Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ПPOЦEC ИЛИ PE3УЛTAT

with 7 comments

Што е ова: „л арт пур л арт“ или „л чкарт пур л чкарт“? Уметничко дело од Џексон Полок за кое е неспорно дека е од Џексон Полок, ама е прилично дискутабилно дали е уметничко дело.

Ако тргнеме од темелната мудрост дека “сексот без оргазам е губење време“ тогаш многу лесно ќе дојдеме до заклучок дека спроведувањето на тендери за јавните набавки е тотална глупост, ќе сфатиме и зошто сегашнава војна во Афганистан трае толку долго, дека е бесмислено да се носат закони со кои ќе се забранува судии да се членови на партии или политичари да се газди на медиуми, дека не вреди да се забранува абортусот или пушењето во кафеаните, како и дека идејата да се направи некој степен на образование задолжителен ќе заврши само со правење на дипломата од тој степен на образование задолжителна – и ништо повеќе. За сите овие работи, во денешната колумна.

1. Кому му требаат тендери за јавни набавки? Никому, оти ама баш никој нема фајде од нивното спроведување. Ниту граѓаните во чиј интерес се прават, ниту бизнисмените кои се јавуваат на тие тендери со своите стоки и услуги, ниту пак политичарите на власт кои ги изведуваат тие тендери. Тендерите за јавни набавки се тотално промашена работа и треба да се укинат и сите јавни набавки државата да ги врши со директен договор.

Што тропам глупости, веројатно ќе прашате. Еве што, и еве зошто идејата за потполно укинување на сите тендери во јавните набавки има смисла.

Сите тендери се наместени. Зошто? Па сите тендери се спроведуваат според процедури кои парламентарното мнозинство преку закони и соодветните институции преку подзаконски акти ги пропишале и регулирале. Понатаму, за сите тендери се одлучува во првостепени комисии чии членови се поставени од власта и, ако има замерки, во второстепени комисии – чии членови ги поставува пак власта. Истата власт!

По таа логика, правилата на играта ги пишуваат судиите кои истовремено судат на теренот, и кои сигурно веќе се обложиле на тоа кој тим ќе победи на натпреварот, и по таа основа, јасно е дека тие ќе направат сѐ за да победи тимот што им е фаворит. Во кој што тим играат бизнисмените кои пред изборите донирале пари за партијата која ќе дојде на власт.

И затоа, која е смислата да се јавува фирма на тендер, ако тендерските правила се направени така за да победи оној што си го има „дај ми го – на ти го“ со власта? А ако веќе е јасно дека ќе победи на тендерот миленикот на власта, која е смислата воопшто да се глуми сиот тој процедурален театар. Која е смислата да се чекаат резултатите од тендерот, па да се даваат жалби, молби, да се оди на второстепени разгледувања – кога се знае кој ќе победи?

Владеачкото мнозинство во парламентот ги носи законите и ги избира членовите на извршната власт. Тие министри и директори на јавни претпријатија според законите кои ги донеле истите луѓе што нив ги избрале на тие функции треба да го спроведат изборот на најпогоден понудувач за некоја јавна набавка. Јасно е дека играта е наместена, па зошто воопшто да се игра?

Ако резултатот е познат однапред, која е смислата на процесот?

2. Зошто не треба да се забранува абортусот, како и пушењето во кафеаните: нема да навлегувам во моралните аспекти на дебатата за и околу абортусот, оти како и секое морално прашање и тоа нема никогаш да се реши преку дебата. Ќе се осврнам на практичните аспекти од можноста да се забрани вршењето абортус во нашата држава.

Ајде да речеме дека некоја ултра-конзервативна влада ќе го забарани вршењето на абортуси на територијата на државава. И да речеме дека тој закон навистина строго ќе се применува. Што со тоа? Дали жените и девојките кои решиле да извршат абортус ќе бидат спречени? Јок, Македонија е премногу мала држава, па оној кој има доволно пари да плати за постапката на абортус има доволно пари да плати и за пат до некој град од соседните земји каде што абортусот не е забранет па ќе може таму да го изврши.

И што ќе добиме со забраната на абортусот во Македонија? Ништо, само што ќе се смени локацијата на која ќе се врши. Сосема истите луѓе (македонските државјанки) ќе го имаат, сосема истиот број на абортуси ќе биде извршен, и сосема истиот број на деца ќе бидат спречени да се родат и да живеат.

Бројот на абортуси што се случуваат навистина треба да се намали, ама со нивна забрана тоа нема да се случи. И ако резултатот (бројот на извршени абортуси од македонски државјанки) ќе биде сосема ист по евентуалната забрана како и што бил и пред неа, која е смислата да се комплицира процесот?

Исто е и со забранувањето да се пуши во кафеаните. Настрана што во голем број на кафеани чии газди си имаат „дај ми го – на ти го“ со инспекторите се пуши сосема слободно и тие се повластени во однос на оние кафеани каде што газдите си немаат добри односи со инспекторските служби. Повластени оти луѓето ќе одат во оние кафеани каде што може да се пуши слободно, а не онаму каде што може да бидат казнети.

Настрана значи тоа, туку прашањето е за ефикасноста на целиот тој концепт, ако идејата била да се намали количеството на испушени цигари од пушачите во државава. Што ако на луѓето им забраните да пушат на едно место, кога можат да пушат на друго место каде што никогаш не можете да им забраните да пушат. Дома.

Луѓето кои што се пушачи се зависни од цигарите и имаат психолошка и биохемиска потреба да конзумираат одредено количество цигари во денот. Дали ќе испушат десет цигари дома и на улица и десет во кафеана, или дваесет цигари дома и на улица и ниту една во кафеана, која е разликата во кончениот внес на никотин и катран?

Ако резултатот е ист и со и без забрана, зошто воопшто да се спроведува тој процес, кој ако ништо друго, го има и негативниот ефект по бизнисот на угостителите, кои се принудени да отпуштаат работници оти им се намалува прометот?

Здравјето на непушачите било заштитено? Е па ние непушачите мали деца ли сме, зарем ако толку сме загрижени за своето здравје не можеме самите да одлучиме дали и во која кафеана ќе одиме? Настрана фактот што премрсната, презачинетата и преблагата храна е далеку поголема закана за здравјето од тутунскиот чад.

Повеќе за ова прашање пишував во колумната „Под фенерот“.

3. Зошто толку долго трае војната во Афганистан (и „кревкиот мир“ во Босна и Косово): не знам дали сте го гледале оној цртан филм со Том и Џери кога на глувчето еден ден му дојде преку глава да се бори со мачорот кој почна исклучително нефер да ја „игра играта“ и едноставно си замина, во знак на протест. По што во куќата конечо завладеа мир, и газдарица на Том сфати дека веќе нема потреба од него (оти немаше глушец) и го избрка. Па потоа, кога се најдоа на улица и глувчето и мачето, се договорија заедно да се вратат на своите стари „функции“ и никогаш повеќе Том да не го докрајчи во брканиците Џери, за да газдарицата секогаш има потреба од мачор во куќата.

Нешто слично пишував во колумната „Што е причина, а што е последица“ а делумно во тој правец беше и колумната „Теодора и Ника“ а истото објаснување може да се даде и како одговор на прашањата од насловот на оваа точка.

Имено, Американците во Афганистан им даваат стотици милиони долари на своите сојузници во таа земја, со цел да се борат тие против Талибанците. Воедно, сѐ додека се американските сили присутни таму, нема ни теоретска шанса Талибанците да се вратат на власт, оти премногу има оружје насочено против нив.

Па така, каков интерес имаат локалните американски сојузници во Афганистан да дојде до конечна победа врз Талибанците? Никаков, оти штом ќе биде извојувана победата, Американците ќе си заминат дома на триумфална парада во Њујорк и… и потоа нема веќе стотици милиони долари за афганистанските сојузници, нема повеќе „голем батко“ кој што ќе го одржува статус квото. Може да се случат после војната избори на кои сегашните владетели на Афганистан ќе ја изгубат власта, а сѐ додека има воена состојба во земјата, фер избори нема да се случат, па сегашната власт ќе си остане на власт.

Сосема истата работа ја има во Босна и Косово, и двете држави кои би банкротирале уште утре без меѓународните донации. Тамошните политичари многу добро знаат од каде доаѓаат парите, тие стотици милиони долари што преку наместени јавни набавки главно завршуваат во нивните џебови, и сѐ додека е тоа така, тие немаат интерес да го довршат мировниот процес во нивните земји.

Ако викнете тим молери да ви ја варосаат куќата или станот, и ако им плаќате „по саат“ очигледно тие ќе немаат интерес брзо да работат и да ја завршат работата. Ако им платите според тоа колку соби ќе варосаат, тие ќе имат интерес брзо да завршат кај вас, да земат пари и да одат на друга задача кај друг муштерија.

Сѐ додека САД и другите богати земји од меѓународната заедница кои плаќаат за „мировниот процес“ во Афганистан, Косово и Босна на локалните „молери“ им плаќаат „по саат“, тие „станови“ нема да бидат „варосани“.

А истото може да се каже и за нашите преговори со Грција. Ако преговорите се завршат утре, преговарачите и посредниците ќе останат без работа и плата. Имаат ли тие личен интерес да се најде решение?

4. Судии членови на партии, политичари газди на медиуми: за тоа дека е сосема бескорисно да се забранува судија да биде член на некоја политичка партија, лидер на партија да биде сопственик на медиум, да има партии со етнички карактер и да се вработуваат партиски кадри во јавната администрација, пишував поопширно во колумната „Да се забрани, ама џабе“.

Нема смисла да повторувам тука што сум пишувал таму, само бидејќи е во ист дух со денешната колумна (џабе друг процес, ако резултатот е ист), мислам дека е убаво да се даде линк до неа. Ако не сте ја прочитале, ѕирнете ја.

5. Дипломата побитна ли е од знаењето? Секој човек со здрав разум би се согласил со мојата констатација која стои како бисер на мудроста горе во десниот агол на мојот блог и која гласи „подобро паметен човек без образование отколку образован човек без памет“, но што се однесува до политичарите кои кај нас биле или сѐ на власт, тоа не така. Изгледа тие немаат здрав разум.

Имено, во нашата држава ако сакате да полагате правосуден испит и да станете правник со положен државен правосуден испит, ќе морате да имате барем пет години правен факултет завршено за да смеете воопшто да се пријавите за полагање на тој испит.

Значи, да повторам со други зборови: ако сте поминале десет години како странка во некој судски спор и сте научиле за тоа време практично сѐ што треба за тоа како функционира правосудниот ситем – тоа ваше стекнато практично знаење не вреди ништо во однос на дипломата на некој што вчера завршил мастерс-студии на правен и кој можеби никогаш не влегол во судница, никогаш не комуницирал со судија или со адвокати. Тој смее да полага правосуден испит, ама вие не смеете ни да се пријавите за тој испит.

Процесот на учење се цени во нашиот систем повеќе од самото знаење.

Слично е и во комисиите за полагање на возачки испит, чии што членови мораат да имаат завршено високо образование. Не е битно кој факултет го завршиле, па испаѓа дека член на комисија за полагање за возачка дозвола може да стане некој што вчера завршил, што знам, земјоделски факултетет насока пчеларство, ама не може да биде некој што дваесет години веќе вози такси и го има сообраќајот „в џеб“, ама ете во тој џеб ја нема факултетската диплома.

Идејата зад барањето да се има завршено факултет е демек да се поттикнат луѓето да студираат и да завршуваат факултет. Убаво тоа, ама што врска има со полагањето на испит за возачка дозвола? Побитно е да имаш диплома од струка која врска нема со возењето возила, отколку да имаш практично искуство и знаење токму со возење возила? Несфатлива и апсурдна логика!

Која што логика стои и зад воведувањето на задолжително средно и кампањата за што повеќе матуранти да се запишат на факултет. Не е битно на кој факултет ќе одат, битно е да студираат. Со таквата логика ќе добиеме како општество само повеќе невработени со диплома од средно и повеќе невработени со диплома од факултет. Со тоа нема да се намали бројот на невработените.

Ако резултатот е ист, која е смислата да се менува процесот?

*

Градиме велелепен стадион ама не изградивме велелепна фудбалска репрезентација. Па сега поразите што ќе ги ниже таа чкарт-репрезентација ќе можеме уште повеќе да ги чуствуваме како понижување. Поставуваме статуи и капии на кои ќе се восхитуваат идните генерации, ама трошејќи ги парите за тоа, не ни остана ништо за инвестиции кои ќе ја развијат економијата која ќе ги задржи тие идни генерации тука, за да не си заминат засекогаш во странство.

Првин ќе најдеш девојка која ќе ја љубиш и ќе те љуби искрено, па после ќе бараш ресторан во кој ќе правите свадба. Прво се гради тим што ќе победува, а после се гради стадион по мерка на тој победнички тим. На тим на губитници, доволна му е и една селска полјана.

Првин треба да се изградат градителите, а после тие ќе изградат сѐ друго.

.

П.С: Поради моја излапавеност, наместо да седнам да ја пишувам најавената колумна „Уште неколку заблуди за долговите“ ја напишав оваа што ја прочитавте пред неколку редови. И дури сега сфатив дека требало друга колумна да пишувам. Никому ништо, таа најавената за долговите ќе оди наредниот четврток, а се надевам дека оваа денешната ви се допадна.

До четврток, поздрав😉

7 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Смешни се тендерите, опасни забраните, потребни божемните држави… ама зошто бре сексот без оргазам да бил губење време? Па ќе дојде и тој на крајот, ваљда?!? :))

    Билјана

    26/11/2010 at 20:17

    • Па човек не јаде за да јаде, ами за да се најаде.
      Не спие за да спие, ами за да се наспие.
      Не работи за да работи, ами за да заработи.
      Не се бори за да се бори, ами за да победи.

      По таа основа… џабе процесот ако нема резултат🙂

      Еве значи бисер на мудроста: „Што е борбата во однос на сексот, тоа е победата во однос на оргазамот“

      Знаеш како велел Че Гевара: Hasta la victoria siempre!

      • Цццццццц, човек да не се зеза со тебе – оти цела лекција ќе си добие! Еве, се поклонувам – така е, се така! И сите резултати без приговор ги прифаќам (освен за сексот – хаха). Зашто резултат на сексот се децата, а оргазмот, како и самиот секс се уживање🙂 Или имаме машко-женски конфликт овде?

        Билјана

        27/11/2010 at 00:51

        • Каква врска има сексот со војната во Афганистан, наместените тендери, преговорите за името, задолжителното средно и возачките дозволи?

          Е ајде де😆

  2. Jas sum relativno nov citac na vasiot blog,pa kolumnive gi citam od najnovite pa nanazad kon postarite.Moram da priznaam deka se mnogu interesni i navistina zasluzuvaat vnimanie.
    Da ne dolzam,citajki ja ovaa kolumna sakam da iskomentiram okolu pusenjeto i zakonot za pusenjeto.
    Od koga vo nasava drzava se postavi prasanjeto okolu zakonot za pusenje cigari,narodot se podeli po toa prasanje ,pusacite go napagaat i imaat svoi argumenti za toa dodeka nepusacite go odobruvaat i pozdravuvaat zakonot.Posto nie sme poznati kako pusacka nacija,t.e. procentot na zavisnici e dosta golem,taka da moze da se zakluci deka poveke luge go osporuvaat toj zakon odosto tie sto go odobruvaat.
    Taka vo site javni i privatni debati okolu ova prasanje sekoj se drzi do svoeto i “borbata e vecna” i nema da se dojde do zaednicki zaklucok na ovaa tema.Posledniot zbor go ima drzavata koja go donela ovoj zakon,jas go pozdravuvam (od moja gledna tocka) no sproveduvanjeto na zakonot e dosta diskutabilno i vo toa se slozuvam so vas gospodine Bogdan.
    Si zemam za pravo da go komentiram i podrzam ovoj zakon posto spagam vo kategorijata na luge koi prvo bile aktivni i pasionirani pusaci,a denes (veke 6-7 godini) sum nepusac.Da rascistime na pocetok deka od pusac tuku taka ne se stanuva nepusac,zavisnosta e golema i procesot na otkazuvanje e makotrpen.Jas ne poznavam a i retko gi ima (sekoja cest za niv) koi od aktivno pusenje od “cista mira” tuku-taka gi ostavile cigarite.Pusacite vo koi spagav i jas,si naogaat zadovolstvo vo “kafe-cigarce” vo “cigarce posle jadenje” vo “cigarce so alkohol” vo “cigarce so muabet” vo “cigarce pred spienje” i t.n i t.n.Duri se sekavam na vremeto imase i edni cigari vo bivsata drzava na koi pisuvase “s cigaretom nisi sam”🙂 taka da malite zadovolstva i rituali na pusacite tesko se ostavaat a i mn e tesko da ubeduvas nekoj da ostavi pusenje ednostavno taka od nisto a i mn se nerviraat pusacite koga ke zeme nepusac,plus i covek koj nikogas ne ni pusel da im objasnuva deka treba da gi ostavat cigarite,
    Zemajki se sam sebe kako primer,znam deka sekoj pusac podsvesno si misli deka koga i da posaka moze da gi ostavi cigarite,so mal napor,dokolku falaBogu ne dojde do nekoe poseriozno zdrastveno narusuvanje pa da bide primoran na toa od zdrastveni pricini.I koga i da ti tekne na toa slatko si palis edno cigarce mislejki deka uste ne dosol denot koga treba da se soocis so otkazuvanje.
    Kako kazav prethodno pusenjeto najcesto se ostava poradi nekoja pricina,za zal najcesto zdrastvena.Primerot moj e toj sto vo mladosta dolgi godini rabotev po diskoteki i nokni klubovi,pa pokraj toa sto bev pusac a i ljubev alkohol (odlicna kombinacija) plus okolu mene bese tolku zacadeno sto edvaj lugeto se gledaa koj e i sto e.Kako hipohondrik,prvite bolki vo gradi koga gi pocustvuvav i nemozev da spijam koga epten kasno se pribirav doma,od pusti strav gi bataliv cigarite preku nok.Ke kazam kako gi otkazav pa moze ke mu dadam ideja na nekoj da go stori istoto🙂 ako ima zelba sekako.Znaci za otkazuvanje trebase pricina,pricina bese stravot po zdravjeto i toa golem strav posto od tolkavi kolicini na cad od cigari sekojdnevno okolu mene ne bese vozmozno da se ostane zdrav.Jas kako pusac najveke i bez kontrola gi pusev stom pocnev da pijam alkohol,t.e. nokno vreme dali uz rabota ili uz drustvo.Koga resiv da gi otkazam znaev deka stom se napijam odma ke pokazam slabost i togas ke mi falat najveke,a i pod alkohol ne rasuduvas pravilno pa mn e lesno da potegnes po cigarce.Problemot go resiv na poj nacin sto pocnav da kupuvam edni malecki puri,golemina na obicna cigara,so aroma,znaci aromatizirani,so vkus na cokolado ili vanila.Pa taa nedela od koga resiv da gi otkazam cigarite intezivno piev sekoja vecer skoro cela nedela(maraton) za da vidam dali ke izdrzam da ne zapalam.Koga epten epten ke mi dojdese za cigara si ja palev purickata primer so vkus na cokolado i samo ja pavkav,ne vovlekuvav na vnatre.Taka malce po malce so pavkanje na aromatizirani puri za dve nedeli fativ ritam da ne mi treba cigara i posle natamu se e navika.
    Zakonov koj e sega vo sila mnogu dobro ke mi dojdese vo vreminjata koga rabotev po diskoteki,posto togas iako gi ostaviv cigarite isto kako da pusev posto kako pasiven pusac bev izlozen na cad sekojdnevno.
    Veruvajte(se obrakam na pusacite) ako nekoj den se resite da gi ostavite cigarite ke svatite kolku vi preci cad od cigara.Vprocem se veli deka najprotivnici na cad od cigari se tokmu bivsi pusaci a ne tolku onie koi i nikogas ne zapalile.Samo toj pusac sto se resil da ostavi cigarite moze da ja svati tezinata na muabetov.
    Jas okolu godina i polovina ziveev i rabotev vo London.Znaci za toj sto ne znae vo Anglija pusenjeto e strogo zabraneto na javni mesta.nesto slicno na nasiov zakon,mozes da pusis samo doma,vo avtomobil ili na ulica.Vo javni objekti i vo javen prevoz e strogo zabraneto.Mojata rabota vo London bese povrzana so sekojdnevni dvizenja niz gradot i toa na dolgi relacii i razlicni mesta.Mozam da se pofalam deka za toj kratok period go isprosetav gradot udolz i popreku poveke od nekoj sto e tamu cel zivot.So toa sakam da kazam deka vidov mn narod najrazlicen od klosari do najbogati,od najmirni do najnasilni,od krajnost vo krajnost no nitu ednas ne vidov nekoj da go prekrsi zakonot za pusenje pred moj oci.Znaci od javen prevoz,do razno razni hoteli,restorani,privatni zabavi i t.n. do najrazlicni narodi vklucuvajki ne i nas balkancite kako najgolemi prevaranti🙂 tamu site go postovaat zakonot.Moram eden primer da istaknam koj ke go pametam za cel zivot vo vrska so zakonot tamu,sto kaj nas nema da se desi vo narednite 100godini sigurno.Svoevremeno eden kratok period rabotev vo eden mal i simpaticen hotel na bar.Toj hotel bese del od lanec na hoteli sto gi ima bezmalku po eden vo sekoj taka poznacaen grad vo Evropa.Pr London,Pariz,Praga,Viena itn.Gazda na lanecov hoteli star covek koi ima dva sina.Gazdata epten star,veke nemoze ni da patuva taka da rabotata na hotelive mu ja doveruva na eden od sinovite.Inace avstrijci se familijava,luge milijoneri,posto hotelive dosta solidno im rabotat.Periodov koga se desava desavkata e nekade pred katolicki Bozik.Vo hotelov kaj sto bev na rabota bese dojden sinot na gazdata,fakticki noviot gazda,srednovecen gospodin so soprugata,taka da i nivoto pomegu vraboteneite vo hotelot bese na povisok level.Vecerta jas i uste eden bevme na rabota na bar,a na sankot sedat gazdata so uste dvajca romanci.Fakticki romancite nesto poravaa vo hotelov,bea nekakvi majstori pa toj sakase da gi pocesti pijalak i pomina so niv nekoe vreme na bar,pa imav prilika neposredno da gi slusam.Na sred razgovor covekov stana od sank i im se izvini na gostite deka ke gi ostavi za kratko,na nivno prasanje kaj ke odi im kaza deka ke izlezi nadvor da zapali cigara.Hotelcevo pozadi imase mala gradina,pa toa za gostite bese zona za pusenje.Vremeto bese premnogu ladno duri i za London.Jas otidov nadvor po nego da proveram dali ima pepelnici nadvor kaj sto se pusese i dali se cisti i go vidov gazdata na hotelot kako si gi krenal jakite od sakoto i se tresi kako list na vetar i si pusi cigarce sam vo temnicata.Si rekov ova kaj nas ne e vozmozno.Toj gazda,milioner,na lanec na hoteli,vo svoj hotel izleguva bez pogovor od edna relaksirana atmosvera na bar so casa kvalitetno viski da pusi cigara nadvor na temperaturi pod nulata.Jas bev frapiran a toa za niv e sosema normalna rabota.Golema e razlikata pomegu nas i niv kako luge i mentalen sklop a i sekako razlikata pomegu drzavite ne e za komentar.Eden moj prijatel srbin znaese na sega da iskomentira vika: “da znas da sve sto su izumili ovi englezi je pametno”.taka da i jas ke se nadovrzam na toa so zakonot za pusenje,deka ako vo takov multietnicki i multikulturen grad kaj sto zivee se i sesto toa moze da funkcionira,zosto ne bi mozelo kaj nas.Dodusa nema da navlezam posto ne sum upaten kako im glasi niv zakonot vo detali,ne znam bas i kako e formuliran kaj nas tehnicki (ne sum go procital) no sproveduvanjeto ne e vo red.Za edni e majka za edni e makea.Negde se aminuva pusenjeto,dali partiski dali rodninski a nekade se lecat kompleksi i se sproveduva zakon na nedolzni gazdi i gragani koi nemaat soodvetna pozadina.Isto kako i so kaznite na policijata,koj ima rodnini i vrski kazni ne vazat za nego,za razlika od nas obicnite smrtici koi ke plakame kazna duri i ako nakrivo go poglednes policaecot.
    Bez razlika koj e za i protiv pusenjeto,kaj nas se mn raboti bea izlezeni od kolosek,realno da se priznae,jas so moi oci imav videno vozac vo kombe so brza pomos so cigara vo raka,za dokrorive po bolnicite da ne pravime muabet,profesori i nastavnici po skolive,vo kancelarii po firmi kaj so ima poveke vraboteni treba poveke mina da trpat eden ili dvajca nesovesni koi pusat cigara za cigara.Mislam deka idejata na zakonot e da stavi malce red vo toa.Plus na zapad za restoran ili diskoteka ili noken klub,pokraj toa sto vo poveke drzavi ima zakon protiv pusenje,ama i so zakon ventilaciite im se propisani da bidat po neznam kakvi standardi,taka tie i da dozvolat da se pusi nema do tolku da se oseka.Ova kaj nas nema vrska so realnosta,vo 90 % objekti od takov tip za masovni sobiranja na narod nema elementarna vetilacija bar na minimalen nacin.Gazdite ne vlozuvaat vo toa za poevtino da pominat so gradenje a i nema koj da gi kazni,taka da ako nema oblaci od cad od cigari ke se udavis vo rea od pot.Kaj nas se i mn poevtini cigarite za razlika od zapadnoevropskite drzavi.Ako resis da posetis nekoj prijatel od kaj nas natamu,prvo ako e pusac odma ke ti poraca edna steka cigari,posto kaj nas e dzabe vo sporedba so tamu.Kontradiktornosti kolku da sakas.Se slozuvam so konstatacijata deka ne e zakon samo da se donese i izglasa,ami treba da se sprovede.Ima uste mn da se pisuva na ovaa tema,se nadevam ne preterav jas mnogu🙂

    DeJaN

    07/10/2011 at 06:48

    • Коментаров навистина е огромен🙂

      Не станува збор за менталитетот на народот на Запад и тука, туку во самиот принцип:

      Имено, ако не може државата преку закон, како тогаш државата да ги одвикне луѓето од пушење?

      Одговорот е дека тоа не е работа на државата!

      Ако некој е доволно возрасен да смее да одлучува кој ќе биде на власт (преку избори) која е логиката тој што самиот го избрал да му забранува самиот да одлучи дали ќе пуши?

      Во стилот: вие граѓани изберете не нас, тоа е ваше право, а ние потоа ќе ви го одземеме правото самите да бирате дали ќе се труете или не. Доволно сте зрели да изберете власт, ама не сте доволно зрели да изберете дали ќе пушите или не.

      Таа логика е прв чекор кон недемократско владеење. Во ЕУ тоа е пракса долго време, па дојдоа до тоа кога Ирците гласаа против Лисабонскиот договор, да ги тераат од Брисел пак да гласаат за истата работа.

      • Vie ste se nadevam pusac,pa drzite do svoeto🙂 i voopsto ne zameruvam.
        Vo princip so zakonot treba da ne zastitat nas nepusacite,da gi sprecat idnite pusaci(barem vo nekoj procent),da odviknat nekoj od pusacite (dokolku e mozno) a vo najgolema mera na nekoj nacin vlijaat da tie sto pusat gi namalat cigarite.Primer ako ste vo nekoj lokal se nadevam ako e guzva ke ve mrzi na sekoe da izleguvate nadvor za cigara🙂
        Eden moj prijatel sto bese vo Svedska kazuva deka gi tretiraat epten mizerno pusacite na javni mesta,im dozvoluvaat da pusat po kosevi,taka da celta im e i tie sto pusat na javno mesto da se osekaat zastrameno i bezveza,duri i uspevaat vo toa kao drzava dosta se namalil br na pusaci.Dr primer vo visoko razvienite zapadni drzavi i USA na primer odat do tamu da vo intervju za rabota dobivate dosta poveke poeni ako ste nepusac,posto kompanijata nema da trosi na vas mn pari ako se razbolite,demek pusacite se razboluvaat pocesto.
        Samo ne mi e jasno kako kaj nas se nekako gore-dolu uste evtini cigarite,relativno.So eden zbor kaj nas pokusavaat da sprovedat zakon ama ne e toa toa,poveke e rabotata veter vo magla.
        I so alkoholot e isto,prava glupost e ova so 19h po prodavnici.Ako veke resile da odat i so toj zakon,togas neka kopiraat kako e na zapad,alkoholot zaedno so cigarite se smeta za luksiz na nekoj nacin e dosta skap.Plus toa namesto do 19 ili 21h treba tezisteto da go stavat na toa da ne dozvolat na maloletnicite i pijanite lica da kupuvaat.Kaznite treba da se porigorozni za taa kategorija.

        DeJaN

        07/10/2011 at 19:39


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: