоа, Телињата се недоволно информираните про-европејци во нашиот народ, главно младите луѓе кои немаат доволно знаење не само за тоа како навистина функционира ЕУ, туку и како функционира Македонија.

Жив пример е заблудата дека штом ќе паднат визните бариери, цела Македонија ќе се пресели во Европа и таму ќе работи, налик на Бугарите и Романците кои штом се зачленија во ЕУ сите практично што немаа работа заминаа на Запад да заработуваат.

Тоа нема да биде случај кај нас, оти визната либерализација вклучува само можност да се патува полесно во некоја земја на ЕУ за краток период и не обезбедува и работна довола за патниците. Бугарите и Романците работат во западните земји оти се граѓани на држави членки на Унијата, а не само луѓе на кои не им требаат визи за патување во ЕУ.

Кога Телињата кои сега стојат пред шарената врата на визната либерализација ќе сфатат дека таа на никаков начин нема да им помогне да заработуваат полесно, тогаш нивната лабилна рамнотежа во корист на евроинтеграциите нагло ќе се дестабилизира и ќе отиде во далеку пореалистична фаза.

Бугарите како најдрастичен пример доживеаја по влегувањето во Унијата сите цени да пораснат неколкукратно, а платите да останат на исто ниво.

Естонците мислеа дека кога ќе го воведат еврото за своја валута ќе станат уште поразвиени, ама сега се најсилно погодени од глобалната криза. Некогаш беа балтички тигар кога економскиот систем го изградија според препораките на Милтон Фридман за слободен пазар, слободна конкуренција и минимална бирократија, ама по влегувањето во ЕУ сето тоа мораа да го заменат со „социјално пазарно стопанство“, гушењето на конкурентноста со бесмислените стандарди на Унијата и масивната бирократизација на секој аспект на економијата.

Денешна Романија е покорумпирана сега како членка на Унијата (има повеќе пари од европските фондови за политичарите да крадат) отколку пред да влезе во ЕУ.

Полошо од тоа да бидеш теле пред шарена врата е да бидеш теле зад шарена врата.

4. Крави – молзници: конечно терминот „крави“ е акроним од „креативни, работливи, активни, вредни, инвентивни“ што се карактеристиките на луѓето кои ја движат македонската економија и држава. А додавката молзници е поради тоа што строго од нивната работа и заработка, оваа држава наплаќа даноци и од нивните даноци живее.

Кравите кои сега сметаат дека премногу се молзени и дека им се одзема голем дел од „млекото“ со цел да се финансира гигантската паразитска бирократија на нашата држава, треба навистина да се исплашени од можноста да влезе Македонија во ЕУ, оти со тој чин, бирократијата двојно ќе се зголеми, и за оние што навистина работат нема да остане многу за да уживаат во плодовите на својот труд.

Во Македонија имаме данок на приход од 10 посто, но во некои држави од Унијата тој данок е седумдесет проценти. Замислете дека имате стадо овци, продавате јагниња и волна, и откако ќе ги исплатите сите сметки и ќе ги покриете сите трошоци за производство, ако ви остане профит од 5.000 евра ќе морате за данок да платите 3.500 евра и да останете со 1.500 само!

Ако сте креативни, од Брисел ќе дојде директива за тоа во кои граници смее да се движи вашата креативност, по принципот „закон кој утврдува колку криви смеат да бидат кривите краставици“.

Ако сте работливи, Брисел ќе ја принуди владата да воведе повисоки даноци за да обезбеди „социјална правда“ при што сите приходи ќе бидат оданочувани со стапки од педесет, шеесет, седумдесет, па и деведесет посто.

Ако сте активни Унијата ќе одреди колку активни смеете да бидете, и како смеете вашите пари да ги инвестирате.

Ако сте вредни, Унијата ќе ве демотивира оптоварувајќи ве со илјадници стандарди и регулативи за да го трошите времето на нивна имплеметација наместо на вредно работење и создавање на нови вредности за вас и вашето семејство.

Конечно, ако сте инвентивни, најубаво ќе ви биде да се преселите надвор од границите на ЕУ оти каде што владеат директивите за сѐ и сешто на Комесарите од Брисел, нема место за вашата инвентивност.

На времето пишував за култот на личноста, но не мора само кон луѓе да биде насочено инфантилното обожавање и некритичката послушност. Култ може да има и кон апстрактни структури како ЕУ кои никој не ги разбира, затоа што се толку конфузни што се несфатливи дури и за оние кои се дел од нив.

Во Стариот завет се зборува за Златното Теле, кое луѓето што Мојсеј ги водел од египетско ропство кон слобода во ветената земја, го создале со свои раце и почнале да го обожаваат по примерот на она што го правеле под власта на фараоните. Се чини дека е вистина дека „робовите со ропска природа не копнеат по слобода, туку по нов господар кој помалку ќе ги камшикува, помалку ќе ги тера да работат и ќе им дава повеќе храна“.

После Белград, се чини дека Брисел е новото Златно Теле на нашите Волови, Бикови, Телиња и Крави. Мојсеј му ставил крај на обожавањето на лажниот идол на Златното Теле со воведување на десетте божји заповеди. Оние „заповеди за интеграција во ЕУ“ што ги запишав на самиот почеток на текстов се заповедите на нашето Златно Теле. Токму спротивните од нив, мислам дека се заповедите кои треба да ги следиме за да стигнеме ние до ветената земја.

Македонија во која националните интереси ќе бидат бескомпромисно штитени како што тоа го прават во Израел, каде што економијата ќе биде слободна и со тоа просперитетна како во Сингапур и каде што демократските институции ќе функционираат беспрекорно како во Швајцарија. Таква Македонија е ветената земја кон која вреди да се патува, и во која вреди да се стигне.

П.С: Во нашата земја постојано циркулира онаа бесмислена бројка од 95% за која се тврди дека го прикажува процентот на македонски граѓани кои се за влез на Македонија во ЕУ. Да направите анкета меѓу луѓето колкумина од нив сакаат да им дадете милион евра, сигурно ќе добиете ист процент на луѓе „за“. Но, ако им кажете од што треба да се откажат за да ги добијат тие милион евра, од нешто вредно, нешто клучно, нешто од што не можат ни во сон да се откажат, сигурно најголемиот дел од нив ќе ја одбијат таа понуда. Мислам дека истиот случај е и со процентот на приврзаници на нашето зачленување во Унијата. Како и да е, за денеска толку, а наредниот четврток очекувајте ја колумната „Раздели, па владеј“. Не пропуштајте.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: