Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ РАЗДЕЛИ, ПА ВЛАДЕЈ

leave a comment »

Наједноставен начин за некој надворешен непријател да нѐ контролира е да успее да убеди една група во нашето општество дека таа ќе има ќар само ако друга група има штета. Дека работниците ќе ќарат ако работодавците плаќаат повисоки даноци, дека Албанците ќе ќарат ако Македонците се откажат од идентитетот, дека СДСМ ќе ќари ако Македонија стагнира… а всушност, сите се губитници, само оној кој го провоцирал делењето, само тој ќе биде во ќар.

* текстов е првично објавен на 24ти ноември 2009 на http://blogatash.blog.com.mk/node/257309

1. Кога се разделени, сите се слаби: верувам дека секој ја знае приказната за таткото кој сакајќи своите синови да ги научи на потребата од слога, им дал еден сноп прачки и откако тие не успеале да го скршат снопот, ги советувал да го разделат снопот, и така прачка по прачка успеале да го искршат.

Во голема мера тоа важи и во општеството, кога Заедничкиот Душман сака да го скрши отпорот. Бидејќи секоја група е составена од индивидуи, при што секој човек си има своја верзија за колективниот интерес, потребно е само да му се „помогне“ на секого да помисли дека неговиот личен интерес ќе биде задоволен не на сметка на Душманот, туку на сметка на сопствените сонародници и пријатели.

Во претходната моја колумна, луѓето кои паѓаат на вакви финти ги нареков „волови за шницла“ оти тие се спремни цел вол да заколат (долгорочниот заеднички интерес) само за да се дограбат до свое мало парче месо, своја шницла (краткорочен личен интерес).

Што и не е толку страшно, ако се знае дека потенцијално бројот на лични интереси е огромен, и доколку волот отиде на месар, нема да има за сите шницла. На, ако се знае!

Разбирам зошто водството на СДСМ, разните соросписки невладини организации и корумпираните новинари упорно работат против Македонија. Јасно ми е дека тие стрвно ја чекаат својата шницла која ќе ја добијат штом „волот на македонскиот идентитет“ ќе отиде курбан. Но, не ми се разбирливи подржувачите на овие луѓе, оние двеста и педесет илјади нивни гласачи, оние десет посто рејтинг што уште го имаат. Што сметаат тие луѓе дека ќе добијат од тоа?

2. Разделените се главен извор на полтрони, и обратно: одговорот на прашањето од претходниот пасус можеби е во тоа дека штом луѓето се разделни, тие се чуствуваат слабо, ништожно, бесперспективно, па единствениот излез го бараат во потполната верност и непоколебливото служење на своите „газди“. По мое длабоко убедување, гласачкото тело на левичарските партии во Македонија е главно сочинето од поранешни удбашки кодоши, пензионирани и сегашни бирократи, плус мал број хомосексуалци и атеисти, кои главно запоседнати по недобројните НВОа глумат некакви си борци за некакви си права на некакви си „маргинални заедници“.

А всушност само се борат за некој грант од некоја странска фондација. И ништо повеќе.

По таа основа, станува збор за луѓе кои целиот живот го поминале во полтронизам. Секогаш очекувале некој да им даде нешто, да им намести некоја зделка, да им обезбеди некое спонзорство, да ги протне низ некоја мала врата во нечија голема канцеларија каде што ќе можат да измолат некоја услуга од некој моќник.

Ете затоа и оние што цврсто стојат на позициите за неменување на името и за зачувување на македонските национални интереси се главно земјоделци, работничка класа, луѓе кои нешто постигнале самите во животот, и младите со амбиции да работат чесно и да заработат со свој труд нешто во животот.

Оправданието кое го даваат предавниците и полтроните е дека со менувањето на името и со откажувањето од националниот идентитет, ние ќе влеземе побрзо во НАТО и ЕУ (аха, сигурно!) и потоа во рамките на тие структури ќе можеме полесно да се избориме за враќање на името и идентитетот.

Тоа е типично полтронско размислување кое сосема е неразбирливо за било кој чесен човек. Налик на тврдењето дека „првин ќе ја продадеме куќата, потоа ќе се вселиме под ќирија во стан, и после многу години штедење ќе имаме пари пак да си ја купиме куќата“.

Покретенско од тоа може ли да има?

3. Разделувањето создава диверзија во јавноста: во Теоријата на Пропагандата има едно правило кое вели: „медиумите не можат да ти кажат што да мислиш за некоја тема, ама можат да те натераат да мислиш исклучиво на таа тема“. Со други зборови, додека ние цело време се расправаме за името, околу името, со името, преку името… важни работи поминуваат покрај нас без да им посветиме должно внимание.

Ќе сака ли некој точно да ми каже кои биле главните економски теми во изминативе 18 години како имаме проблем со Грците? Или темите од областа на развојот на правната држава, или темите од областа на борбата против корупцијата, или теми од екологијата, здравствениот систем, образованието, и реформите кои толку многу се потребни во тие сектори?

Основниот аргумент на предавниците и полтроните е дека со откажувањето од името и идентитетот, ќе можеме полесно да влеземе во ЕУ и НАТО и таму кога ќе бидеме членови, ќе можеме побрзо економски да се развиваме. Ако економскиот развој толку многу им лежи на срце на предавниците и полтроните, зошто тогаш нѐ тераат целата енергија во државава ја трошиме околу работи кои немаат врска со економскиот развој?

Целата дебата ни се врти околу тоа КАКО да влеземе во евроатланските структури, а не ДАЛИ ќе имаме корист од влегувањето во нив. Во мојот претходен пост, јас искажав силни резерви против нашето влегување во ЕУ, земајќи ги примерите на балтичките држави кои беа „економски тигри“ пред да влезат во Унијата, а сега се најтешко погодените држави во Европа од глобалната рецесија. Исто, Бугарија и Романија иако влегоа во Унијата тоа ни малку не ја намали корумпираноста на нивните влади. Грција е држава пред банкрот со гигантски надворешен долг и буџетски дефицит, а со децении е дел од Унијата.

4. Конечно, разделените не мора да бидат владеани, тие самите се владеат едни со други: и тука доаѓа моментот кога мораме да ја симнеме капата пред големата стратегиска мудрост на нашите душмани кои ни го наметнаа проблемот со името, како наједноставен (а најефикасен) начин да нѐ држат слаби.

Ајде да се запрашаме: ако во 1991та година нашата држава ја нарековме Република Северна Македонија, што мислите каква ќе беше реакцијата на Грците тогаш? Позитивна? Јок, тие веднаш ќе нѐ обвинеа дека имаме територијални аспирации кон делот кој се вика „Јужна Македонија“ и најверојатно преговорите ќе се вртеа околу тоа ние да се наречеме само „Република Македонија“ со што ќе дадевме до знаење дека има само една Македонија и дека северниот дел од територијата на Република Грција не е Македонија!

Баш така, да се крстевме Северни на почетокот, тие ќе нѐ тераа да се викаме само Македонци. Ние се крстивме само Македонци, и сега нѐ тераат да се викаме Северни. Поентата е дека проблем со името со Грците ќе имавме како и да е, оти името не е суштината на проблемот!

Грците за да нѐ разделат внатрешно, измислија проблем и понудија конечно решение (откажување од идентитетот). Знаејќи дека ние немавме лидери со визија, тие сфатија дека еден дел од луѓето ќе се сврти против другиот дел од народот и ќе настане раздор во општественото ткиво, па така разделени и испокрани, едните надевајќи се дека тие ќе ја добијат понудената награда ако сите попуштиме, а другите сфаќајќи што е финтата и уште посилно вкопувајќи се во одбраната на името, ќе бидеме многу полесни за манипулирање.

Што е потполна вистина, и Грците одлично проценија какви ајвани сме ние уште на самиот старт на нашата независност. Дваесет години поминавме во кавги околу клучното прашање: на кое колено да клекнеме пред странците, дали на левото, или на десното.

Мислам дека е време да се стави крај на поделбите, со тоа што луѓето (не политичарите, туку обичните Македонци) треба да сфатат дека клекнувањето на било кое колено, или на двете колена одеднаш, нема да ни помогне ама ич побрзо да се движиме кон прогрес и благосостојба. Само луѓе што ќе застанат на своите две нозе можат да чекорат цврсто на патот кон успех и просперитет.

Според сите релеванти анкети, 95% од луѓето во Македонија сметаат дека Македонија треба да влезе во ЕУ. Од тие 95%, дел се спремни по секоја цена, а дел не би сакале името да се смени.

Тоа значи дека пет проценти сметаат дека дури и без менување на името не би требало да влеземе во ЕУ. Јас спаѓам во тие пет проценти. Јас сум Македонец, и сметам дека не ми е потребна Унијата за да останам Македонец. А вие?

П.С: Вообичаено на крајот на колумните ставам неколку линкови до поранешни колумни на сродна тема, но мислам дека целиот ми блог е на сродна тема како во оваа колумна, така да кој не го разгледал поподробно, а му се виде интересна денешната, тоа може да го направи слободно и сосема бесплатно. Наредниот четврток, нова колумна на блогов, со наслов „Како да се испере умот на цела една нација?“. Си има цела наука за тоа, и во таа колумна ќе ја разгледаме практичната примена за наши услови.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: