Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ЛОГИКАТА И ЛУСТРАЦИЈАТА

leave a comment »

* текстов е првично објавен на 1 септември 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/244299

Замислете дека сте назначен за член на комисијата за лустрација и дека треба од податоците од разните досиеја и тајни документи да заклучите кој бил кодош и кога и кого тој кодош кодошел и дали сега е на некоја битна позиција тој кодош. Арно ама, некои лица од „службата“ се погрижиле навреме повеќето од досиејата да бидат некомплетни, а документите делумно уништени. Па, од малкуте информации – со помош на логиката и интеграмот на сликата – треба да ја откриете вистината!

Кој е кодошот, маме му!

1. Кодошот под псевдоним „Дерби“ кодошел во ’80ите години, но тој не го кодошел Владе, кој исто така бил кодошен во осумдесетите.

2. Ристе бил кодошен од човек кој што денеска е ценет универзитетски професор, ама кодошењето не почнало во 1981та.

3. Кодошот кој денеска е угледен судија – не бил заведен во архивите на тајната полиција под псеводнимот „Ороводец“ но тој пак кодош (Ороводецот) не го кодошел Кире.

4. За Петре информации после 1990та година обезбедувал кодош кој ниту денеска е популарен новинар, ниту пак неговиот псевдоним бил „Шишмиш“.

5. Кодошот под псевдоним „Марсеј“ не кодошел во осумдесетите години, иако тој не е ценет професор денеска, кој пак ценет професор исто така почнал да соработува со службата во деведесетите.

6. Кодошот кој што денеска сеуште е почитуван бизнисмен почнал да го кодоши својот деловен партнер (кој бил финансиски подржувач на тогашната опозиција, и кој што во меѓувреме банкротирал) во 1993та!

7. Конечно, од годината кога бил врбуван „Шишмиш“ до годината кога бил врбуван „Дерби“ поминале исто толку години како од годината кога бил врбуван оној што денеска е популарен новинар до годината кога бил врбуван оној што го кодошел Ристе.

И сега, почитувани читатели, ајде од наведените податоци да ве видам да откриете кој кодош (под псевдоним) во која година почнал да го кодоши својот колега, пријател, сосед, и на каква угледна и почитувана позиција е тој кодош денеска. (инаку, тоа што сите некогашни кодоши денеска се почитувани, угледни, популарни и ценети – не е случајно. Луѓето што ги почитуваат и ценат не ја знаат вистината за нив!)

За помош, можете да го користите интеграмот, сличен на оние кои на времето се објавуваа во „Котелец“ и во другите енигматски списанија. А ако не успеете да ѝ го најдете крајот на ова кодошка логика – немојте друг пат да се чудите што лустрацијата толку бавно се одвива во нашата земја. Можеби луѓето кои се задолжени за нејзиното спроведување – немаат абер од логика?

Written by nenobogdan

08/01/2010 at 17:51

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: