Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ДЕСЕТ ВИДОВИ ГРЧКИ ГЛУПАЦИ

with 7 comments

Вака просечните Грци си ја замислуваат сопствената држава, а во последно време и Европската Унија

Грција, како што секој знае, во последниве месеци се соочува со последиците на својата погрешна економска и социјална политика што ја спроведуваше во изминативе триесетина и кусур години под наизменично водство на двете водечки партии – ПАСОК и Неа Димократија. Меѓутоа, зарем е правилно да се обвинуваат само политичарите за проблемите на народот? Зарем не е народот тој што ги избирал секогаш одново на власт? Во денешнава колумна, еве ги според мое мислење, токму оние десет просечни Грци што се навистина виновни за проблемите во кои сега се наоѓа таа држава:

1. Разгалопулос: како што кажува неговото презиме станува збор за типично „разгалено дете“ кое е навикнато уште од прво одделение да не учи за да добива добри оценки, туку за неговите петки ќе се погрижи татко му кога ќе му донесе свежо сирење, узо и маслинки на учителот или на директорот на училиштето. Подоцна, овој принцип ќе се пренесе и на факулетот кој се разбира е бесплатен и со гарантирано дипломирање и потоа вработување во некоја државна фирма.

А таму неговата работа е гарантирана со закон и никој не смее ни да му се закани дека ќе го отпушти или барем да му ја намали платата, а за сето време ништо не мора да работи. Се разбира, ако веќе нешто сработува за граѓаните кои доаѓаат на неговиот шалтер, тој захтева подарок – сирење, узо или маслинки, а пак доколку работи во некоја државна фирма како теренец (поштар, електричар, водоводџија) тој за секоја навремена достава или поправка бара да биде посебно награден од граѓанинот на кој му завршил услуга.

Разгалопулос планира да се пензионира на 55 години со пензија поголема од онаа што Германците или Англичаните ќе ја земаат откако ќе се пензионираат на 65 години, а од државата очекува и гаранција за кредитот што ќе земе за да изгради викендичка покрај морето која лете ќе им ја издава за добри пари на туристите од Германија или Англија, кои преку своите даноци веќе платиле за кредитот што грчката влада го добила од развојните фондови на ЕУ.

2. Нацистакис: овој грчки глупак е вистински убеден нацист, слично на оние од Втората светска војна од Германија и Италија, само што дечково не се занесува со теориите за чиста ариевска раса, ами за чиста и златна хеленска нација која е извор на сета светска цивилизација и култура.

Нацистакис е човекот што како и секој неонацист ги мрази хомосексуалците, ама се гордее со Платон и Сократ, чии што дела ги нема читано, ниту пак знае дека тие слободното време го поминувале во дружба со млади момчиња, впрочем како и сите Грци од тоа време. Нацистакис се гордее и со Мегас Александрос (Александар Велики) и истовремено ги мрази „фиромјаните“ кои сто пати повеќе од него имаат причина да се гордеат со својот национален херој.

Нацистакис смета дека Турците се нижа раса на луѓе, без да помисли дека многу денешени Грци се всушност потомци токму на православни Турци доселени во 20ите години на XXиот век, додека истовремено многу од денешните Турци во Турција се потомци на Грците од византиската епоха кои се асимилирале во отоманскиот етнос прифаќајќи ги јазикот и религијата.

Конечно, Нацистакис е толку неписмен што дури ни во државните фирми не сакаат да го примат, па кутриот мора да се „понижува“ (така тој гледа на работата во приватниот сектор) работејќи ја единствената работа за која е квалификуван – келнер во некое кафуле, каде што најголемо задоволство му претставува кога на некој странски турист ќе му плукне во кафето пред да му го сервира.

3. Бирократијанис: овој грчки глупчо е бизнисмен (а не бирократ) кој сепак за разлика од многу бизнисмени ширум светот, не ги мрази процедурите и административните пречки што му штетат на развојот на бизнисот, ами напротив – ги сака, ги обожава.

Но која е логиката зад ваквиот став на Бирократијанис? Е па, тој е свесен дека не го бива за да се снајде во деловниот свет со чесна работа и дека било каква вистинска конкуренција би го уништила. Па затоа тој има потреба од бирократијата за да го заштити таа од сите можни деловни ривали, било домашни, било странски.

Тој се познава лично со сите релевантни инспектори, директори, шефови и под-секретари во сите агенции и бироа и министерства со кои неговиот бизнис има допирна точка. И бидејќи се познава лично со сите нив и постојано гаи едно „поштовање“ (редовни поткупи со узо и маслинки, ама и сиров кеш ако затреба) тој може сите потребни дозволи и лиценци да си ги вади на време и без мака, додека неговите конкуренти што не се миленици на јавните служби мораат да дремат пред шалтери со месеци и за најситно документче.

Бирократијанис не сака да има реформи и не сака поедноставување на процедурите. Напротив, ако тоа се случи, тој ќе пропадне начисто, оти не го прави него успешен квалитетот на неговите производи и услуги, туку своевидниот монопол што го ужива во однос на пристапот кон ефикасноста на администрација. Ефикасна само за него и таквите како него, ама не и за оние што стварно сакаат да работат чесно.

4. Карасосекогос: како што секој што го знае македонскиот јазик може да заклучи од неговото презиме, ова е грчкиот глупчо што се „кара со секого“ кој што не е Грк, па дури и со по некој Грк ако го изнервира.

Имено, ако се сретне со некој Турчин, Карасосекогос ќе почне кавга со него обвинувајќи го за падот на Константинопол во 1453та година и за четирите века турско ропство кои нанеле ненадоместлива штета која дури и денеска Грција ја чуствува. Патем, секој Грк што има „кара“ во почетокот на неговото презиме е потомок на православни Турци или Сиријци доселени во Егејска Македонија во 20ите години на минатиот век на местото на протераните домородни Македонци.

Ако се сретне со некој „Скопјанос“ (она што ние го викаме Македонец) тој ќе го обвини дека Словените во седмиот век ја украле вековната грчка територија и дека во 1913та година грчките армии имале полно морално право да ги убиваат, силуваат и протеруваат сите Словени од териториите северно од Олимп оти со тоа ја исправале големата неправда што злите Словени им ја нанеле на кутрите мали грчки.

Ако пак се сретне со некој Германец деновиве, ќе го обвини дека поради окупацијата од 1941-1944 година Грција е толку многу сиромашна и има потреба од европските развојни фондови за кои се разбира дека Германците треба да плаќаат. На Карасосекогос е бадијала да му ја споменувате Полска која во последниве дваесет години со пет пати помали износи добиени од ЕУ успеа сосема да ги избрише сите последици и од германската окупација во Втората светска војна и од 45те години комунистичка тиранија и сега е земја со посилна економија од Грција.

Тоа што Полјаците не ги обвинуваат Германците и она што го правеле тие пред шеесет години не го тангира грчкиов глупчо. Оти тој сите ги мрази, и Американците оти се силни, но и „фиромјаните“ оти се слаби.

Кога само би му текнало сам себе да се погледне во огледало.

5. Крадијатидис: овој тип е пословичниот „грчки муватор“. Оној продавач на алва кој редовно поткраднува од своите муштерии кога им мери 900 грама а им наплаќа кило, оној кафеанџија што кога им  сервира узо на гостите го меша со вода, оној хотелиер кој кога издава соба крај море посебно бара да се доплати за клима-уредот (за кој потоа се испоставува дека не е исправен), оној бизнисмен кој кога плаќа даноци само за да плати илјада евра помалку со петсто евра ќе го потплати даночникот за да му прогледа овој низ прсти.

А и зошто не би му прогледал, кога токму тој даночник или цариник или инспектор е негов братучед, и тој самиот е Крадијатидис по таткова, мајкина или некоја друга линија. А воедно, ваквите грчки глупчовци се основниот кадар од кој се екипирани и грчките статистички служби, не само оние што ја прегледуваат економијата па постојано пријавуваат буџетски дефицит од 3% кога тој навистина е 13% или надворешен долг од 200 милијарди евра кога тој е всушност 300 милијарди евра, туку и оние што го вршат на секои десет години пописот на населението, па не можат да видат ништо друго освен Грци, и грст „туркофони“ и „славофони“.

Оној што не може или не сака да види долг од 300 милијарди евра како може да се очекува дека ќе сака да види 500 илјади Македонци од Лерин и Костур преку Воден и Солун до Кукуш и Кавала?

6. Папалудакос: од првите четири букви од неговото презиме се заклучува дека е потомок на некој поп („папа“) а можеби и самиот е поп или владика или барем е исклучително религиозен. Но не на начин на кој тоа нормално би се сфаќало.

Оти за него религиозноста е всушност форма на национализам, оти тој смета дека само Грците можат да бидат вистински православни христијани. И обратно.

Затоа, ако му раскажете на Папалудакос дека пред само сто години грчки владици давале пари на бандити и криминалци да вршат масакри во селата населени со православни христијани во Воденско, Костурско, Кукушко и Леринско чиј што „грев“ бил само тоа што по дома не зборувале на грчки, тој нема да види ништо контадикторно во тоа со својата религиозност.

Ниту пак гледа нешто погрешно во фактот што кога платениците на грчките владици ги палеле македонските села, грчките попови во нивна придружба пееле молитви со молба да не заврне и случајно да не се изгаси огнот пред да изгорат до темел сите куќи.

Во името на својата „вера“ тој е подготвен да ги погази сите принципи на таа вера. Затоа е „лудакос“, а по таа логика и „глупакос“. Кога е во прашање борбата за уништување на Скопјаните, сите работи се дозволени, оти грчката земја мора да се исчисти од тој џган. За да потоа завладее вистинската православна вера како што тој ја дефинира во неговиот болен ум: Гркот што не оди во црква и не верува во Бога вреди повеќе од не-гркот кој оди во црква редовно и е искрен верник.

7. Политикофилос: како и во повеќето (ако не и сите) балкански земји, и во Грција разликата меѓу водечката десна и водечката лева партија не е во идеологијата, ами само во персоналниот состав на партиските елити.

Затоа, без оглед на тоа дали „левицата“ или „десницата“ е на власт, во државата практично ништо не се менува во поглед на официјалната економска политика. И демек-левиот ПАСОК и демек-десната Неа Димократија кога се на власт вработуваат без мерка свои партиски војници во администрацијата, испраќаат нарачани инспекции да ги казнуваат фирмите блиски до опозицијата, ги проневеруваат парите од европските фондови и се обидуваат да ја зајакнат грчката национална величина преку малтретирање на своите послаби соседи, Албанија и Македонија.

Но, Политикофилос, човек кој само по игра на случајноста се нашол во едната наместо во другата партија тоа не може да го согледа како нешто значајно. Идеологијата за него нема смисла, оти тој никогаш не видел како изгледа кога една партија на власт следи конзистентна идеологија.

Така, лани кога Папандреу „левичарот“ дојде на власт, во изборната кампања тој истовремено ја обвинуваше владата на Караманлис „десничарот“ дека ја презадолжила Грција и дека буџетот е празен и истовремено ветуваше дека ако тој стане премиер ќе ги зголеми сите субвенции за земјоделците, ќе пораснат сите пензии и ќе исплаќа повисоки плати за вработените во јавната администрација и државните фирми.

Сега, кога поради тие слатки ветувања успеа да се дограби до власта и кога сфати дека состојбата со буџетот е полошо дури и од она што тој тврдеше во кампањата најавува штедење – неговите гласачи, истите кои гласаа против расипништвото на Караманлис – протестираат против мерките за штедење на Папандреу.

Во првите редови на тие протести секако е Политикофилос, човекот кој наместо да размисли барем еднаш за идеологија, барем еднаш да праша како да се спаси државата, тој цело време се врти околу лидерите, прашувајќи се единствено кој ќе ја спасува Грција.

Политикофилос не може да разбере дека после десетици години расипништво, после децении погрешни економски политики, веќе е предоцна и дека никој и никако не може да ја спаси Грција од глупавите Грци како него.

8. Историјатакис: ова е Гркот што секоја вечер заспива и секое утро се буди само со една мисла: како да ја покаже почитта кон своите предци (кои најверојатно биле православни Албанци или Власи кои во средината на XIXти век под влијание на грчката црква се хеленизирале).

Не станува збор кај него за онаа нормална и здрава и корисна љубов кон својата земја и кон својот народ и неговите традиции, историја и култура, оти тој е патолошки опседнат со тие работи.

Ако нема своја доволно силна историја, ќе украде од соседите. Свесен е тој дека Демостен го нарекувал Филип варварин, ама не му пречи нему тоа да го смета синот на истиот тој Филип, Александар, за најголем грчки херој.

Свесен е тој дека златната ера на Византија почнува со владеењето на императорот Јустиниан I за кого сите тогашни историчари тврдат дека не знаел добро да зборува грчки, ама тоа не му пречи на Историјатакис истата таа Византија која со векови била под власта на една или друга „македонска династија“ да ја смета за Втора грчка цивилизација.

Свесен е тој дека земјата му е на работ на должнички колапс, ама не му пречи да се радува до небо кога владата ќе се задолжи со дополнителни 10 милијарди долари за да ги организира Олимписките игри во 2004та, оти поважно од иднината на неговите деца кои никогаш нема да можат да го вратат тој долг (речиси илјада долари по жител е тоа) и сите други грчки долгови, е целиот свет да чуе за величествената хеленска цивилизација.

Небаре на луѓето ширум светот им е гајле за домаќините на игрите, кога сите што гледаат фрлање копје или скок во височина или атлетски трки ги интересира само дали преставникот од нивната држава ќе освои медал.

Како што англиските туристи кои лете доаѓаат во Грција не ги интересираат урнатините на Акропол или Микена, ами можноста да локаат жесток алкохол по ниски цени и да купат марихуана во дворот на некој грчки универзитет, каде што на полицијата со уставот ѝ е забрането да патролира.

9. Лицемеропулос: е типот чија што основна карактерна особина е бесрамното и дрско лицемерие или како што самите Грци го викаат тоа „хипокризија“ (со акцентот ставен на претпоследниот слог).

Овој глупчо хеленски првин ќе украде големо парче од македонската етничка територија, ќе ги избрка речиси сите Македонци од нивните вековни огништа, па потоа ќе се жали пред цел свет дека државата што самата сака да се нарекува и што цел свет ја препознава како Република Македонија има претензии кон неговата земја. Од кога бе тоа негова станала таа земја?

Овој глупчо хеленски првин со децении ќе живее паразитски на грбот на европските даночни обврзници, главно од Британија и Германија, а потоа кога конечно ќе се опаметат тие Британци и Германци и ќе престанат да му даваат пари тој ќе се расплаче на сет глас тврдејќи дека Англија и Германија сакаат да станат богати на сметка на сиромашните Грци. О глупчо грчки, не сакаат тие да станат богати, тие сакаат да останат богати!

Овој глупчо хеленски првин половина век ќе живее заштитен од можниот напад на армиите на комунистичкиот Варшавски Пакт, за потоа кога Студената војна ќе заврши со победа на неговите сојузници да одбие да испрати свои војници да се борат на страната на Американците во Ирак и Афганистан, под изговор дека тоа не е негова војна.

Овој глупчо хеленски првин ќе гласа за партии кои ќе донесат закони за минимална плата со кои закони ниту еден грчки граѓанин нема да има право да бере портокали на некоја плантажа за ниска дневница, па потоа ќе ангажира сезонски работници на црно од Македонија и Албанија и кога ќе треба да им плати, ќе ги пријави на полицијата за да ги депортираат назад во нивните земји без и цент да добијат за својата целодневна работа.

И ќе се жали Лицемеропулос дека токму таквите ефтини странски сезонски работници им ја земале работата на Грците. Кои и онака ниту смеат ниту сакаат да ја работат за толку ситна дневница, која овој и онака најчесто нема да им ја плати на странските сезонци.

10. Конспирацијанис: од сите грчки глупаци, овој тип глупчовци е најопасниот, не само за себе, туку уште повеќе за сопствената држава. Како што може да се насети од неговото презиме, тој е горлив застапник на теоријата за глобална конспирација против грчките национални интереси и е цврсто убеден дека целиот свет е против Грција.

Тој ги гледа неколкуте активисти за човекови права во Леринско кои се собрани во мала организација што самите ја нарекуваат „Виножито“ и смета дека тие се платени од ЦИА за да ѝ наштетат на Грција, ама не ги гледа милионот паразити вработени во безбројните бирократски институции кои се платени не од злите Американци, ами од оние Грци што вредно работат во приватниот сектор, и не може да согледа дека токму тие се илјада пати поопасни за опстанокот на државата му.

Тој ги гледа американските и германските банки во Атина како горат секој месец од напади со молотови коктели и се радува оти на тој начин странските капиталисти ќе сфатат дека треба да ги држаат валканите им раце подалеку од грчката економија, а не знае дека да не се тие странски инвестиции од тие странски капиталисти до сега сто пати ќе потонеше стерилната грчка економија.

Тој е убеден дека шпекулантите на светските берзи злонамерно ги креваат каматите на обврзниците со кои сака грчката влада да подигне нови кредити, и ги мрази тие шпекуланти, не можејќи да сфати дека доколку тие исти шпекуланти не ѝ позајмат пари на неговата држава, ама баш никој друг нема да ѝ позајми. Кој е луд да кредитира држава која веќе е претерано задолжена и најверојатно никогаш нема да може да ги врати земените заеми.

Конспирацијанис и другите грчки глупаци од неговиот тип, од шумата на светскиот заговор не можат да ги видат дрвјата на својата неспособност, а ниту пак од дрвјата на сопствената мрзливост можат да ја видат шумата на глобализацијата. Од што се убедени дека проблемите на Грција доаѓаат од странството и странците, не знаат дека ако застанат пред огледало и добро се погледаат во одразот ќе ја видат јасно најважната причина за колапсот на Елада: самите себе.

*

На сево ова кажано уште само една работа можам да додадам, а тоа е поговорката „ти говорам снао, сети се ќерко“. Кој е паметен ќе сфати што сакам да кажам со тоа. А кој не е, или барем оној кој прв пат доаѓа на мојот блог, нека се запознае со „Десет видови македонска глупавост“ и со „Уште десет видови македонска глупавост“.

.

П.С: Наредниот четврток (25ти март), очекувајте ја новата колумна „Под стаклено ѕвоно“. А до тогаш, останете ми поздравени😆

Written by nenobogdan

16/03/2010 at 23:04

7 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Prv pat doagam na ovoj sajt.

    Odlicen si, samo prodlzi taka.

    Drashko Dragon

    23/03/2010 at 20:06

  2. Фала, продолжи и ти да читаш тука.😆

  3. Samo edna zamerka ti imam Nono, mnogo dolgi ti se tekstovite.

    Ili krati gi ili vo delovi pustaj gi. Poveke citateli ke imas taka, garantirano.

    Drashko Dragon

    24/03/2010 at 19:49

    • Е па Драшко, се што е слатко не е кратко🙂

      Место јас да ги објавувам по делови, ако сметаш дека се премногу долги, што не земеш да ги читаш ти по делови.

      На тој начин ти ќе бидеш во предност.

      Ако јас објавувам по делови, а ако ете сакаш ти или некој друг читател да прочита повеќе ќе треба да чека додека да биде објавен другиот дел.

      А вака, јас објавувам одеднаш, па секој читател може да чита по слободен ќеф, сака дел денеска, дел утре, или ако ептен му се допадне тоа што го прочитал, цел текст да го исчита одеднаш.

      Милам дека така е најубаво, нели🙂

      Блог е ова, а не телевизаија. На ТВ ако ја пропуштиш емисијата си ја пропуштил сосема, ако нема реприза нема да ја видиш никогаш.

      А тука, ако не го прочиташ текстот веднаш штом ќе биде објавен, можеш кога сакаш да се вратиш, оти тој си стои тука, не мрда никаде.

  4. привет, имаш ли нещо против да те цитирам?

    batpep

    01/06/2010 at 21:03

    • Цитирај и слободно и свободно🙂

      „свободно“ = можеш да преведуваш слободно од македонски на бугарски.

      Мило ми е што ти се допадна текстот😆

  5. благодаря. сега нямам време, но скоро ще се възползвам🙂

    batpep

    02/06/2010 at 17:29


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: