Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ MИHИMAЛHATA ПЛATA, AXИЛ И ЖEЛKATA

leave a comment »

Пред неколку денови, едни левичари излегоа со предлог да се воведе закон во Македонија со кој би се утврдила минималната плата на 60% од просечната плата. Ај што идејата за закон за минимална плата им е глупава, ама па и самото нејзино дефинирање преку проценти е уште поглупаво и докажува дека предлагачиве никогаш не слушнале за мислителот Зенон од Елеа, кој уште пред 24 векови го раскажал парадоксот за трката меѓу Ахил и желката.

1. Брзиот Ахил не може да ја стигне бавната желка: Старогрчкиот филозоф Зенон од Елеа е запаметен во историјата на филозофијата по неколку логички парадокси што ги смислил и меѓу нив најпознат му е оној за трката меѓу Ахил и желката, со кој се „докажува“ дека Ахил иако е десет пати побрз од бавната желка нема никогаш да може да ја престигне во една трка, ако таа има барем и најмала предност.

Имено, да речеме дека желката се наоѓа пред Ахил на сто метри и тогаш почнуваат да трчаат и двајцата. Додека Ахил да ги помине тие сто метри, таа ќе помине (оти е десет пати побавна од него) десет метри.

Значи, на Ахил ќе му фалат уште десет метри за да ја стигне. Ама додека тој ги помине тие десет метри, таа ќе истрча уште еден метар, па пак ќе му фали еден метар за да ја стигне. Додека тој да истрча еден метар, таа ќе му побегне уште десет сантиметри.

Додека тој да ги мине тие десет сантиметри, таа ќе му побегне за еден сантиметар и пак нема да ја стигне. Додека тој да помине еден сантиметар, таа пак ќе побегне за еден милиметар и пак не ја стигнал.

И така до бескрај, заклучил Зенон, ќе оди трката и Ахил иако е побрз нема да ја стигне желката никогаш! Секогаш ќе ѝ се приближува сѐ повеќе и повеќе, ама никогаш нема да ја стигне.

Се разбира, парадоксов си има една математичка маана (во антиката немале концепт за лимес и интеграли па парадоксов редовно ги мачел мислителите кои не знаеле како логички да го побијат), и очигледно е дека Ахил ќе ја престигне некогаш желката, ама не е тоа поентата. Поентата е дека е интересен како парадокс.

Патем, Зенон имал и некои други парадокси, меѓу нив на пример оној авторекурзивниот „ако сѐ што постои има свое место, и ако местото како такво постои, тогаш каде му е местото на местото?“. Овој парадокс, на времето ми беше инспирација за колумните „Јас тебе војводо, ти мене сердаре“ и „Кој го шиша берберот“.

2. Зошто минималната плата не треба да се одредува како процент од просечната плата е покажано е на долната пресметка. Да речеме дека е дадена состојбата со платите кои ги добиваат сто илјади работници, кои се распоредени во табелите за пресметка според тоа колкумина од нив колкава плата земаат.

После воведувањето на законот за минимална плата, редовно се води сметка ниту еден работнк да не зема плата помала од минималната со закон пропишана, која пак е пропишана да биде 60% од просечната. А просечната пак е збирот на сите пари дадени за плати, поделен со вкупниот број на работници. И тука математиката станува интересна:

Многу слично на ова е постојаното кукање дека некој земал плата пониска од просечната или дека цените на некои производи пораснале со поголема стапка од стапката на инфлација. Зошто е тоа секогаш така и никако поинаку не може да биде оти би било математички неможно никој да не зема плата под просечната, објаснив во колумната „Под просекот, над просекот“.

А што се однесува до тоа зошто минималната плата да се утврдува со закон е глупава идеја, објаснив во речиси истоимената колумна од пред две и пол години (кога прв пат се промовираше таа идеја партиски).

Сега, гледам дека и владеачките „десничари“ (наводниците не се случајни) велат дека и тие сакале да се воведе закон за минимална плата. Тоа или е глупавост и елементарно незнаење економија, или само лажат пред избори за да ќарат некој глас повеќе.

Се чини, откако и Боровинките и Портокалите се сложија околу таа демагошка будалаштина од која државава ќе има голема штета ако се воведе, испадна дека Манасиевски беше во право кога ги опиша како змија и магаре.

Ах, до кога со вакви незнајковци, до кога?

.

П.С: Утре, во редовниот термин, на блогов очекувајте ја колумната „Што не чини со мнозинскиот систем“. Минатата недела си имав една дискусија со еден пријател за тоа дали треба или не треба да се врати при изборот на пратеници мнозинскиот систем (каков што имавме до 1998та) и морав да му цртам на лист графички аргументи зошто е тој систем апсолутно погрешен. Па, некои од тие аргументи-цртежи, во утрешната колумна.

До тогаш, поздрав😉

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: