Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ПОТРЕБА ОД ЛАЖЕЊЕ

with 17 comments

„Смртоносно“ оружје во „цврста“ рака

Постојат четири главни причини поради кои луѓето прибегнуваат кон лажење, и со тие четири главни причини се објаснува во голема мера сета потреба од лажење. Секако, постои и петта причина која практично ги обединува сите четири, имено „глупавост“ т.е. погрешна проценка на ситуацијата кога човек лаже не сфаќајки дека сите се свесни дека ги лаже. Четирите главни причини се:

1. Страв: кога некое мало дете ќе направи некоја беља по дома, на пример трчајќи палаво низ куќата ќе бутне некоја вазна ставена на некоја маса и таа вазна ќе се распарчи при падот, најверојатно тоа ќе земе да ги собере сите делови од подот и ќе ги фрли во канта, со тоа елиминирајќи ги сите докази за штетата што ја направило.

Освен еден. Фактот дека родителите знаат дека вчера имало вазна на тоа место, а денеска нема вазна на тоа место.

На детото му е страв да не го казнат родителите за уништувањето на вазната (која можеби е сувенир донесен од некое патување на родителите) и затоа лаже, правејќи се дека ништо не знае за исчезнувањето на тој предмет.

Отприлика од истава причина лаже и Грција кога станува збор за македонското прашање. Своевремено, на територијата која денеска е „северна Грција“ имало огромно и доминантно македонско население, кое налик на некоја скапоцена вазна, Грците го скршиле во текот на неколку децении војни и асимилација, па потоа го избркале она што останало и сега грчките политичари глумат лудило дека немаат никаква врска со кршењето на вазната.

Бидејќи Грција сепак не е мало дете, иако редовно се однесува разгалено, таа вазната што ја скршила и чии делови ги фрлила, ја заменила со друга вазна (со друго население донесено од Мала Азија), вазна сосема поинаква од претходната и по боја и по форма и за таа вазна сега тврди дека си е оригиналната вазна која цело време си била на масата.

А бидејќи на масата која се вика Република Македонија веќе стои вазна која се вика македонски народ и која е идентична по форма и боја со онаа вазна што ја скршило разгаленото мало детиште Грција, јужниве копиљаци постојано тврдат дека нивната вазна е таа оригиналната вазна, а дека ние сме ја скршиле античката вазна тука, па сме ја замениле со некаква си словенска вазна и дека сега ние тврдиме дека нашата вазна е оригиналната, автохтоната.

Во прашање е страв дека „родителите“ (Големите сили) ќе го казнат детето поради тоа што ја скршило скапоцената вазна. Или можеби пак срам е во прашање, оти дете кое крши скапоцени вазни не може потоа да тврди дека е цивилизирано и културно, нели?

И срамот е форма на страв. А Грција богами има од многу што да се срами. Затоа и се плаши од вистината, и затоа постојано лаже.

2. Алчност: од сите мотиви за лажење, овој мотив захтева најголем степен на интелигенција од страна на лажгото со цел да биде успешен. Бидејќи, кога некој лаже поради алчност, било за пари, било за моќ, тој очекува некој друг, оној што ќе биде излажан, да му ги даде тие пари или таа моќ.

Главно, лажењето поради алчност е застапено во политиката, и тоа главно кај оние политички сили кои немаат што да му понудат во замена на гласачот за да ги избере. Ако некоја партија понуди конкретна програма со реални предлози за решавање на реалните проблеми што реално може да се решат за време на нивниот мандат, тогаш таа нема потреба да лаже за да ја стекне довербата на гласачите.

Ама кога некоја партија составена од докажани шарлатани и осведочени хохштаплери нема што реално да понуди, оти не знае што да прави во интерес на државата ако дојде на власт, таа мора да прибегне кон лажење, обидувајќи се со манипулации и небулози, со шарени ветувања и зашеќерени прикаски да го заведе простиот народ и да ги добие неговите гласови.

Ако некој истовремено ветува забразан економски раст со помош на повисоки даноци, ако некој ветува зачувување на националниот идентитет со помош на откажување од името, ако некој ветува правна држава откако претходно амнестирал крадци и насилници само затоа што биле од неговата партија, тогаш станува збор за лажго.

Лажењето поради алчност како што реков захтева висока интелигенција од страна на оној што лаже. Доколку и после неколку години континуирано верглање на една иста лага една партија никако не успева да тргне нагоре со својот рејтинг, што кажува тоа за интелектуалниот капацитет на тие лажговци?

Политичарот кој што не знае да го излаже народот е политичар кој што самиот себеси се залажува дека го бива за политика. Следствено, треба што поскоро да се откаже од таа професија и да почне да работи нешто друго.

3. Желба за прифаќање: кога човек сака да го примат во некое друштво каде што не може секој туку-така да стане член, тој е подготвен за големи искривувања на вистината само и само да влезе во тој клуб.

При тоа, интересно не е што човекот е подготвен да ги лаже другите за себе, туку во еден миг станува подготвен и самиот себе да се лаже во врска со другите. Впрочем, најважниот фактор што го води кон самозалажување е токму желбата за прифаќање.

Човек откако ќе помине долго време во лажење за своите способности и можности со цел да ги импресионира членовите на клубот во кој сака да биде примен, откако ќе му се предочи вистината за тој клуб и дека можеби и нема да му тече саде мед и млеко штом ќе се зачлени конечно таму, тогаш тој почнува да ги затвора очите пред фактите и да си кажува лаги себеси, со цел да го оправда сето тоа време и енергија што ги потрошил во лажење.

Не би објаснувал јас тука повеќе, оти за нашето акутно и хронично самозалажување дека во ЕУ ќе ни биде убаво, дека во ЕУ ќе ја најдеме ветената земја, дека во ЕУ конечно ќе успееме да ги решиме сите проблеми што до сега не сме си ги решиле, за таа заблуда и самоизмама веќе пишував нашироко во колумната „Златно теле“. Кој не ја прочитал, нека ја прочита. И нека не се самозалажува.

Оној што е подготвен да се откаже од сѐ што има само за да го прифатат во некое сомнително друштво, тој со таквиот став докажува дека не знае што има. Зошто тие во сомнителното друштво би сакале да прифатат во своите редови таков незнајко? Зошто го бараат магарето на свадба?

4. Навика: ова е најопасниот мотив за лажење оти произлегува како логичен заклучок од долготрајното и перманентно лажење од претходните три мотиви. Со други зборови, кога човек премногу долго лаже, дали од страв, дали од алчност, дали од желба за прифаќање, лагата му преминува во навика и од тој момент ни самиот не знае веќе како да го разликува лажењето од вистината.

Не дека тој почнува да си верува на своите лаги. Таман работа, тој е совршено свесен дека лаже, само што проблемот е во тоа што не знае кои од неговите тврдења се лаги а кои вистина. Дури и луѓето околу него, оние со кои раководи навикнати на лагите на својот шеф, и самите почнуваат да лажат по навика, и тоа не само јавноста, туку и својот претпоставен го хранат со лажни информации.

Народот се плаши од власта и постојано ги лаже полтроните околу водачот дека сѐ е добро, полтроните пак желни да му се додворат на водачот му кажуваат само тоа што сака да чуе, значи го лажат него дека народот го сакака бесприговорно, а и самиот водач немајќи кој да му ја каже вистината почнува да верува во лагите иако и самиот е свесен дека голем дел од она што го слуша за себе и за својата политика се лаги.

Па почнува да спрема есенски/ пролетни/ летни сценарија убеден дека народот ќе го следи во бунтот против власта (ако е во опозиција), или пак почнува да воведува бесмислени закони и забрани (ако е на власт) убеден дека народот токму тоа го бара од него.

За сѐ се криви полтроните, не лидерите. На лидерите нема кој да им ја каже вистината, оти своевремено се опкружиле саде со полтрони.

Но… кој им е крив пак на полтроните, зарем некој некогаш им кажал ним дека полтронирањето е погрешно? За жал немало кој тоа да им го предочи, оти таков ни е образовниот систем, кој е најсилен фактор за доминантниот менталитет што исто така ги фаворизира најмногу полтроните и послушниците.

Како што кажав во колумната „Западен менталитет против источен менталитет“ основен проблем кој го кочи развојот на Македонија е погрешното сфаќање за тоа кои сме ние и кои треба да бидеме за да станеме пак како што сме биле некогаш, тогаш кога сме биле силни и моќни. Оној што не знае од каде доаѓа, тој нема да знае ни каде треба да оди.

.

П.С: Со овој пост го фатив стариот ритам што го терав на стариот блог и сега продолжувам со старото темпо. Така, идниот четврток очекувајте го новиот пост со наслов „Уште десет видови македонска глупавост“. Тоа е продолжение на некогашниот пост „Десет видови македонска глупавост“ и во него ќе бидат преставени нови десет „фамилии“ на глупаци, овој пат од „селото“ Горно Глупомакедонче, меѓу нив и познатите фамилии Полтронџиеви, Залетувачевски, Башмегајлески…

Не пропуштајте! До четврток поздрав🙂

17 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Има и лажење од сочувство Нено🙂 Емпатично😉
    Знаеш, кога си свесен дека вистината силно ќе повреди некого – не му ја кажуваш! Не зашто се плашиш од реакцијата, ниту се срамиш, нит заради прифаќање а најмалку од навика. Едноставно ти е жал🙂

    oksimoron

    15/01/2010 at 21:12

    • Тој тип на лажење може да се стави под графата „лажење од желба за прифаќање“. Оти некого го лажеш, го тешиш, од желба да станеш поблизок со него (или да го сочуваш постојното пријателство).

  2. Добра аналогија си направил. Вообичаено… иако можеби не треба да бидеш толку директен. Денес е модерно да се каже – „не ја зборува вистината“ наместо „лаже“!
    А колку е лагата поголема толку е веројатноста таа да биде прифатена како вистина: милијарда евра инвестиции, осум милијарид евра инвестиции… која цифра ќе биде следната???
    Поздрав!🙂

    alexandro

    17/01/2010 at 01:17

    • Најјако би било да се појави некој политичар што ќе им вети на гласачите дека нема да прави реформи, дека ќе постави апаши на клучни позиции, дека ништо нема да направи за државата и народот, дека ќе краде и ќе соработува само со неспособни и полтрони… се најлошо да вети… и народот да гласа за него од убеденост дека тој политичар лаже или се шегува🙂

      Мислиш дека ваков политичар нема да добие гласови? Ја сигурно, прашај го Љубчето, неговите народњаци добија 30ина илјади гласови на локалните избори!

  3. Емпатично лажење… Доста интересно – како во филмот “Солунските атентатори”(иако таму го лажат Прличко за смртта на синот од страв да не каже нешто што не треба поради емоциите предизвикани од возбуда), сепак ваквите случки се навистина посебни. Сличен пример(само никако да се сетам конкретно од каде ми е во глава) кога умира родителот, па синот го лаже дека е успешен. Теоретски – не можеш да станеш поблизок со човек кој ќе умре во наредните неколку минути🙂 Но можеш да му дадеш насмевка со која ќе замине. Поздрав

    robertmacedonia

    18/01/2010 at 01:28

    • Е да…

    • А, дали е сепак добро со лага да се разделиш од некого засекогаш.. и ако добро се познавате и вообичаено не се лажете, јас не верувам дека нема да се препознае лагата, туку можеби само преќутно ќе се прифати… Поздрав

      Мартинка

      21/01/2010 at 12:13

      • Па како што реков – “Па нели тука се појавува дилемата – дали да бидеш искрен или културен(учтив, но да лажеш притоа)?”.Ова влече нова дилема – дали ќе си стоиме на принципите(дека не лажеме во никој случај, зашто тоа е ниско,подло и нечесно), или ќе направиме исклучок онојпат кога сметаме дека е во корист на доброто, кога сметаме дека тоа е правилно? Односно, дали принципиелен човек ќе си дозволи исклучоци од своите принципи или не? Зашто, ако си дозволи исклучок за еден случај, тогаш зошто да не си дозволиш и за друг, па тогаш не го почитуваш баш својот принцип. А и како да се одлучи кога вреди да се направи исклучок, а кога не? Затоа, можеби е најдобро воопшто да не се прават исклучоци. Можеби и не е… Немам појма, се збунив сега🙂

        robertmacedonia

        21/01/2010 at 12:25

  4. Или, кога партнерот ќе готви за тебе, потрошил неколку часа труд, ентузијазам…. и после имаш ли срце да речеш дека месото не е допечено, пшомфритот пресолен, салатата презачинета? Не! Ќе џвакаш, голташ и ќе се смешкаш а на прашањето дали ти се допаѓа ќе речеш дека е многу вкусно, вакво не си јадел незнам од кога! 🙂

    oksimoron

    18/01/2010 at 08:16

    • Да, има доста примери. Па нели тука се појавува дилемата – дали да бидеш искрен или културен(учтив, но да лажеш притоа)?

      robertmacedonia

      18/01/2010 at 15:13

    • Или кога водат љубов, па дечкото ќе ја праша девојката: „кажи срце, кажи нели сум ти јас најдобриот од сите до сега?“

      И таа ќе му одговори ЕМПАТИЧНО: „да бе срце, најдобар си ми до сега…“

      (при што девојката ги премолчува зборовите… ако „сега“ почнало од вчера)😆

      • you got the point 😉 🙂

        oksimoron

        18/01/2010 at 19:47

      • Хехе, cool🙂 Ова сега што ќе го залепам е малце(добро, многу) off-topic, ама се изнасмеав и мора да го споделам:
        Како скопските средношколци прераскажуваат лектира:
        ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА
        Некојси студент бил стално сјебан пошто морал да плаќа за стан пошто пред тоа ваљда го попушил за у Студентски. У една прилика коа бил скроз даун, улетал кај некоја баба пуна ко брод и ја оверил. После упаднал у фрка со сам себе, као се плашел дека пандурите ќе го провалат. У ствари, он не бил некоја фаца туку обична пичка па на крај сам се пријавил у мурија.

        Хаха, ако е шега ова јако е, но ако е вистина…патетично е и тажно…

        Сигурно е шега🙂

        Поздрав

        robertmacedonia

        18/01/2010 at 23:20

  5. Некој ми го зафатил името Методиус. Сега сум овој Јас… Се степав со Блок.мк платформата која врие од ситни багови, а богами и катастрофални грешки. Нејсе, не е тоа тема на записот. Лажењето е.
    Пред некое време се зачитав нешто од куранот (по иницијатива на еден мој ученик) и таму има нешто интересно во врска со лажењето. Позитивни примери на лажење. На пример – некој дознал дека синот не го почитувал поа тргнал да го убие. Пријател го сретнал, и лажел дека присуствувал на опишаниот чин, велејќи дека не е така. Филозофијата е дека некогаш треба да се дозволи мала лага (штрета) за да се направи поголемо добро.
    Класичен пример – законот против пушењето. Сите пушачи сметаат дека им се прави голема штета, се додека не сватат дека им се прави услуга.

    archangelkoski

    20/01/2010 at 10:48

    • Законот против пушењето е погрешно насловен. Треба да се вика „Закон за намерно намалување на рејтингот на ВМРО“ или барем „Закон со кој самите вмровци му прават услуга на Бранко и неговата тајфа“.

      Можеби намерата е добра, ама со закон не може да се стави крај на пушењето ниту пак тоа да се намали.

      Џабе си губат време со лечење на проблемот кога треба да се лечат причините за проблемот.

      Треба да се работи на одговор на прашањето „зошто пушат луѓето?“

      А не „каде пушат?“.

      Прохибицијата во САД не го намалила ни малку користењето на алкохол, ама ги создала Ал Капоне, Лаки Лучијано и целата американска мафија.

      И овој закон ќе заврши така што ќе има локали во кои ќе може слободно да се пуши оти газдите ќе бидат коруптивно поврзани со инспекциите и со некои локални партиски босови.

      • Можеби, но засега функционира совршено, барем колку јас што сум видел. Мора да признаете дека има еден огромен позитивен факт во врска со овој закон – ние непушачите можеме сега на раат да си излеземе! Не знам за вас, но јас бев константно револтиран кога ќе се вратев дома во доцните саати после журка и целиот мирисам на цигари – косата, алиштата… Па од каде право на пушачите, заради нив јас да смрдам на цигари? Едноставно те иритира премногу! А сега излегувам и ниту една цигара не е запалена. Одлично. За останатите аспекти не коментирам, но зад овој цврсто стојам и никој не може да ме убеди дека не сум во право!🙂 Поздрав

        robertmacedonia

        20/01/2010 at 15:57

      • Повеќе статистики покажуваат дека во САД е значајно намален процентот на пушачи после сличните закони, само треба да поминат неколку години. Е, сега ако се префлиле на нешто друго…

        А, кога ќе го решиме прашањето „зошто пушат луѓето?“(заедно со сите останати зависности од секаков вид, па и висење на интернет :)), ќе живееме во многу поубав свет…

        Во секој случај, законот е наменет за заштита на непушачите, а не против пушачите, иако тие така го сфаќаат…

        Мартинка

        21/01/2010 at 12:25


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: