Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ ДECET TOПЧИЊA, ПET ДEФИHИЦИИ

leave a comment »

Ова нешто вчера го смислив како концепт, а попладнево го средив во конечната верзија, па си велам „зошто да не го ставам на блогот, може ќе му се види некому интересно“. Инаку, редовните читатели ова можеби ќе ги потсети на илустрациите од колумната „Збунети од формата“, а ептен редовните читатели ќе ги врати дури пред две години кога беше објавена илустрацијата од колумната „Што е посилно: вештачката интелигенција или природната глупост“.

Инаку, оние читатели што прв пат доаѓаат на блогов, може да ги погледнат и илустрациите од „Пронајди ја разликата“ каде се прелеваат постепено еден во друг ликовите на двајца наши еминентни политичари, или пак необичното „Календарче“ од истоимената колумна, како и за оние со посериозен вкус графичкото објаснување за тоа зошто мнозинскиот изборен систем е понеправеден од пропорционалниот прикажано во колумната „Поканувачки изборен модел“.

И нејќам некој да вади некои политичко-идеолошки заклучоци од тоа што делот со „визионерството“ содржи петокрака, оти тоа и не е петокрака ами пентаграм (другата фигура е пентагон), која пак врска нема со окултизмот, барем не во овој случај. Можев да одам и со хексаграм па да личи на давидовата ѕвезда (ќе ми требаа 12 топчиња), хептаграм па да личи на шерифска значка (со поврзување на секое второ од 14 топчиња) и дури и некој посложен –грам, ама мислам дека ќе беше пренатрупан цртежот.

.

П.С: Во четврток, очекувајте ја на овој блог во редовниот термин најавената колумна „Уште неколку заблуди за долговите“. Во меѓувреме, ако не сте ја ѕирнале до сега, читнете ја „Процес или резултат“.

Поздрав😉

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: