Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ПОЛТРОНОЛОГИЈА (3)

leave a comment »

Во денешнава колумна, која е трет и завршен дел од трилогијата за полтроните, ќе стане збор за последиците по „здравјето“ на една организација во која полтронизмот станал главен начин на управување. Претходните колумни од трилогијата можете да ги најдете на линковите „Полтронологија (1)“ и „Полтронологија (2)

Значи, последици од полтронизмот се:

1. Полтронот нема мотив да стане самостоен: па очигледно е дека некој кој на позиција дошол не благодарение на своите напори и залагања за доброто на организацијата, ами на милоста на некој спонзор, никогаш нема да сфати дека треба самиот да се труди. Воедно, ако и покрај сите грешки и сето незнаење што ќе го покаже на позицијата на која е поставен, сепак не биде казнет или сменет, тој ќе сфати дека нема потреба да работи правилно (или било што да работи, впрочем) за да си ја зачува позицијата.

Земете ги за пример нашите јужни соседи, кои се типична полтронска држава. Грција е членка на Европската Унија (уште од кога унијата беше само „економска заедница“) веќе три децении. Веќе триесет години Грција прима помош за развој од европските фондови.

Грција не стана членка на унијата поради своите економски или демократски перформанси. Грција кога би дошло сега до некоја преоценка во ЕУ веднаш би била исфрлена и не би можела да биде примена назад во унијата оти ниту еден од критериумите што се пропишани за влез во унијата не исполнува. Ниту сега, ниту кога беше примена, ниту во бил кој момент од изминативе триесет години.

Знаејќи дека политичките причини се доволни за да ѝ се простат сите глупости, Грција никогаш и немаше мотив да се смени и да застане економски „на сопствените нозе“. После триесет години фрлање на германски и британски пари во бунарот без дно наречен „грчка економија“ кој е крајниот резултат? На Грција сега ѝ требаат повеќе пари од било кога воопшто.

А погледнете ја и нашата опозиција. Никогаш тие не научија самите да се борат за да дојдат на власт, туку таа задача секогаш ѝ ја препуштаа на меѓународната заедница, на грчките и српските тајни служби. Затоа и покрај сѐ поевидентниот јавашлук на сегашната власт и зачудувачката неспособност на „портокаловите“ најосновни работи да спроведат од она што ветиле, опозиционерите не можат и не можат и не можат да се вратат на власт. Оти никогаш и не научиле како тоа се прави. Своевремено, пред околу една година, тоа јас го опишав како „Лешинарска стратегија“ во истоимената колумна.

2. Полтронот не си ја знае силата, па се залетува во „битки што не може да ги добие“: и пак за ова ќе ја земеме Грција. Навикната да ѝ се простуваат сите глупости, навикната за секоја нејзина грешка да има некој друг да плаќа, таа држава (односно нејзината влада) во 2008та во Букурешт отворено му се спротистави на барањето на САД да биде примена Македонија во НАТО.

Тогаш премиерот на грчката влада и неговата министерка за надворешни работи тоа го преставија како голем успех за нацијата, а нацијата се согласи со тоа, па од таму и објаснувањето дека дури и да се согласеа Македонија да влезе во НАТО, поради тоа согласување тие ќе ја изгубеа власта. Но, тоа не беше главниот мотив кој ги натера на таква глупост, туку разгаленоста на која се беа навикнале во изминативе децении.

Што се случи потоа? Премиерот Караманлис не само што ја изгуби власта туку и во рамките на неговата партија ја изгуби довербата па веќе не им е претседател, а министерката за надворешни Дора Бакојани, не само што заедно со својот премиер падна од власт, ами и кога се обиде таа во партијата своја да ја преземе водечката функција – не успеа.

Грција сеуште не може да сфати кој е виновен за нејзиниот сегашен крах (самата таа со нејзниот полтронски менталитет) па сега се кара со Германија, единствената членка на ЕУ која може да ѝ помогне (ако одлучи да ѝ се смилува).

Нашите опозиционери пак, исто така научени некој друг да ги доведува на власт, уште не сфаќаат дека таа моќ ја има само народот. Па нема ден да помине, а од водечките луѓе на опозицијата да не излезе некоја навреда за македонските гласачи кои се демек, толку глупи и заостанати Балканци, што не можат да сфатат дека треба да се откажат од својот национален идентитет. Сепак, Македонците не се глупави и заостанати, тие само се свесни (иако уште не го признаваат тоа гласно) дека Европската Унија е едно модерно „Златно теле“ пред кое не вреди да се поклонуваат, како што не вреди да се поклонуваат пред лажни идоли.

3. Полтронизмот е зараза која се шири низ организацијата: најголемиот проблем што една организација може да го има со полтронизмот во своите редови е што тој не е статичен, туку се шири, како хоризонтално така и вертикално. Што значи ова?

Хоризонтално полтронизмот се шири на тој начин што луѓето кои гледаат дека со полтронирање (а без работа) може да се постигне статус во организацијата, и самите почнуваат да полтронираат.

Ова се случува и во партиите, каде што миленикот на лидерот кој ништо не работи ги инспирира другите да не работат ништо ами да му се умилкуваат на лидерот, се случува во државите, каде што младите луѓе гледајќи дека со партиска книшка полтроните лесно си наоѓаат работа и плата во државен сектор и самите наместо да се образуваат, се упикуваат во партија, а се случува и на интернационално ниво, и повторно тука пример ни е Грција.

Гледајќи колку Грција е размазена и како за ништо не трпи последици, по нејзиниот ум тргнаа и Португалија и Шпанија и Италија, и така денеска сите овие четири земји се дел од групата PIGS (акроним од „Portugal Italy Greece Spain“) на држави во економска криза на работ на банкрот. Грција како полтрон со најдолг стаж е најблиску до колапсот, но и другите „прасиња“ од групата не се далеку. Кога сме веќе кај прасиња и Грци, ако не сте ја виделе, ѕирнете ја оваа колумна.

Вертикално се шири полтронизмот низ организацијата кога полтронот започнува да се умислува дека и самиот може да има свои полтрони. Така, државата која добива пари од европските фондови без да ги заслужи, почнува да ги дели тие пари на видните членови на владеачката партија без и тие да ги заслужат со било што (освен со роднинско – пријателски врски). И така, во Грција, целиот народ во изминативе три децении стана чекор по чекор полтронски, благодарение на тоа што сите грчки влади си имаа пристап до европските фондови дадени на Грција како земја – полтрон.

Кога полтронизмот ќе се прошири и хоризонтално и вертикално низ организацијата, нема веќе здрави врски во структурата на таа организација кои би овозможиле таа да опстане, и тогаш започнува неминовниот распадот. Пукање по сите шавови.

Во рамките на ЕУ полтронизмот се прошируваше со децении во сите насоки и правци и во длабочина дури, па сега дојде времето да се распадне и таа. И во нашите големи партии полтронизмот се ширеше насекаде, па и тие не треба да се чудат што половина од гласачите не сакаат да гласаат за ниту една партија.

Од полтроните фајде нема никакво, ниту пак од полтронизмот. Организациите (било тоа да се држави, партии, спортски клубови или културно-уметнички друштва) неминовно запаѓаат во криза кога во нив се инсталира полтронизмот како модел на работење. А кризата не може да трае вечно и завршува со пропаст, или на државата, или на партијата, или на културно-уметничкото друштво или спортскиот клуб.

Полтроните се како паразити. Секој организам кој ги толерира паразитите, бива уништен неминовно, од самите тие паразити. Организмот ќе исчезне, а паразитите ќе се префрлат во друг организам.

.

П.С: Наредниот четврток (8ми април) на мојот блог ќе биде објавена колумната „Банана република“. Не пропуштајте.

До тогаш, поздрав😆

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: