Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ПРОНАЈДИ ЈА РАЗЛИКАТА!

leave a comment »

Еволуција на „револуционерите“

Сигурно ќе го препознаете човекот на сликата со број 1, а не би требало да ви преставува проблем да го препознаете и оној на сликата број 15. Но, погледнете добро во средниот ред и одговорете како се викаат луѓето на сликите број 7,8 или 9?

* текстов е првично објавен на 31 август 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/244170

Инаку сликиве се стари, многу стари, ги имам произведено уште во јануари 2003та година, само што тогаш не ги објавив он-лајн (во тоа време немаше блогови) туку ги испринтав во боја на А3 формат и тоа не само 15те слики што ги гледате сега, ами целата непрекината серија на минимални трансформации од едниот кон другиот лик составена од неверојатни 48 фотографии. И секоја наредна речиси воопшто не се разликуваше од претходната, ама првата и четириесет и осмата беа тотално поинакви една од друга.

Листот им го покажував на моите пријатели, и тие се „мачеа“ да откријат по што едниот политичар се разликува од другиот политичар. Едно време ова нешто кружеше и по мејл, јас им го пратив на неколку пријатели, тие на некои свои други пријатели, тие на своите… ама беше тоа одамна и го имав заборавено. Но, пред неколку дена, буричкајќи по некои стари материјали мои го открив случајно и си велам – зошто да не го објавам сега за цел свет да го види (барем оној дел од светот што го посетува мојот блог).

Идејата на денешниот пост е да ви кажам дека се вратив од одмор и дека продолжувам со блогирање. За да не биде премногу нагло, веднаш со сериозни теми, почнав со ова нешто, а утре ќе пуштам едно нешто слично по дух, со наслов „Логиката и лустрацијата“. Не е нешто сериозно, ама сепак е интересно. Во среда пак, ќе објавам пост со наслов „Да се забрани… ама џабе“ каде што текстот ќе биде стандардно сериозен како и обично што се моите колумни, ама сликата која ќе го илустрира тој текст ќе биде духовита и верувам дека ќе ви се допадне.

И конечно, во четврток (3ти септември), во стандардниот термин за блогирање, ќе биде објавена и официјалната прва сериозна колумна за оваа сезона на мојот блог, најавената пред еден месец „Западен менталитет против Источен менталитет“. Наредниот четврток ќе следи нова редовна колумна и така натаму…

До утре, бидете поздравени🙂

Written by nenobogdan

08/01/2010 at 17:38

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: