Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ HEKOЛKУ 3AБЛУДИ BO BPCKA CO ДOЛГOBИTE

with 27 comments

Има луѓе кои сметаат дека светската економија е како крава од која секоја влада во секое време може да измолзи кредити колку што сака, со камата колку што самата смета дека ѝ одговара. Ама, не е така...

Пред некој ден, во еден муабет со едни луѓе, се обидов да им објаснам на соговорниците некои работи што погрешно ги имаа разбрано во врска со кредитите и задолжувањата во глобалната економија, па бидејќи толку многу елеквентен бев, еве во овој пост би сакал моите тези да ги споделам и со целиот свет (т.е. со оној дел од светот кој го чита мојот блог). Па еве пет работи кои треба да се имаат во предвид кога се размислува за долговите:

1. Кој кого го држи за гуша? Она што можеме често да го слушнеме е дека Американците се моментално толку многу задолжени што без милоста на Кина која им е главен кредитор не би можеле да преживеат. Воедно, Кина има толку многу пари позајмено на САД, што практично ја држи во џеб нивната економија. Демек, ако Кинезите утре им се налутат нешто на Американците, ќе можат да ги уништат без мака.

Ова се глупости, а ево зошто ваквото верување е најобична заблуда:

Кина навистина досега им има позајмено на Американците (на американската влада) околу еден трилион (илјада милијарди) долари. Што значи тоа? Тоа значи дека централната банка на Кина е сопственик на еден трилион долари вредни обврзници, од кои секоја година добива неколку десетици милијарди долари камата (која и онака не ја зема во пари, ами со таа сума купува нови обврзници од американската влада).

Бидејќи американскиот GDP за минатата година беше некаде околу 13 трилиони долари, споредувајќи го трилионот што го имаат Кинезите во американски обврзници, неупатените се убедени дека „Кина е сопственик на една тринаесетина од американската економија“. И ако само ја „повлече“ таа тринаесетина, американските берзи ќе колабираат и американската економија ќе пропадане.

Кога луѓето не знаат што е тоа GDP, склони се да тропаат глупости.

Оти, американската економија не е тешка 13 трилиони долари, туку толку се вртат низ неа во текот на една година. А сиот имот, мостови, железници, патишта, брани, сите фабрики, сите машини, сите рудни и земјоделски ресурси (кои поголемиот дел се во приватна, а не во државна сопственост) чинат преку триста трилиони долари вкупно. Не од друго, туку оти со инвестирањето на по неколку трилиони долари секоја година, во текот на неколку децении, па и векови, се насобрал толкав капитал.

Од кој што капитал пак Кинезите не поседуваат ни трошка (барем не кинеската влада преку американсктие обврзници што ги има). Просто и едноставно, тие ѝ имаат позајмено вкупно трилион долари на владата на САД. И тоа е тоа. Не се газди на рудниците, фабриките, земјоделските површини… туку само на документи кои докажуваат дека некогаш ѝ позајмиле пари на владата на САД и дека секоја година треба да добиваат за тоа одреден процент камата.

Што би се случило ако утре Кинезите посакаат да ја уништат Америка преку тие обврзници? Ништо посебно. Најмногу што може да направат е да ги продадат на берзата по цена пониска од онаа што владата на САД ја бара за своите новоиздадени обврзници, па наместо инвеститорите да купуваат обврзници директно од изворот (и директно на владата на САД да ѝ позајмуваат пари) едноставно да ги земаат оние американски обврзници кои кинеската влада ќе ги распродава на пазарот.

Тоа ќе значи дека владата на САД во еден привремен период нема да може да собере пари преку кредити, но тоа ќе значи само дека треба да понуди поголема камата на своите нови обврзници (за да бидат попримамливи од оние старите што ги продаваат Кинезите) и толку – секој ќе ги купува тие обврзници, а не оние што Кинезите ги нудат.

И Кинезите не само што нема да можат да се ослободат од оние американски обврзници што веќе ги имаат, туку и ако навистина решат да ги продадат по секоја цена, ќе бидат во загуба, оти ќе мораат да ги понудат по пониски цени од оние што американската влада ќе ги продава, или со други зборови, Кинезите ќе бидат во загуба оти поефтино ќе ги продаваат своите американски обврзници отколку што ги купиле.

Конечно, што ќе се случи ако Кинезите одлучат да престанат да ѝ позајмуваат пари на владата на САД? Ништо страшно, владата на САД ќе им нареди на своите Федерални Резерви (т.е. „народната банка на САД“) да ги купи обврзниците, со печатење на нови долари, и така ќе се обезбедат пари за функционирање на американскиот буџет. Секако тоа ќе предизвика инфлација и паѓање на вредноста на доларот, ама од тоа најмногу ќе бидат отшетени токму – Кинезите, Саудијците и Русите, кои своите огромни девизни резерви ги чуваат главно во долари.

Па така, на некој начин, доколку овие земји не сакаат нивните девизни резерви да ја изгубат вредноста, принудени се да продолжат да купуваат обврзници од владата на САД, со цел да не ги натераат Американците да почнат да печатат пари и да предизвикаат инфлација и пад на вредноста на доларот.

Од таму, кој кого го држи за гуша? Толку многу имаат земено кредити Американците, што де факто станаа газди на своите кредитори. Ако кредиторите одлучат да престанат да им позајмуваат пари, ќе им пропаднат кредитите што до сега ги дале. Ако продолжат да им позајмуваат пари, Американците ќе продолжат со својата глобална доминација.

2. Не е виновно огледалото за грдиот лик во него: Грција во последниве месеци непријатно се изненади кога кредиторите ширум светот кои до вчера ги купуваа нејзините обврзници за годишна камата од 3% одлучија да побараат за новите обврзници повисока камата. Па шокирани од „безобразлукот“ на финансиските пазари, Грците ги обвинија шпекулантите дека се здружиле во заговор со цел да ја уништат грчката економија.

Која што економија патем речено и онака не постои, или ако ја има е само фатаморгана создадена со децении трошење на позајмени пари и вештачко дување на балонот на грчкиот GDP.

Зошто некој би ѝ позајмил пари и на Грција и на Германија со иста каматна стапка, имено познатите три проценти годишно, колку што носат германските обврзници?

Германија има огромна индустриска база, има голем број на високообразовани луѓе кои живеат во правна држава во која институциите на системот функционираат практично беспрекорно, даноците редовно сите ги плаќаат (а оние што не ги плаќаат ги лови државата преку купување на цедеа од разни банкари од Швајцарија на кои цедеа ги има тајните сметки на германските државјани што кријат данок во тамошните банки).

Од таму, ако ѝ позјамите пари на Германија ќе можете апсолутно да бидете сигурни дека тие пари ќе ви бидат вратени според договорот. Дали тоа може да се каже за Грција?

Да ѝ позајмите пари на Грција е огромен ризик, оти прашањето е од каде тие долгови ќе ги врати таа држава? Од собраните даноци сигурно нема, оти нема толкава економска база (само од трговија и туризам живеат Грците) а и од таа база што ја има не знае владата да собере даноци како што треба.

Конечно, поради политичката нестабилност на грчкото општество, во секој миг може да ѝ текне на владата во Атина да каже дека нема да ги врати долговите и – секој кој што има дадено кредит на Грција ќе остане со прстот во уста.

Бидејќи ризикот е поголем, многу поголем од оној што го има при позајмувањето на пари на Германија, секој потенцијален кредитор би сакал и поголема добивка при позајмувањето на пари на Грција.

Од таму, и каматите за нејзините обврзници мора да се поголеми. Е сега, ако на Грција ѝ одговара да плаќа толкави камати за земените кредити, бујрум нека ги земе, и нека плаќа секоја година толкави камати. Ако не – никој не ја тера со сила.

„Шпекулантите“ едноставно не сакаат да ѝ позајмуваат на ризичната Грција пари со иста камата како што би барале од Германија кај која практично никаков ризик нема. Парите што Грција сака да ги земе од „шпекулантите“ им припаѓаат на тие шпекуланти, кои воопшто и не се никакви зли шпекуланти со зли намери, ами се најнормални бизнисмени кои се влезени во бизнисот за да инвестираат и да заработат. Како што впрочем секој секаде инвестира со таква цел – да заработи, а не да загуби пари.

Некои глупи луѓе што ништо не разбираат предлагаат на „шпекулантите“ да им биде забрането да работат на финансиските пазари. Но, тогаш, од кого ќе позајмува Грција? Кој ако не тие луѓе ќе ѝ даде пари?

Европските политички лидери мислат дека смислија лек за тој „проблем“, но за тоа подолу, во последната подточка.

Кредиторите се како огледало чиј одраз се каматните стапки што ги бараат од оној што сака да се задолжи кај нив. Не се криви кредиторите што бараат големи камати од ризичниот позајмувач, исто како што огледалото не е виновно што дава грд одраз на грдиот лик на оној што се огледува во него.

3. Кој останува прегазен во трката за кредити? Со оваа кратка подточка ќе се надоврзам на кажаното во претходниот дел. Кога на финансиските пазари ќе се појават многумина кои сакаат да земат кредит, тогаш тоа значи дека побарувачката за кредит е голема, па ако понудата на кредити е иста, тоа неминовно води до зголемување на цените на дадените кредити, т.е. до зголемување на каматите.

И кој победува во таа трка за кредити, таа своевидна лицитација? Оној што ќе понуди највисока цена за „купување“ на производот, т.е. што ќе прифати да плаќа најголема камата за земениот кредит.

Замислете дека на финансиските пазари денеска глобалните банкари и инвестициски фондови нудат десет милијарди евра кредити. При тоа, се јавуваат само две држави кои сакаат да ги земат тие десет милијарди евра, од кои едната држава им нуди на кредиторите три посто, а и другата нуди исто така три посто.

На која држава ќе ѝ ги дадат кредитите сите тие кредитори? На онаа која е посигурна, која што може да ги врати кредитите.

Доколку вам дома ви дојдат двајца комшии да бараат да им позајмите пари, и ако едниот сосед е домаќин човек што има потреба од парите за да купи фрижидер, а другиот е пијаница кој бара пари за да купи буре полно ракија, на кого ќе му позајмите? На домаќинот, се разбира!

На глобалните финансиски пазари, онаа држава која не може да добие кредит по ниска камата, нема друг излез освен да понуди повисока камата за кредитот, т.е. дека ако баш нејзе и ги дадат парите, ќе плаќа не три посто, ами пет, шест, десет посто годишно.

Не сите кредитори ќе ѝ ги дадат своите пари на таа држава, оти сепак некои од нив ќе се посомневаат во дадените ветувања за големи камати, и сепак ќе одлучат да играат на сигурно. Но, некои ќе се полакомат за големите профити од високите камати, и сепак ќе ѝ позајмат пари на таквата држава.

Таквите лакоми кредитори на берзите се нарекуваат хеџ фондови“ и ја имаат улогата на маалскиот лихвар кој за голема камата ќе му позајми пари на некој коцкар, кого сите банки веќе го одбиле. Моментално постои силна тенденција за високите камати што Грција мора да ги плаќа за своите долгови да се обвинуваат токму тие глобални лихвари, но пак да се постави прашањето треба: ако банките не сакаат да ви позајмат пари оти ве сметаат за премногу ризичен, и ако нема лихвари од кои ќе позајмите пари, од кого ви останува да позајмите?

4. Девалвацијата е вакцина, а не лек за презадолженост: македонските новинари, повеќето од нив темелно неписмени, не само кога е во прашање економијата ами и сѐ друго, упорно трубат во своите писанија дека лекот за Грција е да излезе од евро-зоната, да ја врати пак драхмата како своја валута и да изврши девалвација и со тоа – оп, нејзините маки ќе бидат завршени.

Како точно на Грција која зела 300 милијарди евра во евра ќе ѝ заврши работа да ја воведа драхмата – никој не објаснува. Не за друго, оти е невозможно да се објасни таква небулоза.

Кога Грција ја имаше драхмата, таа на домашниот пазар се задолжуваше во драхми (и поради високиот ризик плаќаше на тие обврзници големи камати, повисоки од стапката на инфлација на драхмата). На странскиот пазар во времето кога не постоеше еврото како парична единица Грција се задолжуваше како и сите држави во тоа време – во долари, фунти и германски марки.

Во изминатава деценија, најголемиот дел од тие доларски и фунтски долгови Грција ги врати (во долари и фунти, се разбира) преку купување на долари и фунти на светските берзи со евра, кои пак евра дојдоа од земање на нови кредити (во евра). Долговите во германски марки беа претворени автоматски во долгови во евра при укинувањето на марката, па така сега скоро сите грчки долгови се во евра, вклучително и оние кредити што ги зема од домашните банки владата на Грција, оти и таму веќе ја нема драхмата, туку во употреба е еврото.

Да ја имаше Грција драхмата цело време, немаше да може до толку да се задолжи, оти никој  немаше да ѝ дава кредит во драхми за три посто годишна камата, при двоцифрена инфлација на драхмите. Така, кога имате своја валута, таа делува како вакцина против презадолжување – оти е нестабилна, никој нема да ви дава кредити со ниски камати во таа валута, па не можете да се презадолжите, оти не можете да најдете кредит.

Но, штом веќе ќе се задолжите во странска валута, џабе ви е да се враќате на домашната валута и да печатите пари (девалвацијата е неминовна последица на инфлацијата која е неминовна последица на печатењето на вишок пари). Оти пак треба земените кредити во странска валута да ги враќате во – странска валута.

Грција може да излезе од евро-зоната и да ја воведе пак драхмата. Но, што со тоа? Колку од нејзините долгови се во драхми? Ниту цент, ете колку. За секој долар и за секое евро што го зела, ќе треба да врати пак долари и евра. Не драхми.

5. Неограничена неодговорност: еве го „лекот“ што премудрите евро-лидери го смислија за да ѝ помогнат на Грција и на другите презадолжени членки на ЕУ во потрагата за пониски камати за земените кредити:

Наместо да оди пијаницата/коцкарот во банка и да бара кредит (и банката да го отфрли барањето, принудувајќи го да оди кај лихварите, кои ќе му дадат кредит ама со висока камата) идејата е целиот комшилук да се собере и да му даде на пијаницата/коцкарот едно пусулче во кое пишува дека за сите кредити што ќе ги земе тој, ако не може да ги врати, заедно комшиите ќе соберат пари и ќе го вратат неговиот долг.

И сега банката нема причина да се плаши од невраќање на кредитот, оти не му позајмува на пијаницата/коцкарот, ама фактички на цело маало.

Воедно, самиот пијаница/коцкар нема причина да се отрезни и да стане домаќин човек, оти сега си најде начин да продолжи да зема кредити. Е да де, тој им вети на комшиите дека ќе се престане да лока и ќе заборави на комарот, ама – на колку комарџии и пијаници им тргнало тоа од рака до сега?

Сега Грција ќе може да земе кредити со ниски камати од светските пазари на капитал, оти ако „случајно, не дај боже“ не ќе може да ги врати, место неа богатите држави од ЕУ тоа ќе го направат. А после тие со владата во Атина ќе се договорат таа ним да им ги врати тие пари, ама на дооолг рок (т.е. никогаш).

Фразата „неограничена неодговорност“ е мој превод на англискиот термин Moral Hazard (ова да се преведе како „морален хазард“ ми делува глупо, па избрав посоодветен термин).

Ограничена одговорност е „што си посеал, тоа да жнееш“. Ако си сеел глупост и мрза, да жнееш сиромаштија, а ако си сеел памет и работа, да жнееш богатство. Неограничена неодговорност е да сееш ако сакаш, а да жнееш загарантирано, ама не од својата нива (оти не си посеал ништо во неа) туку од туѓите ниви. Или „дај колку мислиш дека можеш, земи колку мислиш дека ти треба“ (да го парафразирам Карл Маркс).

*

Зошто домаќините од европскиот комшилук одлучија на својот сосед параспур да му бидат жиранти кога ќе бара кредити, не е јасно. Можеби со дел од тие кредити очекуваат некои сметки во некои банки на некои оф-шор локации наскоро да бидат збогатени со одредени крупни суми.

Можеби по некоја година германската тајна служба пак ќе сака да купи цеде со тајни сметки, но тогаш тие сметки ќе бидат на име на сегашните битни германски политичари?

.

П.С: Еве зошто е убаво да се запишете за известување по мејл за нов пост на мојот блог (ако сеуште не сте го сториле тоа досега). Оти понекогаш отстапувам од редовниот распоред и знам да објавам и по некој вонреден пост. За тоа како можете да се запишете и да добивате известување по мејл секогаш кога ќе објавам (редовно или вонредно) нов пост, погледнете во првиот коментар на овој пост.

Инаку, најавениот редовен пост „Под просекот, над просекот“ ќе биде објавен во редовниот термин, на 27ми мај, непосредно пред полноќ.

Поздрав, до тогаш😆

27 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Кој сака да добива известување по мејл секогаш кога ќе има нова колумна објавено на блогов, може да го направи тоа вака:

    1. Пишуваш коментар со впишување на мејлот кој го користиш…

    2. … и долу под црното правоаголниче („Напиши коментар“) има две квадратчиња, се штиклира долното каде што пишува Notify me of new posts via email и потоа секогаш кога ќе има нов пост тука, ќе добиваш мејл на оној мејл што си го оставил во полето „Е-пошта (задолжително)“

    3. Кликаш на црното правоаголниче на кое пишува „Напиши коментар“

    4. И тоа е тоа.

  2. Одлично објаснување, Нено, како и секогаш🙂
    Метафората со комшиите и маалото е перфектна🙂
    Во контекстот, дали е ова вистина:
    ——————-
    “Federalne Rezerve (Federal Reserve) su centralna banka Sjedinjenih Američkih Država.
    Malo ljudi zna da su Federalne Rezerve kao Američka središnja banka privatna institucija, “narodna banka” u privatnom vlasništvu.
    Federalne Rezerve izdaju novac.
    Novčanica koju puštaju u opticaj, zove se Novčanica Federalnih Rezervi (Federal Reserve Note).
    Američki Dolar ($ Us Dollar) je privatna novčanica u privatnom vlasništvu, bez ikakave podloge, izdana kao dug na kojega treba plaćati kamate, te iznajmljena javnosti na upotrebu po cijeni koja piše na njenom naličju.“
    ———————
    Повеќе на
    http://forum.cromalternativemoney.org/viewtopic.php?t=314

    LupcoBocvarov

    24/05/2010 at 21:41

    • Не знам како успеа овој коментар во спам да отиде, но го спасив на време🙂

      Веројатно поради линкот, но што му фали баш на овој конкретен линк?

      Нејсе…

      Имено, де јуре Федералните резерви се независни, практично приватна институција, нешто како банкарска комора. (како кај нас адвокатска комора, лекарска комора…)

      Но, де факто, тие се независни колку што е назависно нашето судство.

      Шефот на федералните резерви мора да биди предложен лично од претседателот на САД и одобрен со гласање во Сенатот на САД. Баш пред некој мeсец Бен Бернанки го реизбраа на таа позиција во Сенатот со 70 гласа за и 30 против (18 републиканци и 11 демократи баа против и еден „независен“ сенатор беше против реизборот)

      Иако тој и неговите заменици (а и тие се назначени од претседетелот и Сенатот)се независни во донесувањето на одлуки за монетарната политика, сепак во било кој момент претседателот или соодветната комисија од Сенатот може да предложи нивно разрешување.

      Така да, како што кажав: независни колку што е независно нашето судство.

      Банките ги корумпираат политичарите кои ги назначуваат главните луѓе на Федералните резерви кои потоа треба да ги надгледуваат банките.

      Инаку, основната цел на Федералните резерви е да одговори на прашањето: кој ќе им позајмува пари на позајмувачите на пари?

      Т.е. кога треба од некого да земат кредит банките, од кого ќе го сторат тоа?

      Од оној што нема потреба да позајмува, оти кај него е машината за печатење на пари – т.е. Федералните резерви.

      • Инаку, сиот профит што Федералните резерви го остваруваат (кога банките ќе ги вратат со камата кредитите што ги зеле од неа) по закон мора да оди во Буџетот на САД.

        Лани, во 2009та, имаше профит, некаде околу 45 милијарди долари и сите отидоа во буџетот на САД, така да евидентно не станува збор за „невладина“ организација.

        Конечно, тоа дека американскиот долар нема врска со никакво покритие е реторички трик.

        Ниту една валута нема покритие. Сите вредат колку што луѓето сметаат дека вредат. Исто како и златото кое вреди само ако некој сака да ти продаде храна, кола, имот… за злато. Теорема на Томас на некој начин.

  3. 1.”Инаку, сиот профит што Федералните резерви го остваруваат (кога банките ќе ги вратат со камата кредитите што ги зеле од неа) по закон мора да оди во Буџетот на САД. ”

    Koj zakon? Mozete li da posocite?

    2.”Лани, во 2009та, имаше профит, некаде околу 45 милијарди долари и сите отидоа во буџетот на САД, така да евидентно не станува збор за „невладина“ организација.”

    Od kade vi e taa informacija?Mozete li da kazete?

    3.”Конечно, што ќе се случи ако Кинезите одлучат да престанат да ѝ позајмуваат пари на владата на САД? Ништо страшно, владата на САД ќе им нареди на своите Федерални Резерви (т.е. „народната банка на САД“) да ги купи обврзниците, со печатење на нови долари, и така ќе се обезбедат пари за функционирање на американскиот буџет. Секако тоа ќе предизвика инфлација и паѓање на вредноста на доларот, ама од тоа најмногу ќе бидат отшетени токму – Кинезите, Саудијците и Русите, кои своите огромни девизни резерви ги чуваат главно во долари.”

    Prasanje,zosto da i “naredi” na federalnata rezerva da kupi nivni obvrznici,i za toa da i placa kamata,koga MOZE samata drzava da gi pecati tie pari,bez da placa kamata na taa federalna rezerva?

    Pozdrav

    logous

    26/05/2010 at 04:29

    • За профитот на Федералните резерви:

      http://money.cnn.com/2010/01/12/news/economy/fed_profits.fortune/

      Знам, знам, Си Ен Ен е дел до светскиот заговор, не треба да му се верува…

      … ама јас од Си Ен Ен ја добив информацијава, па што да правам, не знам за друг извор.

      А што се однесува до прашањето зошто Федералните резерви треба да печатат пари, а не државата, тоа е исто како да прашаш во Македонија зошто Народна банка ги издава нашите денари, а не државата.

      Во Америка, Треж’ри Дипартмент е Министерство за финансии, а Федерал Риз’рвс е Народна Банка.

      • 1.
        Ve prasav koj zakon,oti VIE izjavivte “”Инаку, сиот профит што Федералните резерви го остваруваат (кога банките ќе ги вратат со камата кредитите што ги зеле од неа) по закон мора да оди во Буџетот на САД. ”

        VIE ne znaete,ili nesakate da kazete,ako znaete,koj e toj zakon.
        2.
        “Знам, знам, Си Ен Ен е дел до светскиот заговор, не треба да му се верува…”

        Nikoj ne spomna zagovori.Tovarot na dokazuvanje e na onoj sto nesto tvrdi.VIE tvrdite deka ima zakon,a jas ve prasav KOJ zakon.
        Linkot sto ste go dale…. – go procitav.DURI I od toj link ne moze da se zakluci,duri i da i se veruva na informacijata vo toj link,DEKA “сиот профит…по закон мора да оди во Буџетот на САД. ”

        Pokazete mi vo linkot,koj samiot go stavate tuka kade stoi SIOT PROFIT.

        3.
        Potrudete se da go najdete zakonot za koj tvrdite deka postoi.

        4.
        “А што се однесува до прашањето зошто Федералните резерви треба да печатат пари, а не државата, тоа е исто како да прашаш во Македонија зошто Народна банка ги издава нашите денари, а не државата.”

        E ako de,ama toa ne e odgovor na prasanjeto.Stoako e prasanjeto isto kako…
        Eve neka e isto kako…zosto Drzavata Makedonija “POZAJMUVA” denari od Narodnata Banka na Makedonija ,so obvrska da i gi vrati so KAMATA,koga drzavata Makedonija moze da gi pecati istite tie pari (kako sto go pravi toa Narodnata Banka) bez da placa bilo kakvi kamati.
        I,cim e isto kako….drugo potprasanje.I Narodnata Banka na Makedonija li e isto kako “практично приватна институција, нешто како банкарска комора. (како кај нас адвокатска комора, лекарска комора…)”
        Ako da,dali VIE znaete,koi se sopstvenicite?

        I dali i vo makedonija,spored VAS ima takov zakon ,spored koj,site nejzini profiti odat vo budgetot na Makedonija?Ako ima,koj e?

        logous

        26/05/2010 at 21:28

        • “The central bank is an independent arm of the government and its member banks are required to return all profits to the Treasury, after certain deductions.”

          Od ovoj del od textot li izvede zaklucok za da kazes ona sto go kaza?

          logous

          26/05/2010 at 22:30

  4. “Ниту една валута нема покритие. Сите вредат колку што луѓето сметаат дека вредат. ”

    “Од таму, кој кого го држи за гуша? Толку многу имаат земено кредити Американците, што де факто станаа газди на своите кредитори. Ако кредиторите одлучат да престанат да им позајмуваат пари,…..” !!!???🙂🙂

    Togas,mora da e mnogu tesko, za edna drzava,da ima edna ista takva mashina sto pecati pari bez pokritie,kakva sto ima taa federalna rezerva.
    Tolku e tesko,sto mora da izmisli federalna rezerva,so tie kako sto gi vikas “практично приватна институција, нешто како банкарска комора. (како кај нас адвокатска комора, лекарска комора…)” za da obezbedat edna takva masina ?

    Aj objasni te molam

    logous

    26/05/2010 at 04:54

    • Повторно, Federal Reserves се Нарoдна (т.е. централна) Банка во Америка, а она што кај нас е Министерство за Финансии е кај нив Treasury Department.

      Федералните резерви се дел од власта оти шефот и бордот на гувернерите на Федералните резерви се избирани во Сенатот по предлог на претседателот.

      Она што кај нас сега е Петар Гошев, кај Амерканците е Бен Бернанки. Она што кај нас сега е Зоран Ставревски, кај Американците е Тимоти Гајтнер.

      Во САД немаат посебно претседател и премиер, оти функциите што кај нас ги вршат тие двајца, кај нив се споени во еден човек (Претседателот на САД).

      Таму имаат два дома на Закондавната власт која се нарекува Конгрес. Имаат Преставнички дом и имаат Сенат. Ние имаме само еден дом – Собранието.

      Таму нивниот Supreme Court е спој на нашите Уставен суд и Врховен Суд.

      Во Америка зборуваат англиски. Во Македонија зборуваме македонски.

      .

      Да продолжам со објаснувањето на разликите меѓу САД и Македонија или….?

      • nemozete da prodolzite so nesto sto ne ni pocnavte.Vie ne odgovorivte na prasanjeto

        logous

        26/05/2010 at 21:28

      • “Да продолжам со објаснувањето на разликите меѓу САД и Македонија или….?”

        Koj prasa za razliki?

        Jas VE prasav “Togas,mora da e mnogu tesko, za edna drzava,da ima edna ista takva mashina sto pecati pari bez pokritie,kakva sto ima taa federalna rezerva.
        Tolku e tesko,sto mora da izmisli federalna rezerva,so tie kako sto gi vikas “практично приватна институција, нешто како банкарска комора. (како кај нас адвокатска комора, лекарска комора…)” za da obezbedat edna takva masina ?”

        Zosto e toa tesko,e prasanjeto.
        Odgovori ako sakas i mozes.
        Ne mesaj zagovori

        logous

        26/05/2010 at 21:31

  5. Jas samo sakam da naucam,zatoa te prasuvam.

    logous

    26/05/2010 at 22:32

    • Човек, ајде не забегувај во цепидлачење, туку концентрирај се на суштината.

      Ти имплицираш дека Федералните резерви се некоја приватна, независна од ред и закон институција која си прави што си сака.

      Е па тоа не така, оти главните луѓе во Федералните резерви се поставувани од Претседателот и Сенатот.

      Понатаму, Федералните резерви лани уплатиле 45 милијарди долари на Министерството за финансии, а само мал дел од приходот е отиден за покривање на тековните трошоци.

      Еве ти го законот што го бараш, па снајди се во американскиот правнички сленг: http://www.federalreserve.gov/aboutthefed/fract.htm

      Ти кажав дека меѓу американскиот правен и финансиски систем и македонскиот правен и финансиски систем има разлики.

      Да, во нашата Народна банка приватните банки немаат ама баш никаква власт. Никој не ги прашува за ништо.

      Во Федералните резерви приватните банки членуваат во „собранието на банки“ и на тој начин тоа е како еден вид комора на банки.

      Ама не се тие газди, оти раководсвото на Федералните резерви го поставува политичката власт.

      Конечно: ова е мој блог, не се карај со мене. Не е културно.

      И земи пишувај на кирилица, толку ли е тоа тешко?

  6. 1.Ne se karam so tebe.Ne te razbiram.

    2.6 miljardi dollari od 52 miljardi dollari e nad 10 % i ne e mal del,spored mene.

    3.Koga vladata na Amerika dava na FED 1 biljon vredni obvrznici,vo razmena za 1 biljon dollari,ovie obvrznici nosat kamata (oti neli e zaem).Koja e logikata da postoi FED za da sozdava dollari i da gi dava na zaem na vladata,koga:
    a)Vladata sama moze da gi sozdava tie dollari ,bez FED
    b)Vladata togas ne mora da i ostava 10 % na Fed za “mali trosoci” (otkako neli,FED ce go vrati siot profit nazad na vladata otkako se si gi odbie troskovite.)

    Mene ne mi e toa jasno,i te prasav da objasnis ako sakas.Ti vikas sum se karal.

    Pisuvam latinica oti nemam program za kirilica.

    Jas ne sum ekonomist.

    Ti go vidov blogov i zapisov za
    “HEKOЛKУ 3AБЛУДИ BO BPCKA CO ДOЛГOBИTE” zatoa ti pisav.

    Jas neznam koj si.

    No se pretstavuvas deka gi poznavas rabotive.Zatoa ucestvuvam vo razgovorov.Ne znaev deka trebalo da te obozavam , deka ne bilo kulturno da postavuvam prasanja,i deka ne bilo ubavo da pisuvam na kirilica.

    Jas povece nema da ucestvuvam na tvojot blog ako uslov da se ucestvuva na tvojot blog da ne postavuvam prasanja i da sum pisuval kirilica.

    logous

    26/05/2010 at 23:46

    • Fala ti za linkot za zakonot.Jas sega ce se potrudam da ja najdam taa,kako sto ti rece, zakonska obvrska na FED.

      logous

      27/05/2010 at 00:07

  7. Ti pisa:

    “Инаку, сиот профит што Федералните резерви го остваруваат (кога банките ќе ги вратат со камата кредитите што ги зеле од неа) по закон мора да оди во Буџетот на САД.”

    http://www.federalreserve.gov/aboutthefed/fract.htm

    Federal Reserve Act
    Section 7. Division of Earnings
    Dividends and Surplus Fund of Reserve Banks
    (a)

    1.
    1. After all necessary expenses of a Federal reserve bank have been paid or provided for, the stockholders of the bank shall be entitled to receive an annual dividend of 6 percent on paid-in capital stock.
    2. The entitlement to dividends under subparagraph (A) shall be cumulative.
    2. That portion of net earnings of each Federal reserve bank which remains after dividend claims under subparagraph (1)(A) have been fully met shall be deposited in the surplus fund of the bank.

    (b) Transfer for fiscal year 2000.
    1. The Federal reserve banks shall transfer from the surplus funds of such banks to the Board of Governors of the Federal Reserve System for transfer to the Secretary of the Treasury for deposit in the general fund of the Treasury, a total amount of $3,752,000,000 in fiscal year 2000.
    2. Of the total amount required to be paid by the Federal reserve banks under paragraph (1) for fiscal year 2000, the Board shall determine the amount each such bank shall pay in such fiscal year.
    3. During fiscal year 2000, no Federal reserve bank may replenish such bank’s surplus fund by the amount of any transfer by such bank under paragraph (1).

    [12 USC 289. As amended by acts of March 3, 1919 (40 Stat. 1314); June 16, 1933 (48 Stat. 163); Aug. 10, 1993 (107 Stat. 337); Sept. 23, 1994 (108 Stat. 2291); and Nov. 29, 1999 (113 Stat. 1501A-304), which added this subsection (b) but failed to redesignate existing subsection (b) (12 USC 290).]

    Back to Top
    Use of Earnings Transferred to the Treasury
    (b) The net earnings derived by the United States from Federal reserve banks shall, in the discretion of the Secretary, be used to supplement the gold reserve held against outstanding United States notes, or shall be applied to the reduction of the outstanding bonded indebtedness of the United States under regulations to be prescribed by the Secretary of the Treasury. Should a Federal reserve bank be dissolved or go into liquidation, any surplus remaining, after the payment of all debts, dividend requirements as hereinbefore provided, and the par value of the stock, shall be paid to and become the property of the United States and shall be similarly applied.

    [12 USC 290. Part of original Federal Reserve Act; not amended. Designated subsection (b) by act of Aug. 10, 1993 (107 Stat. 337).]

    Back to Top
    Exemption from Taxation
    (c) Federal reserve banks, including the capital stock and surplus therein, and the income derived therefrom shall be exempt from Federal, State, and local taxation, except taxes upon real estate.

    [12 USC 531. Part of original Federal Reserve Act; but in effect amended by 31 USC 3124(a), which reads as follows:

    “(a) Stocks and obligations of the United States Government are exempt from taxation by a State or political subdivision of a State. The exemption applies to each form of taxation that would require the obligation, the interest on the obligation, or both, to be considered in computing a tax, except–

    (1) a nondiscriminatory franchise tax or another nonproperty tax instead of a franchise tax, imposed on a corporation; and

    (2) an estate or inheritance tax.”

    [Designated subsection (c) by act of Aug. 10, 1993 (107 Stat. 338).]

    Back to Top

    Jas se snajdov.Sega ti snajdi se.

    logous

    27/05/2010 at 01:28

    • Ti pisa:
      “Човек, ајде не забегувај во цепидлачење, туку концентрирај се на суштината.”

      Vidi go sega zakonot na koj posoci i koj nikogas porano ne si go procital

      Jas ti pokazav deka ne “zabeguvam” i ne “cepidlacam” i ti pokazav deka ti pogresno si mislel deka ja znaes sustinata/faktite iako celata tema (i poenta) na tvojot post e deka drugi nemaat pojma sto zboruvaat.

      Ama ti ne znaes da se izvinis,egoto ti e povazno.

      logous

      29/05/2010 at 15:17

  8. Логоус не си ми јасен …ако наместо бондси мислиш за суво печатење на пари тоа директно предизвикува неконтролирана инфлација, т.е. во случајот нема начин како да се контролира М1 масата. Кај нас тоа се остварува преку благајнички записи кој се моемнтално најисплатлив инструмент (од причина што непостои можност по супервизорски стандарти банките да ги вложуваат на кратки стази без издвојување на резервации).
    Исто така треба да се има во предвид и вредноста на валутата која ке достигне (т.е. ке падне) кога ке се почне со печатењето.
    Во тој случај увозот поскапува (сировините и енергенсите) а со тоа и конечните производи …

    Нено – прв пат сум на блогов, позитивно сум изненаден.
    Кај делот за јужниот сосед би сакал само да додадам за еден чланак од ФТ кој искочи неколку дена откако Меркелица забрани бланк селинг (шорт селинг) на бондсите и на КДС. Откриваат дека грчките банки по налог на ЦБ на Елада прошлата година почнуваат со схортирање на грчките обврзници, кога беа на принос од 4% со тоа што истите ги купуваа и ги порамнуваа оваа година на принос од 22%.

    Поздрав

    rus

    02/06/2010 at 20:47

    • Здраво Рус.

      Остај го Логи, другарче ми е од Америка, па имаме недоразбирања во разбирањето на поимот „недоразбирање“🙂

      Тоа што е кај нас Народна Банка и тоа што е во Америка „Народна Банка“ не е исто.

      А што се однесува до потезите на Меркел, ме потсетува на вицот за пијаницата кој го барал клучот под една бандера на која имало сијалица.

      Кога го прашале зошто клучот го бара таму, а не во блискиот парк каде што го загубил, тој одговорил „па таму нема светло, овде има светло па тука го барам клучот“.

      Така и Меркел со нејзините забрани.

      • A na tebe Heno

        Pameten covek negovite zaklucoci (ubeduvanja) gi ima vo proporcija so dokazite do koi se potrudil da dojde.

        Toa sto ce si me narekol Logi,ili drugarce,se samo smesni obidi da me navredish.

        Jas dokazav kolku vredish
        🙂

        logous

        03/06/2010 at 01:43

        • Ако се земе колку многу коментари остави на овој пост – очигледно многу вредам. Тоа ти е квака 22🙂

          Нели е така… Логи… другарче…

    • zdravo rus

      Neznam kako da ti odgovoram.

      Jas antele,ti sveti pantele.

      Samo taka prodolzi.

      logous

      03/06/2010 at 01:36

  9. Pozdrav do d-r N.Bogdan🙂

    Tale

    06/01/2012 at 15:29

  10. Super

    stellina

    17/09/2012 at 13:23

  11. Одличен блог.

    Kosta Karev

    26/06/2013 at 13:42

  12. Za amerikanskite federalni rezervi ima mnogu komentari i objasnuvanja, no sepak i da e klasicno drzavna institucija, nema iskrena namera za resavanje na problemite na amerikanskoto opstestvo i zadolzuvanje. Ovie institucii samo ja centraliziraat kontrolata na vrz finansiite na lugeto i normalno, se poveke odime kon celosno digitaliziranje na parite koi gi imame, preku karticite(ovde interesen primer e najnovoto forsiranje na kreditni kartici kaj koi ne preporaclivo da izvadis kes, tuku samo bezgotovinski). Imeno, bilo koja banka, osobeno ne federalnite rezervi, moze da izdade, t.e. da mi napise deka mi dala kredit, t.e. na smetka mi legnala odredena suma pari. Prasanjeto e od kaj e pokritieto za ova i do koj stepen smee da se vrsi. Sigurno ste slusnale za izrekata deka ako site klienti na bankata si gi pobaraat parite koi gi imaat tamu, bankata ke propadne instant, a uste poveke e jasno deka ne e vozmozno parite da gi podignete vo kes. Ovde e osobeno interesen podatokot deka nenajaveno moze da se izvadat maksimum 3 ili 5 iljadi evra. A dali nekoj moze da pomisli deka ako ima fiktivno kazano, milion evra, dali ke moze bilo koja banka vo Makedonija da mu gi izbroi vo kes na nekoj covek. Drugo, osobeno bitno e procenkata na bogatstvo na lugeto. Sekogas toa e kako procenka, spored akcii na firmata kade sto nekoj covek e sopstvenik. Jasno e deka i najbogatiot coek(demek e Bill Gates), za kogo vikaat deka ima otprilika 60 milijardi, toj vo momentot tie pari gi nema nitu pak moze realno da gi izvadi, uste poveke ne vo kes.
    Prasanjeto e dali federalnite rezervi, za da kupat oruzje za odrzuvanje na mir nekade vo svetot treba da prasaat ako im pritrebaat dodatni 2 milijardi dolari? Sto se slucuva togas? Na smetka na vladata ili nekoe ministarstvo, legnuvaat ovie pari. Ama dali ima pokritie? Toa ne e voopsto vazno, bidejki nikoj ova nema da go opstruira, sto bi rekol Neno, nikoj ne gi kontrolira kontrolorite. Glavnoto prasanje e – kako toa ke se odrazi na svetot ili prvenstveno na Amerika? Vo svetot na ekonomijata, jasno e deka pari nemoze da izlezat od vozduh i nisto ne e besplatno, kako sto ne e besplatno vozenje vo avtobus vo petok ili do krstot na Vodno. Nekoj toa mora da go plati. Isto kako sto drzavata se zadolzuva vo tvoe ime. Nekoj Amerikanec ke otide bankrot. Problemot e vo toa sto so ogled na vlijanieto na Amerika vo svetot i nejzinata valuta, koja devalvira, se slucuva i tamu problem i bankrot. Se razbira, mehanizmot e daleku poslozen vo realnost, no ova se principite koi ponatamu go usloznuvaat i problematiziraat opstestvoto, koe i onaka e na stakleni noze.

    Bankman

    01/10/2013 at 22:43


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: