Блогот на Богдан. Нено Богдан!

мој мејл: blogatash@yahoo.com

◊ OБJABИB УШTE EДHA KHИГA

with 9 comments

Почитувани читатели и посетители на блогов, ми причинува големо задоволство што конечно можам да ве информирам дека пред некој ден од печат излезе уште една моја книга, втора по ред. Почнувајќи од 15ти март 2012та година, неа можете да ја набавите во книжарата на „Култура“ (на скопскиот плоштад), „Три“ во ГТЦ, и во „Табернакул“ (во Скопје, на Рекорд), како и во книжарите „Студентски сервис“ на Филолошкиот факултет и „Авокадос“ кај Правниот факултет.

Станува збор за книга со наслов „Што можеме ние Македонците да научиме од Филип и Александар“ и редовните посетители на блогов знаат дека книга со сличен наслов уште пред три години објавив во дигитална форма. Таа се однесуваше само на поуките што можеме да ги извлечеме од успесите и грешките на Александар Велики, додека во оваа нејзина надградена, прочистена, подобрена и осовременета верзија се вклучени и неколку лекции од мудроста на неговиот славен татко, Филип II.

Посебно внимание водев книгава да не биде преголема, ниту по формат, ниту по број на страници, ниту пак пренапорна според конципираноста, па затоа е во „џебно“ издание со димензии 13,5 на 21 саниметар, а секоја од главите во неа стои независно и може да се чита и да биде разбирлива без да мора да бидат прочитани сите поглавја пред неа.

Но да не должам. Книгата е достапна во горенаведените книжарници, по цена од 200 денари, а во продолжение еве ги и насловите на нејзините поглавја:

…..

Што е смислата и целта на оваа книга?

Ако е лошо, значи дека барем не е грозно. Ако е пак добро, значи дека не е прекрасно

Клин со клин се избива, а разбојник со разбојник се фаќа

 Послушај го Филип: оној кој пее – не владее, и оној кој владее – не пее

Праведниот крал е толку праведен колку што е праведен најнеправедниот од неговите слуги

 Со старите воини против старите непријатели, а против новите непријатели со нови воини

 Ако патот по кој сакаш да поминеш некој го затворил, направи си сам свој пат

 Ако застанеш пред надојдена река, ќе го навредиш морето кое веќе си го преминал

 Колку македонски војници загинаа во битката против запрежните коли?

 Со остар меч можеш и да го решиш Гордиевиот јазол, ама и да се исечеш. Затоа, ако не знаеш како да ракуваш со меч, барај попрост јазол

 Ако не сакаш да ти сипат отров во виното, немој да се караш со винарите

 Робовите кои имаат ропска природа не копнеат по слобода, туку по господар кој почесто ќе ги храни и поретко ќе ги тепа

 Од каков материјал сакаше Александар да биде извајан неговиот паметник

 Да ги немавме во нашата историја Филип и Александар, ќе требаше да ги измислиме, ама ги имаме, па затоа мора да ги надминеме

 Што да се стави во ковчежето на царот?

 Поука од битката на најрамното поле: што е добро за бојните коли, добро е и за фалангата

 Тука е лавот, тука бори се со него

Ако фалангата не пие вода, тогаш нема да пие вода ниту Александар

Колку љубов има во десет илјади бракови?

 Која е поуката што треба да се извлече од преминувањето на персиската пустина

 Филип знаеше дека без нивните коњи, и најдобрите коњаници се безвредни пешадијци

 Зошто Александар, за разлика од Филип, редовно е прикажуван без брада

 Тргни им се од сонцето на оние кои од тебе и не бараат ништо друго

Подобро е на луѓето да им бидеш добар ортак неколку години, отколку да им бидеш лош газда (само) неколку месеци

 На ослободените остави им го ослободеното ако сакаш да те ценат како ослободител

 Сети се на опсадата на Сур: никој не рече дека да се освои светот ќе биде лесна работа

 

Ја прочитавте книгава. И сега?

 

БОНУС ПОГЛАВЈЕ

 …..

П.С: Поради натрупани обврски во изминатиот период, не бев премногу редовен со објавувањето на колумни на блогов. Но, тоа е веќе далеку зад мене, па од наредниот четврток блогирањето ќе продолжи со старо темпо. Па, дури ќе има и малку згуснат распоред на почетокот, за да се надополни пропуштеното. Значи, во четврток очекувајте ја на блогов колумната со наслов „Ресурси и намери“. А веќе наредниот ден по неа ќе пуштам и нова колумна. А и во денот потоа и во денот по неа.

Една недела сепак, нека стои информацијава за објавената ми книга. А од 22ри март, одиме пролетно и полетно со нови колумни на овој блог. До почетокот на пролетта, читнете некоја книга, на пример, оваа мојава или онаа пред неа што ја објавив🙂

Written by nenobogdan

15/03/2012 at 16:20

9 Responses

Subscribe to comments with RSS.

  1. Честитам Нено и многу успех!

    alexandro

    15/03/2012 at 20:37

  2. Cestitki Neno!🙂

    oksimoron

    15/03/2012 at 21:54

  3. Честитки и од мене Нено и ти пожелувам многу и многу овакви книги кои недостасуваат во нашата книжевност. Јас ја ископирав првата книга и навистина има од неа што да се прочита. Ме интересира, што си по струка?! Јас мислев дека си филозоф, но ти тоа ми го порекна. Многу поздрав и ти пожелувам твоите книги еден ден да ги видам преведени на англиски јазик, што мислам дека ќе го заслужат, затоа има што да се научи од нив. Со почит! Драган

    Драган

    15/03/2012 at 22:57

    • Ниту сум историчар, ниту сум филозоф, ниту сум политичар, ниту сум економист.

      Моите размислувања за тие теми само сакам да бидат провокација за професионалните историчари, филозофи, политичари и економисти да си ја работат работата, која евидентно не си ја работат како што треба🙂

  4. Да ви се множат, продават, поклонуват и читаат делата продолжете и во иднина со истото темпо.

    лично

    16/03/2012 at 08:37

  5. Фала, фала🙂


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: