Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♦ EДHA MУДPOCT – MHOГУ BAPИJAHTИ

with 8 comments

После точно два месеца пауза, еве во новата, четврта по ред сезона на блогирање на мојот блог, за да не почнувам со некои долги и напорни за читање текстови, решив да стартувам со нешто кратко ама слатко (демек мудро). А од каде да се најде мудра мисла ако не од учителот на учителот на Александар Велики. Имено Платон, од кого учел Аристотел од кого учел нели и Најголемиот Македонец, на времето мудро констатирал „мрзлив е не само оној кој што малку сработил, туку и оној кој можел многу повеќе да сработи, ама не се потрудил“. Оваа изрека има многу варијанти и еве некои од поубавите:

1. Неук не е само оној што малку знае, туку и оној кој што треба уште многу да научи за да знае доволно. Оној кој знае што точно не знае – знае сѐ што треба да знае.

2. Сиромав не е само оној кој што има малку, туку и оној на кого му треба многу за да биде среќен. Затоа, оној што секогаш е алчен, тој секогаш е и сиромашен.

3. Популарен не е само оној што многумина го сакаат, туку и оној што само малкумина го мразат. Од таму, не треба да се чуствува сигурен оној кој има многу пријатели, туку оној кој има малку непријатели.

4. Лузер не е само оној што кој малку постигнал, туку и оној што можел да постигне и повеќе оти му се пружиле многу шанси, ама не знаел како да ги искористи. Затоа, поголема срамота е да бидеш „втор во град“ каде си имал повеќе можности да се пробиеш отколку „прв во село“ каде иако си имал малку опции сепак сите си ги искористил максимално.

5. Силен не е само оној кој што може да истепа многумина, туку и оној кого малкумина можат да го истепаат. Со други зборови, многу војсководци останале непоразени баш затоа што со никого не се бореле. Многу диктатори никогаш не изгубиле на избори – затоа што никогаш не излегле на избори.

6. Лидер не е само оној што на многумина им наредува, туку и оној кој од малкумина прима наредби. Со други зборови, и слободниот човек што нема следбеници е лидер – сам на себе.

7. Виновен не е само оној што го извршил злоделото, туку и оној кој не го спречил или казнил потоа злосторникот. Оној кој простува неправди и самиот е неправеден.

8. Лажго не е само оној што не ја кажува вистината, туку и оној што не ја разобличува лагата кога ќе ја слушне или прочита.

9. Слободен не е само оној што прави секогаш што си сака, туку и оној кој не секогаш прави сѐ што смее. Имено, не е човек слободен ако е роб на своите импулси и нагони, туку ако знае да ги контролира. Без морални вредности нема слободно општество.

10. Владее не само оној чии наредби се извршуваат, туку и оној чии желби и барања никогаш не се одбиваат. Од таму, и силната опозиција е своевидна власт и како таква е одговорна за она што се случува во државата.

11. Бесценето не е само тоа што никогаш не би го продале, туку и она што никако не можеме да го купиме туку мораме да го создадеме со свои раце.

12. Патриот не е оној што се гордее со татковината, туку оној што ќе заслужи татковината да се гордее со него!

.

П.С: Како што реков, почитувани читатели, имав најавено на крајот на минатата сезона дека ќе почнам со некои колумни полни со сложени анализи, фрапантни поуки и контроверзни заклучоци, ама си реков „дај да не го тупам уште од почеток со муабети жешки и филозофии тешки“ па така ете ставив за денеска нешто полесно за читање, а од наредниот четврток – одиме по старата шема. Значи…

…на 15ти септември, овој автор, на овој блог, ќе запише и ќе напише, и ќе објави и ќе обзнани, уште една, голема, колумна за Македонија… која ќе се вика „Бизарни бројки“.

До тогаш, поздрав😉

Written by nenobogdan

09/09/2011 at 16:59

8 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Продолжи така

    Кољо Дијамант

    10/09/2011 at 12:42

    • Блогаташ не е оној што ќе продолжи така, туку оној што ќе настави поинаку отколку што сите очекуваат🙂

  2. „12. Патриот не е оној што се гордее со татковината, туку оној што ќе заслужи татковината да се гордее со него!“

    Според мене Патриот е лоботомиран човек кој се мачи физички да опстане со плата од 150 евра, со насмевка и неартикулирани звуци слави поради можноста некои кои ниту ги знаат ни познаваат да заработат големи пари.
    Што мене ми дала државата па да бидам патриот?

    Кој што е патриот на плата од 150 евра тешко него…

    Благоја

    12/09/2011 at 22:29

    • Ако си комплетна личност изнеси комплетен став. Кажи што треба да бидеме ако не сме патриоти.
      Просветли не, на кој (непатриотски)начин заработуваш повеќе од 150 евра.
      Лесно е да кажеш дека другите не се во право, докажи дека ти си во право.

      Кољо Дијамант

      15/09/2011 at 21:20

  3. 150 000 на сметка на твојата фамилија. ако си храбар оди уби и уби се Благоја

    Александар

    13/09/2011 at 02:48

  4. Кољо Дијамант Зошто да бидам патриот за оваа ебана држава кога ми ја ваде душата со памук, ме цеде како некоја крава со високомлекодајни способности од даноци, секоја година поскапувања на давачките струја, вода и треба ли да викам
    МАЈКО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГИНАМ ЗА ТЕБЕ А???

    Благоја

    15/09/2011 at 22:54

    • Се уште не ми објасни што треба да бидам ако не сум патриот.
      Штом даваш насоки каков човек не треба да биде, дај насока каков треба да биде.

      Кољо Дијамант

      16/09/2011 at 23:21

  5. Државата е за некого мајка, за некого макеа…

    Благоја

    15/09/2011 at 23:09


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: