Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ МУЛТИЕТНИЧКО ЗНАМЕ

leave a comment »

Симболот околу кој сите може да се обединиме (ако веќе не сме обединети околу нешто слично)

Предлогов за ново знаме на државава кое ќе ги изразува и преставува сите етнички и културни заедници во Република Северна Македонија заедно со нивните комплексни идентитети и културни особености, би требало да биде прифатлив за сите страни, особено затоа што е поткрепен самиот предлот со следниве дури пет аргументи:

* текстов е првично објавен на 3ти октомври 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/249297

1. Симболот е заеднички и за Македонците и за Албанците, па и за сите други народи споменати во Уставот и Рамковниот договор, оти е гест што сите го разбираат на ист начин и го употребуваат во интер – етничката и интра – етничката комуникација. Настрана фактот што боите застапени на него се црвена, црна и жолта – бои почитувани и од Албанците и од Македонците.

2. Симболот е натпартиски, бидејќи редовно приврзаниците на секоја партија го употребуваат при комуникацијата со припадниците на другите партии. Колку само вмровци им го имаат овој гест покажано на сдсмовци, и колку само сдсмовци го имаат употребено кон вмровци – просто симболов е обединувачки и ги преминува сите партиски или идејни граници.

3. Спортски е, оти на сите натпревари навивачите често знаат да го употребат за искажување на своите длабоки емоции и чуства. Особено кон навивачите на противничкиот тим. Кога нашата национална репрезентација во било кој спорт ќе игра во странство, тамошните навивачи дури и ако ни покажат среден прст, тоа само ќе биде знак на нивната подршка кон нашите првотимци.

4. Ги одразува нашите евроатлантски аспирации оти после 20 години макотрпно работење на нашето интегрирање во ЕУ и НАТО, постојано тоа го добиваме како резултат. Се разбира, не директно покажано, туку во една рафинирана, метафорична и алегориска форма.

5. Конечно, знамево можеме да го извезуваме во странство, оти со мала инвестиција во маркетинг, лесно ќе го претвориме во знаме на сите антиглобалисти и анархисти. Што да се прави, симболот е глобално препознатлив и ценет во широки кругови. Ако му ставиме наш трејдмарк, можеме да наплаќаме за франшизата по долар или два за секој примерок, па тоа добро ќе се одрази и врз намалувањето на нашиот дефицит во надворешната трговија.

П.С: Се разбира дека ова е шега, слична на мојот предлог за репрезентативен грб на БЈРМ. Слична на „Пронајди ја разликата“ и барем според илустрацијата на „Десет видови македонска глупавост“ или „Да се забрани… ама џабе“ или пак „Темелни разлики (и сличности)“. Последните две беа делумно со сериозен текст, а до некаде таква беше и колумната „Страшни работи“. Во четврток, осми октомври, во редовниот термин, не пропуштајте уште една сериозна колумна со наслов „Анатомија на неспособноста“.

Written by nenobogdan

08/01/2010 at 19:50

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: