Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ КАКО ДА СЕ ИСПЕРЕ УМОТ НА ЦЕЛА ЕДНА НАЦИЈА?

leave a comment »

Најтешко е да се отвори оревот. А штом се отвори, лесно оди потоа

Целата потреба од перење на умот, било на индивидуално или на колективно ниво, е да се олесни контролата врз оној со испран ум, од страна на оној што го врши перењето. Постојат многубројни шеми за објаснување на процедурата кои може да се најдат на интернет, но во продолжение еве ја во четири точки (по моја интерпретација) основната логика на процесот:

* текстов е првично објавен на 3ти декември 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/258549

1. Инсталирање на чуство на вина: бидејќи првиот сериозен процес на тоталитарно перење на умот на нашиве простори е изведен во ерата на социјализмот, а вториот се одвива во последниве неколку години, интересно е да ги согледаме сличностите меѓу двата случаи.

Прво и основно е кај граѓаните да се инсталира чуство на вина, чуство на срам од она што се. Во раните денови на комунизмот биле жигосувани јавно „буржуите“ и „кулаците“ како и „граѓанската интелигенција“ како реликти на еден минат систем, на еден поразен светоглед, луѓе што не се вклопуваат во новото време.

Тие луѓе требало да се чуствуваат засрамени поради своите убедувања, и воедно народот да гледа на нив како на кочничари на прогресот.

Во модернава „умоперална“ клучно за слугите на Нашиот Душман е да инсталираат кај Македонците чуство на срам и на вина безмалку за сите убедувања. Почнувајќи од постојаното користење на зборот „фашизам“ за секој вид на отпор кон обидите за уништување на Македонија, преку етикетирањето на верниците и застапниците за зачувување на моралните вредности како „заостанати“ па сѐ до упорната антикапиталистичка пропаганда која се одвива на сите нивоа со цел обичниот народ да ги замрази успешните од своите редови и да бара постојано некаква „социјална правда“.

Се разбира, најкристално се обединети сите елементи на ваквото антимакедонско однесување во перманентното омаловажување на ликот и делото на Александар Македонски, преку неговото прикажување за најголем воен злосторник на сите времиња или како луд мегаломан или најчесто како хомосексуалец. При тоа, оние кои најмногу плукаат врз Најголемиот Македонец, редовно одбиваат да се соочат со историските факти, како на пример фактите преставени во мојата колумна „Аце педерот или Аце швалерот?

2. Капитулација и резигнираност: во социјализмот, почнувајќи од прво одделение па сѐ до целокупниот строго контролиран медиумски простор, сите пораки што поединецот можеше да ги добие од официјалната околина беа загадени со пораката за неминовноста и непобедливоста на комунистичката идеја.

Затоа што кај секој потенцијален незадоволник мораше да се создаде чуството на резигнираност, на помирување со неминовното, на потполна немоќ. Ако комунизмот е неминовен и логичен заклучок на развојот на општествените сили, која е смислата да се бориш против него. А ако не можеш да го победиш, ако не можеш да го спречиш, мораш да се предадеш.

Во модерново време, Темните Сили што не ѝ мислат добро на Македонија имаат за цел кај Македонците да создадат идентично такво чуство, но овој пат кон економијата и демократијата. Секој мора да заклучи дека е безвредно да се учи, да се работи, да се труди, да се инвестира, или пак да се поставуваат под прашање постојните општествени догми, да се активираат граѓаните политички, да гласаат дури… оти „ништо не можат да сменат“.

Секој треба да се откаже од било каква идеја да промени нешто и да им дозволи на Темните Сили да управуваат со неговата судбина. И со судбината на Македонија. При тоа, темните сили не се ни приближно стандардните фатаморгани од типот на Масоните, Илуминатите, ЦИА, Ватикан, светскиот ционистички заговор или некои слични небулози во кои веруваат кафеанските патриоти… туку старите добри комуњари наши и нивните надворешни сојузници од владеачките кругови во Грција и Србија.

При тоа, резигнираноста се пренесува и на сите други концепти со кои е загаден македонскиот медиумски простор, како на пример Европската Унија, во суштина една сосема стерилна и бесперспективна структура, која на просечниот Македонец му се прикажува како единствениот избор, како единствената перспектива. А во суштина станува збор за една голема лага, како што објаснив во мојата колумна „Златно теле“.

3. Оддавање на бесрамно полтронство: се разбира, поради човечката природа, ниту една состојба на резигнираност не може да трае вечно, оти желбата за подобрување на сопствениот живот секогаш се јавува кај сите луѓе, кај некои порано, а кај некои подоцна. Но, поради тоа што половина од процесот на перење на умот веќе е завршен, борбата за подобрување на сопствената ситуација тргнува во друг правец од оној што би се очекувал кај нормални луѓе.

Наместо да се ангажираат луѓето во јасно согледување на причините за поразот, и во непоколебливо решавање на основните елементи на проблемите, тие поради поминатата фаза на резигнација и психолошката штета настаната во таа фаза, единствениот пат за напредок го гледаат во ставање под нечија капа, под нечие менторство, во станување на полтрон на некој моќник.

Во комунизмот, тоа значеше да се прифатат понудите на тајната полиција и да се почне со кодошење на своите роднини, соседи, пријатели, колеги, со цел да се осигура милоста и поддршката на владеачките стуктури. Само така, за кодошите, можеше да се напредува во животот.

Во нашето време Сороспиите и Експертутките ги заменија некогашните кодоши. Продавањето на своите чест и достоинство на оние што ќе дадат неколку стотици евра месечно хонорарче и не би било толку страшно ако тоа не се прави јавно, бесрамно и дури и вообразено горделиво кон оние што не биле „доволно паметни“ да согледаат каква „красна“ работа било полтронирањето.

Она што секој нормален, чесен човек во оваа земја или било каде би го сметал за срамно и недолично однесување, за гореспоменатите гниди е најмудрата стратегија, единствениот пат, а сѐ друго е фашизам, заостанатост, затупеност, балкански менталитет и антиквизација.

4. Нов фанатизам: се разбира, крајната цел на перењето на умот не е само да се создаде личност која нема да се спротиставува на диктатите на перачите, туку и свесно и самоволно ќе ги прифати „идеалите“ на своите господари и ќе застане во првите редови на борбата за привлекување на нови следбеници.

Луѓето кои денеска сеуште веруваат во идеалите на „старите добри времиња“ и упорно гласаат за СДСМ и неговите сателити се токму луѓето кај кои била достигната последната фаза од перењето на умот – фанатизацијата наново.

Кога човек до тој степен ќе заборави на сѐ она што му било одземено, што ќе почне да верува, искрено да верува, дека всушност му била направена услуга со тоа што му бил испран умот и дека сега не само што поинаку гледа на светот, ами и појасно.

Во колумните „Култ на личноста: карактеристики и последици“ и „Стадоумие“ детално пишував за овој начин на размислување. Не би сакал да се повторувам и кого го интересира, може таму да прочита многу поопширно.

За крај, кој би бил заклучокот од овој текст, ако не начинот како да се заштити секој од нас од перењето на умот. А тој начин е да се мисли со своја глава, и ништо помалку од тоа!

Патриотите во оваа земја нема зошто да се срамат поради својот патриотизам, не треба да се откажеме од борбата за Македонија и покрај сите лаги што корумпираната медиумска машинерија ги шири постојано, не треба да се прифатат левичарските манипулатори кои сакаат да го спречат капиталистичкиот развој на Македонија и сакаат да ги држат Македонците во постојана борба за сместување во некоја државна фирма наместо во приватниот сектор, и конечно, на фанатиците со испран ум никогаш да не им се дозволи да управуваат повторно со земјава.

Затоа што никој не може да ти го испере умот ако не му дозволиш самиот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: