Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ТРОЈАНСКО МАГАРЕ

with 11 comments

Тројанските магариња може да се најдат во многу „бои“

Сите имаат слушнато за „тројански коњ“ и сите знаат што е тоа. Но, малкумина знаат дека понекогаш она што го сметаме за тројански коњ всушност е тројанско магаре,  кое пак си има свои екстензии во тројанско муле, тројанско прле и се разбира – тројанска магарица. За сите овие „тројанци“ постои и тројански самар што им овозможува на нивните (данајски?) газди да ги натоварат со својот товар.

1. Тројанско магаре: магарето за разлика од коњот, го красат следниве главни особини: инает, приспособливост и карактеристичниот начин на изразување на своето незадоволство, преку многу гласно рикање.

Е па, тројанските магариња во голема мера се разликуваат од тројанските коњи токму според тие особини, како што обичните магариња се разликуваат од обичните коњи.

Инает: тројанското магаре колку и да се обидува да се скрие од околината не му успева тоа, оти по инаетот и тврдоглавоста на бранењето на своите бесмислени и ирационални ставови ќе го препознаат веднаш.

На пример, во нашава земја во сегашниве услови, упорно некои тројански магариња кои се замислуваат за расни благородни тројански коњи, самонаречени експерти и независни интелектуалци, постојано го обвинуваат секој оној што се бори за зачувување на националниот идентитет и достоинство за фашизоидност и за национализам.

Рикање: да беа умни овие магариња немаше да бидат магариња туку тројански коњи. Ќе ја држеа својата маска до крај, а не да се престават веднаш со својата антимакедонска тврдоглавост уште на старт. И ај што упорно стојат на своите глупави ставови, тие рикаат на сет глас и ги вознемируваат оние што не се согласуваат со нив. Само што наместо магарешкото „иа!“ тие рикаат со друг рефрен, имено „еу!“ во нивниот случај.

Нивното рикање се слуша од една телевизија до друга, од еден весник до друг, од една трибина до друга. Како што магарешкото рикање од еден рид се слуша и до другиот рид.

Приспособливост: како што знаеме, магарињата за разлика од коњите се способни да пасат и најлоша трева и по таа основа можат да преживеат во многу посиромашни услови. За тројанските магариња не е некој посебен проблем ако се во опозиција, оти и таму тревата е добра и од неа може да испасат доволно за да останат во игра, да клоцаат по македонскиот патриотизам и да рикаат гласно.

2. Тројанска магарица: а каде би биле магарињата и дали воопшто би постоеле ако немало некоја магарица да ги роди и исчува до зрелост? Така и со тројанските магариња кои си имаат свој извор од кој произлегуваат, а тоа се повеќето државни универитети полни со професори кои своите титули ги стекнале со партиско полтронство и сега во улога на тројански магарици постојано продуцираат тројански мулиња, прлиња, ама и чистокрвни магариња, од кои повеќето завршуваат во раководствата на опозиционите партии (ама и во позиционите!).

Тројанските магарици се нешто потивки од магарињата тројански, оти овие првенствено се задолжени за грижата за младите магаренца, со цел од нив да изразнат вистински, зрели тројански магариња еден ден.

Затоа главно тројанските магарици го одбегнуваат светлото на јавноста и нивната дејност се одвива во нивните професорски кабинети, но тоа не значи дека од време на време некоја побеснета тројанска магарица не знае да зарика, главно по експертски трибини како независен интелектуалец или во некоја колумна во дневен весник или неделник.

При тоа, бидејќи она што ќе се објави во весник останува за долго време, а исто и бидејќи сите нормални луѓе се обидуват да не ги читаат тие тројански пишуванки, колумните на тројанските магарици стануваат пандан на лепешките што остануваат после магарињата по улиците и сокаците. Како што имаат непријатна миризба, и како што се производ на магарињата, па никој не сака да се приближи до нив од страв да не нагази.

3. Тројанско прле: иако во пословиците и поговорките често се тврди дека „прле пред магаре истрчува“, јас лично од комуникација со неколку сопственици на магариња (и прлиња) не сум слушнал дека малечките магаренца се толку непослушни. Баш напротив.

Во реалноста со вистинските магариња и прлиња, малечкото е многу плашливо и секогаш оди зад родителите и истрчува само тогаш кога е на сигурно и кога пред него ќе се стави нешто за јадење, зоб или детелина.

Е па, тројански прлиња во нашава реалност по таа логика се медиумите во служба на предавниците и разните агенции за истражување на јавното немислење кои редовно се истрчуваат пред тројанските магариња објавувајќи разни пробни балони со кои го тестираат расположението на јавноста.

Ама тоа сепак како и кај вистинските прлиња не е истрчување пред магарето, туку смислен потег во услови на безбедно опкружување. Како што прлето никогаш нема да истрча пред магаре или магарица без да има дозвола од нив, така и овие „независни медиуми“ и „независни агенции за истражување на јавното мислење“ не се истрчуваат со ексклузивни информации и теории без да се консултираат со партиските раководства за кои работат.

Прлињата слично на возрасните магариња имаат големи уши и демек со нив успеваат да дознаат пред време што се шепоти околу нив, секоја гласина. Ама тоа е само замајување на јавноста, оти како и секое вистинско прле, и тројанското прле има големи уши во кои возрасните магариња му шепотат што да каже потоа. Оти се знае кој е постар.

4. Тројанско муле: во животинското царство, мулето е потомок на два животински вида (магарешкиот и коњскиот), и по тој основ како и секој хибрид е сосема стерилно. Но, иако е неплодно, тоа не значи дека е некорисно, оти просечното муле може да носи многу потежок товар од просечното магаре и од просечниот коњ.

Истото е и со тројанските мулиња кои се хибриди меѓу тројанските магариња и тројанските коњи (или кобили) и по таа основа може да се најдат во раководствата на невладините организации финансирани од странски извори, а екипирани со поранешни кодоши и сегашни „експерти“ и „активисти“.

Тројански мулиња се стерилни по таа основа што ништо плодно од сета нивна напорна работа не произлегло и не може да произлезе оти тие за пари ја работат валканата работа, а не од убедување и посветеност. И покрај неуморната работа, и покрај огромниот товар што мулињата го носат врз своите плеќи а во интерес на нивните грчки газди, јавното мислење не се поместува веќе со години од цврстиот став на мнозинството Македонци за неменување на името.

А тројански самар за сите овие тројански добичиња се разбира е нивната неспособност да заработат било што чесно. Оти образовниот систем кој е во сила во Македонија ги претворил сите нив во материјал за трутови и полтрони, па бидејќи за нив нема место во редовите на бирократијата, се трудат да се снајдат како бирократи за изнајмување. Колку што власта има ќар од своите паразити вгнездени во државната служба (ич) толку и газдите на тројанските мулиња, магарици, прлиња и магариња имаат ќар од нивната работа – ич!

Товарот што го имаат ставено на самарот е претежок за носење. Или пак можеби патот е премногу стрмен за да се донесе до врвот на високата планина на која е изграден храмот на македонските гордост и достоинство. Затоа не оди, па не оди, и не оди.

Голем проблем со тројанскиот самар е што многу македонски граѓани го носат на своите плешки. Дури и не се свесни за исклучително лошото образование што го имаат стекнато, и не се свесни за дефектниот менталитет што го има инсталирано во нив. Менталитет што го карактеризира цврста верба во некаков харизматичен лидер, блескави говори за посветла иднина и примамливи ветувања за плата без работа.

Без самар на грбот на магарињата и мулињата многу потешко е да се натоварат со било каков товар. Дури и обидот за јавање на гол магарешки грб е тежок и болен и за самиот јавач. Така и со тројанските магариња и со нивните тројански самари. Кога во Македонија повеќето луѓе би биле способни да мислат со своја глава, кога не би очекувале некој да им ја заврши работата место нив, кога не би сонувале да седат во канцеларија, да пијат кафе по цел ден и да не работат ништо и на први да добијат платичка, тогаш би имало и многу помалку материјал за полтрони од кои нашите непријатели и душмани ќе можат да ги регрутираат своите магариња тројански.

Ако сакаме да се ослободиме од тројанските магариња, првин треба да се ослободиме од тројанските самари. После тоа, сите дарови што Данајците или било кој ќе ни ги нуди, ќе ги отфрламе оти ќе бидеме свесни дека за она што вреди да го имаш, за тоа вреди и да се бориш.

.

П.С: И така, еве, после неславниот крај на стариот блогерај и уште понеславниот почеток на новиот блогерај на Он.нет, решив да го мигрирам мојот стар блог на нова адреса. Си реков, што ќе одам на платформа која е базирана на WordPress, поубаво да одам на самиот wordpress.com директно. Барем ќе знам дека нема багови, оти ова овде е оригиналот, пробан и докажан за квалитетен. Сакам да кажам, ако сакаш баш преспанско јаболко ќе одиш во Преспа да го купиш, а не во Дебар или Пехчево, нели?

Така да, откако поминав три попладниња префрлувајќи сѐ што имав, рачно по системот „пост по пост кини, пост по пост нижи“, се префрлив целосно, и сите текстови што беа на старата платформа се тука во ново руво. Од сега, тука ќе биде мојот канал за искажување на моите ставови, така да ако сте го букмаркирале мојот стар блог, разбукмаркирајте го, и неговото место букмаркирајте ја оваа адреса.

Коментари се оставаат со враќање горе до насловот на постот, под него има едно линкче „leave a comment“ на него се клика и потоа е јасно само од себе.

П.П.С: Веќе во четврток, во редовниот термин очекувајте го тука, на овој блог, новиот пост насловен како „Потреба од лажење“.

До тогаш, поздрав🙂

11 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Прочитано!🙂

    alexandro

    11/01/2010 at 10:08

  2. Еј, зошто не си на Блог.Мк?

    Metodius

    11/01/2010 at 14:00

    • Зашто таму не ме примаат на кирилица, па не можам да мигрирам.

      Во крајна линија, и таму е wordpress, и ваму е wordpress, ама овде е оригинал wordpress без багови.

  3. Stavi RSS feeder.
    Da mozam na raat da te sledam!
    nauciv za google/reader servisot pred tri dena!🙂

    peronakov

    11/01/2010 at 14:42

    • Не може!

      Што „на раат“?

      Ме букмаркираш и секој четврок после 21 часот доаѓаш да прочиташ нов пост.

      Толку ли е тешко тоа?

  4. Одлично, како и сите претходни постови!
    Благодарам и поздрав!

    Мартинка

    12/01/2010 at 09:26

  5. Ај честито нов блог🙂
    Си можел да ја разработиш и кованицата „тројански коњ/магаре“ од аспект на интернетот – опасни и штетни вируси😉
    Иначе, и јас сум за РСС Нено! И за блогот и за секој пост одделно (заради коментаритѕе на него). Ние пак ќе идеме на блог, ама секоаш прво отвораме РСС и таму гледаме кој има нов пост од избраните блогери за следење, де😉
    Поздрав

    oksimoron

    13/01/2010 at 07:36

    • Па имаш долу Notify me of new posts via email.

      Ако го внесеш мејлот (а мораш, оти е required) кога оставаш коментар, ќе добиваш информации за секој нов пост, ако го чекираш квадратчето најдолу.

  6. Kај си Нено?!🙂
    Зошто не се префрли на блог.мк?!
    На сите ни го правеше речиси истото тоа *мигрирањето*.
    Додуше исто му доѓе и таму не се гледаме кој е присутен и како оди коментирањето.
    Принципот на функционирање на новата платформа, за мене, е многу полош од принципот на старата. Ко тројанско магаре е платформата, не знаеш што носи во самарот. Абе ко герила сме, во магла.

    Maat

    18/01/2010 at 08:30

    • А мене тука ништо не ми фали🙂

      Си имам тип – топ платфрома, без ниту еден единствен баг.

      Сува лепота!

      На Блогерај🙄 не се враќам, па таман да ми плаќаат😆


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: