Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ BPAT ИЛИ ШИJA?

with 20 comments

Слично на „говедото“ на сликава кое всушност не е говедо, ами само куп плодови аранжирани така да даваат форма на наведеното животно, и многу други работи кои оддалеку изгледаат како една работа, ако малку ги проанализирате, испаѓа дека се сосема други работи. Од таму, многу синоними т.е. два различни зборови за една иста работа, всушност и не се синоними, туку се два различни збора за две различни работи.

1. Илустративен виц: доаѓа синот кај татко му и му вели: „тато, јас сум геј“. На што таткото зачудено го прашува „а што е па тоа геј?“

На ова синот по малку збунето одговара: „па знаеш, кога еден маж сака да има секс со друг маж, а не со жени“. На што таткото почнува да ги поставува следниве прашања:

– А возиш ли ти „Ферари“? – на што синот одговара дека нема таква кола, и дека го вози сеуште оној стокец што семејството го поседува веќе 25 години. Потоа, таткото го прашува синот дали носи костуми од марката „Гучи“, на што синот одговара дека сета облека што ја има е „мејд ин чајна“ или е „ефтина турска роба“. И конечно, на прашањето на таткото дали синот е сопственик на златен часовник од некоја престижна швајцарска марка, тој одговара дека нема златен саат ниту некогаш имал во животот, ами дека часовникот на раката му е ефтина тајванска имитација (наместо „ролекс“ пишува дека е од марката „релакс“) купена од пазарче за 350 денари.

Откако ги ислушал овие одговори, таткото мудро го советувал синот: „е синко, синко, штом немаш ни ферари, ни гучи носиш, ниту златен саат од оригинална марка, тогаш синко не си ти никаков геј, ти си бре еден најобичен педер“.

2. Не си бре ти никаков левичар: имав можност пред околу еден месец да разговарам со еден активист од една невладина организација која има силна подршка од странски фондации, и кој со пена на устата (нема врска пената и устата со горниот виц!) ме убедуваше дека тој е закоравен левичар. Имено, јас му се преставив во текот на муабетот како тврд десничар и му изнесов пар десничарски фрази и идеи, а тој ми возврати со својата определба како приврзаник на левите идеи.

Па го прашав: „добро, зошто ти сметаш дека оваа влада треба да падне?“ на што тој ми одговори дека „таа нѐ држи подалеку од Европа и НАТО“. Па го прашав „а што е толку лошо да сме подалеку од ЕУ и НАТО?“ на што добив одговор дека „Македонија мора што поскоро да стане членка и на Унијата и на НАТО оти само така ќе се подобри меѓународниот углед на земјава и економската ситуација оти ќе има повеќе инвестиции“.

И тогаш го прашав: „да, но тоа значи дека во замена за нашето партиципирање во инвазии и окупации на земји како Ирак и Афганистан, каде нашите војници ќе им помагаат на Америте да ги држат под контрола изворите на нафта, кај нас ќе биде отворен пазарот за влез на странски инвеститори кои ќе ги купат сите наши капацитети и ќе ги експлотираат нашите природни богатства и ефтината работна рака. Ем ќе окупираме во странство, ем ќе нѐ експлотираат тука“.

На ова добив одговор дека „тоа се жртвите кои мораме да ги направиме, за да се приближиме кон стандардите на Западот кон кој природно припаѓаме“.

Конечно, кога го прашав „и што кога ќе се приближиме кон стандардите на Западот, откако и ние ќе станеме асли западни, што тогаш ќе правиме?“ добив одговор од него дека „е, дури тогаш ќе се организираме во анти-глобалистички организации и исто како младите луѓе на Запад ќе се бориме против милитаризмот и војните за нафта и влијанието на големите корпорации“.

Мојот заклучок кон него беше: „значи треба да се откажеме од нашето национално достоинство за да влеземе во систем во кој, откако ќе се вгнездиме, ќе почнеме да се бориме токму против оние работи поради кои и сме влегле – имено капитализам и воена сила?“

„Да, токму така“ – без да му трепне око одговори левичарот, на што јас, откако му го раскажав вицот од почетокот на колумнава, му реков дека „не си ти никаков левичар бре, ти си еден обичен комуњар“.

„Зошто?“ – навредено праша тој, а јас само додадов: „затоа што суштината на твојата идеологија е иста со онаа на есдеес – дека треба да го смениме името за да влеземе во евроатланските структури од каде, штом сме внатре, наводно ќе можеме да се бориме полесно за да го вратиме пак името“

3. Не си ти десничар: слично со горенаведениот левичар кој што испадна комуњар, имав пред некое време муабет со еден самонаречен десничар (шест години помлад од мене, ама цврсто убеден дека сѐ знае). Откако во разговорот на тема политика со него ја искритикував јас власта актуелна, тој зачудено констатира: „мислев дека си десничар?!“. Делумно, тој муабет беше инспирација за колумната „Овчарчето што викало волк“.

Како и да е, јас по малку се најдов навреден од таа констатација и го прашав соговорникот да ми објасни тој што е тоа „десничар“ па да видиме дали јас сум или не сум десничар.

Па тој почна шаблонски: „ е, десничар е човек кој што е патриот, и кој што има љубов кон татковината и застапува конзервативни вредности, какви што се религијата и семејството“.

На ова јас го прашав дали тој смета дека државата треба со буџетски пари да работи на подигање на патриотизмот меѓу граѓаните, на што тој очекувано одговори: „да, да, се разбира, токму тоа е идејата на проектот Скопје 2014та, баш за такви цели е оправдано да се трошат буџетски пари, со тој проект се поттикнува патриотизмот“.

На што јас допрашав: „а нели ќе беше попаметно барем дел од тие пари да се дадеа за регулирање на статусот на бранителите и за остварување на некои нивни социјални барања, оти чинам дека кога луѓето кои се бореле за Македонија ги третираш како непријатели на државата – како што прави оваа власт веќе пет години – тогаш најсилно ја спречуваш желбата на други луѓе да го следат нивниот пример, оти гледаат што им се случува на оние што докажале дека се патриоти кога тоа било најпотребно?“

На ова прашање десничарот ми одговори дека “тие две работи немаат врска една со друга, дека патриотизмот на бранителите е за секоја почит, но мора да се работи на трајни вредности, зградите и спомениците ќе останат вечно да ги инспирираат младите генерации да ја сакаат татковината“.

На моето прашање „а како статуите на бик и мачка ќе ги инспирираат младите луѓе од идните генерации да ја сакаат Македонија, и кои конзервативни и семејни вредности ги промовира шмизлата?“ тој го избегна одговорот со обвинувањето дека јас сум сигурно за есдеес, и ме праша зошто есдеес не изградил ништо додека бил на власт.

На тоа одговорив дека „јас не сум од есдеес и поради тоа, не знам зошто тие не изградиле бикови и шмизли од бронза додека биле на власт“ на што тој ми рече дека тогаш сигурно сум за Љубе кој е најголем кодош и дека штом толку ми пречи односот на владата кон бранителите, сигурно сум за него и дека треба да ми биде срам, затоа што Љубе е финансиран со албанската мафија, грчкото лоби, има пријатели во Бугарија и работел за српската тајна служба. За да ја уништи Македонија заедно со другар му Бранко.

Откако го ислушав тоа, му реков: „значи ако се залагаш за правата на бранителите – тогаш си предавник, ама ако мислиш дека милиони евра треба да се даваат за бронзени шмизли, мачки, бикови и глупави триумфални капии тогаш си патриот?“.

На неговиот одговор дека „Триумфалната капија не е Триумфална капија туку тоа е Порта Македонија“ му го раскажав вицот од почетокот на колумнава и додадов: „и ти не си никаков десничар, ти си само еден обичен партиски војник кој нема своја идеологија туку верува дека шефот е секогаш во право“

4. Не си ти бизнисмен: пред неколку години, имав можност да разговарам и со еден бизнисмен (барем така тој се престави) и со кого многу брзо најдовме заедничка основа за муабет, оти и тој како и јас, се залагаше за слободен пазар. Арно ама, многу брзо испадна дека тоа што тој го дефинира како слободен пазар и тоа што јас го сфаќам под истиот термин се две сосема различни работи.

Имено, тој ми објасни дека вистински бизнисмен е оној кој „знае каде треба да се јави за да тргне некоја закочена работа, знае кој државен службеник треба да го поткупи и со колку, знае како да ги зафркне инспекциите и контролите и да не плати данок, знае како функционира системот и знае како да се протне низ дупките во тој систем и да заработи пари“

На моето прашање: „мислиш ли ти дека така треба да биде, зарем не би требало да конечно се стави ред во општеството така што нема да има дупки во законите, нема да има ниту можност ниту пак потреба да се поткупуваат државни службеници оти ќе биде едноставна регулативата и дека нема да им се дозволи на политичките моќници да блокираат бизниси кои не им се по волја за да можат да изнудуваат пари од бизнисмените?“ тој зачудено ми одговори дека ако системот се направи без дупки во него, тогаш нема веќе лесни пари, ќе треба да се потрудиш поштено за да заработиш поштено“.

На ова, јас му го раскажав вицот од почетокот на колумнава и додадов „па ако тебе не ти одговараат еднакви услови за сите, регулиран систем на работење и чесна власт, затоа што во такви услови ти не би знаел да се снајдеш, тогаш не си ти бизнисмен бре, ти се само еден трчилаж и преварант“.

Навреден од ова, тој ми одговори со индигнација: „па не сум ја крив што е ваква државата, у заебани услови само заебани играчи успеваат, а тебе ако ти се работи у поштени услови, иди бре исели се у Западна Европа!“.

На што јас додадов, полу-шеговито: „И Македонија да ѝ ја оставам на лоповите и преварантите? Од кого тогаш ќе крадете ако сите чесни луѓе си заминат?

*

Во колумната „Меѓу слонот и јарето“ пишував за разликите во значењата меѓу некои поими кои се присутни во нашата јавност веќе подолго време. Воедно, читателите кои оддамна ме читаат веројатно се сеќаваат на колумната „Национализмот е чиста спротивност на шовинизмот“.

Многу е битно да се разграничи што е што, а што не е тоа. Оти кога работите ќе почнеме да ги нарекуваме со нивното вистинско име, станува многу полесно да се одвои лагата од вистината.

Како што многу универзитетски професори не се интелектуалци туку се најобични паразити и позери, како што многу медиуми не се средства за информирање туку центри за манипулација со населението за политички цели, како што многу политичари не се лидери туку најобични демагози, така и многу тврдења не се лаги, ами само глупости во кои самите веруваме без да размислиме за нив.

Портпаролите на нашите водечки партии се толку сериозни, што се всушност смешни. Глупостите што ги прават нивните лидери секој ден се толку очигледни, што никој не сака да ги види.

Но, не се тие криви, криви сме си ние. Оти не сфаќаме дека колку повеќе површно гледаме на работите, толку подлабоко ќе загазиме во проблемите што тие ќе ги предизвикаат. Колку подолго време размислуваме, толку помалку време ќе ни остане да реагираме.

Обидувајќи се да го фатиме крајот, ние не гледаме дека сеуште сме на почетокот. И дека на оние што не би требало ни до колена да ни се, сме им дозволиле на глава ни се качат.

.

П.С: Веќе четврт број по ред, во неделникот „Фокус“ објавуваат моја колумна. Во утрешното издание, ќе можете да ја прочитате колумната со наслов „Паметно е да се правиш глупав, ама глупаво е да се правиш паметен“. Интересен наслов и интересна колумна, па затоа час поскоро – набавете „Фокус“ и прочитајте ја!

П.П.С: Наредниот четврток, очекувајте ја на блогов колумната „Букефал како архетип“.

До тогаш, поздрав😉

20 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. vo posledno vreme ti se katastrofa tekstovite. ne znam sto e pricinata, dale e mozebi pricinata sto pocna da pisuvas za FOKUS. inaku jas porano bev golem fan na fokus ama zatoa sto tie zastanaa zad a1 tv gi otkaciv zasekogas (i tie se a1) a bogami i ti pocna da me razocaruvas

    ivan

    03/03/2011 at 22:14

    • Па добро.

      Ако сметаш дека текстовите ми се катастрофа – престани да ги читаш. Не знам што се замраш со вакво срање. Само губиш време.

      И Фокус гледам си престанал да го читаш, оти му пружил подршка на А1. Претпоставувам дека само Сител и Вечер отсега ќе ги ги гледаш и читаш. На Латас сигурно текстовите не му се катастрофа.

      Ама Латас е професионалец, јас не сум професионалец. Не можам неговиот стандард на независно и објективно информирање за настаните никогаш да го достигнам.

      Мирка и Миленко исто така не знам како би ги копирал. И они се професионалнци, ептен објективни и секогаш објавуваат интелигенти и промислени анализи и колумни. Никогаш не шпекулираат со теории кои немаат врска со реалноста и секако, од власта ни денар не добиваат за своите крајно неутрални ставови.

      Е јас не сум неутрален и објективен како Латас, Мирка и Миленко. Јас имам свое мислење.

      Ти Иване, имаш ли свое мислење, или чекаш Латас да те упати кон вистината?

      • haha. najmalku sto cekam vo zivotot e latas da mi ja pokaze vistinata, i moeto mislenje za latas e nepromeneto uste od 90-tite. tuku toa sto najmnogu me boli e vesnikot vo koj imav najgolema doverba zastana na stranata na kriminalot na velija ramkovski, covekot za kogo rabotev edna godina kako komercijalist i bev brutalno ostranet jas kako i site drugi (do eden) kako kuce od famoznata firma akstra odnosno aksstra odnosno akstra trejd odnosno aksstra trejd (ne znam tocno kade rabotev)i gi vidov od vnatre site gnasotii. toa bese vo 2008g. a pricinata bese zatoa sto namerno gi kolabirase (a ne likvidirase) firmite za da ne moze da gi vrati parite kon doveritelite kon koj sto bese dolzen, a nie sekako bevme kolateralna steta. ne mozam da svatam kako vecniot deklariran opozicionen pisan medium moze da im dava podrska i koj e nivniot interes vo seto toa. ete zatoa e mojot revolt kon fokus i kon tebe zatoa sto so toa davas legitimitet na cela ovaa sranjarija. inaku i jas sum desnicar(vo vistinska smisla na zborot) do grob.
        pozdrav

        ivan

        05/03/2011 at 23:13

        • Па каде реков јас дека Велија е поштен чоек?

          Исто, од Фокус не го бранат Велија, ами само потенцираат на хипокризијата дека се лови криминал, кога уствари се лови политичкиот непријател. Велија ги праваше сите овие дубари уште во 2006та и 2007ма и 20008ма и 2009та, па тогаш од владат му дадоа 12 милиони за реклами.

          А сега кога се сврте против нив (оти виде дека ветерот почна да ја менува насоката на дување) почнаа да гледаат дека имало криминал цело време. Што не гледаа тогаш?

  2. Еден од многуте начини како да се разбуди Заспаниот,од ментално-балканскиот затворен круг на човековата мисла.Но,не е баш така едноставно, нели.Ако, Вие сте три пати во право,тогаш ќе нема повеќе со кого да правите муабет а богами ќе нема ни кого да будите.Всушност тоа е така,но не сум сигурен дека ова е вистинскиот начин.Мислам дека во текот на муабетот ,ако некој сака да ви понуди нешто вкусно за јадење,а вие сте доволно гладен,сигурно дека ќе го прифатите јадењето.Но ,што потоа?Потоа,муабетот веќе нема да биде ист.

    Vashile

    04/03/2011 at 09:10

  3. 1. Да ја освежиш формата?
    2. Знам дека ти е трејдмарк, ама…
    3. Не се лути, малце е и да се насмееме.

    kirev

    04/03/2011 at 11:15

    • Формата е минималистичка и како таква може да стане подобра само ако стане уште поминималистичка. Ако имаш идеја за тоа, кажи.

      • Мене ми личи како форма што одговара како дополнение на нешто друго. Имаше едно време по магазини (веќе не ги читам ич упм), главен текст и нешто од страна. Оваа форма ми личи на тие од страна. И тешка ми е за читање без „главното јадење“… My 2 pennies worth.

        Kiro Velkovski

        08/03/2011 at 14:06

        • Е па мене ми е арна, а кому не му се допаѓа – не мора да чита.

          Блог ми е, двор ми е.

          • Хм, ако е формата поважна од содржината, да, во право си. Но дали е така? Нејсе…

            Kiro Velkovski

            08/03/2011 at 20:47

  4. Добро се опишани појавите кои не опкружуваат. Инаку на прашањето од кого ќе се краде кога сите чесни луѓе ќе заминат? Јас имам уште едно потпрашање – Од кого ќе се краде кога сите фирми ќе се затворат? Имено, во 2009та од вкупното работоспособно население во Македонија вработени се 39%. Значи без работа се 61% од работоспособното население. Е од тие половината се пријавуваат во Агенција за вработување па тие се невработените од 32%.
    А во оние 39% се вклучени државна администрација, општинска, јавна, и се што е на буџет…

    elizabetaristovska

    07/03/2011 at 23:27

    • Просто е неверојатно колку малку навистина продуктивни луѓе во Македонија го создаваат целиот општествен производ од кој живее цела нација.

      Земјоделци, рудари, фабрички работници – нив ги има како директни производители не повеќе од 200 илјади, а од нивниот производ 2 милиона живеат.

      Секако, голем дел од тие 2 милиона си ги заработуваат сосема чесно парите во приватниот сектор во терцијарни и секундарни дејности.

      Ама има значаен дел кои единствена егзистенција добиваат од тоа што се партиски војници вдомени во јавните претпријатија. И сите тие гласаат, додека оние продуктивните апстинираат!

      • Да, сосема си во право. Навистина теретот е на малку луѓе, инаку за јавната администрација не е спорно дека чесно си работат и заработуваат, туку дека тие се на буџет – во превод трошок на државата

        elizabetaristovska

        08/03/2011 at 14:13

        • Или мора да се смени методологијата, т.е. да се олесни реалното запишување на вработените (по разни основи и на долго или на кратко) наспроти невработените. 32% нема врска со реалноста…

          kirev

          08/03/2011 at 20:59

          • Да, и јас сметам дека треба да се направат измени во законот во смисла давање на можности за вработување на час, ден и слично (ако не се веќе променети). Убедена сум дека тоа ќе им олесни и на компаниите и на оние кои бараат работа.

            А што се однесува до 32%,мислам дека е реален, а и да се корегира, пак ке остане висока стапката на невработеност.

            elizabetaristovska

            09/03/2011 at 00:42

  5. во врска со различните значења на поимите можеби ќе ти се види интересен мојот коментар на http://elizabetaristovska.wordpress.com/2011/03/07/the-activity-rate-and-unemployment-rate/#comments

    elizabetaristovska

    08/03/2011 at 13:40

  6. Нено колку те плаќаат Фокус?

    Кољо Дијамант

    09/03/2011 at 00:39

    • Пари неброени🙂

      Сега баш се мислам што да купам, дали Ламборгини или Бугати Вејрон, или да бидам скромен и едно Ферари за секој ден и едно Поршенце за викенди да си земам, а со останатите пари да уплатам рата за куќа на Азурниот Брег за спознорушата плавуша со големи силиконски цицки да има каде гола да ме чека.

      Цел ден во размислување за тоа го поминав и не можам да се решам🙂


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: