Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ПOД ФEHEPOT

with 20 comments

Лекот за проблемите што го мачат нашето општество многумина го гледаат во тоа „народот конечно да излезе на протести“. А лекот не е таму. Вината за светската економска криза многумина се склони да ја бараат кај „алчноста на капиталистите“. А вината не е таму. Зад овој начин на размислување кој е присутен и во многу други полиња стои принципот опишан во познатиот виц за пијаницата што го загубил клучот, со кој и ќе започне денешнава колумна.

1. Вицот за пијаницата: имено, некаде околу полноќ, еден човек минувал по една улица и забележал некој пијаница како бара нешто во просторот на тротоарот осветлен од уличниот фенер.

На прашањето од минувачот што бара толку упорно и очигледно без успех, пијаницата одговорил дека пред околу еден саат му паднал клучот од дома. На прашањето „како е можно цел саат да го бараш клучот таму и да не го најдеш“ добронамерниот минувач добил одговор од пијаницата дека клучот не му паднал таму, туку во блискиот тревник.

„Па оти го бараш тука кај што не ти паднал клучот, оти не отидеш да го побараш во тревникот, каде што самиот велиш дека ти паднал? – прашал зачудено минувачот. На што добил одговор, типичен за еден пијаница кому алкохолот му го зел умот: „е па глупчо, нели гледаш дека таму во тревникот е темно, овде под фенерот го барам клучот оти тука е осветлено!

2. Што фајде од протести: мантрата која постојано ја повторуваат сите кои се разочарани од постојниот систем, но немаат идеја што треба да се промени за да биде подобро гласи: „абе треба овој народ, работниците, студентите, пензионерите, социјалците, конечно да излезат на улица, да кршат, да палат, да фрлаат камења и молотови коктели, па конечно да се свести владата и сите политички партии дека вака веќе не може, вака веќе не смее“.

Во некои европски држави ова веќе е дел од реалноста. Во Франција моментално се во тек масовни протести на кои учествуваат милиони луѓе кои се незадоволни од економската и социјалната положба во која се наоѓаат. Во Грција веќе подолго време така размислува голем дел од населението, па секојдневно таму има штрајкови и протести на незадоволните граѓани.

Но што фајде од тоа?

Еве во Франција актуелно е барањето да се спречи продолжувањето на работниот век и да може и понатаму Французите да одат во пензија со навршени 60 години старост (без оглед на стажот), а не како што сака владата француска, да биде границата за пензионирање крената на 62 години.

Оваа реформа е сосема јасно зошто не им се допаѓа на работниците – оти ќе мораат да работат подолго, а кој сака подолго да работи? Од друга страна, уште појасно е зошто владата сака да ја крене границата на пензионирање: пензискиот фонд нема доволно пари за да исплаќа пензии, па мора да се намали приливот на идни пензионери за да не колабира за неколку години пензискиот систем и потоа ама баш никој да не може да зема пензија.

Значи нема пари државата, а истото е причина и за проблемите на Грција, каде што нема веќе кој да ѝ позајмува на грчката влада и со тие пари таа да дели 14та плата на вработените во државните претпријатија, великодушни субвенции, инфраструктурни и други градежни проекти и слични раздавања на пари од кои во изминативе децении се научија да зависат најголемиот дел од грчките граѓани.

Значи нема пари.

И како со протести и штрајкови и нереди ќе се реши проблемот со немање пари? Дали ако демонстрантите испокршат доволно излози и запалат доволно автомобили и автобуси од некаде ќе дојдат пари?

Очигледно, тука станува збор за принципот од вицот за пијаницата под фенерот. Државата ја загубила способноста да им дава пари на граѓаните кои зависат од тие давања, и сега граѓаните го барат излезот во протести и штрајкови, иако се свесни дека така нема да ѝ помогнат на владата да најде пари.

3. Како да се подобри школството кај нас: очигледно е дека нашиот образовен систем е во ужасно лоша состојба. Очигледно е дека најчесто како краен продукт на тој систем многу ретко се случува да излезат стручњаци кои можат да се снајдат на пазарот на трудот, ами главно се добиваат интелектуално осакатени млади луѓе кои не само што не знаат да работат, ами и уште пострашно, се убедени дека само затоа што имаат диплома се многу паметни и нема потреба нешто друго да научат.

Мантрата на политичарите кои се обидуваат да го оправат образовниот систем во изминативе децении беше дека „треба да се прилагодиме на европските стандарди, да ги прифатиме нивните принципи и да ги спроведуваме храбро реформите кои се бараат од нас“.

И сето тоа се правеше, ама ете години и години подоцна, ништо не се смени, и покрај сите напори за реформи.

Други пак луѓе сметаат дека треба сите школи да се реновираат, да се смени истрошениот мебел (нови клупи и столови да се донесат), да се облечат во униформи сите ученици, да се стават компјутери пред нив, да се воведат кујни во училиштата каде што сите деца ќе имаат можност за оброк во текот на денот, да се зголеми фондот на часови, повеќе години да се учи (деветолетка), задолжително средно, да се воведат нови предмети, да се…

Со други зборови, да се бара клучот под фенерот каде има светло, а не онаму во тревникот каде што тој клуч паднал.

Која е крајната цел на образовниот систем? Да обезбеди децата да се стекнат со знаења кои подоцна ќе им помогнат да станат продуктивни членови на општеството.

Толку! И секоја реформа која би била предложена за спроведување во образовниот систем треба да се процени според тоа барање, дали ќе помогне или нема да помогне да се оствари таа цел.

Е па ајде да ги реновираме сите школи, секоја училница да блесне во полн сјај свежо молерисана. Дали децата кога ќе седнат во новите клупи облечени во своите нови униформи ќе си речат: „леле колку е убаво сѐ средено, ајде сега ќе почнеме повеќе да учиме од овие глупави и здодевни книги“. Сигурно не.

Ајде да воведеме кујни (и трпезарии, очигледно) во секое училиште. Дали децата откако ќе го изедат вкусниот оброк ќе си речат „е сега кога се најадовме од ова прекрасно гравче, дај ќе учиме повеќе“. Сигурно не.

Ќе воведеме нови предмети и… што? Веќе со децении постои предметот математика па дали децата иако учат математика научуваат математика? Повеќето од нив не, а истото важи и за  странскиот јазик (од таму толку многу приватни „школи“ држат курсеви по странски јазици), а и за физичкото образование е факт дека не помага многу децата да станат физички поподготвени (од таму постојаните поплаки дека децата се предебели и подгрбавени).

Очигледно со воведување на нови предмети нема да се смени ништо, оти и старите предмети не се им омилени на учениците и не добиваат од нив знаење. Исто, единствениот резултат од задолжителноста на средното образование ќе биде што сите ќе имаат дипломи за завршено средно. И ништо друго.

Дали треба да се зголемат платите на наставниците? Интересен предлог, но да се прашаме дали учениците ќе бидат мотивирани да учат повеќе ако знаат дека нивните наставници добиле поголема плата. Се разбира не, барем сѐ додека некој умен на мама тинејџер не праша „а камо за нас пари?“

Еден умен на мама (и на тато, се разбира) тинејџер пред многу години си го постави истото тоа прашање, на кое подоцна, кога стана блогер, му најде и одговор и го срочи во колумната „Сто милиони евра за учениците“. Ако не сте ја прочитале, прочитајте ја. Таму е и тревникот и клучот, а и колумната фрла светло врз тој простор.

4. Здравство: што е поголема закана за здравствената состојба на македонските граѓани? Свинскиот грип или свинскиот врат? Ако им верувавте минатата година на новинарите и на нивните весници и телевизии, тогаш требаше сите ние да се плашиме од свинскиот грип. И да фрламе милиони за купување на вакцини кои ќе нѐ спасеа од тоа најголемо зло на денешницата.

А ако размислите, ќе сфатите дека свинскиот врат (и бут, и сланина, и чварките) се вистинскиот непријател на здравјето на овој народ. И не само прехранбените производи добиени од свињите, ами и од говедата, овците, живината, па и од многу растенија.

Секоја година во Македонија умираат од пет до десет илјади луѓе, директно или индиректно, поради срцеви проблеми. Предизвикани од јадење на премрсна храна и од недоволна физичка активност. Многумина умираат и од дијабетес предизвикан од употребата на премногу шеќер во храната.

Практично секој втор човек во зрелото доба страда од проблеми со коските и зглобовите, последица на недоволна физичка активност во младоста и на недоволно внесување на одредени минерали корисни за одржување на коските во витална состојба. Минералите во прашање се калциум и фосфор кои пак сосема лесно може да се добијат со конзумирање на млеко и млечни производи.

За решавање на овие проблеми нема потреба од скапи вакцини и од специјални третмани што само високо-обучени експерти ќе знаат да ги спроведуваат. Таман работа. Треба само да се јаде умерено, да се поминува повеќе време во планина на свеж воздух и да се спортува почесто.

Во Македонија во тренд е во последно време власта да ги сатанизира цигарите (и истовремено да го субвенционира со десетици милиони евра тутунот?!) сметајќи ги за извор на сите здравствени пробелеми кај македонските граѓани. Од таму, во рестораните и кафеаните е забрането да се пуши, оти чадот од цигарите делува лошо врз здравјето на гостите во тие ресторани. А плескавиците, сланината, премногу зачини, прекумерното количество сол, премногу шеќер во десертите – тоа не е лошо за здравјето на гостите?

Ќе сака ли владата да го забрани и јадењето мрсна и зачинета храна во рестораните? Ќе ја затвори ли секоја слаткарница?

А и да го стори тоа, ништо нема да смени. Луѓето ќе продолжат да јадат премрсна и презачинета храна дома, исто како што дома можат да пушат слободно и да ги надополнат сите неиспушени цигари од кафеаните и рестораните каде им било забрането тоа задоволство.

Не е решението во забранување, ами во менување на свеста на луѓето. Ама за да се направи тоа, треба да се оди во тревникот каде нема светло и таму да се бара клучот. А полесно е да се бара клучот под фенерот. Иако таму никогаш нема да биде најден тој клуч.

5. Кој е крив за кризата и кој работи против Македонија? Мантрата на многу левичарски интелектуаци и скоро сите македонски новинари е дека за светската економска криза која се случува во последниве години се виновни капиталистите и нивната алчност.

При тоа, никој не сака да го постави очигледното прашање: „зарем кога немаше криза капиталистите не беа алчни? И ако беа алчни цело време, зошто цело време нема криза?“

Очигледно, не е до алчноста. Да се тврди дека алчноста на капиталистите ја предизвика кризата е исто како да се тврди дека некој авион паднал поради гравитацијата. Гравитацијата е присутна цело време, па сепак цело време не паѓаат авионите, туку најчесто летаат без проблем.

Од таму, не е до гравитацијата, ами до грешка на пилотот или проблем со самиот авион (кој не е системски проблем, оти авионот си летал многу пати до тогаш безбедно) туку нешто или некој ја расипал машината.

За „Неколку заблуди во врска со долговите“ пишував во истоимената колумна и наскоро ќе објавам колумна со уште неколку заблуди за долговите. Во таа колумна објаснив некои работи од полето на меѓународните финансии што секој треба да ги има во предвид кога размислува за причините за кризата.

Како што напишав во мојата колумна „Што е, а што не е капитализам“ никогаш не треба да се обвинува капитализмот за проблемите во државата, ами секогаш треба да се обвинува државата (власта) за проблемите во капитализмот.

Горе-доле истото може да се каже и како одговор на прашањето „кој работи против Македонија?“. Дали тоа тајните и мрачните сили на Илуминатите, светскиот заговор на Масоните, црната аристократија на Билдербергите или пак кралската лоза Сакс-Кобург-Гота (како што пишуваше еден наш угледен весник пред некој месец) постојано вложуваат напори да нѐ снема нас, Македонците и да ја снема со нас и оваа наша библиска и исконска Македонија од историската сцена?

Лесно е да се обвинуваат тајните и мрачните сили за сите наши проблеми, а за тоа многу поелоквентно пишував во колумната „Заговор или изговор“. Ама лесно е да се бара и клучот под фенерот, наместо во тревникот. Не значи дека таму ќе биде најден клучот, ама битно е да се бара, нели?

Кои се главните проблеми на Македонија денеска? Дали е тоа проблемот со името, националниот идентитет, непризнатата црква, барањата на Албанците… или нешто друго?

Или можеби се тоа невработеноста меѓу граѓаните, корупцијата на власта и бесперспективноста кај младите луѓе?

Корупцијата доаѓа од тоа што власта има преголема моќ, па за секоја работа што граѓанинот или фирмите треба да ја завршат мора да се обратат кај власта и следствено ете простор за барање и давање мито.

Невработеноста доаѓа од неквалитетното образование – последица на лошиот образовен систем, и од недоволните инвестиции, кои пак се предизвикани од високите даноци (поради кои не им остануваат пари на фирмите за инвестиции) и сложените бирократски процедури кои е потребно да се поминат за да се отвори нов бизнис и да се вработат нови луѓе во тој бизнис.

Бесперспективноста на младите луѓе доаѓа од фактот што немаат вработување и живеат во држава во која не се цени способноста ами партиската книшка или богатството со кое може да се подмити некој бирократ.

*

Грчкото лоби ли нѐ спречува да го реформираме образованието? Дали Албанците ќе се бунат ако се намали бирократијата? На секое рамковно вработување во администрацијата доаѓаат по три партиски вработувања од македонскиот коалиционен партнер, па сепак сите се нервираат за рамковните, а никој не се буни за партиските паразити што ќе цицаат пари од буџетот а ништо нема да работат. Дали тоа што Бугарите ни го негираат идентитетот е пречка да се намалат даноците?

Тоа се големите проблеми на денешна Македонија. Кој од овие проблеми нѐ спречуваат Илуминатите, Масоните и Билдербергите да го решиме? И дали воопшто постојат тие тајни друштва и ако постојат дали навистина имаат толкава моќ, или само тие прикаски за нив ни служат како изговор за да не се зафатиме со решавањето на вистинските проблеми?

До кога ќе го бараме клучот под фенерот?

.

П.С: Наредниот четврток очекувајте ја колумната „Теодора и Ника“. Во таа колумна ќе биде објаснета една византиска метода што императорката Теодора ја искористила во времето кога против Јустиниан било кренато востанието Ника, а истата финта подоцна и многу други политичари низ историјата ја применувале за да ги остварат своите цели. Слична е по дух на колумната „Белисариус“ па ако ви се допадна таа колумна, сигурно ќе ви биде интересна и оваа.

До четврток, поздрав🙂

20 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Ова тиквите-фенери во чест на престојниот американски празник Halloween ги турив

    http://en.wikipedia.org/wiki/Halloween

    Се паѓа на 31ви октомври, сега во недела.

    Децата одат од врата на врата маскирани и бараат слатки и бонбони да им дадат домаќините. Ист обичај имаме и ние, ама за друг празник.

    • Одлично срочено. Сепак би било добро појасно да се дефинираат проблемите во образованието и да се дадат јасни насоки за тоа што треба да се промени. Воглавно тие работи се знаат, но никогаш не доволно нивното повторуање. Милтон Фридман посветува доста време да ја објасни разликата меѓу образование и школување и колку тие два термнии не се исти. Во Македонија се подобри и значително зголеми школувањето – ОБРАЗОВАНИЕТО се намали!

      Ikonomist

      29/10/2010 at 02:21

  2. Добро бе Нено Богдан ако не излеземе на некаков протест, значи дека сме задоволни од сексот што го имаме, и дека сакаме појќе да ни го начукаат… па бујрумте, да ве видам, кажете што е разликата измеѓу цените на храна, пијалоци, телекомуникациски услуги, електрична енергија, гориво, услуга за регистрација, зелен картон, патарина, со западна европа? Ништо, исти се, дури и повеќето работи се поскапи кај нас.

    А колку плата се зема во земјите од западна европа, колку кај нас? И како ние освен со протест да го искажиме нашето незадоволство?

    Благоја

    24/12/2010 at 01:06

    • Ама што ми вреди мене што ќе го искажам моето незадоволство, ако тоа ништо нема да смени?

      Не ми треба мене да го барам клучот кај што нема да го најдам, туку да го барам таму кај што ќе го најдам.

      Што фајде од протести, кога со тоа не се решава проблемот? Во Грција може не 100 илјади, ами милион луѓе да протестираат – џабе е!

      Нема пари за да продолжи како што било до сега. Нема пари. Таман сите 10 милиони Грци да излезат на протест, таман цела држава да ја запалат до темел – пак нема никој пари да им даде.

  3. За организирање на протести ние Македонците треба доста да учиме од Грците и од Њемците…
    Ете гледате во Грција се собираат по 100.000 души на протести, а кај нас повеќе полицајци него протестанти.
    И ние исто така треба да се собереме 100.000 народ (без разлика дали некој е од ВМРО, СДСМ, Партија на Власите) А некој ЛОБОС што поминува покрај нив со кола ќе рече „Што е ова од вас не може да помини човек“. А не е најпаметно и тој да се приклучи во протестите Абе ми иде на таквиот да му земам еден токмак од 10 кг или една казма и да му ја демолирам колата.
    Грците барем ИМААТ ПАМЕТ и знаат да се побунат кога нешто не е во ред,исто и студентите.
    Алал да им е барем размислуваат додека кај нас имаме ПОЛТРОНИЗИРАНА младина и средна генерација..ма се е полтроништа.

    Благоја

    24/12/2010 at 01:09

    • Убаво, земи токмак и демолирај му ја колата од 40 илјади евра.

      Па утре ќе ти дојдат неколку батки со дебели вратови дома да те пребијат ко говедо. Оти тој што има 40 илјади евра за да купи луксузна кола со нив, ќе прежали и уште едно илјадарче за да го казни тој што ќе му ја уништи колата.

      А не се надевај на спонтани протеси без политичка позадина. Такво нешто не се случило никогаш и никогаш нема да се случи.

      И пак, што ако Грците се бунат? Што фајде од тоа? 400 милијарди е долгот на државата им и тие пари никој нема да им ги даде и никој нема да продолжи да им позајмува за да продолжи владата со дарежливост кон граѓаните. Џабе протести. Нема пари!

      Тоа што им го дават сега е само за да ги вратат старите долгови и плус услов е да прават кратења во социјалните расходи. Ако престанат со кратење во социјалата – ќе нема да им даваат пари од ЕУ.

      Не е памтен оној што прави нешто само за не седи џабе, ами оној што прави нешто за да има ќар од тоа. Што ќар ќе имаат Грците од протести. Пари бараата а пари нема!

  4. Eве Нено Богдан што добија Грците со протестите:
    Ќе им биде обезбедено 13-та плата.
    Ете само заради тоа протестираа Грците.

    А ние и 13 плати да ни каснат пак нема да протестираме.

    Благоја

    24/12/2010 at 13:01

    • Добро, ќе добијат тринаесета плата. Претпоставувам оваа вест од вчера, нема врска со тоа што го зборуваш:

      „Јавниот транспорт вчера во Атина беше блокиран откако 3.000 демонстранти мирно протестираа пред зградата на Парламентот поради намалувањето на платите во јавниот сектор.“

      http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132027

      12 плати по 1000 евра = 12 000 евра.
      13 плати по 800 евра = 10 400 евра.

      Вака може и 15та палта да им дадат🙂

      Ете, а сега Благоја разбуди се, време е да почнеш да живееш во реалниот свет.

  5. Нено заборавив нешто да ти реплицирам на претходниот пост:
    Кој е некој што има кола од 40.000 евра да му забранува некому да оди на протести? Од татко му ли се улиците?
    Може таквиот да забрани да не се протестира во негивот двор дома му, а не на улица.
    И таквиот колата ја има од тоа што немаат другите. Сигурно чесно не ја спечалил.
    Си гледал лу на Јутјуб што прават Анархистите кога некој ќе им рече „Не може човек од вас да помини“. Земаат со камења му ја демолираат. Секоја чест за таквите Анархисти којшто на таков му демолираат кола, без разлика во која држава се. Многу ги поштувам.

    Кој ги виде кој ги чу работниците денеска кај протестираат? Некој ги виде некој не, некој не ни можеше.
    Тие што ги видеа беа многу, дел се насмеаа, а зашто не? Го зедоа далјинското, сменија канал и си пуштија некоја порелаксирачка програма, не дека немаат проблеми, како не, имаат и тие, не како работниците што штрајкуваат за џабе, туку тие се нервираат оти колекцијата есен – зима од Милано не била подобра од ланската. Како да не се нервираат. Други пак, ги обвинија работниците оти им блокираат патишта, улици и шахти, кутри тие не стигнаа на време до рамстор, имаше намаление на кондури од 11000 денари на 10700. Штета!

    Благоја

    24/12/2010 at 19:20

    • Тој нема право да забранува протести и ја спечалил колата на нечесен начин, но што мења тоа во реалниот свет?

      Искрши му ја ти колата, и ќе бидеш морален победник, ама тој и неговите батки ќе те здробат од мавање.И на крај ем тепан, ем ќе те уапси полиција, оти си демолирал приватен имот.

      И што е ЕФЕКТОТ од сето тоа? Пак ти ќе испаднеш ебана странка.

      Дали ја сфаќаш поентата на колумната? Не е целта да се да се издуваш со протести, и на крај пак да бидеш голтар, ами да се дојде до реално решение на реалниот проблем.

      Светот не е праведен и животот не е фер. Можеш или да се нервираш за тоа, или да го прифатиш и да се обидеш да се снајдеш во тој свет.

  6. Цел свет протестира против сиромаштијата, а ние Македонците си ќутиме. Изгледа Нено цел свет се будали, а ние сме паметни што не протестираме???
    Протести во европа од кој најспектакуларен беше францускиот каде 6 милиони мажи и жени ја блокираа целата држава и око не им трепна, во Унгарија редовно има анти-еу протести, Германците размонтираа со голи раце пруга која носи нуклеарно гориво и отпад, Италијанците демолираа цел град кога берлускони преживеа гласање на недоверба барајќи да си замине за секогаш. Британските студенти за малце ќе ги испотепаа членовите од кралското семејство дерејќи се : Off with their heads
    Туку таков народ сме ние Македонскиот немаме свест за морал и затоа повеќето уживаме да се ситиме на маката на другиот.

    Благоја

    14/02/2011 at 15:16

    • А ти сакаш да протестираш затоа што е модерно или?
      Не си ми јасен.

      Кољо Дијамант

      10/09/2011 at 12:39

  7. ,, што прават Анархистите кога некој ќе им рече „Не може човек од вас да помини“. Земаат со камења му ја демолираат. Секоја чест за таквите Анархисти којшто на таков му демолираат кола, без разлика во која држава се.” za takvite samo gumeni kursumi i solzavec ,ako imas nekoja maka idi protestiraj pred vlada ili sobranie

    filip

    18/07/2011 at 09:25

  8. „А ти сакаш да протестираш затоа што е модерно или?
    Не си ми јасен.“

    Абе можеби со протестирање нема да сменам нешто, ама барем со тоа би и кажал на владата наша дека не сум задоволен…

    Бидејќи ако не протестираш испаѓа дека се ти е убаво…

    А целата поента на Колумната на Н.Б. е тоа што веројатно наидол на некоја група луѓе што протестираат (стечајци, земјоделци, тутунари) и неможел да помине со својот автомобил…

    Благоја

    12/09/2011 at 22:10

    • Пари не се заработуваат со ПРОсење, туку со работа. Грците можат да ПРОтестираат до Нова година и нема да заработат ни долар, туку само ќе загубат.(не навлегувам во тоа кој е крив за грчкиот долг)
      Владата не може да измисли пари, парите треба да ги заработат компаниите.
      Така да во секој случај протестираш за џабе.

      Кољо Дијамант

      15/09/2011 at 21:28

  9. Еј теоријава на Кољо Дијамант
    Со протестирање се губеле пари.

    Дај детално пообјасни со секое излегување на протест колку пари се губат???

    Благоја

    15/09/2011 at 23:03

    • Па мисли бе, мисли.
      48 часа штрајк на грчките лекари значи дека …
      дводневно затварање на границата значи дека…

      Кољо Дијамант

      16/09/2011 at 23:18

  10. Струјата поскапе за 10% и плус ја укинаа дневната ефтина тарифа и нели Господин Нено Богдан не треба воопшто да протестираме???

    Благоја

    13/09/2012 at 22:55

  11. Blagoja ti si pameten covek. Kazi mi, koj go prodade ESM?

    Koljo Dijamantot

    14/09/2012 at 22:21


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: