Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

♥ ПPEKУБPOJHA ПECHA

with 2 comments

Немој да почнуваш пак од нула

затоа што за првата љубов

никој нема да ти пружи втора шанса

и нема да одиграш трето полувреме

дури и ако со четврта брзина

тргнеш кон петтата страна на светот.

Но ако го следиш шестото сетило,

ќе сфатиш дека чекори од седум милји

не се прават во осмиот ден од неделата,

затоа што деветиот круг од „Пеколот“ на Данте

го очекува оној кој со своите десет прсти

ќе се обиде да ја запише единаесетата заповед:

Не завидувај им на дванаесетте величествени,

ако судбината ти одредила да бидеш тринаесето прасе!

.

П.С: Песнава ја смислив деновиве, и си реков да направам еден мал поетски излет тука, па се надевам дека ви се допадна. Инаку, инспириран од улогата на Бо МекКејлеб за успехот на нашата кошаркарска репрезентација, го променив планот за колумната што требаше да биде објавена оваа недела на блогов, и затоа утре ќе биде објавен текст тука со наслов „Странецот“. Нема врска со кошарката туку е со примери од историја и политика, а најавената колумна „Со еден удар“ ја одложувам за идниот четврток. Како и секогаш, во утрешниот број на неделникот Фокус, ве очекува мојата редовна колумна.

До утре ова време, поздрав🙂

Written by nenobogdan

22/09/2011 at 16:37

Posted in Uncategorized

Tagged with

2 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. cute!🙂

    Мартинка

    22/09/2011 at 17:28


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: