Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ CEЛAHCKA БУHA

with 49 comments

Низ историјата, скоро секој „спонтан изблик на народно незадоволство“ бил поразен и пропаднал без да предизвика подобрување на тешката состојба која ги натерала бунтовниците на бунт. Зошто е тоа така, ќе видиме во наредниве примери за селански буни низ европската историја:

1. Селанското востание во Англија: хронолошки, ќе почнеме со оваа селанска буна (линкот води до страницата за неа на википедија) која била крената во годината 1381ва во Јужна Англија од страна на тогашните и тамошните сиромашни селани, а задушена веќе истата година на еден многу необичен начин.

За детали околу буната ви препорачувам да прочитате на википедија (и од други дополнителни извори таму наведени) а овде само накусо ќе објаснам зошто била крената и како била задушена оваа побуна.

Имено, кралот Ричард Втори, кога застанал на чело на државата, го зафатила силна желба да остави траг зад себе во историјата што е можно побрзо, и за таа цел си зацртал амбициозна програма за војување, освојување и градежни активности, со што планирал ем да ја прошири својата држава, ем да ја крене националната гордост на својот народ (со цел повеќе да го засакаат луѓето) ем за идните генерации да остави монументални згради по кои ќе го паметат.

Нормално, оваа негова програма за преродба била екстремно скапа и некој морал да ја плати. Кралот бил релативно млад и неискусен, и поради тоа финансиските и административните детали им ги оставил на група од стручни советници, на кои им дал практично неограничена власт, со задача да ја реорганизираат државата и да се соберат што поскоро потребните даноци за да почне да се остварува преродбата на Ричард.

Овие луѓе, се разбира не ги интересирала ама ич било каква национална преродба, ами само гледале стекнатата власт да ја употребат што поскоро за свое сопствено збогатување. Така, меѓу првите мерки било зголемувањето на даноците (некои даноци биле зголемени и за три пати!) и ограничувањето на трговијата (со цел да се создадат монополи кои ќе профитираат од грбот на народот, а профитот ќе оди во џебовите на блиските луѓе на кралот).

Од овие мерки најсилно биле погодени токму најсиромашните, и во еден миг тие спонтано се кренале на побуна, која луѓето од власта, поради својата неспособност и мрзливост, во прво време не ја спречиле, па бунтот сосема ескалирал до тој степен што бунтовниците за неколку дена на препад го освоиле и Лондон, главниот град на кралството. Кралот не бил во градот во тоа време, туку во една од своите палати во провинција, каде се рекреирал со лов и риболов.

Но, штом паднал главниот град, од кралот веќе не можела да се крие вистината и тој ја собрал својата војска и тргнал да го „ослободи“ Лондон од селанските бунтовници, мислејќи искрено дека – како Гадафи во наше време – вештерки ги маѓепсале луѓето и дека биле под дејство на алкохол и наркотични тревки, штом против неговата власт се кренале на востание.

А селаните пак, воопшто не се побуниле против него, ами против неговите соработници, чија смена и казнување за сите апашлуци барале, како и се разбира враќање на даночните стапки на првобитно ниво. Значи, селаните, оти живееле во ера во која средствата за комуникација и информирање биле никакви, сметале дека за сите зголемени давачки и создавањето монополи (и со тоа повисоки цени) не е крив кралот, ами тие околу него.

Кога Ричард со својата војска се приближил до Лондон, бунтовниците не се исплашиле, ами напротив, се израдувале, сметајќи дека конечно ќе можат лице в лице со својот владетел да се пожалат на лошото однесување на неговите потчинети, и дека конечно ќе се реши сета збрка штом само кралот ќе дознае за неправдите.

Арно ама, не испаднало така. Кога водачот на бунтовниците дошол на средба „тет а тет“ со кралот, бил моментално ликвидиран, пред да може и едно „добро утро, честити царе, за многу години“ да рече, по што кралот одјавал сам накај насобраните бунтовници од другата страна на полето и им кажал „не може друг водач да имате освен мене!“.

Оваа негова јасна изјава бунтовниците сосема погрешно ја разбрале, сметајќи дека преговорите завршиле добро и дека кралот преминал на нивна страна. На страната на правдата!

Тој им рекол дека нивниот лидер (што веќе бил убиен ама селаните не го знаеле тоа сеуште) и другите поситни водачи на бунтот ќе бидат наградени со витешки титули, и дека сите неправедни закони ќе бидат укинати со посебна декларација, и дека сето тоа ќе било свечено изведено на едно блиско рамно поле, каде селаните биле упатени да се преместат.

Бунтовниците пресреќни од развојот на настаните, сосема безгрижно тргнале кон наведеното поле, и по пат биле нападнати од војската на кралот и уништени, скоро до последен човек. Оние малкумина што го преживеале масакрот биле заробени и испратени по двајца-тројца во разни делови на кралството за да бидат мачени и егзекутирани пред народот, за пример на другите селани  (кои не учествувале во востанието) што го чека секој кој ќе се осмели да ги ремети напорите на кралот за реформи.

Значи, главната причина за поразот на востанието на англиските селани била што тие – не го дефинирале вистинскиот виновник за нивните економски проблеми и следствено, не се пазеле од правиот непријател – кралот Ричард Втори.

Ваква психологија имаме на едно пошироко ниво и во денешно време кај нас, оти многумина сметаат и искрено веруваат дека не беше проблемот во социјализмот, ами погрешни луѓе го спроведуваа. Или во поперсонална верзија: „Тито беше добар, ама тие околу него ја заебаа целата работа“. Никој не прашува кој ли ги избрал тие околу Тито, и како може неговите соработници да биле толку лоши па да поебат цела држава, ама тој да бил добар и без било каква грешка од негова страна?

2. Востанието на Жакеритите во Франција: за време на познатата Стогодишна војна, во еден од многубројните (и куси) периоди на примирје, во земјата настанала политичка и институционална криза која била главната причина за востанието на Жакеритите.

Имено, после еден катастофален пораз во една битка, кралот бил заробен од непријателите, неговиот син бил премногу млад за да го замени него барем и привремено (додека да се врти тој од заробеништво), главните аристократи во земјата се карале меѓу себе кој да управува со државата додека да се средат работите, а во меѓувреме, низ целата земја крстосувале банди од поранешни платени војници за кои не била исплатена плата – оти „газдата на фирмата“ (т.е. кралот) бил „привремено лишен од слобода“ и немало кој да им даде пари на војниците.

Значи, тоа било време на сеопшта анархија. Аристократите војувале меѓу себе,  поранешните војници со цел да преживеат се оддале на рекетирање и пљачкосување на народот, даноците се зголемиле драматично со цел да се собере откупнина за кралот, не се знаело кој пие, а кој плаќа.

Поточно, народот гледал дека за сѐ плаќа тој, а пијат богатите и моќните. Кои сепак, со ништо не ги заслужуваат тие привилегии, оти не обезбедувале функционирање на системот, не го одржувале редот и мирот во државата.

Затоа, разочарани од својата политичка елита и останати без пари да плаќаат понатаму за нејзините глупости (преку рекет, даноци и поткупи), селаните (кои биле подбивно викани „жакерити“ поради тоа што носеле еден вид средновековни наметки т.е. „жакети“) се кренале на бунт, при што немале некоја точно дефинирана цел туку рушеле сѐ пред себе. Немале ни централизирано раководство, туку во целата таа анархија која во веќе била Франција, дополнително се вмешале и овие асли анархисти.

Во прво време немало никаква институција да ги спречи во побуната селаните, па востанието брзо се проширило низ Франција. Некои аристократи дури и ги подржувале бунтовниците на териториите на нивните феудални ривали, за да им наштетат така уште повеќе на своите противници. Арно ама, кога сфатиле благородниците дека Жакеритите против сите феудалци се борат – против феудалниот поредок како таков – веднаш се организирале против востаниците.

За момент ги оставиле своите кавги настрана и се собрале во голема и силна војска со која удриле на востаниците, кои бидејќи биле без единствена команда, без еден центар на раководење, биле лесно и без мака, едно по едно жариште на бунтот, брзо задушени.

Подоцна, биле ангажирани историчари и романописци за да ги сатанизираат селаните како најголеми злосторници и монструми, па се создале безброј приказни за ѕверствата на селаните, кои наводно убивале, силувале, уништувале, палеле, рушеле, додека биле пијани или маѓепсани од вештерки. Класичен пример дека историјата ја пишуваат победниците.

Главна причина за поразот на востанието не била како во првата точка што не сфатиле кој им е правиот непријател (војувале против сите институции), ами тоа што аристократите се организирале и обединиле оти сфатиле навреме дека како класа се загрозени од бунтот на селаните. А малата група добро организирани луѓе секогаш ќе ја поразува поголемата група неорганизирани луѓе.

Нешто слично имаме во наше време кога секој обид за трет пат во политиката здружено го уништуваат двете големи партии, за потоа нивните медиуми да ги спинуваат вестите и народот да мисли (да биде убеден!) дека нема друг избор освен онаа елита која веќе е во оптек.

3. Востанието на Стенка Разин во Русија: ова востание кренато кон крајот на XVIIиот век во Јужна Русија, го добило името по својот лидер, извесен козачки главатар по име Степан Разин. (нагалено „Степан“ било во тоа време „Стенка“)

За овој човек ништо не се знае со сигурност, а и она малку што се знае за неговите авантури пред да стане востанички лидер е прилично спинувано од страна на подоцнежните руски историчари кои сакале да го оцрнат неговиот лик и дело, или пак разубавено од страна на обичниот народ, кој во своите песни и сказни со носталгија си припомнувал за времето на својот голем бороц за слобода и човекови правдини.

А Разин не бил ниту монструм каков што го опишуваат режимските историчари од епохата на царска Русија, ниту идеалист и борец за правда каков што го прикажуваат во својот фолклор Русите и режимските историчари од ерата на комунизмот.

Според начинот на кој ги добивал своите битки, се чини дека бил екстремно харизматичен човек и одличен демагог кој на војниците кои биле праќани против него им ветувал брда и долини, права и слободи, плати и функции, привилегии и богатства, делови од пленот или парче земја за нив, одмазди врз нивните непријатели или награди за нивните заслуги, накратко – сѐ што требало за да не се борат против него, ами да му се придружат.

На овој начин, постепено се опкружил со навистина шарена мешавина од сојузници, соборци и соработници кои во него секој гледале различен човек.

Некои верувале дека тој е месија пратен од небесите да ги исправи сите неправди во Русија, други гледале силен човек со цврста рака што може дури и царот руски да го замени еден ден, трети гледале херој кој во многу битки против угнетувачите победил и по таа основа сигурно бил добар човек кој треба да се следи, четврти биле опортунисти кои му се придружиле оти гледале дека постојано победува и чекале кога по конечната победа ќе се дели пленот да грабнат најголемо парче, петти биле пратени од самата власт да глумат дека се на негова страна само за да се инфилтрираат во неговата организација…

На крајот, после сите славни победи (повеќето добиени така што Разин ќе ги убедел противниците да му се придружат) дошло време да се отворат картите и многумина од соработниците на Разин сфатиле дека нема ништо од ветените брда и долини.

Со други зборови, дал премногу ветувања на премногу луѓе, но кога требало сите овие ветувања да ги исполни – немал со што, оти немал за сите доволно.

И многумина го напуштиле, му свртеле грб, преминале на страната на непријателите му, го предале, го лажеле да помине низ места каде го чекале заседи (од кои едвај вадел жива глава), па за кратко време по достигнувањето на најголемата моќ и сила, Стенка Разин останал сам и оставен од сите довчерашни сојузници.

Конечно, една мала група војници пратена од Москва успеала да го зароби и него и последните борци што му останале лојални, и тој бил одведен и погубен во Москва, а по еден од соборците му низ секој поголем град низ цела Русија бил јавно егзекутиран за пример.

По својот карактер Стенка Разин е најблизок до нашиот Велија Рамковски. Човек што мислеше дека може да се збогати со тоа што сите ќе ги прелаже, заебе, зафркне, смота и изигра, ама на крајот – испадна дека не било така како што замислувал дека ќе биде.

Но, не е само Велија единствениот човек во Македонија кој мислеше дека до богатство и моќ се доаѓа со такви финти. Уште има такви преваранти и хохштаплери кои на многу страни многу работи ветуваа, ама ништо не исполнија.

Секој блеф трае додека да се отворат картите. А картите, кога тогаш, мора да се покажат. И потоа е веќе касно за блеф.

.

П.С: Како и секој петок, така и утре, во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе можете да прочитате една моја колумна, до сега необјавена никаде, специјално напишана за во весникот.

Колумните што до сега ги објавив во „Фокус“ мислев да ги пуштам со задоцнување од една недела тука (штом ќе им помине рокот во неделникот) но се премислив и за подостоинствено да бидат преставени, ќе ги чувам на страна додека да се акумулираат десетина или дваесетина, па ќе ги ставам во некоја дигитална книга во PDF формат, слободна за даунлоад. Првата таква книшка ќе ја ставам на блогов штом ќе се зберат доволно колумни во „Фокус“ објавени, што значи дека за неколку месеци ќе биде тоа.

До тогаш, кој сака да ги чита колумните мои во „Фокус“, ќе мора само во „Фокус“ да ги бара. На блогов, колумните што ги објавувам паралелно со оние во неделникот, се сосема различни од нив, со сосема други теми. Значи, неделно пишувам по две колумни, една за тука, една за таму.

П.П.С: Наредниот четврток, очекувајте ја на блогов колумната „Па што ако е природно“. Интересен поглед на една интересна тема, колумната нема да има врска со политика, така да – не пропуштајте ја.

До четврток, поздрав😉

Written by nenobogdan

17/03/2011 at 21:33

49 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Нено. Дај барем една твоја колумна од Фокус објави ја тука, чисто ради споредба да видиме дали твојот момент на креативност го чуваш само за нив, додека за овде пишуваш колку да се одржи блогот.
    Нено се уште те сакам затоа што уште не си ги потрошил кредитите кај мене. Немој да ме разбереш погрешно ама ако треба да ги споредам твоите постари текстови со овие поновиве имам чуство како да пишуваат двајца сосема различни луге.
    Икрено мене ми недостасува оној стариот Нено што политички, општествено, културолошки и што уште не беше близок до моите ставови, и на кој што му ги читав текстовите и по неколку пати. Без разлика што условно кажано пиша нешто против шабанизмот на Велија Рамковски се приметува дека си прилично доближан со ставовите на неговите новинари пајташи.
    Те молам врати се на твоите стари патеки зошто ми недостасува оној стариот Нено Богдан, а како што приметив и на коментарите од предходните текстови и на другите им недостасува оној стар добар Нено

    П.С. кредитите се трошат

    Елена

    19/03/2011 at 15:53

    • Елено моме, ако сакаш да видиш што сум пишал во Фокус – иди до трафика и купи Фокус. Ти го критикуваш неделникот, што очигледно – не го читаш. Што е само по себе апсурдно.

      Стариот Нено што бил бизок до твоите ставови лошо си го разбрала. Ти си била блиска до неговите ставови.

      Нено своите идеи не ги сменил. Се смениле оние кои требало тие идеи да ги реализираат. Значи, јас, метафорички кажано, од Александар не се откажав, ама од Букефалот сум разочаран.

      Мене ми е жал што ти сеуште го следиш Букефал, кој го отфрли Александар.

      Новинарите во Фокус имаат аспирации да се исто толку независни како Латас и Мирка, ама не можат бре, немаат доволно талент за да станат толку независни. па затоа се пајташи. Секогаш се опозициони, уште од Бранково време, преку Љубчо, преку Бранко рилоудед, Бучко и Хари, и сега со Грујо, и утре, пак ќе се опозиција и на новата власт.

      Затоа што не се лепеа до никого, Фокус егзистира веќе 15 години. Во меѓувреме сите неделници што се појавија пропаднаа после само неколку години.

      Што се однесува до кредитите кои се трошеле, мојот блог е наменет за луѓе кои мислат со своја глава, а не за партиски овчички, од било кое стадо.

      Така е од почетокот, така е веќе три години, и така и ќе остане. Јас од идеалите не се откажав, се откажав од политичарите кои ме излажаа дека ќе ги спроведат тие идеали, а откако го добија мојот глас и со тоа апсолутна власт, се оддадоа на расипништво.

      И колку да не ти останам должен, нема да гласам пак за партијата на Грујо. За бранковата дружина ни во сон не би гласал.

      Ќе гласам за партијата на Бранителите.

      • Аман бе Нено батали ги веке тие Мирка, Латас и другите. Зошто мислиш дека ако некој е против едните по автоматизам мора да биде за другите. Моето мислење за новинарите што ги спомна не е ништо подобро од твоето.
        Фокус не го читам. Па во право си, ама можам да те однесам кај мене во подрум да видиш цела планина од купишта стари броеви на Фокус. Јас го читав Фокус уште од средношколски денови. Го сакав затоа што цврсто стоеја до принципите да секогаш бидат опозиционерски настроени без разлика кој е на власт. дури мислам дека и брат му на Николче да беше премиер ке го пердашеше без пардон, и тоа е за почит.
        Моменкот на разединување со тој магазин е подршката што што им ја дадоа и се солидаризираа со А1 и Велија Рамковски, мада као демек нешто ке пишат против нив ама тоа е некако провидно.
        Улогата на медиумот не е само да известува, туку има и општествена одговорност. Ајде биди искрен реален и кажи дали ке се случеше оној инцидент, она понижување на македонскиот народ на Кале да не беше цело тоа подбуцнување две недели предходно од страна на А1. Јас би се заколнала и во мојот драг живот дека ништо немаше да се случи.
        Јас живеам во Бутел-1 каде што огромно мнозинство се Македонци а пред некоја година ни изградија огромна џамија во арапски сти. Од таа џамија верувај не се спие. Секоја вечер се будам во 5 и 20 ради нечиј исламистички хир. моето семејство заедно со повеке семејства од населбата се собраа и пробаа да направат иницијатија за почитување на основните човекови права а едно од ние е и да можеш мирно да спиеш при тоа да не може никој за инает да те буди во ниедно време. Беа и во полиција да се пожалат и се јавија во А1 да направат прилог за оваа ситуација и тие до ден денес не дојдоа. Нема да претерам ако кажам дека А1 се најголемото зло што и се има случено на Македонија во последните 20 години. Тие го подриваат единството кај нас Македонците. Можам уште 100 примери да ти посочам каде тие имаат разбирање за секој албански проблем и каде плукаат по Македонците но во следна прилика.

        П.С. за кој бранители ? Ако мислиш на Стојанче Ангелов тогаш си мој човек

        Елена

        20/03/2011 at 11:32

        • Значи, ај да видиме што кажа:

          Ти не сакаш да ме читаш мене, оти јас сум почнал да пишувам во Фокус, а они се солидаризирале со А1 која пак не кажала ништо лошо за џамијата во Бутел која тебе ти пречи.

          Значи, не ме читаш мене, поради џамијата во Бутел. Убаво разбрав?

          Немој сега за Велигден да вариш и вапсаш јајца, оти тие се од кокошки хранети со концентрат увезен од Србија, чија пак црква не ја признава МПЦ!

          Логика колку сакаш🙂

          Она на Кале беше само престава за распалување на страстите за да се отргне вниманието од економските проблеми и неуспеси на власта.

          ВМРО гради, ДУИ урива. А беа во коалиција и сеуште се во коалиција. МВР става лисици, а заменик министерот ги вади лисиците. Тоа не беше спонтан инцидент и не го предизвика А1, ама место да збориме за покачувањето на цените на струјата и на лебот – се замаравме со инцидентот на Кале.

          П.С: Да, мислам на тие бранители. После лажен војвода, лажен папа, лажен пастир, мислам дека е време за вистински Генерал.

          • Зарем стварно веруваш во таа приказна дека ВМРО го исценирала овој инцидент за да го одвлече вниманието економските проблеми. Зарем ке ја сечат сопствената гранка на која што седат. Тоа понижување кое што ни го приреди ДУИ, односно нивните функционери го реализираа затоа што го користат моментот на слабост кога двајца се караат (за други работи ВМРО-СДСМ) а третиот користи. Ма дај те молам не биди малициозен.
            Џамијата во Бутел ја споменав само како пример за двојните аршини на копилињата од А1. а не дека тие не сакале да известат за тоа па јас сум се налутила као. Од донесувањето на рамковниот договор до денес А1 ми го вадат џигерот со нивните двојни аршини и промоција на експерти кој што релативизираат постапки на албанците а до друга страна напаѓаат се што е Македонско.
            Инаку денес се потсетив на текстот за ЕКСПЕРТУТКИТЕ ама тој текст беше напишан од некој друг (очигледно)

            Елена

            20/03/2011 at 17:49

            • Да, инаку зошто би пратиле среде ноќ работници да градат?

              Само за да создадат реакција кај Албанците и револт кај Македонците и чуство за национална загрозеност и да се обединат околу пастирот.

              ВМРОвците оддамна си ја сечат гранката на која седат. Односот кон бранителите, фрлањето стотици милиони евра за глупи проекти, реклами и статуи, додека на земјоделците не им се исплатени субвенциите… што е тоа ако не сечење на гранката.

              Неодамна, испратија 27годишник без ни еден ден искуство за амбасадор во Албанија. Таквите за сериозни луѓе ги сметаш? За умни државници?

              Експертутките се мој текст. И тоа го има во две верзии, едната пред три години, а другата е ремискс – верзија пред еден месец, објавена тука, и со нова илустрација: http://kurir.mk/komentari/kolumni/18975-Ekspertutki

              Требаше да станам колумнист и таму, ама кога разбра дека сум се „Фокусирал“, уредникот на тој сајт не сакаше дури ни да ми одговори на мејлот во кој му ја пратив втората колумна (таа беше анти-грчка, ремикс на оние за десетте видови грчки глупаци). Ниту пак таа втората ја објави иако во неа немаше ама баш ништо за нашата внатрешна политика, туку беше анти-грчка во најпатриотски стил.

              Но не, не само што не ја објави, дури не ми пиша ни зошто не сака да ја објави. Обично партиско војниче.

              • Знам дека е твој текст, ама сакав да кажам пишувано од оној стариот Нено.

                Еве сега со нестрпливост ке ја прочитам втората верзија

                Елена

                20/03/2011 at 18:22

  2. Незнам дали веќе се навикнав на твоите ставови и идеи па веќе ми се повторуваат, или поради тоа што пишуваш по две колумни неделно, ама морам да признаам дека колумните ми стануваат не толку интересни. Како да се површни. Можеби е поради тоа што веќе не си андерграунд, па се менуваш.(како Еминем). Ти секако можеш да кажеш ‘блог ми е двор ми е’ ама и ние како верни читатели имаме право да кажеме. Важно дека Нено е Нено и се уште може да пишува добри колумни.

    Кољо Дијамант

    20/03/2011 at 01:29

    • Кољо море, Кољо бре, Кољо оф леле…

      Видиш дека стварно си навикнал, што знаеш дека моето мото е „блог ми е, двор ми е“🙂

      На блогов нема да има толку многу политика, таа заминува за колумните во фокус а ќе се концентрирам тука на историја, психологија, философија.

      Сега сум во преодна фаза, па гледаш дека место по четири точки, ставам по три точки во колумните, се преориентирам.

      А во конкретнава колумна наставав примери од ептен странска историја, оти сакам луѓето да ѕирнат и пошироко од нашата средина.

      Оти, умот е како падобран. Ако не е отворен – бескорисен е.

      Конечно, ако мислиш дека ти можеш и подобро од мене да пишуваш – отвори си блог бре!

      Мојот став за сите критичари го срочив во оксиморонштината: „ако не сте ми ни до колена, немојте на глава да ми се качувате!“

  3. Не знам што си се фатил толку новиот амбасадор во Албанија. Па никој не се родил со работно искуство. Мора секој од негде да почне, и можеби тој решил да биде амбасадор од кариера и да го помине работниот век во амбасадорување. Не треба да се прака млад и неискусен човек во важните светски центри како Вашингтон, Брисел, Москва, Пекинг итд, но треба да им се даде шанса на млади кој што ке се калат во помалку важни држави, како Франција на пример (додека е оној шарлатан Саркози на власт). Зошто генерално им се даваат функции на млади и неизживеани, одговорот треба да го побараш од Киро fucking Глигоров, тој е најголемиот виновник

    НИКОЛА

    21/03/2011 at 00:12

    • Па никој не се родил со искуство, ама за некои работи за кои е потребно искуство, кадарот мора првин да го стекне преку искачување низ скалилата на професијата.

      Имено, не мора веднаш амбасадор да го турат, нека го стават прво помошник-амбасадор, заменик-амбасадор, шеф на кабинет на амбасадорот.. да стекне какво такво искуство од тоа поле. А не одма – амбасадор.

      Она за Киро што си го пишал, што да ти кажам – се навикнав веќе пет години за секоја глупост крив да им биде на Груевци Бранко, а еве сега и Киро бил крив за се. Уште пет години да биде на власт ли треба Грујо па конечно и тој за нешто да преземе одговорност?

  4. Го поздравувам тоа што преминуваш на историја,психологија и филозофија…Не,не пишувам подобро од тебе и мислам дека сите луѓе се еднакви рамо до рамо.
    Точно е дека А1 се грижи повеќе за правата на муслиманите отколку христијаните и не гледам ништо чудно во тоа.
    А1 покажа дека за целото ова време си ги гледала своите интересни а не на македонскиот народ.(само сетете се што рамковски зборуваше за црвенковски а сега се како браќа).
    Да се гласа за партијата на Генералот е бегање од реалноста и услуга за СДСМ. Би гласал и за Караманлис само да не дојде СДСМ на власт. Демократијата кај нас е накриво насадена. По социјализмот избравме социјалисти. Сега сме во некоја пинг-понг демократија и незнам како ќе излеземе од оваа дупка.

    Кољо Дијамант

    21/03/2011 at 01:24

    • Кољо, гласот за Достоинство е глас за Достоинство, а гласот за Бранко е глас за Бранко.

      Гласот за Грујо е глас за уште четири години апсолутна власт на човек кој покажа во изминативе три години дека не го бива дури и кога има 63 пратеници. Бранко ако дојде пак на власт нема да има апсолутна власт, туку ќе мора да биде во коалиција.

      Подобро искрен предавник во коалиција, отколку лажен патриот со апсолутна власт.

  5. ете ја чоештината
    се обезличи бравооооо
    е тој ти е Александар
    ајде да си играме војна😀

    Александар

    23/03/2011 at 02:51

    • Се обезличив?!

      Со тоа што кажав дека ќе гласам за партијата на генералот Стојанче Ангелов, кој е неспорен македонски херој?

      Стварно значи, срам да ми е.

      А јас како конзервативец и семеен човек баш сакав да гласам за Грујо, кој фрли 150 илјади евра за статуата на Шмизла, која баш ги застапува моите семејни и конзервативни вредности.

      Ајде сега Александар, како добар и послушен партиски војник, објасни ми зошто да гласам за Грујо, а не за Достоинство. Ај, не лепи етикети, туку објасни.

      П.С: Ако си го прател мојот блог, ќе знаеш дека веќе седум месеци јас го критикувам Груевски. Седум месеци веќе, јас објаснувам зошто нема да гласам за него. И ти сега разбра?

  6. Не бе ич. Не е Стојанче ништо кабает. И јас можеби ќе гласам за него.
    Срам да ти е оти си го изврти муабето и се изналепи обратно :))

    Александар

    24/03/2011 at 01:59

    • Готово, срам ми е, оти сум се дрзнал да мислам со своја глава. Срам ми е, само да те замолам за една услуга:

      „Ајде сега Александар, како добар и послушен партиски војник, објасни ми зошто да гласам за Грујо, а не за Достоинство. Ај, не лепи етикети, туку објасни“

  7. И мене ми е Стојанче еден од поомилените Македонци и нема збор за него дека е вистински Македонски патриот на дело а не само на зборови и се согласувам со Александар во врска со коментарот, но мораме да бидеме реални околу политичката сила на таа партија. колку и да звучи парадоксално, со гласање во овој момент за Стојанче се прави мечкина услуга на Б.Ц. затоа што ке се разводенат гласовите на ВМРО.
    Инаку јас лично сметам дека е најбитно за нас Македонците е партијата во македоскиот блок што ке победи да биде силна и бројна во парламентот, без разлика која и да е. Па дури и СДСМ еден ден кога ке победи на избори (во некоја подалечна иднина) и посакувам да победи убедливо, инаку во спротивен случај ке биде лесна мета за уцени од страна на албанците.
    Да бидеме реални, доколку ВМРО на овие избори победи со мало мнозинство нема да може да се направи попис според сегашниве донесени регувативи, СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЗНАЕШ КОИ СЕ ТИЕ. И таквата слаба македонска партија ке мора да подлегне на притисоците на албанците за да се направи попис каков што само ним им одговара.
    Ете наместо Алексансар јас се обидов да дадам барем една од многуте причини зошто треба да се гласа за една македонска партија без да се разводенуваат гласовите
    А за Стојанче Ангелов верувам дека секој македонски патриот мисли се најдобро

    НИКОЛА

    24/03/2011 at 18:07

    • Никола Груевски не е ниту патриот (зошто Стојанче решил да формира партија, ако е задоволен од патриотизмот на Груевски?), а ниту е добар економист.

      Пет години имаше да ја оправи Македонија, а не ја оправи ни малку, само вработи нови 30 илјади партиски војници во администрацијата, ја задолжи државата со дополнителни милијарда евра и никакви реформи не направи ни во здравството, ни во образованието, ни во судство. Барем не реформи кои не се козметички.

      Не гледам која е разликата меѓу искрениот предавник Бранко и лажниот патриот Грујо. Меѓу искрениот параспур Бранко и лажниот домаќин Грујо.

      А што се однесува до пописот, што врска има какви бројки ќе се појават на него? Мислиш ти дека Албанците навистина не се 25 %? Па нели со децении имаат азиски наталитет? Како е можно после децении толкав наталитет да не се стигнати до 25%?

      А за Стојанче не се секирај. Скоро ќе видиш Бичиклиски ќе му најде маана и нему, па и него ќе го направат Сестра, кодош, предавник, слуга на албанската мафија, на грчкото лоби, на српската тајна служба, на бугарските структури, платеник на ЦИА… гледај и ќе видиш скоро каква помија ќе се истура од таа канализациска цевка врз ликот на Генералот.

  8. Дај боже да е бујна фантазија ова што го збориш зошто звучи страшно

    НИКОЛА

    24/03/2011 at 22:38

  9. Не треба да гласаш за Стојанче зошто ич не и одговара на Европа премиер екс-генерал од војната.(не дека грујо им одговара). Таков премиер сигурно ќе донесеуште полоши меѓу етнички односи (замисли коалиција Стојанче-Ахмети), ќе ги разгори раните од војната, не верувам дека Стојанче ќе го реши спорот со името, со тоа што ќе ги оствари правата за бранителите уште толку ќе ја влоши состојбата со албанците. Ако сега е хаос тогаш ќе биде уште повеќе. Лесно е да зборуваш од опозиција.(како што СДСМ зборува за стечајците- па и тие беа на власт и тогаш имаше стечајци…)

    Кољо Дијамант

    26/03/2011 at 23:57

    • Ова што си го дробел се глупости. На нероден Петко не капа, ами и мантилче и шалче му кроиш, сосе шорцеви и чорапи.

      Забега бре: да не гласам за Стојанче затоа што ако гласам он ќе стане премиер, а ако стане премиер Европа нема да го сака него а и нас, а ако Европа не го сака ќе имаме проблеми со Албанците…

      А што ако Стојанче добие само седум-осум пратеници и стане коалиционен партнер, добие само едно министерство и спроведува дел од својата програма, колку што има услови за тоа?

      А?

      Ќе ти пречи ли малку реалистично да размислуваш?

  10. Ти може ќе кажеш што ме боли што мисли европа, ама факт е дека Македонија е многу зависна од Европа.

    Кољо Дијамант

    27/03/2011 at 00:00

  11. Па не ни очекувам да направи нешто подобро, ама сакав само хипотетички да ја претставам ситоацијата кога сите македонци би гласале за Стојанче.
    P.S значи ти гласаш за привезок.

    Кољо Дијамант

    27/03/2011 at 17:35

    • П.С: Значи ти викаш да не гласам по свое убедување, ами да гласам за оној кој е најјак?

      Ти така секогаш гласаш?

      Сфати ли сега дека не треба да се правиш многу реторичен🙂

  12. Убаво би било барем еден од Достоинство да влезе во парламентот, ама искрено не верувам дека ке соберат доволно гласови со оглед на изборниот модел. Искрено не знам во која од шесте единици имаат најмогу шанси знаејки дека од сите краеви на државава има бранители и нивни подржувачи.

    Елена

    27/03/2011 at 23:00

    • Ќе видиме што ќе биде. Јас ќе гласам за Достоинство па макар никој друг не гласал.

      Гајле ми е за тоа што мислат другите.

      Стојанче сигурно нема да биде премиер, ама најверојатно ќе му бидат потребни на оној што ќе формира влада неговите пратеници.

      Па ќе мора дел од неговите барања да удоволи.

      После изборите, Груевски ќе добие најмногу гласови и пратеници, ама не доволно за да формира влада, а никој нема да сака со него да оди во коалиција.

      Особено не Албанците, кои ќе добијат сите забрана за тоа од Брисел и Вашингтон. Македонските партии исто така нема што да бараат во сојуз со Грујо, оти тој се покажа како многу лош коалицонен партнер.

      Така, во ВМРО ќе немаат друг избор освен да го соборат Пастирот од челната позиција и да изберат нов лидер кој ќе ја помири партијата со Американците и ќе им се извини на бранителите и другите кои без излажани и навредени од суетниот Груевски.

      Груевски ќе заврши како Љубчо, исфрлен од сопствената партија и прогласен за предавник, токму од луѓето кои денеска му се колнат на верност и лојалност.

      И потоа, откако на локалните избори во 2013та ќе победи ВМРО, ќе има нови парламентарни избори (пак предвремени) после кои ќе дојде на власт пак ВМРО, ама без Груевски и неговите пајташи.

      Нов лидер ќе биде или Трајко Славески или дури можеби и Влатко Ѓорчев.

  13. Не ми е јасно од каде толкав анимозитет према Груевски. Човекот не е идеален ама во моментот е најдобар без конкуренција. Кога велам најдобар пред се сметам на тоа што наметна високо темпо на работа по ветикала. Слободно оди во некое министерство и во 2 саат сабајле и ке начекаш некој службеник како работи. Се она што е пропуштено како реформи во 90-сетите, сега мора некој друг да надоместува (Груевски) и тоа мора да се почитува. Ако ова некој не го гледа и почитува тогаш стварно е злобен или покварен. Не мора да го сакаш ти или неговите противници но не смееш да негираш дека човекот работи па макар и погрешно ама сепак работи.
    Времето на владеење ва СДСМ и Бранко за мене беше време на хибернација и државата ја третираа како фикус. Јас повеке немам сила да трпам такво нешто

    Елена

    28/03/2011 at 22:15

    • Која пропуштена реформа се надополнува со фрлање на 4,4 милиони евра за Триумфална капија?

      Која пропуштена реформа се надополнува во праќање на 27годишен човек без и еден ден дипломатско искуство за амбасадор во Албанија?

      Која пропуштена реформа се надополнуваше кога МВР ги тужеше семејствата на загинатите бранители барајќи да ги враќаат парите од оштетата?

      Која пропуштена реформа се надополнува кога се поставува статуа на шмизла од 150 илјади евра или лавови од 2,2 милиони евра? И навистина ли бре толку многу чинат тие статуи?

      Која пропуштена реформа се надополнува кога се градат куполи врз собранието? Без куполите за кои ќе се дадат десет милиони евра – нема ли да може да функционира тоа државничко тело? И зарем не е поубаво тие пари да се дадат за градење на станови за млади брачни двојки? 300 станови нема да се изградат ама три куполи ќе имаме. Е па што е поважно? Три куполи, или триста станови за 1000 луѓе?

      Која пропуштена реформа се надополнува кога се градат тениски игралишта во села каде нема водовод?

      Која пропуштена реформа се надополнува кога 15 милиони евра годишно се даваат за владини реклами?

      А? Нема ли за што попаметно да се потрошат тие пари?

      Најбитно ли е жичарница до Водно да се гради?

      Најбитно ли е да се купуваат отворени автобуси? Во градот во кој приградските населби немаат атмосферска канализација ли требаат такви автобуси (секој по 200 илјади евра цена)?

      Како може 10 дрвени колиби во Охрид да чинат 3,5 милиони евра? За тие пари бре 100 нови станови ќе се изгардат. Зарем навистина чинат 10 дрвени колиби толку пари?

      При толку странски промотори за инвестици, како бре цели 5 години само две инвестиции дојдоа, и тоа едната е уште од времето на Бучко договорена?

      Колку е тоа глупо кажи ми да се ветат бесплатни учебници ама да се достават во второ полугодие и тоа полни со грешки?

      Колку е глупо да жнееш во јули, а да ти исплатат субвенции во ноември – ама наредната година?

      Колку е глупо пет години да си на власт, од кои три години да имаш 63 пратеници, претседател на држава и скоро сите градоначалници и пак за секој неуспех крив Бранко да ти биде?

      Колку е глупо две години да се чека за пасош?

      Колку е глупо во кафеана да ти е забрането да пушиш цигари? И после 19 часот да не смееш вино да купуваш од продавница?

      Да продолжам…?

      Мислам дека нема потреба.

  14. Незнам…Знам дека фабриките што ги продаде Бранко за џабе вредат 30 пати повеќе од Скопје 2014.
    Странски инвеститори нема да доаѓаат додека не влеземе во НАТО. И бај д веј зошто никој не ја спомноува најголемата едкономска криза во светот…

    Кољо Дијамант

    29/03/2011 at 09:06

    • Колку е глупо пет години да си на власт, од кои три години да имаш 63 пратеници, претседател на држава и скоро сите градоначалници и пак за секој неуспех крив Бранко да ти биде?

      Како од кризата ќе се спасиме ако фрлиме 10 милиони евра за стаклени куполи врз собранието? Градежниците ќе добијат така работа? Па нема ли да добијат истите тие градежници работа ако место куполи, за истите тие пари градат станови?

  15. Не си ја разбрал поентата. Мани може на се да се најдат, и реални и помалку реални, и треба да се наогаат, па дури и во специјализирани емисии за автомобилизам кога водителот тестира некое луксузно возило му наога некој мани – де кочењето му било за 0,2 метри подолго од предходниот модел, де поставеноста на копчињата за светлата биле на непрегледно место ставени и други ситници но генерално ке констатира водителот се работи за добро возило. Овие сегашните барем прават некое така да се изразам Некакво Возило па и нека се критикува околу тоа со што се треба да се опреми тоа возило. Овие другите барем да се обидеа да направат и Пони точак, и лош нека го направеа па да имавме што да критикувавме за успешноста на изработката зошто вака се НИ ЛУК ЈАЛ НИ ЛУК МИРИСАЛ. Еве ти еден пример од комунизмот кога имаше превработеност во фабриките и за секое едно работно место имаше и по пет работници вишок. И секогаш се наоѓаше по некоја во наводници будала кој беше вреден и сакаше повеке да работи и со чесност да си го заработи лебот, и така во работата се случувало да згреши при изработката на некој производ или пак цела серија и нормално ке се појави шефот (некоја тутурутка) поставен по партиски клуч кој што ке прашал кој направил грешка во работата и нормално овие не-работниците -а па тоа не сум јас. И на крај секогаш страдале оние кој што навистина се труделе да направат нешто, но се разбира при работата се случувало и да згрешат. Ете се обидов поконкретно да ти објаснам зошто се подобри ВМРО-вците. Само тие во овој момент можат да ја сменат МАТРИЦАТА
    П.С.
    И јас би се согласил дека жичарницата не е приоритет, или пак за дабл-декерите дека се несоодветни за Скопје но треба да ја гледаме генералната слика

    Елена

    29/03/2011 at 14:39

    • Да потрошиш погрешно 200 илјади евра е грешка.

      Да потрошиш погрешно 200 милиони евра – е или глупоќа или апашлук.

      А тоа дека овие нешто прават, а другите ништо не правеле, само ќе ти кажам ова – подобро да не работиш ништо, отколку да работиш погрешно.

      Тоа е мој став. Ако не се разбираш, не пипај. А ем шуто ем се боде не можам да ценам и почитувам.

  16. Не зборуваме за истата работа. Прво јас не го правдам неуспехот на Грујо со Бранко, бидејќи и не мислам дека Грујо е неуспешен. Сакав да кажам се додека не дојде подобар од Грујо, а тој сигурно нема да биде од СДСМ, нема да гласам за никој друг. Ова со становиве малце ми се губиш, па нели ти беше заколнат капиталист, од кога градење на државни станови е капиталистичка мерка. Преку курооо со таквите его-патриоти…до вчера се тупавте во гради со Ченто сега кога се потроши милион евра на негова статуа одма скапо било ,незнам, трошење пари…бла бла бла Човекот го дал животот за Македонија а животот е бесценет. Јас повеќе се бунам за Александар…што кур бара тој тука…зборувал грчки, ја ширел грчката култура и јас треба да го славам. Па тоа е исто како некој македонец да игра за друга репрезентација и ја да навивам за нејзе…Иначе Зелик рече дека Македонија ја водела една од најдобрите економски политики во Европа за време на економската криза…Ако тој мисли така зарем јас треба да мислам поинаку … можеби Биљана Дебарлиева знае повеќе од него…

    Кољо Дијамант

    29/03/2011 at 20:46

    • „Јас повеќе се бунам за Александар…што кур бара тој тука…зборувал грчки, ја ширел грчката култура и јас треба да го славам.“

      Само ова ќе ти кажам: Глуп си и неписмен!

      Ништо чудно што не сакаш да мислиш со своја глава туку Роберт Зелик ќе ти каже што треба да мислиш.

      За овој ли Зелик сметаш дека е добар економски прогнозер: During 1999, Zoellick served on a panel that offered Enron executives briefings on economic and political issues.

      За корпорацијата „Енрон“ се сеќаваш ли како заврши таа „успешна деловна приказна“?

      • Најлесно е да кажеш дека сум глуп и неписмен, кажи некој попаметно. Иначе незнам дали си ја сфатил целата приказна со Енрон ама батките намерно го пропаднаа…зошто-незнам… Те ценам како интелектуалец ама да кажуваш дека Бернанке и Зелик се глупави е стварно ерес.
        Ако си ти толку паметен како не те открија па да те стаа во ММФ или и тоа е се преку врски.

        Кољо Дијамант

        30/03/2011 at 23:53

        • А зошто ме сметаш за интелектуалец?!

          Најзобилно, зошто?

          Што тоа од мојот муабет те тера да мислиш дека сум интелектуалец, бре Кољо, црни Кољо?!

          Земи сметај ме за искомплексирана будала кој само тропа глупости оти не го бива за ништо друго во животот, ирелевантен лузер и бескорисен копук – и нема да те разочарам никогаш!

          Јас така гледам на тебе, и затоа ти никогаш не си ме разочарал🙂

          Ај озбилно: Горе десно имаш една сликичка која е корицата од мојата книга. Што мислиш, дека јас за Александар Велики цела книга напишав бидејќи НЕ ГО ЦЕНАМ?!

          Да сметав дека бил ширител на грчки вредности – ќе му посветев ли цела книга?

          Или можеби сум напишал книга оти сум вложил огромен напор во истражување на неговиот лик и дело и мојот восхит од тој лик и тоа дело сум сакал да го пренесам и на другите луѓе, читатели на блогов?

          Што мислиш ти, што е во прашање?

  17. Луѓе гледајте реално на работите што се случуваат.Од оваа полошо не е било.Се продолзува со истата политика на вработуваље на партиските војници во администрацијата на штета на дрзавата дури и полошо е.Се наметнуваат некои нови даноци,старите се зголемуваат,казните се огромни се со цел да се наполни буџетот а парите од буџетот знаеме сите како се трошат.Се презадолзуваме со кредитите од ММФ и светската банка,а владава троши на разни глупости.Се појавија стотина афери во кои што профитирале владини функционери,партиски војници и сл.
    (да не ви ги набројувам бидејќи ја следите политичката ситуација).Повеќето од законите што се донесени од оваа влада се со цел да го оголат народот(увоз на стари автомобили,факултет во секое село итн.)Поголема сиромаштија во дрзавата не е било.Нема веќе средна класа ја уништија,само богати и сиромашни останаа.Не гледам дека ќе се смени нешто во блиска иднина бидејќи СДСМ,БМРО и помалите партии имаат иста цел(секој за свој интерес никој за интересите на дрзавата).

    filip

    30/03/2011 at 22:30

    • Брееее испран мозок…Македонија се задолжувала…Па Македонија е едниствената земја од регионот што не направи аранжман со ММФ Што трескаш…законите за увоз на коли и за факултети биле за соголување на народот…Па не купувај кола кој те тера..Кога имало средна класа во социјалистички земји…???РЕАЛНО
      Казните се огромни…па што сакаш ти да плукаш и фрлаш кај ќе стигнеш…А ко ќе појдете во Австрија чисто било дома не било…

      Кољо Дијамант

      30/03/2011 at 23:50

      • Македонија не се задолжува?

        За која точно Македонија збориме?

        За градот Македонија во Охајо ли, или за оваа нашава Македонија, т.е. Република Македонија?

        Македонија не се задолжува?!

        WTF??!!??!!

        • Реков дека Македонија не направи аранжман со ММФ за разлика од многу други… не реков дека не се задолжува..на крај задолжувањето е нормална работа во капитализмот.

          Кољо Дијамант

          31/03/2011 at 15:57

  18. кажа и остана жив

    ivan

    30/03/2011 at 22:56

  19. тоа беше наменето за филип

    ivan

    30/03/2011 at 23:52

    • кој рече дека не било наменето за него.

      Кољо Дијамант

      30/03/2011 at 23:54

  20. за една работа зборубаш за социјалистички земји,за друга ја спомнуваш Австрија .само некои глупави споредби

    filip

    31/03/2011 at 00:22

    • Ај прочитај пак. Австрија беше споредба за чиста земја.
      Социјалистичките земји немаа средна класа…Македонија беше социјалистичка земја.

      Кољо Дијамант

      31/03/2011 at 15:58

  21. Факт е дека Македонците сакаат да живеат во анархија, затоа нејќат казни. Прееска контрола фати едни двајца во автобус и овие зачудени ко да паднал астероид.Кромањонци.
    А истите ќе бидат фини кога ќе отидат во Европа.Тоа ми беше поентата

    Кољо Дијамант

    31/03/2011 at 16:01

  22. Сите се согласуваме дека треба да има казни.Ама трудов инспектор да фати еден не осигуран работник казната беше 16 000 евра до пред 4 месеци(сега незнам колку е точно).На една фирма што одвај вади да ги плати работниците и некој ситен профит,која што си ги плака давачките(освен еден неосигуран)ти со една казна ја уништуваш.Треба малку трезвено да се размислува

    filip

    31/03/2011 at 17:18

    • Се согласувам иначе казната е 22000 евра ама и 350000 невработени е далеку од реалната бројка.

      Кољо Дијамант

      31/03/2011 at 22:41


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: