Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ УШTE ДECEТ BИДOBИ ГPЧKИ ГЛУПAЦИ

leave a comment »

Колумнава што следува е продолжение на колумната „Десет видови грчки глупаци“ и оној што не ја прочитал таа, нека ја прочита пред да почне со читањето на оваа. Значи, покрај првата десетка грчки глупаци постои и втора десетка, а тие се:

1. Ирелевантидис: не знам колку ги следите странските медиуми на интернет, но ако ги следите (посебно оние кои дозволуваат читателите да оставаат коментари за прочитаната вест), сигурно сте забележале дека после секој текст во кој се зборува за проблемите на Грција, има по некој коментар оставен од некој Грк кој припаѓа на оваа „фамилија глупаци“ кои во колумнава ги класифицирам под презимето Ирелевантидис.

Презимето на фамилијата доаѓа од ирелевантните аргументи со кои таквите грчки глупаци се обидуваат да го убедат светот дека треба да покаже милост спрема нив.

Имено, зачудени поради високите камати што светските пазари на капитал ги бараат за да купат грчки обврзници (т.е. да ѝ позајмат пари на Грција) глупаците од конкретниов тип грчки идиоти се повикуваат на следниот аргумент: „како можете да се однесувате така лошо со нас, знаете ли дека ние сме колевка на демократијата“.

Леееелееее!

Можам само да го замислам брокерот во некој инвестициски фонд во Лондон или Франкфурт како напорно размислува околу следнава дилема: „дали да купам германски обврзници со 3% камата за кои знам дека ќе ми донесат профит сигурно оти Германија е сериозна држава со силна индустриска база, или да ѝ позајмам на Грција под истата камата, и цело време да стравувам дека можеби утре ќе им текне да ми кажат дека не планираат никогаш да ги вратат долговите, само затоа што пред 25 векови во еден грчки град – држава во текот на едвај неколку децении имале демократија, од која што демократија патем биле исклучени сите робови и жени?“

Навистина „тежок“ избор за брокерот. Затоа тој бара десет посто камата за грчките обврзници. Не затоа што нема почит кон нејзиниот придонес за светската цивилизација како колевка на демократијата. Тука затоа што неговите пари и парите на неговите клиенти се во прашање и тој знае дека каде што се бара поголем ризик, мора да се нуди и поголема добивка.

Тоа е единствениот релевантен аргумент што го разгледуваат пазарите на капитал. А не каде била родена демократијата или како стилот на статуите од Партенон влијаел врз ренесансното вајарство.

2. Центросветис: глупакот што ѝ припаѓа на оваа фамилија грчките морони е цврсто убеден дека „Грција е центар на светот“ и дека не само што западната цивилизација не би можела да се појави без античките Грци, ами и дека западната цивилизација не може да постои ако Грција пропадне.

Од каде доаѓа оваа заблуда? Па делумно таа е последица на грчките национални митови (како што впрочем секоја нација мора да си има национални митови за своето место во големата рамка на светската историја) но во најголем дел е заблудава последица на грчкиот образовен систем.

Имено, секој Грк во школо уште од најмала возраст е клукан со еден сплет од идеи кои може да се сублимираат во следнава фраза: „пред нас немало ништо на светот, без нас не може да има ништо на светот и после нас нема да остане ништо вредно на светот“.

Од оваа логика ниту еден Грк не може да избега, а најмалку оној од типот на Центросветис, кој што е убеден дека токму затоа Грицја мора да има повластена улога во модерниот светски поредок и дека затоа цел свет треба да се грижи за неа по секоја цена.

Евидентно светот тоа мислење не го споделува со глупите наши јужни соседи.

3. Завидувакос: овој тип на грчки глупаци моментално доминира со грчката влада, парламентот (во сите партии е раширен) и воопшто меѓу оние Грци кои секојдневно се на протестите против најавените мерки за штедење.

Завидувакос е човек кој никогаш нема заработено ништо во животот со свој труд или со свое сопствено залагање, и целиот живот е навикнат некој да му дава, било преку субвенции (ако е земјоделец кој не знае како да оствари продуктивност на својата нива) или е вработен во државна фирма (каде што не е вработен за да ја подигне продуктивноста на фирмата ами за да може тој и членовите на неговата фамилија да гласаат за партијата која го вработила таму).

Од таму, на Завидувакос му е органски непојмливо дека некој човек може да заработи сам и дека таквиот човек си има право да ги троши своите со мака и труд заработени пари како што сака.

Завидувакос верува дека како што тој самиот цел живот живее на нечиј туѓ грб, така и успешните претприемачи живеат на грбот на своите муштерии или дека успешните приватни бизнисмени се богатат експлотирајќи ги своите работници. По таа основа, лекот за грчката државна беспарица го гледа Завидувакос во масивно оданочување на имотот и заработката на успешните и продуктивни Грци.

Не е толку желбата за оданочување на успешните произлезена од тоа што ќе се соберат многу пари, оти многу пари со оданочување на богатите ниту една држава и ниту една власт никогаш не собрала (од очигледната причина што тие луѓе се доволно богати и мотивирани да ги поткупат даночниците или да ги сокријат на време своите приходи и имоти преку сметководствени трикови).

Поентата е во чинот на казнување на успешните, казнување на оние што со својот успех докажуваат во пракса дека не е паразитизмот единствен начин на егзистирање, туку дека секој човек може со труд и ум да си обезбеди пристоен живот.

4. Фатализмопулос: Гркот што ѝ припаѓа на фамилијата глупаци со ова презиме е како што кажува и самиот збор – фаталист.

Во 2004та кога Грција ја организираше Олимпијадата, постојано се предупредуваше дека сите градежни активности и другите организациски подготовки постојано доцнат и дека сите договорени рокови за довршување на работите се пробиени.

Постоеше и реална закана Олимписките игри да бидат одложени за неколку недели, за да може да се довршат сите започнати подготовки. Ама, Грците главно ги коментираа тогаш ваквите состојби со фрази од типот „кај нас секогаш сѐ касни, па секогаш на време сѐ се стигнува“ или „ова е Грција, ние ќе се снајдеме, ние секогаш се снаоѓаме во последен миг“.

Овој фатализам е фатален на долг рок оти навистина ги спречува сите обиди да се поправи вкоренетиот менталитет на неработење и немислење. Ние Македонците си имаме поговорка која вели „од кол на кол ќе скокаш цело време, додека на последниот кол не се набодеш“. Мислам дека кај нашите јужни соседи оваа мудра пословица не е позната.

Глупаците како Фатализмопулос се убедени дека не се потребни никакви кратења на трошоците или било какви драстични економски реформи во Грција оти „работите самите ќе се средат“ и дека „Грците ќе се снајдат во последен момент, како што секогаш се снаоѓале до сега“.

Ама тоа не така. Оти секогаш сите „снаоѓања“ се базирани врз позајмување на пари од странство. Така и за Олимпијадата од 2004та сите проблеми на крајот беа „решени“ со масивно трошење на пари, што резултираше со пробивање на предвидениот буџет за организирање на игрите за речиси педесет проценти!

Сега токму во задолжувањето е проблемот. До сега Грција го решаваше својот долг преку земање на нови долгови за да ги врати старите, ама тоа веќе не е можно да се прави. Како сега ќе се снајдат „снаодливите“ Грци?

5. Кејнзофилос: во мојата колумна „Ти мене војводо, јас тебе сердаре“ во една од подточките го поставив прашањето кое ја урива од темел теоријата за економски развој предложена своевремено од англискиот економист Џон Мејнард Кејнз. Во која што теорија е вљубеник токму овој вид на грчки идиоти.

Имено, моделот на Кејнз за развој на една држава е: ако работниците земат поголеми плати тие ќе можат повеќе да трошат во продавниците, со што фирмите ќе можат повеќе да продаваат, со што ќе имаат поголем профит, со што ќе можат да вработат повеќе работници или да им даваат на постојните повиски плати, со што овие уште повеќе ќе можат да трошат, со што ќе им уште поголем профит за фирмите, со што ќе можат уште повеќе да им ги зголемат платите на работниците или да вработат нови, со што тие ќе имаат повеќе пари за трошење во продавниците… и така со секој нов циклус економијата ќе расне.

Според Кејнз треба само да се уфрлат пари во економскиот систем и тие да почнат да кружат и набрзо сите ќе бидат вработени и со големи плати. Интересно, и покрај сите обиди да се стави во пракса оваа теорија во многу држави ширум светот, таа во ниту еден случај не донела просперитет.

Имено, основната идеја на Кејнз дека „државата (или фирмите) треба да ги чести граѓаните (или работниците)“ се урива со прашањето „а кој да ја чести државата (или фирмите)?“

Парите мора да дојдат или од повисоки даноци (со што целиот процес се претвора во вадење пари од левиот џеб и нивно ставање во десниот, со што ништо не се променило во вкупниот збир) или преку задолжување во странство и потоа преку субвенции и вработување во државни фирми да се префрлат тие пари во рацете на потрошувачите.

Проблемот е, како и секогаш, во математиката: ако земете кредит од милијарда евра и им ги дадете парите на граѓаните за да ги трошат, тие не можат да потрошат повеќе отколку што сте им дале т.е. милијарда евра. А кога ќе треба да се враќа кредитот, ќе треба да се врати таа милијарда и неколку стотици милиони евра камата плус. Од кај ќе дојдат парите за таа камата?

Е грчкиот глупак Кејнзофилос тоа не го сфаќа. Тој смета дека ако во Грција се намалат платите и се укинат субвенциите, ќе има помалку пари во системот и тоа ќе доведе до намалување на потрошувачката и со тоа до пад на приходите на фирмите и со тоа економски застој.

Тој би сакал државата да продолжи да ги чести граѓаните. Но, се прашува ли понекогаш глупчово: „кој да продолжи да ја чести државата?“

6. Кривоправос: за менталитетот што стои зад овој вид на грчка глупавост пишував своевремено во колумната „Криво право“. Ако не сте ја прочитале, ѕирнете ја, оти само преку нејзиното прочитување може да се сфати зошто понекогаш она што луѓето го сметаат за право, всушност е криво.

Значи, овој тип грчки идиоти е неспособен да ја сфати темелната разлика меѓу поимите „желба“ и „право“. Човек може да има желба да студира на Харвард, ама ако нема доволно пари да ја плати школарината – тешко дека таа желба ќе му се оствари. Од друга страна, секој човек има право да студира на Харвард, што значи дека никој не смее да му забрани ако веќе има услови (пари), да се запише на тој престижен универзитет.

Грците имаат желба да живеат удобен живот без да мораат да ги заработат парите што се потребни за финансирање на таквиот удобен живот. И затоа тие веруваат дека имаат и право на таков живот, и при тоа не размислуваат дека од некаде мора да дојдат парите.

7. Самоденесос: луѓето кои протестираат деновиве по грчките булевари и плоштади се убедени дека за огромниот долг на нивната држава тие не сносат ама баш никаква вина, па затоа било какви мерки за штедење и отплаќање на тие долгови не смеат да се изведат со нивните приходи.

Логиката им е „политичарите ја задолжија државата, па тие сега нека ги враќаат долговите“. Се прашуваат ли луѓево кој тие политичари ги избрал на функциите од кои имале овластувања да ја задолжуваат Грција?

Ако некој не гласал за било кој од политичарите кои биле на власт, треба да се праша зошто не гласал никогаш против нив. А ако гласал против нив, треба да се праша дали сепак не бил примател во некој дел од својот живот на некаква субвенција, дотација, некаква државна помош или барем кредит со ниска камата, овозможена поради полните трезори на грчките банки финансирани со ефтини пласмани обезбедени од централната банка која пак своите трезори ги полнеше со позајмени пари.

Оној Грк што смета дека сите проблеми на Грција се од денеска и дека вчера сѐ било добро, е дел од фамилијата на глупаци со презиме Самоденесос. Оти тој заборава дека самиот до вчера живееше удобен живот финансиран од кредитите.

Кога човек пуши по две кутии цигари секој ден во текот на двасетина – триесет години, не треба да се чуди кога еден ден ќе добие рак на белите дробови. Тој рак не се појавил од никаде ненадејно, ами дваесет години се таложел за еден ден да избие со сета своја жестина.

Така и грчките долгови. Не се тие од денеска одеднаш 400 милијарди евра. Триесет години секој ден се задолжуваше државата и политичарите од двете главни партии со тие пари ги купуваа гласовите на своите граѓани. Кои денеска тврдат – дека тие долгови не биле нивна вина. А чија вина се?

Кој гласаше за Пасок кога тој нудеше повисоки пензии и кој гласаше за Неа Димократија кога таа нудеше повисоки субвенции за земјоделците?

8. Анархистеридис: како што се гледа од самото презиме станува збор за менталитет што е кованица од „анархија“ и „хистерија“. Овој тип на грчка глупавост го има и кај нас (вечните повици народот конечно „да излезе на протести“), само што ние сме цивилизиран народ и никогаш не забегуваме до крај како нашите јужни комшии.

Глупакот од фамилијата Анархистеридис е убеден дека решението за секој проблем, лекот за секоја општествена болка се протестите со кои „народот ќе ѝ упати јасна порака на власта“. При тоа, колку поанархични и похистерични се тие протести – толку посилна порака ќе се упати до политичарите и со тоа тие ќе бидат принудени да најдат решение за дотичниот проблем поради кој се протестира.

Повторно станува збор за неразбирање на разликата меѓу право и желба. Секогаш до сега кога протестираа Грците за било кој проблем, решението беше владата да најде пари преку кредити од странство и со тие пари да го реши проблемот на граѓаните.

Значи, кредитите на времето беа решение за секој проблем. Но сега проблемот е во самите кредити. Како да се реши тој проблем? Сигурно не со протести.

Но Анархистеридис тоа не го разбира. Тој знае дека грчката економија има огромни приходи од туризмот, но истовремено учествува во насилни протести со палење на згради и автомобили, со што ниту еден турист нема ни да помисли да дојде во Грција летово и таму да ги остави своите пари.

Со насилните протести ѝ се упатува јасна порака на власта, ама уште појасна порака им се упатува и на потенцијалните странски инвеститори и на странските туристи. А токму кај нив е решението за проблемите на Грција, оти владата нема пари, а туристите и инвеститорите имаат пари.

9. Тврдоглавкос: овој вид на идиоти од Грција сите го знаеме добро, оти веќе дваесет години си имаме проблем со нив во спорот за името.

Нашето име. Не нивното име.

Грчката надворешна политика се чини дека постојано (без оглед која влада од која партија е на власт) е во рацете на некој член на оваа фамилија грчки идиоти. Кои се карактеризираат со тоа што не можат да сфатат дека другите луѓе кои имаат поинакво мислење за одредени теми од нивното не се непријатели или душмани што треба да бидат уништени по секоја цена, туку едноставно луѓе со свое мислење.

Денеска во Грција навистина многу Грци веруваат и се убедени дека ако постои држава со име Македонија тогаш навистина таа држава со такво име е реална закана за Грција.

Исто како што во грчката внатрешна политика приврзаниците на разните партии се цврсто убедени дека ако некој ѝ припаѓа на друга партија тој е глупав, улав, непријател на нацијата… така и во надворешната полтика размислуваат грчките глупаци.

А од тој правец на глупаво размислување најдалеку се отидени токму глупаците од фамилијата Тврдоглавкос. За нив, ако странските капиталисти не сакаат да продолжат да ѝ даваат кредити на Грција, тоа е сигурен знак дека имаат зли намери кон Грција, и дека треба да станат цел на омраза, навреди и напади.

А можеби тие капиталисти само имаат попаметна идеја за тоа каде да ги инвестираат своите пари и воопшто не ја мразат Елада?

10. Кријовистинис: за крај го оставив најголемиот грчки глупак, симболот преку неговото презиме на коренот на сите грчки проблеми.

Овој тип на човек страда од заблудата дека ако сакаш да станеш невидлив, ако сакаш другите да не можат да те видат, треба само самиот да ги затвориш очите. Треба само да ја сокриеш вистината и таа ќе исчезне.

Дури и малите деца знаат дека тоа не е така, ама во Грција таа фундаментална мудрост слабо е присутна. Имено, веруваат дека ако доволно долго ги кријат своите дефицити и долгови, тие никогаш нема да излезат на површина.

Или во случајот со Македонците, ако доволно долго се негираат постоењето на Македонци во Грција и сите злодела и неправди изведени во изминатиот век против Македонците тие работи ќе исчезнат и ќе се заборават.

Дека е доволно само да се спречи постоењето на држава со името „Македонија“ и со тоа сите сеќавања и сите традиции и целата историја и целиот идентитет на народот со тоа име ќе ги снема.

Вистината не може вечно да се крие. Таа, било да станува збор за финансиите или за историјата, еден ден ќе излезе на виделина. Што тогаш?

.

П.С: За овој четврток беше најавена колумна со наслов „Белисариус“ но поради ескалацијата на протестите во Грција деновиве, сметав дека оваа ќе биде поинтересна. Се разбира, најавената колумна за овој четврток се презакажува за наредниот четврток.

До тогаш, поздрав😆

Written by nenobogdan

06/05/2010 at 23:31

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: