Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

◊ OБJABИB KHИГA!

with 30 comments

Чест ми е да ги информирам сите читатели на мојот блог, дека од деветти мај 2011та, во книжарите „Египетска сонувалка“ на улица Македонија, „Култура“ на Плоштад, „Табернакул“ на Рекорд, „Или – или“ карши Палома Бјанка и во книжарата „Топер“ на влезот на ГТЦ кај Холидеј Ин, може да се купи мојата прва објавена во класична форма книга која се вика „Што треба секој Македонец да знае за Капитализмот“

Книгата има 250 страници, се состои од 35 куси поглавја кои обработуваат на еден читлив и разбирлив начин (типичен за мене) разни аспекти на капитализмот и на економијата воопшто. Чини 170 денари, и иако имаше сугестии да биде нејзината цена 200 денари, јас сакав да биде што е можно поефтина за да биде што е можно подостапна за поширок круг на читатели.

Сега засега, достапна е само во неколкуте наведени книжарници во центарот на Скопје, а за во иднина ќе видиме што ќе биде.

Слична е по концепт на мојата прва воопшто објавена книга, онаа за Александар Велики која веќе две години може да се симне од мојот блог, така да се надевам дека на оние кои ја прочитале таа книга и уживале во неа, ќе им се допадне и оваа втората моја книга, прва објавена на хартија. Главен проблем со таа книга беше што мораше да се чита или од компјутерскиот екран или специјално секој сам да си ја печати на принтер, па за тоа добив многу поплаки од читателите. Сега тој недостаток со оваа книга е избегнат.

Да не должам, во продолжение, еве ја содржината на книгата, со насловите на поглавјата. Некои од поглавјата се преземни и модифицирани од текстови веќе објавени на блогов, но повеќето од поглавјата се специјално напишани за книгата и не се објавени никаде до сега. Поглавјата имаат често необични наслови, а редовно и необична и провокативна содржина:

Лимонот како симбол на капитализмот

Француска врска помеѓу добрите намери и лошите резултати

Дали „штанцањето дипломи“ е навистина толку лоша работа

Што значи тоа „право“

Што фајде од богатството

Претприемаштво: што е тоа, колку чини и каде може да се набави свежо

Субвенционирано потшишување

Што не ја прави една земја богата

Дали нашите олигарси се капиталисти

Како најправедно да се поделат триесет илјади билети на триста илјади гледачи

Капитализмот ли ни ја наметна со сила брзата храна

Заслужуваат ли големите компании посебен третман? И зошто не

Другар Тито, љубичице бела, ти ја презадолжи Југославија цела

Илузија на заштитеност

Мирдита, млади господине, бујурум повели

Како една држава се одржува

Ако профитерите треба да се срамат, дали загубарите треба да се гордеат

Бирократскиот карактер

Што е тоа еднаквост

Петелот на Пикасо

Дали социјализмот е, барем теоретски, подемократски од капитализмот

250 000 евра плата за секој пратеник

Има ли смисла задникот на една манекенка да вреди повеќе од умот на еден инжинер

Споредбена предност и вредност

Дали слободниот капитализам може да води кон фашизам

Кој е насамарен, а кој е растоварен

Зошто државните фирми секогаш се во „незавидна состојба“

Законот за минимална плата за некого е пат кон максимална штета за секого

Да имаш, па да немаш

Што корист од берзата, ако таа е како казино

Како глобалниот капитализам секогаш го победува локалниот идиотизам

Чист капитализам значи и чиста околина

Зошто „брејн дрејн“ воопшто не е штетна појава, туку напротив, е корисна

Како со социјалистичко образование до капиталистички стандард? Никако!

Сто милиони евра за учениците

Како да се намали невработеноста

Па, тоа е тоа. Ако деновиве ве однесе патот низ центарот на Скопје, навратете или во „Египетска сонувалка“ или во „Култура“ или во „Табернакул“ или „Или-или“ или „Топер“ и за само 170 денари ќе можете да станете сопственик на книга полна со вистинско блогатство.

Се надевам дека книгата ќе ви се допадне и по читањето ќе им ја препорачате и на пријателите.

Written by nenobogdan

06/05/2011 at 19:55

Posted in Uncategorized

Tagged with

30 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Искрени честитки Нено!
    Ќе купам од книгата, но без твој автограм не земам!🙂

    alexandro

    06/05/2011 at 20:10

  2. Јеиииииј! Браво! Конечно! Со среќа нека ти е и да ти се множат печатените изданија!

    biljana

    06/05/2011 at 20:54

  3. Честитки и од мене!🙂
    Ќе ја купам деновиве…

    Мартинка

    06/05/2011 at 20:58

  4. И јас се придружувам кон честитките и молам да ми пратиш на мејл жиро-сметка на која би уплатил 200 ден.
    за потоа ти по пошта како обична пратка со статус на печатена работа да ми доставиш еден примерок од книгата.
    Поздрав.

    LupcoBocvarov

    06/05/2011 at 21:41

  5. Немав проблем да ја читам претходната книга на компјутер. Аплоудирај, ако можеш.

    joajfalk

    06/05/2011 at 22:12

  6. Joajfalk,kupi ako mozes…🙂

    Мартинка

    07/05/2011 at 09:34

  7. Честитки Нено!🙂
    Прва прилика кога ќе доаѓам во Скопје ќе ја побарам и купам.😉
    Поздрав

    oksimoron

    07/05/2011 at 16:45

  8. Честитки!!!
    Книгата беше потребна.

    Кољо Дијамант

    08/05/2011 at 11:48

  9. Честитки пријателе. Нека се множат!

    Лавот

    09/05/2011 at 16:40

  10. Честитки Нено.. Нека се множат.. Ќе ја купам прва прилика а одкако ќе ја прочитам ќе ја препорачувам и подарувам наоколу..

    Поздрав

    tomsaso

    10/05/2011 at 02:44

  11. Честито Нено

    Александар

    10/05/2011 at 02:56

  12. честитки и дај пушти на блогов рецензијата, молам.

    Nikola

    10/05/2011 at 14:58

  13. Pa za knigava za kapitalizmot!
    Nema recenzent, onoj pameten covek sto treba da kaze dva tri zbora za tebe i za knigata!
    100% samizdat e knigava? 🙂

    Nikola

    11/05/2011 at 08:57

  14. Купена и е моментално читана и морам да признаам многу интересна нема што.
    Би му ја препорачал на секој Македонец да ја купи и да ја прочита и малку да се просветли.
    Толку од мене
    Поздрав и во иднина очекуваме уште многу повеќе

    Vlade

    12/05/2011 at 16:58

  15. Министерството за култура ја ИЗДАДЕ КНИГАВА. А, зошто, откриете сами штом ја прочитате книгава.

    М

    12/05/2011 at 18:08

  16. Шо бе, викаш Нено демохристијанин бил?
    Неееее бе!
    :-))))))
    Нено, секој проверен капиталист, во првата реченица од текстот, како оној горе, ќе го стави името на спонзорот.
    Вака ….
    Се бламираш бе Нено, тешко бламирање.😦

    Nikola

    13/05/2011 at 15:48

  17. Cestitam Neno, doznav slucajno, pozitivno iznenaden, Knigata e skoro pri raka, ocekuvaj kritiki…..

    A za sovrsenstvo ne brzaj, od greski se uci😉

    Aleksandar

    14/05/2011 at 00:08

  18. „Дали социјализмот е, барем теоретски, подемократски од капитализмот

    250 000 евра плата за секој пратеник

    Има ли смисла задникот на една манекенка да вреди повеќе од умот на еден инжинер“

    Дали денешниот Капитализам во Македонија е подемократски од СФРЈ???
    700 евра казна за Белгискиот државјанин што го пцуел нашиот Никола Чаушеску???

    500 евра плата за роднините на газдата којшто работаат по принципот „Нишај врата земај плата“.

    Има ли смисла Роднините на Газдата којшто имаат завршено основно образование да вредат повеќе од тие со Факултет којшто копаат со казма бидејќи немаат Вујко Владика за да станат Попови???

    Благоја

    15/05/2011 at 20:08

  19. ја купив.
    поздрав

    Елена

    16/05/2011 at 14:46

  20. Kniagata e nenormalno glupava!

    Николина

    18/05/2011 at 17:30

  21. Дали тоа твоите социјалисти(СДСМ) ја сосздадоа македонската олигархија….???

    Кољо Дијамант

    27/05/2011 at 13:15

  22. „Дали тоа твоите социјалисти(СДСМ) ја сосздадоа македонската олигархија….???“

    Абе Кољо по што заклучи ти дека јас сум СДСМ-ОВЕЦ???

    Ако сакаш да знаеш сум АНТИ-ВМРОВЕЦ, ама уште повеќе и АНТИСДСМ-овец.

    Тие две партии ти се едното лајно, другото гомно.

    Благоја

    27/05/2011 at 16:12

  23. Се очекува ладна зима. Ќе ни треба нешто за потпалување на огнот!

    Nothing Easy

    04/11/2011 at 14:04

  24. Книгата е потполна со неточности
    (во сите глави што ги прочитав, има суштинско непознавање на работите).

    Скоро се` е сведено на разговор пред кооперација, а и тоа е нивото на самиот автор.
    Нема никаква оригиналност, туку вулгарна и претставник на класичен филистинизам, ниска, навистина ниска реторика (ако е и реторика).

    Се` на се`, можеби 1 / 10 е мојата оцена.
    МОЖЕБИ.

    Книгата е поддржана од Министерството за Култура.
    Феноменот SAMIZDAT е очигледно комплетно неточен, како и целата книга.
    Каква рецензија ли поминала, се прашувам? Класичен пропаганден материјал — и премногу слаб, во мое разбирање –.

    Павел Поцев Шатев

    10/11/2011 at 15:23

  25. Сите големи Македонци се такви.🙂
    Nema drugi ustvari. :-))))))))))

    Nikola

    10/11/2011 at 19:23


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: