Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ НЕКОЛКУ ПОГРЕШНИ БРОЈКИ

with 7 comments

Претпоставувам дека сте прочитале до сега во весник дека ние луѓето користиме едвај 10% од нашиот мозок, а сметам и дека ви е познато оти бројот 666 е сметан за ѓаволски број. Верувам дека сте го слушнале тврдењето дека цели десет посто од населението се со хомосексуални склоности, или дека Александар Велики организирал заедничка свадба за 10.000 свои војници со Персијанки по завршувањето на неговиот поход. Конечно што е со тврдењето дека 90% од граѓаните на Македонија се согласуваат со нашето зачленување во ЕУ? Заедничко за сите овие општоприфатени бројки е дека се сосема погрешни!

1. Дали една десетина од населението се хомосексуалци? Минатата година кога во Скопје имаше избори за градоначалник, меѓу кандидатите беше и една општопозната застапничка за правата на геј – заедницата во земјава, која доби смешни седум илјади и петсто гласа што беше шок за сите кои веруваа дека хомосексуалците сочинуваат цели десет проценти од вкупното население (па и од вкупниот број гласачи).

Од таму, се очекуваше дека со сиот труд што Најчето го вложи во борбата за нивните права, „припадниците на заедницата со десет посто“ ќе гласаа за неа и ќе имаше таа барем 45.000 гласови (тоа се десет посто од вкупниот број гласачи во Скопје). Ама таа доби едвај една петтина од тие очекувани 45 илјади, што би значело дека ако сите педери, лезбејки, трансексуалци и бисексуалци во Скопјево гласаа за својата икона, тогаш нивниот број во вкупното население не е 10% ами само 2%.

А интересна работа, токму околу таа бројка се движат сите реални и независни истражувања ширум светот. А онаа цифра од 10% од вкупната популација дека се гејови темелно е дискредитирана. Но, од каде се појавила?

Од истражувањето спроведено во текот на доцните ’40ти и раните ’50ти години на минатиот век од истражувач по име Алфред Кинси кој и самиот јавно признавал дека е склон кон сексуални перверзии и со тоа истражување сакал да провери колку од другите луѓе ги споделуваат неговите склоности.

Се разбира, каков што бил Кинси, тој успеал со своето истражување чии резултати ги објавил во „Извештаите на Кинси“ да докаже научно дека навистина 10% од луѓето се хомосексуалци. И таа бројка како научно докажана се повторува од тогаш па наваму постојано од сите борци за права и привилегии на хомосексуалците.

Проблемот е што бројката апсолутно е погрешна. ЛДП го базираше својот избор за кандидат за градоначалник на Скопје врз основа на очекувањето дека таа ќе привлече 10% од гласачите, а кутрата им кандидатка не успеа да привлече ни два посто. А да провереше водството на ЛДП како Кинси дошол до својата фамозна бројка – немаше да бидат изненадени кога доби Најчето толку малку гласови.

Оти, истражувањето на Кинси било вршено по пат на анкети, при што биле испитани луѓе по случаен избор и од нивните одговори се добила бројка дека 10% од нив се со хомосексуални склоности. При што, 5% од вкупниот број испитаници пишале во анкетното ливче дека по професија се – машки проститутки (!). А веројатно и за тоа истражување се пријавиле доброволно да одговараат луѓе кои и онака сакале да зборуваат за своите перверзии, па останатите пет посто ги пополниле токму хомосексуалци.

Тоа му доаѓа исто како да отидете на улица „Бихачка“ и да ги прашате случајните минувачи пред онаа зграда над чиј влез се вее едно сино знаме со жолта петокрака на него – за која партија се. Се разбира дека ќе добиете дека „повеќе од половина од граѓаните по случаен избор анкетирани изјавуваат дека ќе гласаат за СДСМ“. Тоа и не е толку чудно, но она што би било чудно е ако партијата која има седиште на таа улица ја базира својата политичка стратегија врз основа на тој број – и си помисли дека народот ја обожава и дека нема потреба да промени нешто во својот настап.

Како што видовме сите на минатогодишните локални избори, кандидатката која целиот живот го посвети за борба за правата на геј-заедницата ги доби сите гласови од таа заедница – цели 2% од вкупниот број гласови што може да се дадат од вкупниот број гласачи во Скопје.

Така е кога верувате во погрешни бројки.

2. Користиме ли само 10% од нашиот мозок? Овој мит, дека не го ползуваме целиот наш ментален потенцијал во нашиот секојдневен живот, е присутен во повеќе варијанти, кои се движат од тоа дека користиме само половина од мозокот (50%), или само третина или четвртина па до едвај само два до три проценти, но најчесто се споменува цифрата од десет посто (веројатно затоа што е убава т.е. заокружена).

Заклучокот што луѓето што го пропагираат овој мит сакаат да го изведеме е дека постои огромен неупотребен резервоар на ментална моќ во секој од нас кој што резервоар е блокиран од браната на нашите предрасуди и духовни бариери и ако само ги прифатиме нивните совети и препораки – и потрошиме еден куп пари за нивните курсеви и книги – ќе можеме продуктивноста на нашиот ум да го зголемиме неколкукратно.

Убаво е да се верува во ваков мит, бидејќи тогаш сите наши неуспеси ќе можеме да ги оправдаме со тоа дека не знаеме како да ги одблокираме нашите потенцијали, ама не е убаво да се базираат клучните одлуки за сопствениот живот врз основа на некоја погрешна бројка.

Факт е дека преку скенирање на мозокот е утврдено дека кога луѓето вршат некоја специјална психичка активност – на пример свират на некој инструмент – еден мал дел од мозокот покажува поголема активност од останатите. Тоа веројатно е оној дел каде се наоѓа центарот за координирање на токму оние мозочни центри поврзани со извршувањето на таа задача. Ако пак работиме некоја друга активност, некој друг дел од мозокот, каде што се сместени центрите за таа друга задача, се активира за исполнување на таа друга активност.

Значи, ние користиме мал дел од мозокот во било кое време, ама не значи дека цело време го користиме само тој дел од мозокот. А да го користиме целиот мозок одеднаш за вршење на неколку работи истовремено – со едната рака да свириме на клавир, со другата да пишуваме поезија, со едното око да читаме книга, а со другото да гледаме телевизија – и сето тоа мозокот одеднаш да го координира и анализира како што треба – едноставно не е можно.

И во нашите домови користиме само по една соба во секој миг, иако преку целиот ден веројатно сите соби ќе ги употребиме – ама не сите истовремено, оти не можеме одеднаш да бидеме во кујната и да ручаме и истовремено да бидеме во бањата и да се тушираме и истовремено да бидеме во спалната и да спиеме истовремено сурфајќи на интернет во работната соба и истовремено разговарајќи со пријателите кои ни дошле на гости во дневната додека на терасата ги закачуваме свежено испраните алишта.

Значи, тврдењето дека користиме само 10% од нашиот мозок е мит, но има смисла ако се пренесе на македонската политичка сцена. Одредени партии, и покрај тоа што имаат на располагање многу медиуми и финансиски ресурси и биле или сѐ на власт, никако не успеваат да добијат повеќе од дваесет или триесет или десет посто од гласовите.

Не ми е јасно како некоја партија може да дојде на власт и да располага со милијарди евра и практично неограничена моќ за четири години и после тоа да падне од власт, добивајќи десетина или дваесетина посто од гласовите. Дали искористиле само 20% од ресурсите на располагање за добивање на гласачката доверба или само 20% од својот мозок кога донеле заклучок дека место да работат за доброто на народот ќе си ги полнат џебовите – не е познато.

3. Дали Александар одржал свадба за 10.000 бракови? Просто нема човек кој што и малку знае нешто за животот и ликот и делото на Александар Велики а да не слушнал за неговиот план својата новостворена империја да ја зајакне и со создавање на нова нација, изградена со мешање на етничките групи од Европа и Азија преку свадба на 10.000 негови војници (пред сѐ Македонци, но и Грци, Илири, Тракијци) со исто толкав број на млади девојки од персиските аристократски семејства, но и од другите покорени народи од Мала Азија, Левантот и Египет.

За таа џиновска групна свадба сите имаат слушното. Ама малкумина знаат дека таа воопшто не се случила. Барем не во толкав обем. Ни приближно. И што е најчудно во врска со целиот тој мит, античките историчари се јасни во своите дела дека немало таква голема заедничка венчавка на толку многу Европејци со Азијки.

Имено, вистина е и историски факт потврден од античките историчари дека во февруари 324 г.п.н.е во градот Суса се одржала голема свадбена церемонија на осумдесетина (!) офицери од армијата на Александар со осумдесет девојки од угледни азиски фамилии и дека на таа церемонија и самиот Александар стапил во брак со две персиски принцези.

И тоа е тоа. Осумдесет бракови биле склопени одеднаш, а не десет илјади. Но, ете сите сме убедени дека на таа церемонија имало десет илјади бракови склопено. И од таа неточна бројка се создава хипотезата за некаков план на Александар за создавање на нова етничка група, нов народ, нова нација.

Но од каде доаѓа тогаш бројката од десет илјади бракови? Е па најверојатно од следново: Ариан и Плутарх како двајца од најпрецизните антички историчари за животот на Александар нѐ информираат дека во чест на својата сопствена венчавка, Александар побарал и добил извештај од надлежните служби дека во текот на изминатите неколку години, откако почнал походот па додека тој да се врати од Индија, вкупно од сите негови војници, во текот на сите тие неколку години, индивидуално, некаде околу десетина илјади бракови со азиски жени биле склопени.

Без да претендира да создава некоја нова нација, веројатно чисто од мерак за својот брак и за да им одаде почит на војниците со кои ја освоил својата империја, тој наредил да им се додели посебна еднократна „субвенција“ на сите овие десетина илјади војници.

Значи, немало колективна венчавка на 10.000 Македонци со исто толку Персијанки. Немало смислен обид и план за создавање на нова нација, оти не се прави нов народ со само 80 бракови. А што е најчудно (но не и неочекувано) токму тие бракови што биле склопени на церемонијата во Суса, тие 80 договорени и наместени бракови – скоро сите завршиле со развод по смртта на Александар, а оние 10.000 Македонци што индивидуално решиле да земат азијска жена за сопруга – веројатно тоа го направиле од љубов и тие бракови преживеале.

Политичко – општествената конотација на свадбата со „десет илјади“ бракови (која не се случила) ја имам обработено за нашите денешни македонски услови во посебна глава во мојата книга за Александар. Главата почнува од страна 74, така да кој не ја видел, слободно нека ја ѕирне.

4. Каква врска има 666 со ѓаволот? Никаква освен ако не го сметате човекот кого го сметате за политички непријател за ѓавол.

Во ерата на раното христијанство, кога било и напишано „Откровението на Свети Јован“ во кое се споменува апокалипсата и бројот 666, христијаните биле прогонувани од страна на римските императори, а прв император што почнал да ги прогонува бил царот Нерон.

Воедно, во времето кога било напишано Откровението, не постоеле посебни знаци за бројки како денеска, туку бројките се пишувале со букви. Римјаните ги користел I, V, X, L, C, D и М, Грците бројките ги пишувале со своите букви (алфа, бета, гама…) а пак Евреите своите броеви ги пишувале со комбинирање на буквите од нивната азбука.

Е сега, како од името и титулата на „Царот Нерон“ напишани на еврејски и прочитани не како зборови ами како броеви се дошло до 666 прочитајте тука на овој линк.

За илустрација, многу сличен принцип на „сатанизација на политичкиот непријател“ применив и јас пред година и пол во мојот „Јубилеен пост“. Оние што оддамна ме следат сигурно се сеќаваат на таа финта, а оние кои не ја виделе, нека ја ѕирнат. Се однесува на времето пред ланските претседателски избори и одговара во тој контекст на прашањето „ако 666 е бројот на ѓаволот, тогаш кој е ѓаволот во Македонија?“.

Заклучок: бројот 666 не содржи во себе ама баш ништо сатанско и ѓаволско, туку е најобична нумеролошка игра со цел да се оцрни човекот кој тогаш бил непријател на христијаните.

Конечно, дали подршката за нашето зачленување во ЕУ е 90% или не? И така дојдовме до последната бројка која е сосема погрешно сфатена кај нас во денешнава Македонија. За жал, и врз основа на оваа бесмислена бројка се градат политички тактики и стратегии, и ништо чудно што сите тие планови изградени врз погрешна бројка не даваат резултати (сетете се погоре на обидот на Најчето да стане градоначалник).

Значи, замислете дека некој оди по Скопјево или по другите градови низ Македонијава и ги прашува луѓето дали би сакале да добијат милион евра на подарок. Се разбира дека секој би одговорил дека сака, иако можеби би имало тек–тук-таму и по некој негативен одговор.

Или замислете дека некој шета по Скопјево или низ Македонијава и ги прашува луѓето дали би сакале земјава да влезе во ЕУ и НАТО. Се разбира дека ќе добие подршка за тоа од 90% од граѓаните.

Е ама замислете дека потоа анкетарот ги прашува граѓаните дали се спремни да се откажат од својата вера, својата фамилија и од своите деца и сите свои желби, копнежи и соништа за да ги добијат тие милион евра. Претпоставувам дека потврден одговор на такво прашање скоро никој нема да даде.

Така е и со со подршката на македонските граѓани од 90% за влегување во ЕУ и НАТО. Прашајте ги дали се спремни за тоа нешто да го жртвуваат својот национален идентитет и достоинство и македонското вековно име. Па ќе видите колку ќе добиете позитивни одговори.

Така да, и таа бројка е лажна бројка. Како и сите бројки што во оваа навидум шарена колумна беа обработени. Се надевам дека колумната иако долга, сепак ви се виде интересна и сфативте зошто сите овие бројки беа ставени заедно во еден текст. Се надевам и дека во иднина кога ќе чуете бројки преставени како факти врз кои треба да се базираат нашите одлуки – ќе размислите и ќе прашате колку се реални тие бројки всушност.

.

П.С: И така почитувани читатели, помина и ова колумна, а наредниот четврток очекувајте нова. Таа ќе биде посветена на проблемите што Грција ги има со својата економија и целото општество во последно време, и таа ќе биде нешто налик на „Десет видови македонска глупавост“  и „Уште десет видови македонска глупавост“ само што ќе се вика таа „Десет видови грчки глупаци“. Можете да претпоставите со какви презимиња ќе одам таму (Разгалопулос, Паразитијанис…). Таа ќе биде анализа на видовите на менталитет што нашиот јужен сосед го доведоа до ова дереџе кое допрва ќе станува полошо, многу полошо. Но, за тоа идниот четврток.

А до тогаш, раскажете им на вашите пријатели за мојот блог и за интересните текстови што можат да ги прочитаат тука и… останете поздравени😆

7 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Одлично раскринкување на заблудите, Нено🙂
    Она за процентот/хомосексуалци и јас го верував.
    А за 10% употреба на мозокот – секогаш ми било нелогично.
    Природата мозокот го обликувала/растела со стотици илјади години преку еволутивни проби/грешки па навистина е глупо да се верува дека згрешила за 90%

    Поздрав😆

    LupcoBocvarov

    11/03/2010 at 22:58

    • Да, баш така🙂

      Во мозокот нема непотребни делови. Иако има луѓе што би сакале да не убедат дека нема потреба да го користиме самите, туку тие треба да мислат место нас за нас.

  2. Досега не знаев за овој мит за 10% од мозокот. Си верував дека е вистина. Фала за просветлувањето, сега можам да се правам џек во друштво🙂 Не, серизно – сите што ги познавам веруваат дека ова е вистина.

    robertmacedonia

    12/03/2010 at 14:43

  3. Од секогаш сум тврдел дека они 90% поддршка за влез во ЕУ и НАТО се нереални. Во услови на економска беда во која живее народот влезот во овие организации се доживува како искра на надеж (излез од тунелот!) дека со тоа нешто ќе се смени! Оттука таа поддршка е поддршка на надежта а не реална и искрена. Најмалку пак под условите кои ни ги поставуваат.
    Поздрав Нено!

    alexandro

    14/03/2010 at 14:34

    • Па да, ако на човека му поставиш половина прашање ќе добиеш половина одговор.

      Половина прашање е „сакате ли во ЕУ…?“ и нормално дека половина одговор ќе биде „Да…!“

      Ако луѓето го чујат и вториот дел од прашањето „… каде што ќе бидете овци за стрижење?“ тогаш ќе дојде и вториот дел од одговорот „… се серам во таквото членство!“

  4. kakvi 90 procenti za EU toa se totalni gluposti ,kaj nas 90 procenti nemaat pojma sto e EU .ako se napravi anketa; zosto sakate Makedonija da vleze vo EU ,preku 90 procenti ke vi kazat deka togas ke mozat da rabotat vo germanija ili nekoja druga zapadnoevropska drzava.

    filip

    14/07/2011 at 02:59


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: